тужи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tuzi/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Oct 2023 09:01:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тужи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tuzi/ 32 32 Се поврзува со Албанци: Ова знаме беше забрането на мечот Србија-Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/se-povrzuva-so-albantsi-ova-zname-beshe-zabraneto-na-mechot-srbija-tsrna-gora/ Wed, 18 Oct 2023 09:01:47 +0000 https://republika.mk/?p=692421

Едно од знамињата што беше забрането на Маракана на мечот Србија-Црна Гора е она на кое пишува „Тузи“, по истоимениот град во Црна Гора, а забрането е затоа што има црвена и црна боја, додека општо познато е дека Тузи е првенствено населени со Албанци, кои сочинуваат повеќе од 50 проценти од населението.

Црногорци има само нешто повеќе од 11 отсто, додека во овој град има помалку од еден отсто Срби, па знамето може да се сфати како провокација.

The post Се поврзува со Албанци: Ова знаме беше забрането на мечот Србија-Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Едно од знамињата што беше забрането на Маракана на мечот Србија-Црна Гора е она на кое пишува „Тузи“, по истоимениот град во Црна Гора, а забрането е затоа што има црвена и црна боја, додека општо познато е дека Тузи е првенствено населени со Албанци, кои сочинуваат повеќе од 50 проценти од населението. Црногорци има само нешто повеќе од 11 отсто, додека во овој град има помалку од еден отсто Срби, па знамето може да се сфати како провокација.

The post Се поврзува со Албанци: Ова знаме беше забрането на мечот Србија-Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Доналд Трамп ја тужи американската влада поради претресот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/donald-tramp-ja-tuzi-amerikanskata-vlada-poradi-pretresot/ Tue, 23 Aug 2022 06:20:19 +0000 https://republika.mk/?p=543046

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, поднесе тужба против американската влада поради претресот на неговиот имот и побара од судот привремено да го блокира Федералното биро за истраги (ФБИ) во прегледувањето на материјалите запленети од агенцијата пред две недели во неговиот дом на Флорида, се додека не се назначи специјален службеник кој ќе ја надгледува оваа работа.

Во тужбата на Трамп, поднесена во понеделникот пред федералниот суд во Вест Палм Бич, Флорида, се бара и американското министерство за правда да му достави детален список на предмети запленети од ФБИ од неговиот дом во Мар-а-Лаго за време на претресот на 8 август, како и инспекторите да му ги вратат сите оние кои го надминуваат оквирот на налогот за претрес, пренесува „Ројтерс“.

За време на претресот, ФБИ заплени 11 комплети доверливи материјали во Мар-а-Лаго, од кои некои беа означени како „строго доверливи“, највисокото ниво на класификација резервирано за најстрого чуваните информации за националната безбедност на САД и достапно само во посебни државни објекти, наведува британската агенција.

 

The post Доналд Трамп ја тужи американската влада поради претресот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, поднесе тужба против американската влада поради претресот на неговиот имот и побара од судот привремено да го блокира Федералното биро за истраги (ФБИ) во прегледувањето на материјалите запленети од агенцијата пред две недели во неговиот дом на Флорида, се додека не се назначи специјален службеник кој ќе ја надгледува оваа работа. Во тужбата на Трамп, поднесена во понеделникот пред федералниот суд во Вест Палм Бич, Флорида, се бара и американското министерство за правда да му достави детален список на предмети запленети од ФБИ од неговиот дом во Мар-а-Лаго за време на претресот на 8 август, како и инспекторите да му ги вратат сите оние кои го надминуваат оквирот на налогот за претрес, пренесува „Ројтерс“.
За време на претресот, ФБИ заплени 11 комплети доверливи материјали во Мар-а-Лаго, од кои некои беа означени како „строго доверливи“, највисокото ниво на класификација резервирано за најстрого чуваните информации за националната безбедност на САД и достапно само во посебни државни објекти, наведува британската агенција.
 

The post Доналд Трамп ја тужи американската влада поради претресот appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ ќе бара шест милиони долари оштета од Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/gjokovikj-kje-bara-shest-milioni-dolari-oshteta-od-avstralija/ Thu, 20 Jan 2022 07:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=446896

Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ, протеран од Австралија во пресрет на Грен слем турнирот, има намера да ја тужи владата на оваа земја.Триесет и четиригодишниот Србин ќе бара оштета 6 милиони долари, објавија британските медиуми.

Ѓоковиќ ќе се жали за изгубен приход од парични награди за спортски настап, плаќања за спонзорство, како и морална штета за незаконски притвор и малтретирање.

Сè уште не е сосема јасно на кој суд ќе се обрати спортистот, бидејќи нема толку многу структури во светот што можат да ја повикаат целата држава на одговорност, особено надвор од Европа.

На 5 јануари, Ѓоковиќ беше приведен на аеродромот во Мелбурн поради прекршување на визните прописи и влез во Австралија без вакцинација против Ковид. Новак беше сместен во хотел за оние кои чекаат депортација, но четири дена подоцна беше ослободен и му беше дозволено да тренира. На 14 јануари повторно беше издадена наредба за депортација против Србинот, во врска со фактот дека присуството на ѕвезда антиваксер во земјата се заканува со масовни немири. Обидите на тенисерот да ја оспори оваа одлука на суд беа неуспешни, тој ја напушти Австралија и не можеше да учествува на Грен слемот во Мелбурн.

The post Ѓоковиќ ќе бара шест милиони долари оштета од Австралија appeared first on Република.

]]>

Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ, протеран од Австралија во пресрет на Грен слем турнирот, има намера да ја тужи владата на оваа земја.Триесет и четиригодишниот Србин ќе бара оштета 6 милиони долари, објавија британските медиуми. Ѓоковиќ ќе се жали за изгубен приход од парични награди за спортски настап, плаќања за спонзорство, како и морална штета за незаконски притвор и малтретирање. Сè уште не е сосема јасно на кој суд ќе се обрати спортистот, бидејќи нема толку многу структури во светот што можат да ја повикаат целата држава на одговорност, особено надвор од Европа. На 5 јануари, Ѓоковиќ беше приведен на аеродромот во Мелбурн поради прекршување на визните прописи и влез во Австралија без вакцинација против Ковид. Новак беше сместен во хотел за оние кои чекаат депортација, но четири дена подоцна беше ослободен и му беше дозволено да тренира. На 14 јануари повторно беше издадена наредба за депортација против Србинот, во врска со фактот дека присуството на ѕвезда антиваксер во земјата се заканува со масовни немири. Обидите на тенисерот да ја оспори оваа одлука на суд беа неуспешни, тој ја напушти Австралија и не можеше да учествува на Грен слемот во Мелбурн.

The post Ѓоковиќ ќе бара шест милиони долари оштета од Австралија appeared first on Република.

]]>