тутунари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tutunari/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Mar 2024 10:03:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тутунари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tutunari/ 32 32 Тутунарите во Прилеп: Не се прифаќаат цените во новите договори, се бара медијаторство од Министерството за земјоделство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tutunarite-vo-prilep-ne-se-prifakaat-tsenite-vo-novite-dogovori-se-bara-medijatorstvo-od-ministerstvoto-za-zemjodelstvo/ Sun, 10 Mar 2024 10:03:39 +0000 https://republika.mk/?p=753231

Монополска е и не е прифатлива понудата на откупувачите за договорите и цените за новото тутунопроизводство. Нудат исти цени и затоа бараме медијаторство од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бидејќи во прашање е иднината на оваа стратешка култура.

Ова го порачаа тутунарите од државава на трибината во Прилеп што се одржа синоќа, а ја организираше „Националната земјоделска мрежа“.

Откупувачите ги објавија цените за новите договори кои за новата реколта се склучуваат од 1 до 31 март. Ги понудија истите цени како при неодамнешниот откуп од ланската реколта. За нас се неприфатливи и ако останат како што се, ќе дојдеме под производната цена. Ние сме доведени во ситуација откупните фирми да ни диктираат цени кои за нас се погубни и, едноставно, нѐ водат во загуба. Ќе бараме едно медијаторство од Министерството за земјоделство, да најдеме едно заедничко прифатливо решение за да оствариме заедничка понатамошна соработка. Ако вака се однесуваат уценувачки, нема да биде од интерес ниту на тутунарите, ниту на фирмите, изјави Ѓорѓи Каракашев од „Националната земјоделска мрежа“.

Според трошоците, за тутунарите реална е цената од 10 евра. Се очекува зголемен интерес за производство, но одбивањето на откупувачите да понудат повисоки цени ја става под прашање производната година.

Има зголемен интерес да се произведува тутунот, главно во руралните средини каде немаат други извори на приходи. Мора да биде подобра цената за да има континуитет оваа гранка, но, и мора како држава, а и ние како здруженија посебен напор да вложиме за во тие места да останат луѓе, зашто сме сведоци на големо иселување, рече Диме Димитриески, производител од Прилеп и член на „Националната земјоделска мрежа“.

Тутунарите најавија поднесување иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на Законот за тутун во кој откупните фирми се монополски поставени, а тутунарите се во подредена ситуација.

Може да се живее од тутунот, само  треба да се прашува и земјоделецот и така треба да биде, а не да бидеме зависни од фирмите, вели Живко Гонев, тутунар од Ињево, Струмичко, и член на асоцијацијата „Национална земјоделска мрежа“.

На 28 февруари и официјално заврши откупот на тутунот од ланската реколта, а родот беше преполовен. Откупени беа неполни 15.000 тони по просечна цена од 353 денари за килограм.

The post Тутунарите во Прилеп: Не се прифаќаат цените во новите договори, се бара медијаторство од Министерството за земјоделство appeared first on Република.

]]>

Откупните фирми може да ги зголемат цените со анекс, а не да ги условуваат тутунарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otkupnite-firmi-mozhe-da-gi-zgolemat-tsenite-so-aneks-a-ne-da-gi-uslovuvaat-tutunarite/ Sat, 23 Dec 2023 16:01:55 +0000 https://republika.mk/?p=725973

За една недела од официјалниот почеток на откупната кампања, само 500 тони тутун се преземени по цена од 300 денари за килограм. Откупот не добил на интензитет и се очекува тоа да биде по Нова година. Почетокот го следеа досега незапаметени состојби - отворени, но празни откупни пунктови, а потоа дел тутунари се жалеа дека откупувачите не им го преземаат родот.

-Сите регистрирани 263 пункта во земјава се отворени со 280 ваги од официјалниот почеток на откупната кампања на 15 декември. Досега се откупени преку 500 тони и за откупната сезона сепак е малку, изјави Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

До Инспекторатот досега нема стигнато ниту една официјална поплака за неправилности. Но оттаму им порачуваат на откупувачите да не ги условуваат тутунарите дека ќе им доплатат ако и другите компании ги зголемат цените. Тоа може откупувачите да го сторат без условување.

-Одредени откупни компании имаат истакнато некое известување дека доколку се зголемеле цените, и тие ќе им доплателе. Сметам дека сакаат тутунарите да ги доведат во заблуда. Во Законот за тутун се вели дека има можност да се зголемат цените доколку има некои вонредни или неочекувани ситуации во текот на производството и на откупот. Со официјален анекс се решава и може да се зголемат цените по класи. Тоа што го истакнуваат некои фирми е небулоза. Тоа е и малициозно однесување спрема тутунарите. Да бидат сериозни и може да ги зголемат цените по класи. Апелирам тутунарите да не подлегнуваат на такви дејанија, рече Станкоски.

Годинава се склучени околу 30 000 договори за преку 26 000 тони тутун, но родот е преполовен. Се очекуваат од 13 000 до 15 000 тони тутун. Интензитетот на откупот се очекува по Нова година.

The post Откупните фирми може да ги зголемат цените со анекс, а не да ги условуваат тутунарите appeared first on Република.

Тутунарите бараат зголемување на откупните цени на тутунот, откупувачите не даваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tutunarite-baraat-zgolemuvane-na-otkupnite-tseni-na-tutunot-otkupuvachite-ne-davaat/ Wed, 29 Nov 2023 15:16:26 +0000 https://republika.mk/?p=717627

Незадоволни сме и револтирани зашто откупувачите не сакаат да го слушнат нашето барање и немаат слух за покачување на откупните цени на тутунот, рекоа на денешната прес-конференција во Прилеп од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Тие денеска имаа состанок со откупувачите во Министерството за земјоделство во Скопје.

-Цела недела комунициравме со откупувачите на кои им ги доставивме нашите барања за зголемување на откупните цени на тутунот по класи. Денеска имавме средба во Министерството за земјоделство. Откупувачите воопшто немаат слух за зголемување на цените и одбиваат без никакво образложение. Прво не викаат на преговори, а од преговорите не излезе ништо и ние како Сојуз ја напуштивме седницата, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Но, додаде, остануваме на ставот дека мора да се зголемат цените.

-Нашето барање го темелиме на фактот дека имама 20 отсто инфлација и зголемени трошоци на живот и на производство. Ни треба реално проценување за да преживееме и да може да ја планираме наредната реколта, но сето тоа е доведено во прашање. Нема законска можност да ги спречиме да откупуваат, но ќе бараме и ќе ги користиме сите алтернативни можности. Пред 15 ноември, пред да течат роковите за откуп, рековме дека нема да пуштиме повереници на вагите, но не може да ги спречиме и оставено е на нивна лична проценка,рече Стомнароски.

Тутунарите бараат зголемување од минимум 20 отсто. Последните откупни цени кои не сакаат фирмите да ги зголемат се 300 денари за прва, 240 за втора и 180 за трета класа тутун.

Менде Мицаноски, член на Сојузот и тутунопроизводител смета дека ваквата ситуација ја уништува оваа производствена гранка, а родот годинава е преполовен.

-Тутунот е преполовен во споредба со лани. Климатските промени си го направија своето. Оваа ситуација е многу тешка и речиси погубна за производството. Младите не сакаат да го работат поради неисплатливоста. Ова е големо разочарување, а особено сме непријатно изненадени од категоричниот одбивен став на најголемиот откупувач „Сокотаб“, рече Мицаноски.

Според тутунопроизводителите, годинашниов род е околу 13.000 тони тутун, што е околу половина помалку од лани. Тутун ќе откупуваат 10 фирми, а законскиот краен рок за почеток на откупот е 15 декември.

The post Тутунарите бараат зголемување на откупните цени на тутунот, откупувачите не даваат appeared first on Република.

]]>

Незадоволни сме и револтирани зашто откупувачите не сакаат да го слушнат нашето барање и немаат слух за покачување на откупните цени на тутунот, рекоа на денешната прес-конференција во Прилеп од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Тие денеска имаа состанок со откупувачите во Министерството за земјоделство во Скопје. -Цела недела комунициравме со откупувачите на кои им ги доставивме нашите барања за зголемување на откупните цени на тутунот по класи. Денеска имавме средба во Министерството за земјоделство. Откупувачите воопшто немаат слух за зголемување на цените и одбиваат без никакво образложение. Прво не викаат на преговори, а од преговорите не излезе ништо и ние како Сојуз ја напуштивме седницата, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Но, додаде, остануваме на ставот дека мора да се зголемат цените. -Нашето барање го темелиме на фактот дека имама 20 отсто инфлација и зголемени трошоци на живот и на производство. Ни треба реално проценување за да преживееме и да може да ја планираме наредната реколта, но сето тоа е доведено во прашање. Нема законска можност да ги спречиме да откупуваат, но ќе бараме и ќе ги користиме сите алтернативни можности. Пред 15 ноември, пред да течат роковите за откуп, рековме дека нема да пуштиме повереници на вагите, но не може да ги спречиме и оставено е на нивна лична проценка,рече Стомнароски. Тутунарите бараат зголемување од минимум 20 отсто. Последните откупни цени кои не сакаат фирмите да ги зголемат се 300 денари за прва, 240 за втора и 180 за трета класа тутун. Менде Мицаноски, член на Сојузот и тутунопроизводител смета дека ваквата ситуација ја уништува оваа производствена гранка, а родот годинава е преполовен. -Тутунот е преполовен во споредба со лани. Климатските промени си го направија своето. Оваа ситуација е многу тешка и речиси погубна за производството. Младите не сакаат да го работат поради неисплатливоста. Ова е големо разочарување, а особено сме непријатно изненадени од категоричниот одбивен став на најголемиот откупувач „Сокотаб“, рече Мицаноски. Според тутунопроизводителите, годинашниов род е околу 13.000 тони тутун, што е околу половина помалку од лани. Тутун ќе откупуваат 10 фирми, а законскиот краен рок за почеток на откупот е 15 декември.

The post Тутунарите бараат зголемување на откупните цени на тутунот, откупувачите не даваат appeared first on Република.

]]>
Нема да дозволиме откуп на тутун, ако не се зголемат цените, предупредуваат тутунарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nema-da-dozvolime-otkup-na-tutun-ako-ne-se-zgolemat-tsenite-predupreduvaat-tutunarite/ Wed, 15 Nov 2023 18:04:05 +0000 https://republika.mk/?p=701924

Нема да дозволиме да почне откупот на тутунот, ниту да поставиме повереници на вагите додека не се зголемат откупните цени на тутунот. Некои помали компании сакаа да почнат денеска со откуп, но ние не отстапуваме од ставот за повисоки цени, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Од 15 ноември претпријатијата може да почнат со откуп на тутунот, а најдоцна до 15 декември треба да ги отворат пунктовите. Мострите тутун се запечатени, според законскиот рок.

– Нема да отстапиме од ставот за повисоки откупни цени на тутунот за да имаме исплатливост за производство. Додека не се зголемат цените нема да поставиме повереници на откупните пунктови. За тоа се информирани фирмите. Нашето барање е цените да се зголемат. И ќе преговараме за тоа, рече Стомнароски.

В понеделник во министерстерството за земјоделство е закажана средба со откупувачите. Ќе присуствуваат и претставниците на тутунарите.

– Ја очекуваме поддршката од Министерството за тоа дека производството само со исплатливост, со реални цени, може да опстои како стратешка култура. Вака, нема интерес и не само кај младите генерации, рече Стомнароски.

Годинава производството на тутун е за една третина намалено. Ако лани беа околу 21 000 тони, годинава се 13 000 до 14 000 тони тутун, иако со компаниите се договорени количества од 26 000 тони тутун.

– Тутунот е со висок квалитет, ама количински е малку. Влијаеја климатските изместувања, кога се садеше беше дождливо, калливо, кога растеше беше сушно. А друга причина е што нема кој да го произведува, зашто за младите генерации не е атрактивно и исплатливо, заклучува Стомнароски.

Лани се постигна просечна откупна цена од преку 290 денари за килограм. Инаку, по класи, моментално цените се: за прва 300, за втора 240, а за трета класа 180 денари. Тутунарите сакаат реална цена да им ги покрие трошоците и да имаат исплатливост.

Годинава тутун ќе купуваат 10 компании кои, според Сојузот, обезбедиле гаранции дека ќе го платат откупеното. Во земјава со тутунопроизводство се занимаваат околу 17 000 семејства.

The post Нема да дозволиме откуп на тутун, ако не се зголемат цените, предупредуваат тутунарите appeared first on Република.

]]>

Нема да дозволиме да почне откупот на тутунот, ниту да поставиме повереници на вагите додека не се зголемат откупните цени на тутунот. Некои помали компании сакаа да почнат денеска со откуп, но ние не отстапуваме од ставот за повисоки цени, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Од 15 ноември претпријатијата може да почнат со откуп на тутунот, а најдоцна до 15 декември треба да ги отворат пунктовите. Мострите тутун се запечатени, според законскиот рок.
– Нема да отстапиме од ставот за повисоки откупни цени на тутунот за да имаме исплатливост за производство. Додека не се зголемат цените нема да поставиме повереници на откупните пунктови. За тоа се информирани фирмите. Нашето барање е цените да се зголемат. И ќе преговараме за тоа, рече Стомнароски.
В понеделник во министерстерството за земјоделство е закажана средба со откупувачите. Ќе присуствуваат и претставниците на тутунарите.
– Ја очекуваме поддршката од Министерството за тоа дека производството само со исплатливост, со реални цени, може да опстои како стратешка култура. Вака, нема интерес и не само кај младите генерации, рече Стомнароски.
Годинава производството на тутун е за една третина намалено. Ако лани беа околу 21 000 тони, годинава се 13 000 до 14 000 тони тутун, иако со компаниите се договорени количества од 26 000 тони тутун.
– Тутунот е со висок квалитет, ама количински е малку. Влијаеја климатските изместувања, кога се садеше беше дождливо, калливо, кога растеше беше сушно. А друга причина е што нема кој да го произведува, зашто за младите генерации не е атрактивно и исплатливо, заклучува Стомнароски.
Лани се постигна просечна откупна цена од преку 290 денари за килограм. Инаку, по класи, моментално цените се: за прва 300, за втора 240, а за трета класа 180 денари. Тутунарите сакаат реална цена да им ги покрие трошоците и да имаат исплатливост. Годинава тутун ќе купуваат 10 компании кои, според Сојузот, обезбедиле гаранции дека ќе го платат откупеното. Во земјава со тутунопроизводство се занимаваат околу 17 000 семејства.

The post Нема да дозволиме откуп на тутун, ако не се зголемат цените, предупредуваат тутунарите appeared first on Република.

]]>
Тутунарите бараат од откупувачите да ја зголемат откупната цена на тутунот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tutunarite-baraat-od-otkupuvachite-da-ja-zgolemat-otkupnata-tsena-na-tutunot/ Sat, 14 Jan 2023 21:45:45 +0000 https://republika.mk/?p=596957

Реколтата тутутун е речиси откупена, а до крајниот законски рок има уште месец и половина.

Од Сојузот на земјоделските здруженија, велат дека досега се преземеи 98 проценти од ланскиот род по просечна цена од 288,1 денари и нагласуваат дека ваков брз откуп и побарувачка од 10 откупни компании не се памети.

Откупени се 20.800 тони, што е 98 насто од целиот род. Квалитетот беше добар, се бараше тутунот и експресно се купуваше. Вакво нешто не паметиме. Со време укажавме дека нема многу род, ниту приближно колку што планираа откупувачите на околу 26.000 тони. Цената е солидна иако целосно не ги одразува зголемените трошоци за производство, вели претседателот на Сојузот на земјоделските здруженија, Менде Стомнароски.

Откупувачите не смеат да ги затворат вратите зашто законскиот рок за откуп е до крајот на февруари и да се преземе она мало количество што остаало, а се процеува најмногу на 100-тина тони, ако не и помалку.

Од Сојузот сметаат дека веќе полека се насочува вниманието на новата реколта за која договорите ќе почне да се споменуваат ведаш по откупот. Апелираат до откупните претпријатија да седнат заедно да се разговара за повисоки цени кои треба да го направат исплатливо производството и да се задржи на нивите.

Возрасната граница на производителите е висока, а младите не се многу заинтересирани за тутунопроизводството. За да не се намалува родот континуирано мора да биде исплатлива работата. Затоа апелираме со откупувачите да седнеме и да се зголемат цените, за онолку колку што се движат инфлацијата и трошоците за производство, вели Стомароски.

Претседателот на прилепското тутунско здружение „Мице Козар“, Злате Данески, објасува дека тутунот ќе го има на нивите, но прашање е во колкави количества и на колкави површини.

Тутунот мора да се произведува. Што друго да правиме во селските средини, ако не работиме и произведуваме.Тоа е традиционална култура, главна во овој Прилепско-Пелагонски регион. Затоа исплатливоста за производство е клучна, вели Данески.

Од државиот земјоделски инспекторат потврдуваат дека ова било одлична година за реколтата.

Откупот поминува без никакви проблеми, ниту оспорувања. Се постигна одлична цена од 288,1 денари, а тоа ќе донесе и повисоки субвенции. Реколтата ќе биде околу 21.000 тони. Откупувачите ќе имаат отворени пунктови до крајот на законскиот рок за откуп, крајот на февруари, вели директорот на државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски.

The post Тутунарите бараат од откупувачите да ја зголемат откупната цена на тутунот appeared first on Република.

]]>

Реколтата тутутун е речиси откупена, а до крајниот законски рок има уште месец и половина. Од Сојузот на земјоделските здруженија, велат дека досега се преземеи 98 проценти од ланскиот род по просечна цена од 288,1 денари и нагласуваат дека ваков брз откуп и побарувачка од 10 откупни компании не се памети.
Откупени се 20.800 тони, што е 98 насто од целиот род. Квалитетот беше добар, се бараше тутунот и експресно се купуваше. Вакво нешто не паметиме. Со време укажавме дека нема многу род, ниту приближно колку што планираа откупувачите на околу 26.000 тони. Цената е солидна иако целосно не ги одразува зголемените трошоци за производство, вели претседателот на Сојузот на земјоделските здруженија, Менде Стомнароски.
Откупувачите не смеат да ги затворат вратите зашто законскиот рок за откуп е до крајот на февруари и да се преземе она мало количество што остаало, а се процеува најмногу на 100-тина тони, ако не и помалку. Од Сојузот сметаат дека веќе полека се насочува вниманието на новата реколта за која договорите ќе почне да се споменуваат ведаш по откупот. Апелираат до откупните претпријатија да седнат заедно да се разговара за повисоки цени кои треба да го направат исплатливо производството и да се задржи на нивите.
Возрасната граница на производителите е висока, а младите не се многу заинтересирани за тутунопроизводството. За да не се намалува родот континуирано мора да биде исплатлива работата. Затоа апелираме со откупувачите да седнеме и да се зголемат цените, за онолку колку што се движат инфлацијата и трошоците за производство, вели Стомароски.
Претседателот на прилепското тутунско здружение „Мице Козар“, Злате Данески, објасува дека тутунот ќе го има на нивите, но прашање е во колкави количества и на колкави површини.
Тутунот мора да се произведува. Што друго да правиме во селските средини, ако не работиме и произведуваме.Тоа е традиционална култура, главна во овој Прилепско-Пелагонски регион. Затоа исплатливоста за производство е клучна, вели Данески.
Од државиот земјоделски инспекторат потврдуваат дека ова било одлична година за реколтата.
Откупот поминува без никакви проблеми, ниту оспорувања. Се постигна одлична цена од 288,1 денари, а тоа ќе донесе и повисоки субвенции. Реколтата ќе биде околу 21.000 тони. Откупувачите ќе имаат отворени пунктови до крајот на законскиот рок за откуп, крајот на февруари, вели директорот на државниот земјоделски инспекторат, Јане Станкоски.

The post Тутунарите бараат од откупувачите да ја зголемат откупната цена на тутунот appeared first on Република.

]]>
Откупот на тутунот почнува со 11 денари повисока цена во однос на лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otkupot-na-tutunot-pochnuva-so-11-denari-povisoka-cena-vo-odnos-na-lani/ Mon, 28 Nov 2022 13:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=579190

Откупот на тутунот годинава стартува со 30 проценти повисока цена во однос на лани, а се очекува да бидат откупени 21 илјади тони тутун, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со тутунопроизводителите во Прилепскиот регион.

Покрај повисоката откупна цена, како што рече, има и повеќе склучени договори, поголемо планирано количество на откуп и има подобар квалитет на тутунот, што според него, оди во прилог на  успешен откуп со крајни бенефити и за државата и за тутунопроизводителите.

Просечната откупната цена за килограм тутун сега е 261 денар, за разлика од лани кога беше 250. Ова се историски највисоки откупни цени на тутунот во последните 10 години, рече Ковачевски.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски посочи дека откупната цена за прва класа е 300 денари, 240 денари за втора, а 180 денари за трета, како и дека има над 29.000 склучени договори.

Овие успеси се резултат на сите политики што ги преземавме во изминатиот период, рече Николовски.

Како што истакна тој, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за следната година има најголем буџет.

Навреме ќе бидат исплатени сите средства кон тутунопроизводителите и обезбедени се средства за новиот начин на субвенционирање, рече Николовски.

The post Откупот на тутунот почнува со 11 денари повисока цена во однос на лани appeared first on Република.

]]>

Откупот на тутунот годинава стартува со 30 проценти повисока цена во однос на лани, а се очекува да бидат откупени 21 илјади тони тутун, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со тутунопроизводителите во Прилепскиот регион. Покрај повисоката откупна цена, како што рече, има и повеќе склучени договори, поголемо планирано количество на откуп и има подобар квалитет на тутунот, што според него, оди во прилог на  успешен откуп со крајни бенефити и за државата и за тутунопроизводителите.
Просечната откупната цена за килограм тутун сега е 261 денар, за разлика од лани кога беше 250. Ова се историски највисоки откупни цени на тутунот во последните 10 години, рече Ковачевски.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски посочи дека откупната цена за прва класа е 300 денари, 240 денари за втора, а 180 денари за трета, како и дека има над 29.000 склучени договори.
Овие успеси се резултат на сите политики што ги преземавме во изминатиот период, рече Николовски.
Како што истакна тој, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за следната година има најголем буџет.
Навреме ќе бидат исплатени сите средства кон тутунопроизводителите и обезбедени се средства за новиот начин на субвенционирање, рече Николовски.

The post Откупот на тутунот почнува со 11 денари повисока цена во однос на лани appeared first on Република.

]]>
Започна исплатата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zapochna-isplatata-na-subvenciite-kon-tutunarite-za-rekoltata-2021/ Thu, 09 Jun 2022 18:22:55 +0000 https://republika.mk/?p=513308

Тутунарите ги добиваат заслужените субвенции за реколтата 2021. Откако успеавме да ги одблокираме законските измени, преку кои се одложи обврската кон УЈП, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 2 јуни ги подготви и потпиша сите решенија за исплата на субвенциите и истите беа предадени до министерството за финансии за исплата, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Денеска, по добиена информација од министерството за финансии, ги известуваме тутунарите дека од денес во текот на наредните девет работни дена субвенциите кон тутунарите целосно ќе бидат исплатени. Вкупно 1.3 милијарди денари ќе бидат пуштени на сметките до 17.280 тутунопроизводители, се додава во соопштението.

МЗШВ додава дека дополнително ги информира земјоделците оти во следниот период се очекува реализација на исплатата на финансиската поддршка за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници, мерки кои ги донесовме за поддршка на земјоделците во услови на криза преку Интервентниот фонд.

Следува и реализација на поддршката преку програмата за директни плаќања за премијата за произведено и предадено млеко јануари-феруари 2021 и субвенциите за заклани бројлери и несилки во регистрирани кланични капацитети. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се грижи за секој земјоделец и дава силна поддршка на земјоделците во услови на светска криза, се додава во соопштението на МЗШВ.

The post Започна исплатата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021 appeared first on Република.

Започна исплатата на субвенциите за тутунарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zapochna-isplatata-na-subvenciite-za-tutunarite/ Thu, 02 Jun 2022 14:38:26 +0000 https://republika.mk/?p=510267

Започна исплата на субвенциите кон тутунарите, околу 20.000 следната недела ќеги добијат субвенциите. Решенијата за исплата на субвенциите на тутунарите за реколтата 2021 година се изготвени и проследени до министерството за финансии.

Кај околу 20.000 производители на тутун, веќе следната недела на своите сметки ќе легнат 1.3 милијарди денари директна поддршка за тутунопроизводството.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се грижи за секој земјоделец. Токму затоа апелиравме и инистиравме на брзо донесување на измените во Законот за земјоделство и рурален развој. Успеавме да ги убедиме пратениците едноголасно да ги усвојат измените во интерес на земјоделците.Со измените на законот создадовме и услови за авансна исплата на субвенциите од оваа година. За прв пат во 2022 година ќе се исплатат субвенции од програма од 2022 година.

Дополнително, Агенцијата за за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој започна со обработка на апликациите од јавниот повик за финансиска поддршка за набавка на опрема за производство и преработка на туутун, кој беше распишан преку програмата за Рурален развој за 2022 година. Пристигнати се 62 апликации за оваа мерка, а истата предвидува поддршка преку кофинансирање на инвестицијата од 4.500.000 денари по корисник.

The post Започна исплатата на субвенциите за тутунарите appeared first on Република.

]]>

Започна исплата на субвенциите кон тутунарите, околу 20.000 следната недела ќеги добијат субвенциите. Решенијата за исплата на субвенциите на тутунарите за реколтата 2021 година се изготвени и проследени до министерството за финансии.
Кај околу 20.000 производители на тутун, веќе следната недела на своите сметки ќе легнат 1.3 милијарди денари директна поддршка за тутунопроизводството. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се грижи за секој земјоделец. Токму затоа апелиравме и инистиравме на брзо донесување на измените во Законот за земјоделство и рурален развој. Успеавме да ги убедиме пратениците едноголасно да ги усвојат измените во интерес на земјоделците.Со измените на законот создадовме и услови за авансна исплата на субвенциите од оваа година. За прв пат во 2022 година ќе се исплатат субвенции од програма од 2022 година.
Дополнително, Агенцијата за за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој започна со обработка на апликациите од јавниот повик за финансиска поддршка за набавка на опрема за производство и преработка на туутун, кој беше распишан преку програмата за Рурален развој за 2022 година. Пристигнати се 62 апликации за оваа мерка, а истата предвидува поддршка преку кофинансирање на инвестицијата од 4.500.000 денари по корисник.

The post Започна исплатата на субвенциите за тутунарите appeared first on Република.

]]>
Николовски: Пратениците да ги изгласаат законските измени, за да се исплати поддршката на тутунарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-pratenicite-da-gi-izglasaat-zakonskite-izmeni-za-da-se-isplati-poddrshkata-na-tutunarite/ Tue, 31 May 2022 09:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=509162

Тргнете ја политиката од земјоделството, посебно сега, во услови на криза и војна и сите, едногласно, без секунда одложување, изгласајте ги измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кој на над 20 000 туутнопроизвподители треба да им бидат исплатени 1,3 милијарди денари, апелира денеска до пратениците министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски пред почетокот на 64 пленарна седница.

Според Николовски, кој досега неколку пати апелира до Парламентот да ги донесе земјоделските закони без одлагање, политика имало и ќе има, но тоа никако не смее да биде на штета на земјоделците и граѓаните.

Зошто се блокира вака битен закон и се одолговлекува неговото донесување кога тоа им штети на над 20 000 тутунопроизвподители кои ги чекаат годинашните субвенции? Ваквата блокада е нешто сосема неодговорно кон тутунарите, но ја одолговлекува и генерално поддршката за земјоделците кои треба да произведат храна. Затоа, наместо да го кажувате својот партиски глас, слушнете го гласот на тутунарите и сите земјоделци. Без одлагање и без партиски говори донесети ги законските измени, рече Николовски.

Министерот сепак очекува дека законските измени денеска ќе бидат донесени.

Очекувам тоа да се случи и законот да биде потпишан од претседтаелот на Собанието и од претседателот на државата, за од утре, веднаш, да почне реализацијата на субвенциите, потенцира Николовски.

Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски дополни дека финансиските средства во висина од 1,3 милијарди денари се обезбедени и може веднаш да се префрлат на сметките на тутунарите, по донесувањето на законот во СОбранието.

Платежната агенција е подготвена тоа да го стори веднаш по донесувањето на Законот. Пратениците да се вразумат, средства има и парите ќе се најдат на сметките на тутунарите по донесување на законот. Очекувам законот денеска да биде изгласан, а ние ветуваме дека веднаш потоа и по објавувањето на законот во службен весник, 1,3 милијарди денари ќе се најдат кај тутнарите. Податоците се собрани и обработени, се чека само исплатата, изјави Бачовски.

The post Николовски: Пратениците да ги изгласаат законските измени, за да се исплати поддршката на тутунарите appeared first on Република.

]]>

Тргнете ја политиката од земјоделството, посебно сега, во услови на криза и војна и сите, едногласно, без секунда одложување, изгласајте ги измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кој на над 20 000 туутнопроизвподители треба да им бидат исплатени 1,3 милијарди денари, апелира денеска до пратениците министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски пред почетокот на 64 пленарна седница. Според Николовски, кој досега неколку пати апелира до Парламентот да ги донесе земјоделските закони без одлагање, политика имало и ќе има, но тоа никако не смее да биде на штета на земјоделците и граѓаните.
Зошто се блокира вака битен закон и се одолговлекува неговото донесување кога тоа им штети на над 20 000 тутунопроизвподители кои ги чекаат годинашните субвенции? Ваквата блокада е нешто сосема неодговорно кон тутунарите, но ја одолговлекува и генерално поддршката за земјоделците кои треба да произведат храна. Затоа, наместо да го кажувате својот партиски глас, слушнете го гласот на тутунарите и сите земјоделци. Без одлагање и без партиски говори донесети ги законските измени, рече Николовски.
Министерот сепак очекува дека законските измени денеска ќе бидат донесени.
Очекувам тоа да се случи и законот да биде потпишан од претседтаелот на Собанието и од претседателот на државата, за од утре, веднаш, да почне реализацијата на субвенциите, потенцира Николовски.
Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски дополни дека финансиските средства во висина од 1,3 милијарди денари се обезбедени и може веднаш да се префрлат на сметките на тутунарите, по донесувањето на законот во СОбранието.
Платежната агенција е подготвена тоа да го стори веднаш по донесувањето на Законот. Пратениците да се вразумат, средства има и парите ќе се најдат на сметките на тутунарите по донесување на законот. Очекувам законот денеска да биде изгласан, а ние ветуваме дека веднаш потоа и по објавувањето на законот во службен весник, 1,3 милијарди денари ќе се најдат кај тутнарите. Податоците се собрани и обработени, се чека само исплатата, изјави Бачовски.

The post Николовски: Пратениците да ги изгласаат законските измени, за да се исплати поддршката на тутунарите appeared first on Република.

]]>
Николоски: Доколку власта на СДСМ итно не ги исплати субвенциите на тутунарите ќе ги предводиме протестите на тутунарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-dokolku-vlasta-na-sdsm-itno-ne-gi-isplati-subvenciite-na-tutunarite-kje-gi-predvodime-protestite-na-tutunarite/ Sat, 28 May 2022 14:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=508038

Денеска сме во посета на општина Прилеп како што веќе кажа градоначалникот започнува една голема инвестициска активност преку рехабилитација на улици, изградба на нови, изградба и рехабилитација на водоводни системи и за мене многу значајно довршување практично на чаршијата односно овој крак кој што води од плоштадот до основното училиште за Прилеп да си го добие сјајот кој што го заслужува. Исто така се работи во приградските населби и во селата кои што се во рамки на општина Прилеп, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на Николоски:

-Можам со гордост да кажам, не само како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, исто така како носител на четвртата изборна единица што значи дека јас мојот мандат како пратеник го влечам од гласовите кои што ги добивме четвртата изборна единица сум исклучително задоволен од работата на градоначалниците кои што беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ во целата четврта изборна единица, во рамки на можностите и во рамки на оваа криза која што се случува и ограничени финансии навистина прават максимум за да релаизираат проекти.

Тука во Прилеп имаме навистина една сериозна промена која што се чувствува и во односот кон граѓаните и во решавањето на проблемите, а секако и во инфраструктурата. Периодот е краток некаде се само шест, седум месеци, веројатно ќе треба уште некое време за целосно да се видат резултатите, но ако денот по утрото се познава стартот е исклучително добар.

Би сакал и една, две централни теми да искоментирам. Првата е поврзана со земјоделието и земјоделците. Би сакал да апелирам да се исплатата субвенциите за тутун затоа што тутунарите го заслужуваат тоа. Знаеме што се се случуваше со откупот минатата година кога не беа вреднувани класите на тутун онака како што одговара и кога не беше исплаќано онолку колку што е реална вредност на тутунот, а дополнително и основните цени беа спуштени, на тоа уште и да не се се исплаќаат субвенциите мислам дека е свесно алудирање во земјоделците и во производството на тутун. Затоа што власта не сака да запре со увозот на тутун и го одби нашиот предлог на закон со кој што предложивме да се забрани увоз на тутун во Македонија се додека не се откупи целосното производство на домашниот тутун. Даваа различни образложенија зошто треба да има увоз, но во суштина зошто треба да има увоз гледаат македонските земјоделци со тоа што немаат редовен откуп и со тоа што не може пристојно нормално да живеат и функционираат.

The post Николоски: Доколку власта на СДСМ итно не ги исплати субвенциите на тутунарите ќе ги предводиме протестите на тутунарите appeared first on Република.

]]>

Денеска сме во посета на општина Прилеп како што веќе кажа градоначалникот започнува една голема инвестициска активност преку рехабилитација на улици, изградба на нови, изградба и рехабилитација на водоводни системи и за мене многу значајно довршување практично на чаршијата односно овој крак кој што води од плоштадот до основното училиште за Прилеп да си го добие сјајот кој што го заслужува. Исто така се работи во приградските населби и во селата кои што се во рамки на општина Прилеп, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на Николоски:
-Можам со гордост да кажам, не само како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, исто така како носител на четвртата изборна единица што значи дека јас мојот мандат како пратеник го влечам од гласовите кои што ги добивме четвртата изборна единица сум исклучително задоволен од работата на градоначалниците кои што беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ во целата четврта изборна единица, во рамки на можностите и во рамки на оваа криза која што се случува и ограничени финансии навистина прават максимум за да релаизираат проекти.
Тука во Прилеп имаме навистина една сериозна промена која што се чувствува и во односот кон граѓаните и во решавањето на проблемите, а секако и во инфраструктурата. Периодот е краток некаде се само шест, седум месеци, веројатно ќе треба уште некое време за целосно да се видат резултатите, но ако денот по утрото се познава стартот е исклучително добар.
Би сакал и една, две централни теми да искоментирам. Првата е поврзана со земјоделието и земјоделците. Би сакал да апелирам да се исплатата субвенциите за тутун затоа што тутунарите го заслужуваат тоа. Знаеме што се се случуваше со откупот минатата година кога не беа вреднувани класите на тутун онака како што одговара и кога не беше исплаќано онолку колку што е реална вредност на тутунот, а дополнително и основните цени беа спуштени, на тоа уште и да не се се исплаќаат субвенциите мислам дека е свесно алудирање во земјоделците и во производството на тутун. Затоа што власта не сака да запре со увозот на тутун и го одби нашиот предлог на закон со кој што предложивме да се забрани увоз на тутун во Македонија се додека не се откупи целосното производство на домашниот тутун. Даваа различни образложенија зошто треба да има увоз, но во суштина зошто треба да има увоз гледаат македонските земјоделци со тоа што немаат редовен откуп и со тоа што не може пристојно нормално да живеат и функционираат.

The post Николоски: Доколку власта на СДСМ итно не ги исплати субвенциите на тутунарите ќе ги предводиме протестите на тутунарите appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Државната каса за тутунарите е празна, власта ги потроши парите на она магаре кое што го тренираа и на златните чинии и вилушки во Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-drzavnata-kasa-za-tutunarite-e-prazna-vlasta-gi-potroshi-parite-na-ona-magare-koe-shto-go-treniraa-i-na-zlatnite-chinii-i-vilushki-vo-vlada/ Mon, 16 May 2022 17:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=503052

„Хидролошката ситуација во државата на акумулациите на природните и вештачките не е во добра кондиција, а тоа значи дека многу брзо ќе дојде есен, односно зима кога ќе имаме пак сериозен проблем.
А, тоа влече последици од минатата година кога нерационално се искористи водата во акумулациите едноставно се произведуваше електрична енергија за одредени проценти профити. А, во втор план односно не се зема во обѕир тоа што ќе ни се случува и со водата која што се користи за полевање и онаа за пиење, но и онаа техничка вода која што се користи ширум државата така да едноставно ова ќе има последици“, истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Трипуновски додаде дека годинава ги нема оние дождови кои што се очекуваат во пролетниот период, а тоа значи дека има помал дотур во акумулациите, тоа значи дека има помала помош во полевање на земјоделските површини.

„Оваа ситуација е премногу алармантна и верувам дека земјоделците ширум државата не дека ќе ги организира ВМРО-ДПМНЕ, туку самите ќе се организираат и овој револт ќе мора да го изразат на улица. Едноставно ова веќе не се трпи што се случува во државата“, рече Трипуновски.

Трипуновски во текот на емисијата се осврна и на тутунарите, кои што исто така се наоѓаат во тешка состојба поради неспособноста на власта.

„Од власта не можат да соберат храброст и на тутунарите да кажат дека касата е празна. Парите од власта ги потрошија на она магаре кое што го тренираа во Прилеп, на златните чинии и вилушки во Владата, на новите автомобили, и луксузот кој што го користат на државен трошок“, нагласи Трипуновски.

Трипуновски рече дека власта за да ја сокрие својата неспособност ја обвинува опозицијата дека го кочела законот.
„За да биде појасно на сите, субвенциите кои што требаше да се исплатат по завршувањето на откупот на тутун согласно списоците која секоја откупна компанија ги има за земјоделец, име и презиме, количина, класа и ги испраќа до надлежната институција односно платежната агенција. И платежната агенција ги испраќа до министерството за финансии, и нормално треба да ги исплати средствата. А, она што значи откупна компанија да го плати она што е обврска спрема Управата за јавни приходи за да едноставно бидат растеретени самите земјоделци. И сега власта вели ВМРО-ДПМНЕ и пратениците го кочат законот во Собрание и затоа вие не можете да земете субвенции. Што апсолутно не е точно. Вистина е дека сите земјоделци имаат обврски спрема УЈП по некои други основи, освен она што значи данок на приход по основ на продаден тутун. Меѓутоа овој закон кој што се носи секоја година е за да се ослободат земјоделците евентуално ако имаат некаков долг спрема УЈП, да ги земат субвенциите, па да ги платат давачките. Меѓутоа што е тука круцијално? Со ова што го прави власта сега, министерот и премиерот излегува дека сите тутунари преку 20.000 во државата се луѓе кои што не го почитуваат Законот, кои што не ги плаќаат давачките спрема државата и затоа не можат да земат субвенции“, појасни Трипуновски.

Трипуновски укажа дека од тие 20.000 тутунари дали од нив 5% имаат обврски спрема УЈП. Сите тутунари трпат ради неспособноста на власта и која ги потрошила парите од државната каса за својот луксуз.

The post Трипуновски: Државната каса за тутунарите е празна, власта ги потроши парите на она магаре кое што го тренираа и на златните чинии и вилушки во Влада appeared first on Република.

]]>

„Хидролошката ситуација во државата на акумулациите на природните и вештачките не е во добра кондиција, а тоа значи дека многу брзо ќе дојде есен, односно зима кога ќе имаме пак сериозен проблем. А, тоа влече последици од минатата година кога нерационално се искористи водата во акумулациите едноставно се произведуваше електрична енергија за одредени проценти профити. А, во втор план односно не се зема во обѕир тоа што ќе ни се случува и со водата која што се користи за полевање и онаа за пиење, но и онаа техничка вода која што се користи ширум државата така да едноставно ова ќе има последици“, истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Трипуновски додаде дека годинава ги нема оние дождови кои што се очекуваат во пролетниот период, а тоа значи дека има помал дотур во акумулациите, тоа значи дека има помала помош во полевање на земјоделските површини. „Оваа ситуација е премногу алармантна и верувам дека земјоделците ширум државата не дека ќе ги организира ВМРО-ДПМНЕ, туку самите ќе се организираат и овој револт ќе мора да го изразат на улица. Едноставно ова веќе не се трпи што се случува во државата“, рече Трипуновски. Трипуновски во текот на емисијата се осврна и на тутунарите, кои што исто така се наоѓаат во тешка состојба поради неспособноста на власта. „Од власта не можат да соберат храброст и на тутунарите да кажат дека касата е празна. Парите од власта ги потрошија на она магаре кое што го тренираа во Прилеп, на златните чинии и вилушки во Владата, на новите автомобили, и луксузот кој што го користат на државен трошок“, нагласи Трипуновски. Трипуновски рече дека власта за да ја сокрие својата неспособност ја обвинува опозицијата дека го кочела законот. „За да биде појасно на сите, субвенциите кои што требаше да се исплатат по завршувањето на откупот на тутун согласно списоците која секоја откупна компанија ги има за земјоделец, име и презиме, количина, класа и ги испраќа до надлежната институција односно платежната агенција. И платежната агенција ги испраќа до министерството за финансии, и нормално треба да ги исплати средствата. А, она што значи откупна компанија да го плати она што е обврска спрема Управата за јавни приходи за да едноставно бидат растеретени самите земјоделци. И сега власта вели ВМРО-ДПМНЕ и пратениците го кочат законот во Собрание и затоа вие не можете да земете субвенции. Што апсолутно не е точно. Вистина е дека сите земјоделци имаат обврски спрема УЈП по некои други основи, освен она што значи данок на приход по основ на продаден тутун. Меѓутоа овој закон кој што се носи секоја година е за да се ослободат земјоделците евентуално ако имаат некаков долг спрема УЈП, да ги земат субвенциите, па да ги платат давачките. Меѓутоа што е тука круцијално? Со ова што го прави власта сега, министерот и премиерот излегува дека сите тутунари преку 20.000 во државата се луѓе кои што не го почитуваат Законот, кои што не ги плаќаат давачките спрема државата и затоа не можат да земат субвенции“, појасни Трипуновски. Трипуновски укажа дека од тие 20.000 тутунари дали од нив 5% имаат обврски спрема УЈП. Сите тутунари трпат ради неспособноста на власта и која ги потрошила парите од државната каса за својот луксуз.  

The post Трипуновски: Државната каса за тутунарите е празна, власта ги потроши парите на она магаре кое што го тренираа и на златните чинии и вилушки во Влада appeared first on Република.

]]>
„Ковачевски дојде во Прилеп, а повторно ги избегна тутунарите на кои не им се исплатени субвенции“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-dojde-vo-prilep-a-povtorno-gi-izbegna-tutunarite-na-koi-ne-im-se-isplateni-subvencii/ Sat, 14 May 2022 14:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=502241

Денес во посета на прилепската болница дојде Димитар Ковачевски, по повод пуштање во употреба на апарат и оддел за магнетна резонанца. Колку за потсетување, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, крупните инвестиции во здравството беа секојдневие. Сега, дури после 5 години власт на СДСМ, конечно ние прилепчани, дочекавме некаква инвестиција во прилепската болница, во истата болница каде за време на грејната сезона немаше затоплување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Во продолжение интегрален текст од нивната прес-конференција:

Во болницата каде мамографот подолг период не е во функција и апартите не се одржуваат, во болницата во која долгот е сериозно зголемен од кога ја менаџираат кадри на СДСМ. Како не му е срам на премиерот Ковачески да доаѓа во болницата во која имаше најмногу смртни случаи за враме на Ковид – пандемијата!

Прашуваме, зошто Ковачевски, повторно ги избегна тутунарите, на кои се уште не им се исплатени субвенциите? Ги праша ли воопшто некој од владата овие луѓе како набавуваат репроматеријали и нафта, како преживуваат и како врзуваат крај со крај? Дали е целта уништување на тутунопроизводството, се со цел задоволување на фамилијата т.е. мафијата да го користи регионот за производство на марихуана?

Какви мерки презема Ковачески за безбедносната состојба во Прилеп кој се повеќе наликува на нарко мафијашки град во кој секојдневно има тепачки, пукање со огнени оружја во угостителски објекти, запалени автомобили, тешки кражби и убиства? Дали ваквата состојба се должи на поддршката на сторителите на криминал од страна на истакнати функционери на СДСМ во Прилеп? Дали ќе преземе нешто против сериозните скандали за вмешаност во криминал на високи полициски службеници?

За жал неспособноста на Ковачевски и владата предводена од СДС најмногу ја чувствуваат граѓаните на свој грб.

Во овие 100 дена старо-нова влада предводена од Ковачевски, како продолжена рака на деструктивните политики на Зоран Заев, нема ништо друго освен растечка сиромаштија, високи цени на основни прехранбени продукти, зголемени сметки и давачки, национално понижување, тргување со националните интереси.

Почитувани, на Македонија и’ се потребни предвремени избори час поскоро, бидејќи тоа е единствениот начин за спас од неспособноста на СДСМ и Ковачевски. Избори, за да се стави крај на недомаќинското работење, нерационалното трошење пари, огромното задолжување, крај на бедата и сиромаштијата кои ги имаат зафатено граѓаните.

The post „Ковачевски дојде во Прилеп, а повторно ги избегна тутунарите на кои не им се исплатени субвенции“ appeared first on Република.

]]>

Денес во посета на прилепската болница дојде Димитар Ковачевски, по повод пуштање во употреба на апарат и оддел за магнетна резонанца. Колку за потсетување, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, крупните инвестиции во здравството беа секојдневие. Сега, дури после 5 години власт на СДСМ, конечно ние прилепчани, дочекавме некаква инвестиција во прилепската болница, во истата болница каде за време на грејната сезона немаше затоплување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Во продолжение интегрален текст од нивната прес-конференција: Во болницата каде мамографот подолг период не е во функција и апартите не се одржуваат, во болницата во која долгот е сериозно зголемен од кога ја менаџираат кадри на СДСМ. Како не му е срам на премиерот Ковачески да доаѓа во болницата во која имаше најмногу смртни случаи за враме на Ковид – пандемијата! Прашуваме, зошто Ковачевски, повторно ги избегна тутунарите, на кои се уште не им се исплатени субвенциите? Ги праша ли воопшто некој од владата овие луѓе како набавуваат репроматеријали и нафта, како преживуваат и како врзуваат крај со крај? Дали е целта уништување на тутунопроизводството, се со цел задоволување на фамилијата т.е. мафијата да го користи регионот за производство на марихуана? Какви мерки презема Ковачески за безбедносната состојба во Прилеп кој се повеќе наликува на нарко мафијашки град во кој секојдневно има тепачки, пукање со огнени оружја во угостителски објекти, запалени автомобили, тешки кражби и убиства? Дали ваквата состојба се должи на поддршката на сторителите на криминал од страна на истакнати функционери на СДСМ во Прилеп? Дали ќе преземе нешто против сериозните скандали за вмешаност во криминал на високи полициски службеници? За жал неспособноста на Ковачевски и владата предводена од СДС најмногу ја чувствуваат граѓаните на свој грб. Во овие 100 дена старо-нова влада предводена од Ковачевски, како продолжена рака на деструктивните политики на Зоран Заев, нема ништо друго освен растечка сиромаштија, високи цени на основни прехранбени продукти, зголемени сметки и давачки, национално понижување, тргување со националните интереси. Почитувани, на Македонија и’ се потребни предвремени избори час поскоро, бидејќи тоа е единствениот начин за спас од неспособноста на СДСМ и Ковачевски. Избори, за да се стави крај на недомаќинското работење, нерационалното трошење пари, огромното задолжување, крај на бедата и сиромаштијата кои ги имаат зафатено граѓаните.

The post „Ковачевски дојде во Прилеп, а повторно ги избегна тутунарите на кои не им се исплатени субвенции“ appeared first on Република.

]]>
Николовски: Откупени 74% од договорното производство на тутун https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-otkupeni-74-od-dogovornoto-proizvodstvo-na-tutun/ Wed, 02 Feb 2022 15:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=453121

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени околу 74% од вкупното договорено количество на тутун, односно околу 16.500 тони од вкупно 22 илјади тони за коишто се склучени договори, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Околу 94 отсто од откупениот тутун веќе им е исплатен на тутунопроизводителите од страна на откупувачите. Просечната откупна цена достигна 197 денари по килограм.

„Уште во 2017 година за реколтата од 2017 го реализиравме ветувањето коешто го дадовме на тутунопроизводителите како најбројна категорија на земјоделци кои се занимаваат со оваа значајна земјоделска гранка, која обезбедува над 100 милиони евра девизен прилив во државата. Првенствено преку промена на моделот за субвенционирање што го направивме во 2017 година, воведување на моделот за плаќање по класи, за прва класа 80 денари, за втора класа 70 и за трета класа 60 денари по килограм. Тоа беше ветување пред тутунопроизводителите дадено во 2016 година и реализирано во 2017 година. Донесовме нов Закон за тутун, со којшто се усогласивме со европските директиви и ги олеснивме административните процедури, ги укинавме евидентните листови, тутунарите денеска директно склучуваат договори со откупните компании. Од 2017 година досега се постигнаа највисоки просечни откупни цени за тутунот", изјави Николовски при денешната посета на прилепскиот регион.

Министерот Николовски потенцираше дека Владата со секоја преземена мерка за тутунопроизводството покажа грижа за оваа гранка, за што говори и исплатата на 5 милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите од Ковид програмата.
Продолжуваме да го вреднуваме трудот на тутунарите, да создаваме поволна бизнис клима за откупните претпријатија, и да сме целосно посветени кон тутунопроизводството како една од најзначајните гранки за македонското земјоделство, рече министерот Николовски.

The post Николовски: Откупени 74% од договорното производство на тутун appeared first on Република.

]]>

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени околу 74% од вкупното договорено количество на тутун, односно околу 16.500 тони од вкупно 22 илјади тони за коишто се склучени договори, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Околу 94 отсто од откупениот тутун веќе им е исплатен на тутунопроизводителите од страна на откупувачите. Просечната откупна цена достигна 197 денари по килограм.
„Уште во 2017 година за реколтата од 2017 го реализиравме ветувањето коешто го дадовме на тутунопроизводителите како најбројна категорија на земјоделци кои се занимаваат со оваа значајна земјоделска гранка, која обезбедува над 100 милиони евра девизен прилив во државата. Првенствено преку промена на моделот за субвенционирање што го направивме во 2017 година, воведување на моделот за плаќање по класи, за прва класа 80 денари, за втора класа 70 и за трета класа 60 денари по килограм. Тоа беше ветување пред тутунопроизводителите дадено во 2016 година и реализирано во 2017 година. Донесовме нов Закон за тутун, со којшто се усогласивме со европските директиви и ги олеснивме административните процедури, ги укинавме евидентните листови, тутунарите денеска директно склучуваат договори со откупните компании. Од 2017 година досега се постигнаа највисоки просечни откупни цени за тутунот", изјави Николовски при денешната посета на прилепскиот регион.
Министерот Николовски потенцираше дека Владата со секоја преземена мерка за тутунопроизводството покажа грижа за оваа гранка, за што говори и исплатата на 5 милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите од Ковид програмата. Продолжуваме да го вреднуваме трудот на тутунарите, да создаваме поволна бизнис клима за откупните претпријатија, и да сме целосно посветени кон тутунопроизводството како една од најзначајните гранки за македонското земјоделство, рече министерот Николовски.

The post Николовски: Откупени 74% од договорното производство на тутун appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Пелагонија преку пратеници иницираат забрана на увоз на тутун https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-gradonachalnicite-na-vmro-dpmne-od-pelagonija-preku-pratenici-iniciraat-zabrana-na-uvoz-na-tutun/ Wed, 05 Jan 2022 09:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=440819

Вчерашниот состанок е резултат на повеќе состаноци кои што се одржаа на ниво на локалната самоуправа во изминатиов период, само за потсетување градоначалниците уште пред новогодишните празници имаа иницијатива за кревање на темата, односно афирмирање на проблемите кои што ги имаат тутунарите и оваа производствена сезона, односно откупна сезона. Само за потсетување минатата година или пред новогодишните празници се одржаа состаноци со земјоделските здруженија од страна на градоначалниците каде што лично се запознаа со текот и проблемите кои што ги има во откупот на тутунот, појасни Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на Алфа телевизија.

Трипуновски додаде дека и оваа година се уште има проблеми при откупот на тутунот. Ова е една од најголемите земјоделски гранки и опфаќа околу 30.000 семејства во Република Македонија, односно околу 120.000 сограѓани кои што егзистираат од оваа гранка. И оваа откупна сезона исто така има проблеми во делот на проценката односно постигнатата просечна цена.

-Ова што вчера се одржа од страна на иницијативата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците тука сакам да потенцирам дека на вчерашната средба беа поканети и градоначалниците од СДСМ и пратениците кои што егзистираат на територијата на Пелагонија се со цел заеднички на заедничка маса без да се меша премногу политика во земјоделството да се излезе во пресрет на оваа категорија земјоделци и да им се помогне во откупот. Зашто се донесе ваков заклучок? Видете, во 2019-тата година се направи измена во законот за тутун каде што се дозволи увоз на тутун во Република Македонија. Тука сакам да појаснам, се работи за увоз на тутун кој што се произведува исто како оној што е во Република Македонија. Значи ориентален тутун кој што е главна производствена гранка во Република Македонија. И со тоа се загрозува и домашното производство. Затоа со оваа измена која што ја бараме сега односно преку пратениците ќе биде повторно поднесена во парламентот, сакаме да се забрани се со цел да се заштити домашното производство, истакна Трипуновски.

Посочи дека власта минатата година иако аргументирано ВМРО-ДПМНЕ напаѓаше и кажуваше дека се увезуваат сериозни количини на тутун од соседните држави негираше. Меѓутоа ланската година беше катастрофа, и оваа година исто така е лоша.

Она што градоначалниците го иницираат преку пратениците во измената на законот која што ќе се поднесе во Парламентот исто така ќе се бара сите оние тутунари кои што во текот на откупната сезона имале приговори до второстепената комисија да не бидат санкционирани од страна на откупните компании затоа што знаете тој што ќе се побуни наредната година ќе нема да му склучуваат договори, ќе биде уценуван итн. Така да ова вчера што се одржа на иницијатива на градоначалниците уште еднашка ќе кажам жалам што не се одважија градоначалниците од СДСМ и пратениците заедно на иста маса да се седне и да се разговара за проблемот кој што го имаат тутунарите во Република Македонија, рече тој.

Трипуновски укажа дека истиот закон минатата година воопшто не дојде на дневен ред во Парламентот, оваа година преку сите демократски процедури и можности преку пратениците ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира да биде ставен на дневен ред.

The post Трипуновски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Пелагонија преку пратеници иницираат забрана на увоз на тутун appeared first on Република.

]]>

Вчерашниот состанок е резултат на повеќе состаноци кои што се одржаа на ниво на локалната самоуправа во изминатиов период, само за потсетување градоначалниците уште пред новогодишните празници имаа иницијатива за кревање на темата, односно афирмирање на проблемите кои што ги имаат тутунарите и оваа производствена сезона, односно откупна сезона. Само за потсетување минатата година или пред новогодишните празници се одржаа состаноци со земјоделските здруженија од страна на градоначалниците каде што лично се запознаа со текот и проблемите кои што ги има во откупот на тутунот, појасни Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на Алфа телевизија. Трипуновски додаде дека и оваа година се уште има проблеми при откупот на тутунот. Ова е една од најголемите земјоделски гранки и опфаќа околу 30.000 семејства во Република Македонија, односно околу 120.000 сограѓани кои што егзистираат од оваа гранка. И оваа откупна сезона исто така има проблеми во делот на проценката односно постигнатата просечна цена.
-Ова што вчера се одржа од страна на иницијативата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците тука сакам да потенцирам дека на вчерашната средба беа поканети и градоначалниците од СДСМ и пратениците кои што егзистираат на територијата на Пелагонија се со цел заеднички на заедничка маса без да се меша премногу политика во земјоделството да се излезе во пресрет на оваа категорија земјоделци и да им се помогне во откупот. Зашто се донесе ваков заклучок? Видете, во 2019-тата година се направи измена во законот за тутун каде што се дозволи увоз на тутун во Република Македонија. Тука сакам да појаснам, се работи за увоз на тутун кој што се произведува исто како оној што е во Република Македонија. Значи ориентален тутун кој што е главна производствена гранка во Република Македонија. И со тоа се загрозува и домашното производство. Затоа со оваа измена која што ја бараме сега односно преку пратениците ќе биде повторно поднесена во парламентот, сакаме да се забрани се со цел да се заштити домашното производство, истакна Трипуновски.
Посочи дека власта минатата година иако аргументирано ВМРО-ДПМНЕ напаѓаше и кажуваше дека се увезуваат сериозни количини на тутун од соседните држави негираше. Меѓутоа ланската година беше катастрофа, и оваа година исто така е лоша.
Она што градоначалниците го иницираат преку пратениците во измената на законот која што ќе се поднесе во Парламентот исто така ќе се бара сите оние тутунари кои што во текот на откупната сезона имале приговори до второстепената комисија да не бидат санкционирани од страна на откупните компании затоа што знаете тој што ќе се побуни наредната година ќе нема да му склучуваат договори, ќе биде уценуван итн. Така да ова вчера што се одржа на иницијатива на градоначалниците уште еднашка ќе кажам жалам што не се одважија градоначалниците од СДСМ и пратениците заедно на иста маса да се седне и да се разговара за проблемот кој што го имаат тутунарите во Република Македонија, рече тој.
Трипуновски укажа дека истиот закон минатата година воопшто не дојде на дневен ред во Парламентот, оваа година преку сите демократски процедури и можности преку пратениците ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира да биде ставен на дневен ред.

The post Трипуновски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Пелагонија преку пратеници иницираат забрана на увоз на тутун appeared first on Република.

]]>
Пелагонските градоначалници и пратеници во одбрана на тутунарите, бараат измени на Законот за тутун https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pelagonskite-gradonachalnici-i-pratenici-vo-odbrana-na-tutunarite-baraat-izmeni-na-zakonot-za-tutun/ Tue, 04 Jan 2022 17:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=440600

Да има измени во Законот за тутун, а иницијативата до Собранието ќе се поднесе идната недела, констатираа шест градоначалници и четворица пратеници од Пелагонискиот регион на средбата што попладнево се одржа во прилепската локална самоуправа, на иницијатива на градоначалникот Борче Јовчески. На средбата беа градоначалниците на Прилеп, Битола, на Могила, Новаци, Демир Хисар и од Долнени како и по двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и од Битола. Иако биле уредно поканети, градоначалниците на Кривогаштани и на Крушево не присуствуваа на оваа средба.

Според иницијаторот на средбата, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески барањето за измените во Законот за тутун и подобрувањето на положбата на тутунарите е на барањето и на тутунските здруженија и на производителите од Регионот кои сметаат дека тутунот реално не се цени, а е со добар квалитет.

Јовчески минатата недела одржа средба со дел тутунски здурженија, но не и со Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Се обративме и до земјоделскиот инспекторат да ги зајакне контролите на откупните пунктови. Тутунот е стратегијска култура, од него зависат локалните економии во Пелагонискиот регион, рече Јовчески.

Пратеникот од Прилеп Петар Ристески најави дека идната недела иницијативата за законските измени и официјално ќе се поднесе до Собранието. Всушност има повеќе делови од Законот кои им даваат многу права на откупуивачите, а малку на тутунарите.

Идната недела и официјално ќе ја поднесеме иницијативата за измените. А и имаме, како партија наш предлог закон кој досега на двапати е одбиван. Да се забрани увоз на тутун додека не се откупи домашното производство, а има и други одредби кои ја прават тешка позицијата на тутунарите, а повеќе права имаат откупувачите. Со законот, државата нема контрола на откупот на тутун. За оваа реколта се склучени договори за 22 000 тони, но нема повеќе од 19-20 000 тони. Имаме информации за тутунари кои не насадиле, а склучиле договори и земаат субвенции. И, ако се купи тутун повеќе од 20 000 тони, тоа значи од некаде е донесен, а не е домашно производство. Од тутунот живеат 30 000 семејства и е многу битен за економијата, посебно во Пелагонискиот регион, смета пратеникот Ристески.

Според Сојузот на земјоделските здруженија, до Нова година се откупени околу 9 300 тони по просечна цена од 192 денари.

The post Пелагонските градоначалници и пратеници во одбрана на тутунарите, бараат измени на Законот за тутун appeared first on Република.

]]>

Да има измени во Законот за тутун, а иницијативата до Собранието ќе се поднесе идната недела, констатираа шест градоначалници и четворица пратеници од Пелагонискиот регион на средбата што попладнево се одржа во прилепската локална самоуправа, на иницијатива на градоначалникот Борче Јовчески. На средбата беа градоначалниците на Прилеп, Битола, на Могила, Новаци, Демир Хисар и од Долнени како и по двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и од Битола. Иако биле уредно поканети, градоначалниците на Кривогаштани и на Крушево не присуствуваа на оваа средба. Според иницијаторот на средбата, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески барањето за измените во Законот за тутун и подобрувањето на положбата на тутунарите е на барањето и на тутунските здруженија и на производителите од Регионот кои сметаат дека тутунот реално не се цени, а е со добар квалитет. Јовчески минатата недела одржа средба со дел тутунски здурженија, но не и со Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.