тутунопроизводители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tutunoproizvoditeli/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Dec 2023 16:01:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тутунопроизводители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tutunoproizvoditeli/ 32 32 Откупните фирми може да ги зголемат цените со анекс, а не да ги условуваат тутунарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otkupnite-firmi-mozhe-da-gi-zgolemat-tsenite-so-aneks-a-ne-da-gi-uslovuvaat-tutunarite/ Sat, 23 Dec 2023 16:01:55 +0000 https://republika.mk/?p=725973

За една недела од официјалниот почеток на откупната кампања, само 500 тони тутун се преземени по цена од 300 денари за килограм. Откупот не добил на интензитет и се очекува тоа да биде по Нова година. Почетокот го следеа досега незапаметени состојби - отворени, но празни откупни пунктови, а потоа дел тутунари се жалеа дека откупувачите не им го преземаат родот.

-Сите регистрирани 263 пункта во земјава се отворени со 280 ваги од официјалниот почеток на откупната кампања на 15 декември. Досега се откупени преку 500 тони и за откупната сезона сепак е малку, изјави Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

До Инспекторатот досега нема стигнато ниту една официјална поплака за неправилности. Но оттаму им порачуваат на откупувачите да не ги условуваат тутунарите дека ќе им доплатат ако и другите компании ги зголемат цените. Тоа може откупувачите да го сторат без условување.

-Одредени откупни компании имаат истакнато некое известување дека доколку се зголемеле цените, и тие ќе им доплателе. Сметам дека сакаат тутунарите да ги доведат во заблуда. Во Законот за тутун се вели дека има можност да се зголемат цените доколку има некои вонредни или неочекувани ситуации во текот на производството и на откупот. Со официјален анекс се решава и може да се зголемат цените по класи. Тоа што го истакнуваат некои фирми е небулоза. Тоа е и малициозно однесување спрема тутунарите. Да бидат сериозни и може да ги зголемат цените по класи. Апелирам тутунарите да не подлегнуваат на такви дејанија, рече Станкоски.

Годинава се склучени околу 30 000 договори за преку 26 000 тони тутун, но родот е преполовен. Се очекуваат од 13 000 до 15 000 тони тутун. Интензитетот на откупот се очекува по Нова година.

The post Откупните фирми може да ги зголемат цените со анекс, а не да ги условуваат тутунарите appeared first on Република.

]]>

Николовски: На 20.000 тутунопроизводители ќе им бидат исплатени субвенции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-na-20-000-tutunoproizvoditeli-kje-im-bidat-isplateni-subvencii/ Tue, 31 May 2022 19:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=509446

Се надевам дека денешната порака на консензуалност и политичка култура што надвладеа во државата ќе продолжи и во други сфери, за да си го средиме системот, да ја намалиме разочараноста, да нема партизација, да нема врски, да ја вратиме довербата на младите во системот и во државата. Верувам дека ова е само почеток за некои покрупни промени што би ги очекувале.

Ова го изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николоивски вечерва во дневникот на Сител, во врска со донесените измени во Собранието на Законот за земјоделство и рурален развој, со кој се отстранува пречката за исплата на субвенции за 20 000 тутунопроизводители.

Tој информира дека до петок решенијата за исплата на субвенциите ќе бидат во трезорот на Министерството за финансии. Николовски е дециден дека воопшто не станува збор за кратење на субвенциите, тврди дека обемот на субвенционирање останува ист. Пари за субвенции има, потенцира, и има пари за тутунарите, а тоа се милијарда и 300 милиони денари или над 20 милиони евра.

Првпат оваа година со денешните измени, нагласи тој, се воведува авансна исплата односно 30 проценти да ги добиваат земјоделците субвенции во текот на годината односно да имаат средства и пари пред почетокот на самата сезона.

Николовски посочи дека ова е вовед во промени на моделот на субвенционирање што се најавува од наредната година.

Не може повеќе да се субвенционира се и сешто. Оваа година мора да се направи детална анализа, што е стратешки и значајно за државата, тоа што успева согласно климатските услови во нашата држава, ќе продолжи да се субвенционира, истакна министерот за земјоделство.

Тој потсети дека минатата година имало 205 милиони евра исплати од сите програми, вклучително и КОВИД-програмата, а оваа година го има и интервентниот фонд за 40 проценти поддршка за вештачко ѓубриво.

Николоски додаде дека со овие измени се воведува 40 проценти авансна исплата за стартап-инвестициите на младите фармери. Се воведува 100-процентна поддршка за зелена нафта и има многу нови мерки и со законите кои се уште се во собраниска процедура.

Министерот Николовски појасни дека земјоделците мора да бидат целосно раздолжени кон УЈП по секој еден основ, но како услов за исплата на субвенции не е воведено од оваа Влада, туку е воведено во 2015 година. Николовски истакна дека не е точно оти 26 пати се прави оваа законска измена, туку е техничка измена што се прави секоја година пред почетокот на исплата на субвенции од годинава.

Тој додаде дека во Министерството три месеци се фокусирани да креираат и веќе има над 30 законски решенија, кои очекува во наредните месеци да се финализираат и да бидат усвоени од пратениците.

Прашан колку од парите предвидени со ребалансот на Буџетот, ќе бидат насочени кон поддршка на производството на стратешките култури, сончоглед, пченка, пченица и дали ќе се посвети доволно внимание на ова, Николовски информира со ребалансот се предвидуваат околу 50 милиони евра само за директни плаќања. Дополнително, 500 милиони денари со ребалансот се добива во интервентниот фонд.

До денеска во овој месец на неделна основа за стратешките култури, особено за сончоглед, пченка, пченица и јачмен, има околу три илјади апликации за субвенционирање на вештачко ѓубриво од 40 проценти.

Тоа ми дава за право да потврдиме дека очекуваме оваа година дуплирано производство на сончоглед. Очекувам со интересот што го имаме, особено со доделување на државното земјоделско земјиште, денеска е јавното наддвање за пет илјади хектари, само за пченица, пченка и јачмен и сончоглед, интересот е три пати поголем од најдоброто време на државата, изјави Николовски.

The post Николовски: На 20.000 тутунопроизводители ќе им бидат исплатени субвенции appeared first on Република.

]]>

Се надевам дека денешната порака на консензуалност и политичка култура што надвладеа во државата ќе продолжи и во други сфери, за да си го средиме системот, да ја намалиме разочараноста, да нема партизација, да нема врски, да ја вратиме довербата на младите во системот и во државата. Верувам дека ова е само почеток за некои покрупни промени што би ги очекувале. Ова го изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николоивски вечерва во дневникот на Сител, во врска со донесените измени во Собранието на Законот за земјоделство и рурален развој, со кој се отстранува пречката за исплата на субвенции за 20 000 тутунопроизводители. Tој информира дека до петок решенијата за исплата на субвенциите ќе бидат во трезорот на Министерството за финансии. Николовски е дециден дека воопшто не станува збор за кратење на субвенциите, тврди дека обемот на субвенционирање останува ист. Пари за субвенции има, потенцира, и има пари за тутунарите, а тоа се милијарда и 300 милиони денари или над 20 милиони евра. Првпат оваа година со денешните измени, нагласи тој, се воведува авансна исплата односно 30 проценти да ги добиваат земјоделците субвенции во текот на годината односно да имаат средства и пари пред почетокот на самата сезона. Николовски посочи дека ова е вовед во промени на моделот на субвенционирање што се најавува од наредната година.
Не може повеќе да се субвенционира се и сешто. Оваа година мора да се направи детална анализа, што е стратешки и значајно за државата, тоа што успева согласно климатските услови во нашата држава, ќе продолжи да се субвенционира, истакна министерот за земјоделство.
Тој потсети дека минатата година имало 205 милиони евра исплати од сите програми, вклучително и КОВИД-програмата, а оваа година го има и интервентниот фонд за 40 проценти поддршка за вештачко ѓубриво. Николоски додаде дека со овие измени се воведува 40 проценти авансна исплата за стартап-инвестициите на младите фармери. Се воведува 100-процентна поддршка за зелена нафта и има многу нови мерки и со законите кои се уште се во собраниска процедура. Министерот Николовски појасни дека земјоделците мора да бидат целосно раздолжени кон УЈП по секој еден основ, но како услов за исплата на субвенции не е воведено од оваа Влада, туку е воведено во 2015 година. Николовски истакна дека не е точно оти 26 пати се прави оваа законска измена, туку е техничка измена што се прави секоја година пред почетокот на исплата на субвенции од годинава. Тој додаде дека во Министерството три месеци се фокусирани да креираат и веќе има над 30 законски решенија, кои очекува во наредните месеци да се финализираат и да бидат усвоени од пратениците. Прашан колку од парите предвидени со ребалансот на Буџетот, ќе бидат насочени кон поддршка на производството на стратешките култури, сончоглед, пченка, пченица и дали ќе се посвети доволно внимание на ова, Николовски информира со ребалансот се предвидуваат околу 50 милиони евра само за директни плаќања. Дополнително, 500 милиони денари со ребалансот се добива во интервентниот фонд. До денеска во овој месец на неделна основа за стратешките култури, особено за сончоглед, пченка, пченица и јачмен, има околу три илјади апликации за субвенционирање на вештачко ѓубриво од 40 проценти.
Тоа ми дава за право да потврдиме дека очекуваме оваа година дуплирано производство на сончоглед. Очекувам со интересот што го имаме, особено со доделување на државното земјоделско земјиште, денеска е јавното наддвање за пет илјади хектари, само за пченица, пченка и јачмен и сончоглед, интересот е три пати поголем од најдоброто време на државата, изјави Николовски.

The post Николовски: На 20.000 тутунопроизводители ќе им бидат исплатени субвенции appeared first on Република.

]]>
Ристески: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи измени на законот за тутунот за да се заштитат тутунопроизводителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/risteski-vmro-dpmne-kje-predlozi-izmeni-na-zakonot-za-tutunot-za-da-se-zashtitat-tutunoproizvoditelite/ Tue, 04 Jan 2022 14:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=440551

Бидејќи актуелниот закон за тутунот е генератор на проблеми на тутунопроизводителите, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон да додека не се откупи домашниот тутун, да нема увоз од надвор, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески по денешната средба на пелагониските пратеници и градоначалници, додавајќи дека воедно треба да се прекине со реваншизмот кон тутунарите.

Ристески посочи и дека државата треба да воспостави контрола врз откупот бидејќи откупувачите во овој момент вршат очигледен грабеж на тутунопроизводителите иако има квалитетен производ, и недостаток на истиот.

Минатата година оправдување беше дека има вишок тутун и дека е со низок квалитет и цената достигна 159 денари, оваа година има кусок, намалено производство на тутун, склучен е договор на 22 милиони килограми, досега се произведени 19 до 20 милиони килограми, и во таква ситуација кога има недостаток, а производот е со одличен квалитет, цената е ниска од отприлика 180 денари, а реалната цена треба да е повеќе од 230 денари, рече тој.

Ристески упати апел до Државниот земјоделски инспекторат, да реагира додека не е касно, да се поддржат тутунарите.

Даваме комплетна поддршка бидејќи се работи за 30.000 семејства, а тоа се повеќе од 100.000 граѓани кои егзистираат од тутунопроизводство, но и локалните економии на регионот зависат од тоа како ќе ја наплатат својата мака тутунопроизводителите, рече Ристески.

The post Ристески: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи измени на законот за тутунот за да се заштитат тутунопроизводителите appeared first on Република.

]]>

Бидејќи актуелниот закон за тутунот е генератор на проблеми на тутунопроизводителите, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон да додека не се откупи домашниот тутун, да нема увоз од надвор, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески по денешната средба на пелагониските пратеници и градоначалници, додавајќи дека воедно треба да се прекине со реваншизмот кон тутунарите. Ристески посочи и дека државата треба да воспостави контрола врз откупот бидејќи откупувачите во овој момент вршат очигледен грабеж на тутунопроизводителите иако има квалитетен производ, и недостаток на истиот.