тужби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tuzbi/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Apr 2023 12:20:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тужби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tuzbi/ 32 32 Ги наведува децата на самоубиство: Тужби против мрежата Тик Ток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gi-naveduva-detsata-na-samoubistvo-tuzhbi-protiv-mrezhata-tik-tok/ Thu, 20 Apr 2023 12:20:23 +0000 https://republika.mk/?p=632485

Кинеската социјална мрежа Tик Ток се соочува со бран тужби во САД, бидејќи нејзиниот алгоритам, според обвинителите, ги наведува децата и ранливите луѓе да извршат самоубиство.

Во рамките на персонализираниот извор, Тик Ток им препорачува на корисниците содржини кои говорат за депресија, безнадежност, смрт и други мрачни теми, пренесува Блумберг.

Претседателот на таа компанија, Шо Чу поради споменатите контроверзи минатиот месец мораше да одговара на непријатни прашања во американскиот Конгрес. Родителите на американскиот тинејџер Чејс Наске (16), кој се самоуби минатата година, наводно под влијание на мрачна содржина препорачана од Тик Ток, во март покренаа тужба против компанијата.

Родителите на Чејс Наске, врз основа на податоците од неговиот телефон, тврдат дека тинејџерот не барал активно таква содржина, туку дека тоа му е предложено од алгоритамот. Оригиналниот алгоритам на Тик Ток, кој препорачува содржина е креиран од група инженери во Кина кои работат за компанијата „ByteDance“, која е сопственик на Тик Ток, но сега се користи насекаде во светот освен во Кина, додаде Блумберг.

Во Кина, невозможно е да се преземе апликацијата Тик Ток. Таа кинеска социјална мрежа тврди дека нејзиниот алгоритам сега го одржуваат тимови инженери ширум светот, од Северна Америка, Европа и Азија. Десеттина луѓе кои биле вработени во Тик Ток тврдат дека клучевите од алгоритмот сè уште ги држат шефовите и инженерите во Пекинг.

The post Ги наведува децата на самоубиство: Тужби против мрежата Тик Ток appeared first on Република.

]]>

Кинеската социјална мрежа Tик Ток се соочува со бран тужби во САД, бидејќи нејзиниот алгоритам, според обвинителите, ги наведува децата и ранливите луѓе да извршат самоубиство. Во рамките на персонализираниот извор, Тик Ток им препорачува на корисниците содржини кои говорат за депресија, безнадежност, смрт и други мрачни теми, пренесува Блумберг. Претседателот на таа компанија, Шо Чу поради споменатите контроверзи минатиот месец мораше да одговара на непријатни прашања во американскиот Конгрес. Родителите на американскиот тинејџер Чејс Наске (16), кој се самоуби минатата година, наводно под влијание на мрачна содржина препорачана од Тик Ток, во март покренаа тужба против компанијата. Родителите на Чејс Наске, врз основа на податоците од неговиот телефон, тврдат дека тинејџерот не барал активно таква содржина, туку дека тоа му е предложено од алгоритамот. Оригиналниот алгоритам на Тик Ток, кој препорачува содржина е креиран од група инженери во Кина кои работат за компанијата „ByteDance“, која е сопственик на Тик Ток, но сега се користи насекаде во светот освен во Кина, додаде Блумберг. Во Кина, невозможно е да се преземе апликацијата Тик Ток. Таа кинеска социјална мрежа тврди дека нејзиниот алгоритам сега го одржуваат тимови инженери ширум светот, од Северна Америка, Европа и Азија. Десеттина луѓе кои биле вработени во Тик Ток тврдат дека клучевите од алгоритмот сè уште ги држат шефовите и инженерите во Пекинг.

The post Ги наведува децата на самоубиство: Тужби против мрежата Тик Ток appeared first on Република.

]]>
Препарат за омекнување на косата од „Лореал“ предизвикува рак, во САД поднесени 60 тужби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/preparat-za-omeknuvane-na-kosata-od-loreal-predizvikuva-rak-vo-sad-podneseni-60-tuzhbi/ Tue, 07 Feb 2023 18:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=606161

Пред федералниот суд во Чикаго ќе бидат здружени речиси 60 тужби во кои се тврди дека производите за омекнување на косата што ги продава американската филијала на „Лореал“ и други компании предизвикуваат рак и други здравствени проблеми.

Судските поднесоци покажуваат дека најмалку 57 тужби се поднесени пред федералните судови низ САД за производи кои користат хемикалии за трајно исправување на косата.

Во тужбите се наведува дека компаниите знаеле дека нивните производи содржат опасни хемикалии, но сепак ги продавале.

Во случаите се назначени американската подружница на „Лореал“ и филијалите на индиските компании „Godrej SON Holdings Inc“ и „Dabur International Ltd“.

Во соопштението објавено на интернет по поднесувањето на првите тужби, „Лореал“ наведе дека се уверени во безбедноста на своите производи и веруваат дека тужбите немаат правна основа.

The post Препарат за омекнување на косата од „Лореал“ предизвикува рак, во САД поднесени 60 тужби appeared first on Република.

]]>

Пред федералниот суд во Чикаго ќе бидат здружени речиси 60 тужби во кои се тврди дека производите за омекнување на косата што ги продава американската филијала на „Лореал“ и други компании предизвикуваат рак и други здравствени проблеми. Судските поднесоци покажуваат дека најмалку 57 тужби се поднесени пред федералните судови низ САД за производи кои користат хемикалии за трајно исправување на косата. Во тужбите се наведува дека компаниите знаеле дека нивните производи содржат опасни хемикалии, но сепак ги продавале. Во случаите се назначени американската подружница на „Лореал“ и филијалите на индиските компании „Godrej SON Holdings Inc“ и „Dabur International Ltd“. Во соопштението објавено на интернет по поднесувањето на првите тужби, „Лореал“ наведе дека се уверени во безбедноста на своите производи и веруваат дека тужбите немаат правна основа.

The post Препарат за омекнување на косата од „Лореал“ предизвикува рак, во САД поднесени 60 тужби appeared first on Република.

]]>
Гочевски и Тозија го демантираат Стевчо Јакимовски и најавуваат тужби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gochevski-i-tozija-go-demantiraat-stevcho-jakimovski-i-najavuvaat-tuzbi/ Thu, 03 Nov 2022 11:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=569352

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во емисија на еден електронски медиум, излезе со низа обвинувања кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој навдоно му упатувал закани, а вмеша и повеќе советници на ВМРО-ДПМНЕ. Истите тие советници го демантираат Јакимовски и најавуваат тужби.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во општина Илинден, Горан Гочевски се оградува дека имало какви било муабети.

Почитувани, во понеделникот бев присутен на обука организирана од УСАИД заедно со повеќе колеги советници од повеќе општини. Таму се видов и со колегата Живко Белчев од Гази Баба со кој имамвме само едно куртоазно поздравување. Сакам да потенцирам дека со него на тој настан воопшто не сум разговарал наполитички теми и не се спомнати ниту Христијан Мицкоски ниту пак Стевче Јакимовски. Ова го пишувам само да се оградам од злоупотреба на моето име во разни политички пресметки“, истакнува Гочевски.

Демант и најава за тужба, Јакимовски доби и од Илија Тозија.

Народот вика “уценет човек жив ѓавол”, така некако изгледа и реакцијата на Стевчо Јакимовски и неговите континуирани лаги врз мене, за наводен рекет, притисоци, уцени и закани. Демек некој ќе поверува дека Стевчо Јакимовски “под уцена и присила” ги изгради сите оние згради низ Карпош и уште десетина нови кои ги планира. Не сакам да ги коментирам и оние лични навреди, фрустрирани реакции на Јакимовски и неговата дружина против мене, што само ја покажува состојбата во која тие се наоѓаат и интересите кои седат позади тоа. Одговорно тврдам дека немам никаква врска со бизнис градежните планови на Јакимовски, ниту пак сум учествувал во било што. За таквите лаги и клевети барам јавно извинување во рок од 24 часа или пак спротивно истото ќе мора да го докаже Јакимовски пред суд, вели Илија Тозија.

Претходно, Живко Белчев, на својот профил на фејсбук објави:

Со длабоко жалење за нивото на комуникација можам да констатирам дека претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски со цел да привлече медиумско внимание се служи со креирани невистинити приказни во кои со жалење можам да констатирам дека го злоупотребува моето име.

-Во емисија на еден електронски медиум, Стевче Јакимовски вчера раскажува целосно измислен разговор кој јас сум го водел со Советникот од општина Илинден. Целосно го демантирам она што го кажува Стевче Јакимовски. Со Советникот од општина Илинден освен краток пријателски разговор на средбата на обуката во Хилтон ништо друго не беше разговарано. А кога се однесува на делот на апсење и носење со лисици, можам само да го потсетам Стевче Јакимовски кога власта го апсеше со финансиска полиција во доцните часови на таа ноќ јас бев еден од десетината луѓе кои стоеа пред зградата на Финансиската полиција за да му дадат поддршка. На крај сакам и јавно како што тоа го сторив и во личната комуникација со Јакимовски, да го замолам да не го валка моето име во јавноста. Ниту го споменувам, ниту сакам да ме споменува, напиша Белчев на Фејсбук.

 

 

The post Гочевски и Тозија го демантираат Стевчо Јакимовски и најавуваат тужби appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во емисија на еден електронски медиум, излезе со низа обвинувања кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој навдоно му упатувал закани, а вмеша и повеќе советници на ВМРО-ДПМНЕ. Истите тие советници го демантираат Јакимовски и најавуваат тужби. Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во општина Илинден, Горан Гочевски се оградува дека имало какви било муабети.
Почитувани, во понеделникот бев присутен на обука организирана од УСАИД заедно со повеќе колеги советници од повеќе општини. Таму се видов и со колегата Живко Белчев од Гази Баба со кој имамвме само едно куртоазно поздравување. Сакам да потенцирам дека со него на тој настан воопшто не сум разговарал наполитички теми и не се спомнати ниту Христијан Мицкоски ниту пак Стевче Јакимовски. Ова го пишувам само да се оградам од злоупотреба на моето име во разни политички пресметки“, истакнува Гочевски.
Демант и најава за тужба, Јакимовски доби и од Илија Тозија.
Народот вика “уценет човек жив ѓавол”, така некако изгледа и реакцијата на Стевчо Јакимовски и неговите континуирани лаги врз мене, за наводен рекет, притисоци, уцени и закани. Демек некој ќе поверува дека Стевчо Јакимовски “под уцена и присила” ги изгради сите оние згради низ Карпош и уште десетина нови кои ги планира. Не сакам да ги коментирам и оние лични навреди, фрустрирани реакции на Јакимовски и неговата дружина против мене, што само ја покажува состојбата во која тие се наоѓаат и интересите кои седат позади тоа. Одговорно тврдам дека немам никаква врска со бизнис градежните планови на Јакимовски, ниту пак сум учествувал во било што. За таквите лаги и клевети барам јавно извинување во рок од 24 часа или пак спротивно истото ќе мора да го докаже Јакимовски пред суд, вели Илија Тозија.
Претходно, Живко Белчев, на својот профил на фејсбук објави:
Со длабоко жалење за нивото на комуникација можам да констатирам дека претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски со цел да привлече медиумско внимание се служи со креирани невистинити приказни во кои со жалење можам да констатирам дека го злоупотребува моето име. -Во емисија на еден електронски медиум, Стевче Јакимовски вчера раскажува целосно измислен разговор кој јас сум го водел со Советникот од општина Илинден. Целосно го демантирам она што го кажува Стевче Јакимовски. Со Советникот од општина Илинден освен краток пријателски разговор на средбата на обуката во Хилтон ништо друго не беше разговарано. А кога се однесува на делот на апсење и носење со лисици, можам само да го потсетам Стевче Јакимовски кога власта го апсеше со финансиска полиција во доцните часови на таа ноќ јас бев еден од десетината луѓе кои стоеа пред зградата на Финансиската полиција за да му дадат поддршка. На крај сакам и јавно како што тоа го сторив и во личната комуникација со Јакимовски, да го замолам да не го валка моето име во јавноста. Ниту го споменувам, ниту сакам да ме споменува, напиша Белчев на Фејсбук.
   

The post Гочевски и Тозија го демантираат Стевчо Јакимовски и најавуваат тужби appeared first on Република.

]]>