тутун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tutun/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Nov 2024 12:25:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тутун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tutun/ 32 32 На откупувачите не им се слуша за повисока цена на тутунот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-otkupuvachite-ne-im-se-slusha-za-povisoka-tsena-na-tutunot/ Sun, 24 Nov 2024 12:25:41 +0000 https://republika.mk/?p=841266

Да се интензивира откупот на тутунот и со анекс во договорите да се зголеми откупната цена и просечно да изнесува околу 420 денари, побара Сојузот на тутунските здруженија на средбата со откупувачите во земјава.

Според Кире Ристески, претседател на Сојузот, откупот од утре ќе се интензивира, но откупувачите молчат на барањето за зголемување на цената.

-Од утре веќе 50 отсто од откупните пунктови во земјава ќе бидат отворени и ќе се интензивира откупот на тутунот. Засега, не се знае само кога Прилепскиот тутунски комбинат ќе го почне откупот. На средбата, на откупувачите им го поставивме барањето за зголемување на цената во просек да изнесува 420 денари, но откупувачите мудро молчат и не се изјаснуваат. Ние не се откажуваме од барањето со анекс на договорите да се зголеми цената, но како што стојат работите, тоа ќе ја отежни откупната кампања, изјави Ристески.

Од 18 ноември досега се откупени околу 20 тони тутун по просечна цена од околу 370 денари за килограм.

-На откупувачите им нагласивме дека се во заблуда да очекуваат над 20.000 тони тутун од реколтата, зашто реално родот е околу 16.000 тони. Ние остануваме на барањето за повисоки цени. Инаку, како предлог имаме доставено до Секторската подгрупа при Министерството за земјоделство да се има предвид можноста во наредниот период да има пренамена на површините со други култури и нивно субвенционирање. Со тоа откупувачите ќе загубат, а ние како производители може да продолжиме со производство, но на други култури, рече Ристески.

Тој нагласи дека како Сојуз го имаат доставено предлогот до потсекторската група и годинава линеарното субвенционирање да биде100 денари.

-Од министерот за земјоделство имаме поддршка и за секој проблем што би се појавил во текот на откупната кампања може да се обратиме за да се најдат решенија, нагласи Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија

The post На откупувачите не им се слуша за повисока цена на тутунот appeared first on Република.

]]>

Да се интензивира откупот на тутунот и со анекс во договорите да се зголеми откупната цена и просечно да изнесува околу 420 денари, побара Сојузот на тутунските здруженија на средбата со откупувачите во земјава. Според Кире Ристески, претседател на Сојузот, откупот од утре ќе се интензивира, но откупувачите молчат на барањето за зголемување на цената.
-Од утре веќе 50 отсто од откупните пунктови во земјава ќе бидат отворени и ќе се интензивира откупот на тутунот. Засега, не се знае само кога Прилепскиот тутунски комбинат ќе го почне откупот. На средбата, на откупувачите им го поставивме барањето за зголемување на цената во просек да изнесува 420 денари, но откупувачите мудро молчат и не се изјаснуваат. Ние не се откажуваме од барањето со анекс на договорите да се зголеми цената, но како што стојат работите, тоа ќе ја отежни откупната кампања, изјави Ристески.
Од 18 ноември досега се откупени околу 20 тони тутун по просечна цена од околу 370 денари за килограм.
-На откупувачите им нагласивме дека се во заблуда да очекуваат над 20.000 тони тутун од реколтата, зашто реално родот е околу 16.000 тони. Ние остануваме на барањето за повисоки цени. Инаку, како предлог имаме доставено до Секторската подгрупа при Министерството за земјоделство да се има предвид можноста во наредниот период да има пренамена на површините со други култури и нивно субвенционирање. Со тоа откупувачите ќе загубат, а ние како производители може да продолжиме со производство, но на други култури, рече Ристески.
Тој нагласи дека како Сојуз го имаат доставено предлогот до потсекторската група и годинава линеарното субвенционирање да биде100 денари. -Од министерот за земјоделство имаме поддршка и за секој проблем што би се појавил во текот на откупната кампања може да се обратиме за да се најдат решенија, нагласи Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија

The post На откупувачите не им се слуша за повисока цена на тутунот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Тутунски комбинат АД Прилеп извезува на 9 пазари, очекувам во следниот период зголемување на производството https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-tutunski-kombinat-ad-prilep-izvezuva-na-9-pazari-ochekuvam-vo-sledniot-period-zgolemuvane-na-proizvodstvoto/ Mon, 11 Nov 2024 17:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=836429

Немам што да дополнам на тоа што претходните говорници го кажаа. Ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на раководството на Тутунски комбинат АД Прилеп овде на пречекот.

Слушнавте и самите од тука се извезува на 9 пазари. Да се заблагодарам на пратениците од Прилеп коишто доаѓаат во македонското Собрание, коишто се борат секогаш и приоритет им се тутунопроизводителите од овој регион, Министерството за земјоделие, на министерот се разбира којшто е исто така врвен приоритет му се тутунопроизводителите како и впрочем сите земјоделци.

Очекувам овој период на консолидирање на тутунскиот комбинат Прилеп да е веќе позади нас. Состојбата од тоа што можев да видам е консолидирана и очекувам во годините коишто следат повеќе внимание да посветиме на развојот, на нови инвестиции, на зголемување на производството зошто да не овие 9 пазари да не бидат 18 пазари за некоја година од денеска. Тоа е она на коешто сите ние треба заедно да работиме и тоа е она за коешто оваа Влада ќе даде безусловна поддршка и очекувам овие услови да бидат дел од нашата заедничка соработка и во иднина.

Многу е направено и многу е постигнато во овие години, состојбата е консолидирана ајде сега сите заедно да работиме на развојот, тоа е она што е наш приоритет.

Така што тука ќе завршам бидејќи се што имаше да се каже кажаа претходните говорници, јас не би сакал да се повторувам.“

https://www.youtube.com/watch?v=zWCqDFKaC38

The post Мицкоски: Тутунски комбинат АД Прилеп извезува на 9 пазари, очекувам во следниот период зголемување на производството appeared first on Република.

]]>

Немам што да дополнам на тоа што претходните говорници го кажаа. Ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на раководството на Тутунски комбинат АД Прилеп овде на пречекот. Слушнавте и самите од тука се извезува на 9 пазари. Да се заблагодарам на пратениците од Прилеп коишто доаѓаат во македонското Собрание, коишто се борат секогаш и приоритет им се тутунопроизводителите од овој регион, Министерството за земјоделие, на министерот се разбира којшто е исто така врвен приоритет му се тутунопроизводителите како и впрочем сите земјоделци. Очекувам овој период на консолидирање на тутунскиот комбинат Прилеп да е веќе позади нас. Состојбата од тоа што можев да видам е консолидирана и очекувам во годините коишто следат повеќе внимание да посветиме на развојот, на нови инвестиции, на зголемување на производството зошто да не овие 9 пазари да не бидат 18 пазари за некоја година од денеска. Тоа е она на коешто сите ние треба заедно да работиме и тоа е она за коешто оваа Влада ќе даде безусловна поддршка и очекувам овие услови да бидат дел од нашата заедничка соработка и во иднина. Многу е направено и многу е постигнато во овие години, состојбата е консолидирана ајде сега сите заедно да работиме на развојот, тоа е она што е наш приоритет. Така што тука ќе завршам бидејќи се што имаше да се каже кажаа претходните говорници, јас не би сакал да се повторувам.“ https://www.youtube.com/watch?v=zWCqDFKaC38

The post Мицкоски: Тутунски комбинат АД Прилеп извезува на 9 пазари, очекувам во следниот период зголемување на производството appeared first on Република.

]]>
На прагот на откуп на тутунот, побарувачката поголема од понудената производствена реколта https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-pragot-na-otkup-na-tutunot-pobaruvachkata-pogolema-od-ponudenata-proizvodstvena-rekolta/ Sun, 27 Oct 2024 13:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=831415

Тутунопроизводителите во земјава се подготвени за откупот на тутунот од годинашната реколта. Преку 10.000 семејства во државава очекуваат продуктивен почеток на откупот. Променливата година со дожд и суша донесе тутунопроизводство од околу 17.000 тони тутун, со добар квалитет. Тутунарите очекуваат поволен откуп и повисоки цени од ланските.

Тутунопроизводителите на стартот на производството се соочија со неповолни климатски услови. Имаше премногу влага при расадувањето што го оддолжи процесот, во растот на тутунот имаше голема суша, што го намали приносот, но, тоа го зголеми квалитетот и на крајот имаше дождови што пак, го зголемија производството, изјави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

На ниво на држава, со откупувачите се склучени околу 30.000 договори за производство од 26.000 тони тутун. Но, тоа не е вистинската слика, зашто на теренот има многу помалку тутун, односно околу 17.000 тони. Инаку, годинава се засадени над 13.000 хектари.

Како Сојуз сме подготвени и утре да почне откупот на тутунот. Но, компаниите ги запазуваат законските рокови. Последниот ден за заверување на мострите е 15 ноември, така што, потоа може откупувачите да ја почнат кампањата. Крајниот рок за почетокот на откупот е 15 декември, посочи Ристески.

Годинава, 10 откупни фирми ќе го преземаат родот. Имаат лиценци и финансиски гаранции. Има најава за зголемување на бројот на откупните ваги. На тутунарите им претстојат средби во Министерството за земјоделство најавени за понеделник, како и со откупувачите на 4 ноември. Бараат повисоки откупни цени во споредба со ланските.

Дискутираме со откупувачите. И ние не сме задоволни од моменталната цена што е на ланското ниво, односно 375 денари за прва, 300 за втора и 260 за трета класа откупен тутун. В понеделник имаме средба со министерот за земјоделство Цветан Трипуноски. Мислиме дека ќе наидеме на добра соработка, а на 4 ноември ќе имаме и средба со откупувачите. Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да го задржиме производството, да ги задржиме младите да го работат тутунот, зашто според статистиките, просечната старост на тутунопроизводителите е преку 50 години, нагласи Ристески.

На теренот во земјава ќе има 320 откупни ваги.

The post На прагот на откуп на тутунот, побарувачката поголема од понудената производствена реколта appeared first on Република.

]]>

Тутунопроизводителите во земјава се подготвени за откупот на тутунот од годинашната реколта. Преку 10.000 семејства во државава очекуваат продуктивен почеток на откупот. Променливата година со дожд и суша донесе тутунопроизводство од околу 17.000 тони тутун, со добар квалитет. Тутунарите очекуваат поволен откуп и повисоки цени од ланските. Тутунопроизводителите на стартот на производството се соочија со неповолни климатски услови. Имаше премногу влага при расадувањето што го оддолжи процесот, во растот на тутунот имаше голема суша, што го намали приносот, но, тоа го зголеми квалитетот и на крајот имаше дождови што пак, го зголемија производството, изјави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија. На ниво на држава, со откупувачите се склучени околу 30.000 договори за производство од 26.000 тони тутун. Но, тоа не е вистинската слика, зашто на теренот има многу помалку тутун, односно околу 17.000 тони. Инаку, годинава се засадени над 13.000 хектари. Како Сојуз сме подготвени и утре да почне откупот на тутунот. Но, компаниите ги запазуваат законските рокови. Последниот ден за заверување на мострите е 15 ноември, така што, потоа може откупувачите да ја почнат кампањата. Крајниот рок за почетокот на откупот е 15 декември, посочи Ристески. Годинава, 10 откупни фирми ќе го преземаат родот. Имаат лиценци и финансиски гаранции. Има најава за зголемување на бројот на откупните ваги. На тутунарите им претстојат средби во Министерството за земјоделство најавени за понеделник, како и со откупувачите на 4 ноември. Бараат повисоки откупни цени во споредба со ланските. Дискутираме со откупувачите. И ние не сме задоволни од моменталната цена што е на ланското ниво, односно 375 денари за прва, 300 за втора и 260 за трета класа откупен тутун. В понеделник имаме средба со министерот за земјоделство Цветан Трипуноски. Мислиме дека ќе наидеме на добра соработка, а на 4 ноември ќе имаме и средба со откупувачите. Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да го задржиме производството, да ги задржиме младите да го работат тутунот, зашто според статистиките, просечната старост на тутунопроизводителите е преку 50 години, нагласи Ристески. На теренот во земјава ќе има 320 откупни ваги.

The post На прагот на откуп на тутунот, побарувачката поголема од понудената производствена реколта appeared first on Република.

]]>
Цигари, тутун, филтри, петарди: Приведен тетовец со голема количина стока без документација https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsigari-tutun-filtri-petardi-priveden-tetovets-so-golema-kolichina-stoka-bez-dokumentatsija/ Thu, 08 Aug 2024 15:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=804664

Во тетовското село Мала Речица, во 7.30 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.С.(44) од тетовско Долно Палчиште.

При преглед во патничкото возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека без соодветна документација превезува 204 штеки цигари од различни брендови, 24 кутии со тутун од еден килограм и 145 кутии со тутун од 500 грама, пиротехнички средства, 20 машинки за правење цигари и 36 кутии со вкупно 18.000 филтри за цигари, соопштија од МВР.

Возилото било одземено и заедно со лицето биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278Б од Кривичниот законик.

The post Цигари, тутун, филтри, петарди: Приведен тетовец со голема количина стока без документација appeared first on Република.

Тутунарите во Прилеп: Не се прифаќаат цените во новите договори, се бара медијаторство од Министерството за земјоделство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tutunarite-vo-prilep-ne-se-prifakaat-tsenite-vo-novite-dogovori-se-bara-medijatorstvo-od-ministerstvoto-za-zemjodelstvo/ Sun, 10 Mar 2024 10:03:39 +0000 https://republika.mk/?p=753231

Монополска е и не е прифатлива понудата на откупувачите за договорите и цените за новото тутунопроизводство. Нудат исти цени и затоа бараме медијаторство од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бидејќи во прашање е иднината на оваа стратешка култура.

Ова го порачаа тутунарите од државава на трибината во Прилеп што се одржа синоќа, а ја организираше „Националната земјоделска мрежа“.

Откупувачите ги објавија цените за новите договори кои за новата реколта се склучуваат од 1 до 31 март. Ги понудија истите цени како при неодамнешниот откуп од ланската реколта. За нас се неприфатливи и ако останат како што се, ќе дојдеме под производната цена. Ние сме доведени во ситуација откупните фирми да ни диктираат цени кои за нас се погубни и, едноставно, нѐ водат во загуба. Ќе бараме едно медијаторство од Министерството за земјоделство, да најдеме едно заедничко прифатливо решение за да оствариме заедничка понатамошна соработка. Ако вака се однесуваат уценувачки, нема да биде од интерес ниту на тутунарите, ниту на фирмите, изјави Ѓорѓи Каракашев од „Националната земјоделска мрежа“.

Според трошоците, за тутунарите реална е цената од 10 евра. Се очекува зголемен интерес за производство, но одбивањето на откупувачите да понудат повисоки цени ја става под прашање производната година.

Има зголемен интерес да се произведува тутунот, главно во руралните средини каде немаат други извори на приходи. Мора да биде подобра цената за да има континуитет оваа гранка, но, и мора како држава, а и ние како здруженија посебен напор да вложиме за во тие места да останат луѓе, зашто сме сведоци на големо иселување, рече Диме Димитриески, производител од Прилеп и член на „Националната земјоделска мрежа“.

Тутунарите најавија поднесување иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на Законот за тутун во кој откупните фирми се монополски поставени, а тутунарите се во подредена ситуација.

Може да се живее од тутунот, само  треба да се прашува и земјоделецот и така треба да биде, а не да бидеме зависни од фирмите, вели Живко Гонев, тутунар од Ињево, Струмичко, и член на асоцијацијата „Национална земјоделска мрежа“.

На 28 февруари и официјално заврши откупот на тутунот од ланската реколта, а родот беше преполовен. Откупени беа неполни 15.000 тони по просечна цена од 353 денари за килограм.

The post Тутунарите во Прилеп: Не се прифаќаат цените во новите договори, се бара медијаторство од Министерството за земјоделство appeared first on Република.

По реакциите конечно донесен правилникот за штетни материи во тутунските производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/po-reaktsiite-konechno-donesen-pravilnikot-za-shtetni-materii-vo-tutunskite-proizvodi/ Thu, 07 Mar 2024 13:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=752277

Откако правилникот за штетни материи во тутунските производи беше вон сила и никој не вршеше надзор, конечно е донесен нов правилник. Акредидтираните лаборатории во областа на тутунот обвинува дека Љупчо Николовски со неблаговремено носење на нов правилник дирекно одговорен за јавното здравје поради не вршење должен надзор во тутунот и производите од тутун на штетните материи од загадувачки контаминенти и тешки метали. Но еден месец по укинувањето на правилникот велат почнале да работат и да ја обавуваат основната дејност на испитување на земени мостри од тутун за констатирање на штетните материи во тутунот и токсичните состојки во тутунските производи.

Република објави дека „Правилникот за видот на штетните материи, како и начинот и методите за земање на примероци за утврдување на штетните материи и другите загадувачки контаминенти (физички, хемиски, и биолшки) во обработениот тутун и производите од тутун е ставен вон сила уште од 14 февруари 2024 година, односно е укинат со Одлука на Уставниот суд и дека воопшто не се врши инспекциска контрола од страна на Државниот Инспекторат за земјоделство. Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски после еден месец донесе нов правилник, но без образолжение зошто правилникот се носи толку доцна и кои се последиците од непостапувањето особено врз консументите на тутун.

Повеќе од јасно е дека неблаговременото постапување за донесување на нов правилник особено во време на откуп на суровиот тутун во лист, покажува несериозност на Владата на Република Македонија претставувана преку Љупчо Николовски бидејќи во изминатиов период директно беа повредени и кршени протоколите и одредбите на меѓународниот потпишан договор преку Закон за ратификација на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската Трговска организација објавен на 23 мај во 2006 година во службен весник број 68 или на мегународната организација во која членуваме од 2006 година. Останува нејасно за јавноста зошто во изминатиов месец дена Љупчо Николовски свесно знаејќи ги труеше корисниците на тутун, со невршење на контрола на присуство на тешки метали кадмиум, олово, жива, арсен, хром, никел кој беа предвидени за контрола со поблискиот пропис кој беше укинат преку земање на мостри, но и за контрола на резидиуми од активни супстанции. Откупот на тутунот е завршен, останува нејасно за јавноста зошто не се земаа мостри од страна на Државниот инспекторат за земјоделство при обработката на тутунот и прометот, на производите од тутун и сродните производи во однос на нивниот кавалитет, при увозот и звозот, за утврдување на штетните материи во обработката и прометот на необработениот и обработениот тутун. Молкот на Љупчо Николовски како ресорен министер, зборува многу. Дали се тоа ЕУ стандардите за кој се залага Владата на Република Македонија? - коментира нашиот соговорник, познавач на состојбите во земјоделието.

The post По реакциите конечно донесен правилникот за штетни материи во тутунските производи appeared first on Република.

]]>

Откако правилникот за штетни материи во тутунските производи беше вон сила и никој не вршеше надзор, конечно е донесен нов правилник. Акредидтираните лаборатории во областа на тутунот обвинува дека Љупчо Николовски со неблаговремено носење на нов правилник дирекно одговорен за јавното здравје поради не вршење должен надзор во тутунот и производите од тутун на штетните материи од загадувачки контаминенти и тешки метали. Но еден месец по укинувањето на правилникот велат почнале да работат и да ја обавуваат основната дејност на испитување на земени мостри од тутун за констатирање на штетните материи во тутунот и токсичните состојки во тутунските производи. Република објави дека „Правилникот за видот на штетните материи, како и начинот и методите за земање на примероци за утврдување на штетните материи и другите загадувачки контаминенти (физички, хемиски, и биолшки) во обработениот тутун и производите од тутун е ставен вон сила уште од 14 февруари 2024 година, односно е укинат со Одлука на Уставниот суд и дека воопшто не се врши инспекциска контрола од страна на Државниот Инспекторат за земјоделство. Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски после еден месец донесе нов правилник, но без образолжение зошто правилникот се носи толку доцна и кои се последиците од непостапувањето особено врз консументите на тутун.
Повеќе од јасно е дека неблаговременото постапување за донесување на нов правилник особено во време на откуп на суровиот тутун во лист, покажува несериозност на Владата на Република Македонија претставувана преку Љупчо Николовски бидејќи во изминатиов период директно беа повредени и кршени протоколите и одредбите на меѓународниот потпишан договор преку Закон за ратификација на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската Трговска организација објавен на 23 мај во 2006 година во службен весник број 68 или на мегународната организација во која членуваме од 2006 година. Останува нејасно за јавноста зошто во изминатиов месец дена Љупчо Николовски свесно знаејќи ги труеше корисниците на тутун, со невршење на контрола на присуство на тешки метали кадмиум, олово, жива, арсен, хром, никел кој беа предвидени за контрола со поблискиот пропис кој беше укинат преку земање на мостри, но и за контрола на резидиуми од активни супстанции. Откупот на тутунот е завршен, останува нејасно за јавноста зошто не се земаа мостри од страна на Државниот инспекторат за земјоделство при обработката на тутунот и прометот, на производите од тутун и сродните производи во однос на нивниот кавалитет, при увозот и звозот, за утврдување на штетните материи во обработката и прометот на необработениот и обработениот тутун. Молкот на Љупчо Николовски како ресорен министер, зборува многу. Дали се тоа ЕУ стандардите за кој се залага Владата на Република Македонија? - коментира нашиот соговорник, познавач на состојбите во земјоделието.

The post По реакциите конечно донесен правилникот за штетни материи во тутунските производи appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Заврши откупот на тутун https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-zavrshi-otkupot-na-tutun/ Fri, 01 Mar 2024 14:07:57 +0000 https://republika.mk/?p=750103

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска оствари средба со земјоделците производители на тутун во Кривогаштани. На средбата беше заклучено дека е постигнат заеднички успех, откупено е целото производство од реколтата 2023 и тоа по рекордно висока цена од 365 денари по килограм.

„Сакам да ви се заблагодарам на вас тутунарите, кои со својата обединетост, заедно со нашата упорност како министерство, се изборивме да имаме рекорна откупна цена од 365 денари по килограм за целокупната количина предаден тутун. Ова е резултат на нашта успешна соработка, која ќе продолжи и во наредните години. Годинешниот откуп го завршуваме со откупени 14.763 тони тутун. Ова потврдува дека уште при креирањето на мерките, заедно со вас тутунарите, до најмала децимала го знаевме производството и успешно креиравме мерки за развој на тутунопроизводството. Уште во ноември минатата година, навремено ги започнавме разговорите со сите откупувачи на тутун потенцирајќи дека од нив очекуваме фер откупна цена, која ја почитува вашата мака“ рече министерот Николовски на средбата со производителите на тутун.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство редовно ја следеше состојбата со производството и врз основа на тоа беше проектирана и можната количина на произведен тутун. Заедно со тутунарите во декември минатата година беше договорено зголемување за 20 денари на субвенциите, по класи предаден тутун. Мерка која навремено беше вградена во програмата за директни плаќања за 2024 година. Уште тогаш на тутунарите им беше соопштено дека на располагање повторно и оваа година го имаат истиот буџет од 26 милиони евра, како поддршка од држвата.

За целиот период, остварени беа бројни средби и со производителите и со откупувачите на тутун. Целта на Министерството за фер цена која реално ќе го вреднува производството на тутун резултираше со наша упорност откупните компании да бидат коректни при откупот. При тоа и тутунарите беа обединети во своите напори и затоа нашата заедничка посветеност вроди со успех и приоднесе оваа година да имаме две зголемувања на цената. Најпрвин кон крајот на 2023 година, кога Тутунскиот Комбинат ја зголеми цената за 10% и потоа во февруари оваа година уште едно зголемување на откупната цена. Денес имаме рекордна, до сега највисока откупна цена на тутун од 365 денари по килограм тутун. Секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот добива и 100 денари по килогам предаден тутун за прва класа или вкупно 465 денари за прва класа тутун.

Ние сме министерство кое искрено води грижа за секој земјоделец. Покрај фер откупна цена, за нас најважно е да обезбедиме и сигурен развој на тутунопроизводството. Во таа насока, за оваа година, креиравме нови мерки за поддршка на тутунарите. Основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Сите тутунопроизводители од оваа година, покрај субвенционирањето по класи, ќе можат во исто време заедно со другите земјоделци, да аплицираат и пријават површини по хектар. На тој начин се стекнуваат со право за користење на оваа нова мерка. Тутунарите преку оваа нова мерка, за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи да креира мерки и политики за поддршка на сите земјоделци и за развој на домашното производство.

The post МЗШВ: Заврши откупот на тутун appeared first on Република.

Свесно и со знаење на власта: Се трујат корисниците на тутун https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/svesno-i-so-znaene-na-vlasta-se-trujat-korisnitsite-na-tutun/ Wed, 28 Feb 2024 13:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=749304

Свесно и со знаење на Министерството за земјоделство се трујат корисниците на тутун, со што се постапува спротивно на политиките на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена организација во која и нашата држава е член од 2006 година, укажуваат од Социјалистичката партија на Македонија.

Од партијата претходно објавија дека Правилникот за видот на штетните материи, како и начинот и методите за земање на примероци за утврдување на штетните материи и другите загадувачки контаминенти (физички, хемиски, и биолшки) во обработениот тутун и производите од тутун е ставен вон сила уште од 14 февруари 2024 година, укинат со Одлука на Уставниот суд, а до денес не е донесен нов или 15 дена МЗШВ и Директорот на Државниот Инспекторат за земјоделство не постапуваат по закон.

Оттука отворено се наметнува прашањето, кој врши контрола на присуство на кадмиум, жива, арсен, хром, олово, никел предвидени со поблизок пропис, но и резидиуми од активни супстанции?

Молкот на Николовски како непосреден виновник зборува многу. Одговорност за овој, како и за низата други злоупотреби во секторот за земјоделство, набрзо ќе има, нагласуваат од Социјалистичка партија на Македонија.

The post Свесно и со знаење на власта: Се трујат корисниците на тутун appeared first on Република.

]]>

Свесно и со знаење на Министерството за земјоделство се трујат корисниците на тутун, со што се постапува спротивно на политиките на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена организација во која и нашата држава е член од 2006 година, укажуваат од Социјалистичката партија на Македонија. Од партијата претходно објавија дека Правилникот за видот на штетните материи, како и начинот и методите за земање на примероци за утврдување на штетните материи и другите загадувачки контаминенти (физички, хемиски, и биолшки) во обработениот тутун и производите од тутун е ставен вон сила уште од 14 февруари 2024 година, укинат со Одлука на Уставниот суд, а до денес не е донесен нов или 15 дена МЗШВ и Директорот на Државниот Инспекторат за земјоделство не постапуваат по закон. Оттука отворено се наметнува прашањето, кој врши контрола на присуство на кадмиум, жива, арсен, хром, олово, никел предвидени со поблизок пропис, но и резидиуми од активни супстанции? Молкот на Николовски како непосреден виновник зборува многу. Одговорност за овој, како и за низата други злоупотреби во секторот за земјоделство, набрзо ќе има, нагласуваат од Социјалистичка партија на Македонија.

The post Свесно и со знаење на власта: Се трујат корисниците на тутун appeared first on Република.

]]>
Откупот на тутунот e при крај, просечната цена е 353,6 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otkupot-na-tutunot-e-pri-kraj-prosechnata-tsena-e-353-6-denari/ Tue, 20 Feb 2024 12:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=746123

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега се откупени 13 800 тони по просечна цена од 353,6 денари за килограм.

При крај е откупот и нема никакви проблеми. Онаму каде се откупени количествата, пунктовите се затворени, значи дел од 280 откупни пункта на 10-те откупувачи се затворени зашто се преземени предвидените количества. Просечната цена од 253,6 денари се однесува за целата кампања, што значи се доисплаќаат производителите на кои им беше откупен родот пред зголемувањето на цената, вели Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат.

Сѐ уште никој не може да каже уште колкави количества треба да се дооткупат. Официјално, откупот трае до крајот на февруари. Се проценува дека реколтата е до околу 15 000 тони.

The post Откупот на тутунот e при крај, просечната цена е 353,6 денари appeared first on Република.

]]>

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега се откупени 13 800 тони по просечна цена од 353,6 денари за килограм. При крај е откупот и нема никакви проблеми. Онаму каде се откупени количествата, пунктовите се затворени, значи дел од 280 откупни пункта на 10-те откупувачи се затворени зашто се преземени предвидените количества. Просечната цена од 253,6 денари се однесува за целата кампања, што значи се доисплаќаат производителите на кои им беше откупен родот пред зголемувањето на цената, вели Јане Станкоски, директор на Државниот земјоделски инспекторат. Сѐ уште никој не може да каже уште колкави количества треба да се дооткупат. Официјално, откупот трае до крајот на февруари. Се проценува дека реколтата е до околу 15 000 тони.

The post Откупот на тутунот e при крај, просечната цена е 353,6 денари appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Бидејќи власта бега од тутунарите, ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за зголемување на откупната цена на тутунот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-bidejki-vlasta-bega-od-tutunarite-vmro-dpmne-predlaga-set-merki-za-zgolemuvane-na-otkupnata-tsena-na-tutunot/ Sat, 23 Dec 2023 13:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=725947

Денеска, на мое барање, сум на средба со тутунопроизводителите од прилепскиот регион, поканети се здруженија од областа на тутунопроизводството, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Гледаме дека власта едноставно не е заинтересирана за решавање на проблемот со откупот на тутунот и овде правиме еден пресек на актуелната состојба во која што се наоѓа моменталниот откуп каде што можеме да констатираме дека откупот е на многу минимално ниво, меѓутоа воопшто не се задоволни од откупната цена која што е во моментов на сила. Она што денес го предложив на состаноков, а воедно упатувам и апел до Владата на Република Македонија и до МЗШВ и Николовски, е една формула како да се поткрене цената за да биде општо задоволство и на компаниите и на земјоделците пред се, но и за државата да ја задржи оваа категорија на земјоделци која што е многу битна за целиот земјоделски сектор - истакна тој.

Трипуновски порачува: Државата преку министерството и надлежните институции од областа под итно да направат производна цена за 2023 година, на таа цена треба да се стави 30% зголемување за да имаат профит тутунопроизводителите.

Ова државата може да го направи и да ја наметне таа цена преку Тутунскиот комбинат Прилеп каде што таа цена ќе биде зголемена за 30% за коперантите коишто се на Тутунскиот комбинат Прилеп, овој тренд ќе го следат и останатите компании. Дополнително и државата треба да помогне со дополнителен финанскски допринос, односно ако субвенцијата за првата категорија од 80 денари да се зголеми на 110 денари преку интервентниот фонд. После поразот на СДС и ДУИ доаѓа сериозна Влада коа што сериозно ќе работи на враќање на достоинството на сите земјоделци во Република Македонија. Доколку владата овие денови не се одважи, не го прифати нашиот предлог, доколку ВМРО-ДПМНЕ земе учество во техничката влада каде што на опозицијата и следува технички министер за земјоделство односно заменик министер за земјоделство ќе се предложи до владата на владина седница официјални информации односно предлог измена на ова што го нудиме денеска, за да стане актуелно односно да биде во сила и да можат компаниите да го спроведат - вели тој.

Доколку и тогаш власта не се одзва да го прифати овој предлог кој што го нудиме дали сега дали тогаш во техничката влада единствено што ни останува дека по поразот на СДС и ДУИ доаѓа сериозна влада кој што сериозно ќе работи на враќање на достоинството не само на тутунарите во Македонија практично на сите земјоделци и земјоделски производители во нашата држава затоа што Македонија од некогаш способна да произведе за домашни потреби и да извезе храна гледаме дека денес сме речиси комплетно увозно зависни на било кој земјоделски производ и милионски суми евра се одлеваат надвор од државата, посочи Трипуновски.

The post Трипуновски: Бидејќи власта бега од тутунарите, ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за зголемување на откупната цена на тутунот appeared first on Република.

Тутунарите не го носат родот за откуп додека не се зголемат откупните цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tutunarite-ne-go-nosat-rodot-za-otkup-dodeka-ne-se-zgolemat-otkupnite-tseni/ Fri, 15 Dec 2023 11:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=723281

Откупувачите ги отворија пунктовите за откуп на тутунот, но тутунарите не го донесоа родот на проценка на вагите иако денеска е последниот ден од законскиот рок за почетокот на откупната кампања. Според Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, производителите нема да го носат родот на вагите додека не се зголемат откупните цени, а велат дека и откупувачите со немањето слух за барањето на тутунарите калкулираат зашто родот годинава е преполовен.

Ние чекаме и сѐ уште очекуваме некој од откупувачите да се одважи за ги зголеми цените. Досега не покажаа слух на нашето барање да се зголемат цените, минимум за 20 насто а и повеќе иако претходните месеци ни најавуваа дека тоа ќе го сторат. Но од тоа досега нема ништо. Од друга страна се калкулира поради преполовениот род. Се очекуваат околу 13 000 тони тутун. На овој начин си играат со маката на тутунарите. Ги повикуваме да ги зголемат цените зашто ваквата ситуација не им оди во прилог ниту на откупните фирми, ниту на производителите - изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Ваквата ситуација која одамна не се памети да нема врвувица на откупните пунктови и на вагите за преземање на родот на тутунот, ја доведува иднината на тутунопроизводството во земјава.

Вака се доведува во прашање производството на оваа битна индустриска гранка. До година може и уште повеќе да се намали производството, иако во последно време останаа да произведуваат само повозрасните тутунопроизводители. Сѐ уште очекуваме откупувачите да илезат во пресрет за зголемување на цените - вели Стомнароски.

Годинашниов род на тутунот е квалитетен и според Сојузот, се цени на околу 13 000 тони. Досегашните цени се 300 денари за прва, 240 за втора и 180 за трета класа.

Неодамна на трибина за состојбите во тутунопроизводството што се одржа во Прилеп, националната земјоделска мрежа побара 600 денари за килограм откупен тутун за производителите ги покријат трошоците и да имаат рентабилност во производството.

The post Тутунарите не го носат родот за откуп додека не се зголемат откупните цени appeared first on Република.

]]>

Откупувачите ги отворија пунктовите за откуп на тутунот, но тутунарите не го донесоа родот на проценка на вагите иако денеска е последниот ден од законскиот рок за почетокот на откупната кампања. Според Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, производителите нема да го носат родот на вагите додека не се зголемат откупните цени, а велат дека и откупувачите со немањето слух за барањето на тутунарите калкулираат зашто родот годинава е преполовен.
Ние чекаме и сѐ уште очекуваме некој од откупувачите да се одважи за ги зголеми цените. Досега не покажаа слух на нашето барање да се зголемат цените, минимум за 20 насто а и повеќе иако претходните месеци ни најавуваа дека тоа ќе го сторат. Но од тоа досега нема ништо. Од друга страна се калкулира поради преполовениот род. Се очекуваат околу 13 000 тони тутун. На овој начин си играат со маката на тутунарите. Ги повикуваме да ги зголемат цените зашто ваквата ситуација не им оди во прилог ниту на откупните фирми, ниту на производителите - изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.
Ваквата ситуација која одамна не се памети да нема врвувица на откупните пунктови и на вагите за преземање на родот на тутунот, ја доведува иднината на тутунопроизводството во земјава.
Вака се доведува во прашање производството на оваа битна индустриска гранка. До година може и уште повеќе да се намали производството, иако во последно време останаа да произведуваат само повозрасните тутунопроизводители. Сѐ уште очекуваме откупувачите да илезат во пресрет за зголемување на цените - вели Стомнароски.
Годинашниов род на тутунот е квалитетен и според Сојузот, се цени на околу 13 000 тони. Досегашните цени се 300 денари за прва, 240 за втора и 180 за трета класа. Неодамна на трибина за состојбите во тутунопроизводството што се одржа во Прилеп, националната земјоделска мрежа побара 600 денари за килограм откупен тутун за производителите ги покријат трошоците и да имаат рентабилност во производството.

The post Тутунарите не го носат родот за откуп додека не се зголемат откупните цени appeared first on Република.

]]>
Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа, а цените на кутија цигари се најевтини во Европа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/graganite-vo-makedonija-pushat-najmnogu-vo-jugoistochna-evropa-a-tsenite-na-kutija-tsigari-se-najevtini-vo-evropa/ Wed, 06 Dec 2023 14:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=720364

Граѓаните во Македонија се најголеми конзуматори на тутун во споредба со жителите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Високи 48,40% од македонските граѓани пушат цигари, а во ЈИЕ  тој процент е 22,30 отсто. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста.

Ова се резултатите кои ги објави „Аналитика“ тинк-тенк која на денешниот настан „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Македонија“, ги презентираше резултатите и препораките од претходните две студии на кои работеше, а тоа се: „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски приходи” и „Влијанието на цените на цигарите и политиките на контрола на тутун врз иницијацијата со пушење кај адолесцентите: Докази од Македонија”.

Негативен тренд за достапноста на цигарите е домашната акциза која е за 36 евра под потребниот минимум во земјите членки на ЕУ каде акцизата изнесува 90 евра на 1 000 цигари, како и нелегалната трговија со цигари која во Македонија е најниска споредбено со земјите од регионот.

Својствено на овие бројки „Аналитика“ работеше на анализа од ефектот од зголемувањето на акцизата врз вкупните приходи и намалување на бројот на смртни случаи поврзани или предизвикани од пушење.

За таа цел при истражувањето „Аналитика“ зема предвид три сценарија преку зголемување на специфичната стапка на акцизата од 10%, 30, 50%, кои покажаа зголемување на приходите од акцизи меѓу 8% и 22,5% односно зголемување меѓу 227 и 312 милиони евра во државниот буџет.

Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето.

М-р Бојана Мијовиќ Христовска која ги презентираше трите сценарија како најопштимално го издвојува зголемувањето на специфичната стапка на акцизата за 30%.

Зголемување на приходите од акциза за 30% покрај тоа што значи прилив од 276 милиони евра во буџетот, носи големи бенефити односно намалување на потрошувачка на цигари за 16%, намалување на број на пушачи за приближно 25000, намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето за околу 7000 и намалување на интензитет на пушење на околу 300 цигари годишно. Тоа воедно значи намалување на интензитетот на пушење по број на цигари на жител, подобрено здравје кај граѓаните и секако намалување на смртноста поврзана со пушење и спасени животи“, рече Христовска.

М-р Тамара Мијовиќ Спасова, од „Аналитика“ тинк тенк истакна дека Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, а статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%.

Мијовиќ Спасова потенцира дека иако навидум бројките се мали тие се сериозно високи ако се земе опсег возрата на децата. Таа ги претстави резултатите за адолесцентите кои покажуваат дека речиси 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години.

Затоа наведува Мијовиќ Спасова ценовната политика сама нема да доведе намалување на овие бројки затоа потребни се низа алатки за намалување на овој тренд. Истражувањето исто така покажува дека 79% од младите имаат поголема веројатност да почнат да пушат доколку нивниот родител пуши од причина што цигарите им се достапни дома и 62% можат да почнат да пушат доколку пушат и нивните пријатели.

Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење.

Статистиките на „Аналитика“ велат дека зголемувањето на цените на цигарите за 10% ја намалува веројатноста за започнување со пушење кај младите за 3%. Токму поради овие статистики Мијовиќ Спасова посочува дека државата мора да изнајде мерки кои ќе ги ублажат истите.

Анализите за контрола на тутунот на кои работеше „Аналитика“ бележат навистина поразителни бројки за нашите граѓани особено за младите. Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“, посочува Мијовиќ Спасова.

Консумирањето тутун предизвикува срцева слабост и зголемен ризик од срцев и мозочен удар како и серија други здравствени проблеми посочи заменик министерката за здравство Маја Манолева која зема учество во презентирањето на резултатите од спроведените истражувања. Таа рече дека употребата на тутунот е штетно по здравјето на сите граѓани независно дали тие се активни или пасивни пушачи.

„Во сите 10 Центри за јавно здравје во државата функционираат индивидуални и групни советувалишта за откажување од пушење. На годишно ниво во овие центри совети бараат повеќе од 200 граѓани, сепак радува фактот што населението е свесно за негативните последици и бара начини на одвикнување од неговото користење, кажа Манолева.

Настанот кој го организираше „Аналитика“ е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход" финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies.

The post Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа, а цените на кутија цигари се најевтини во Европа appeared first on Република.

]]>

Граѓаните во Македонија се најголеми конзуматори на тутун во споредба со жителите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Високи 48,40% од македонските граѓани пушат цигари, а во ЈИЕ  тој процент е 22,30 отсто. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста. Ова се резултатите кои ги објави „Аналитика“ тинк-тенк која на денешниот настан „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Македонија“, ги презентираше резултатите и препораките од претходните две студии на кои работеше, а тоа се: „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски приходи” и „Влијанието на цените на цигарите и политиките на контрола на тутун врз иницијацијата со пушење кај адолесцентите: Докази од Македонија”. Негативен тренд за достапноста на цигарите е домашната акциза која е за 36 евра под потребниот минимум во земјите членки на ЕУ каде акцизата изнесува 90 евра на 1 000 цигари, како и нелегалната трговија со цигари која во Македонија е најниска споредбено со земјите од регионот. Својствено на овие бројки „Аналитика“ работеше на анализа од ефектот од зголемувањето на акцизата врз вкупните приходи и намалување на бројот на смртни случаи поврзани или предизвикани од пушење. За таа цел при истражувањето „Аналитика“ зема предвид три сценарија преку зголемување на специфичната стапка на акцизата од 10%, 30, 50%, кои покажаа зголемување на приходите од акцизи меѓу 8% и 22,5% односно зголемување меѓу 227 и 312 милиони евра во државниот буџет. Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето. М-р Бојана Мијовиќ Христовска која ги презентираше трите сценарија како најопштимално го издвојува зголемувањето на специфичната стапка на акцизата за 30%.
Зголемување на приходите од акциза за 30% покрај тоа што значи прилив од 276 милиони евра во буџетот, носи големи бенефити односно намалување на потрошувачка на цигари за 16%, намалување на број на пушачи за приближно 25000, намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето за околу 7000 и намалување на интензитет на пушење на околу 300 цигари годишно. Тоа воедно значи намалување на интензитетот на пушење по број на цигари на жител, подобрено здравје кај граѓаните и секако намалување на смртноста поврзана со пушење и спасени животи“, рече Христовска.
М-р Тамара Мијовиќ Спасова, од „Аналитика“ тинк тенк истакна дека Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, а статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%. Мијовиќ Спасова потенцира дека иако навидум бројките се мали тие се сериозно високи ако се земе опсег возрата на децата. Таа ги претстави резултатите за адолесцентите кои покажуваат дека речиси 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години. Затоа наведува Мијовиќ Спасова ценовната политика сама нема да доведе намалување на овие бројки затоа потребни се низа алатки за намалување на овој тренд. Истражувањето исто така покажува дека 79% од младите имаат поголема веројатност да почнат да пушат доколку нивниот родител пуши од причина што цигарите им се достапни дома и 62% можат да почнат да пушат доколку пушат и нивните пријатели. Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење. Статистиките на „Аналитика“ велат дека зголемувањето на цените на цигарите за 10% ја намалува веројатноста за започнување со пушење кај младите за 3%. Токму поради овие статистики Мијовиќ Спасова посочува дека државата мора да изнајде мерки кои ќе ги ублажат истите.
Анализите за контрола на тутунот на кои работеше „Аналитика“ бележат навистина поразителни бројки за нашите граѓани особено за младите. Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“, посочува Мијовиќ Спасова.
Консумирањето тутун предизвикува срцева слабост и зголемен ризик од срцев и мозочен удар како и серија други здравствени проблеми посочи заменик министерката за здравство Маја Манолева која зема учество во презентирањето на резултатите од спроведените истражувања. Таа рече дека употребата на тутунот е штетно по здравјето на сите граѓани независно дали тие се активни или пасивни пушачи.
„Во сите 10 Центри за јавно здравје во државата функционираат индивидуални и групни советувалишта за откажување од пушење. На годишно ниво во овие центри совети бараат повеќе од 200 граѓани, сепак радува фактот што населението е свесно за негативните последици и бара начини на одвикнување од неговото користење, кажа Манолева.
Настанот кој го организираше „Аналитика“ е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход" финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies.

The post Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа, а цените на кутија цигари се најевтини во Европа appeared first on Република.

]]>
Откупната цена на тутунот мора да биде 10, а не 5 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otkupnata-tsena-na-tutunot-mora-da-bide-10-a-ne-5-evra/ Sat, 02 Dec 2023 21:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=718799

Тутунот мора да се откупува по 10, а не по 5 евра за килограм како што нудат откупувачите. Рапидно се зголемени трошоците, намалено е производство, иако е квалитетно, но мора да се постигне исплатливоста. И за тутунарите, и за откупувачите и за државата, беше констатирано на трибината во Прилеп за тутунопроизводството што ја организираше Националната земјоделска мрежа. Трибината на повеќе тутунарски здруженија од земјава се одржа во прилепската градска библиотека „Борка Талески“.

– Целта на оваа трибина беше да се собереме, да ја разгледаме актуелната ситуација со откупот на тутунот и да утврдиме заеднички став што понатаму. како национална земјоделска мрежа имаме став дека годинава тутунот мора да се плати барем 10 евра за килограм зашто имаме рапидно зголемени трошоци, намалено производство, а квалитетот е зголемен двојно и тројно, така што не може да се согласиме да го поредадеме тутунот по 5 евра за килограм. Тоа економски не е издржливо. Баравме да се сретнеме со нашите колеги тутуноипроизводители за да изградиме заеднички став. Мислам дека се усогласивме околу тоа и како заклучок од оваа трибина е дека бараната цена е оправдана и дека сите стоиме цврсто на барањето за таа цена од 10 евра за килограм тутун. За да се реализира тоа, ние ќе бараме од ресорот на Министерстото за земјоделство едно медијаторство за да се сретнеме со откупните фирми за да го пренесеме нашиот став дека ние не работиме тутун за пет евра или за 300 денари и дека нашата цена економска е 10 евра и дека нема да отстапиме од тоа до крај, изјави Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната емјоделска мрежа.

Откупните фирми ја користат својата монополска позиција што им ја овозможува Законот за тутун бидејќи ги става во фаворизирана, а тутунарите ги става во подредена состојба.

-Ние како тутунари сме ставенио во незавидна ситуациоја. Ние нашиот став ќе го браниме до крај. Значи, тутун за 5 евра веќе не може да се произведува. Ако сакаат тутун да се произведува во македонија, нашата цена е 10 евра за килограм. Доколку не се прифати, ние не може да повикуваме на бојкот, но ќе им укажеме на производителите да се воздржат од предавањето на тутунот, барем во законската рамка, до крајниот рок до 15 декември. Всушност сето зависи како ќе течат разговорите. Мора да се најде заедничко прифатливо решение со откупните фирми, па да обезбедиме егзистенција и за наредната година, а и континуитет на производството, смета Каракашев.

На откупните фирми не им е од интерес да ги игнорираат тутунарите кои не сакаат тутунот да го предаваат по тие цени.

-Доколку нема слух кај откупувачите да ја зголемат откупната цена на тутунот предлог е владата да го задолжи прилепскиот тутунски комбинат да изврши интервентен откуп за да ги принудиме приватните откупувачи да ги подигнат цените, рече Васко Јосифовски од тутунско здружение „Тутунска надеж“ од Прилеп.

(МИА)

The post Откупната цена на тутунот мора да биде 10, а не 5 евра appeared first on Република.

]]>

Тутунот мора да се откупува по 10, а не по 5 евра за килограм како што нудат откупувачите. Рапидно се зголемени трошоците, намалено е производство, иако е квалитетно, но мора да се постигне исплатливоста. И за тутунарите, и за откупувачите и за државата, беше констатирано на трибината во Прилеп за тутунопроизводството што ја организираше Националната земјоделска мрежа. Трибината на повеќе тутунарски здруженија од земјава се одржа во прилепската градска библиотека „Борка Талески“.
– Целта на оваа трибина беше да се собереме, да ја разгледаме актуелната ситуација со откупот на тутунот и да утврдиме заеднички став што понатаму. како национална земјоделска мрежа имаме став дека годинава тутунот мора да се плати барем 10 евра за килограм зашто имаме рапидно зголемени трошоци, намалено производство, а квалитетот е зголемен двојно и тројно, така што не може да се согласиме да го поредадеме тутунот по 5 евра за килограм. Тоа економски не е издржливо. Баравме да се сретнеме со нашите колеги тутуноипроизводители за да изградиме заеднички став. Мислам дека се усогласивме околу тоа и како заклучок од оваа трибина е дека бараната цена е оправдана и дека сите стоиме цврсто на барањето за таа цена од 10 евра за килограм тутун. За да се реализира тоа, ние ќе бараме од ресорот на Министерстото за земјоделство едно медијаторство за да се сретнеме со откупните фирми за да го пренесеме нашиот став дека ние не работиме тутун за пет евра или за 300 денари и дека нашата цена економска е 10 евра и дека нема да отстапиме од тоа до крај, изјави Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната емјоделска мрежа.
Откупните фирми ја користат својата монополска позиција што им ја овозможува Законот за тутун бидејќи ги става во фаворизирана, а тутунарите ги става во подредена состојба.
-Ние како тутунари сме ставенио во незавидна ситуациоја. Ние нашиот став ќе го браниме до крај. Значи, тутун за 5 евра веќе не може да се произведува. Ако сакаат тутун да се произведува во македонија, нашата цена е 10 евра за килограм. Доколку не се прифати, ние не може да повикуваме на бојкот, но ќе им укажеме на производителите да се воздржат од предавањето на тутунот, барем во законската рамка, до крајниот рок до 15 декември. Всушност сето зависи како ќе течат разговорите. Мора да се најде заедничко прифатливо решение со откупните фирми, па да обезбедиме егзистенција и за наредната година, а и континуитет на производството, смета Каракашев.
На откупните фирми не им е од интерес да ги игнорираат тутунарите кои не сакаат тутунот да го предаваат по тие цени. -Доколку нема слух кај откупувачите да ја зголемат откупната цена на тутунот предлог е владата да го задолжи прилепскиот тутунски комбинат да изврши интервентен откуп за да ги принудиме приватните откупувачи да ги подигнат цените, рече Васко Јосифовски од тутунско здружение „Тутунска надеж“ од Прилеп.
(МИА)

The post Откупната цена на тутунот мора да биде 10, а не 5 евра appeared first on Република.

]]>
Нема да дозволиме откуп на тутун, ако не се зголемат цените, предупредуваат тутунарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nema-da-dozvolime-otkup-na-tutun-ako-ne-se-zgolemat-tsenite-predupreduvaat-tutunarite/ Wed, 15 Nov 2023 18:04:05 +0000 https://republika.mk/?p=701924

Нема да дозволиме да почне откупот на тутунот, ниту да поставиме повереници на вагите додека не се зголемат откупните цени на тутунот. Некои помали компании сакаа да почнат денеска со откуп, но ние не отстапуваме од ставот за повисоки цени, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Од 15 ноември претпријатијата може да почнат со откуп на тутунот, а најдоцна до 15 декември треба да ги отворат пунктовите. Мострите тутун се запечатени, според законскиот рок.

– Нема да отстапиме од ставот за повисоки откупни цени на тутунот за да имаме исплатливост за производство. Додека не се зголемат цените нема да поставиме повереници на откупните пунктови. За тоа се информирани фирмите. Нашето барање е цените да се зголемат. И ќе преговараме за тоа, рече Стомнароски.

В понеделник во министерстерството за земјоделство е закажана средба со откупувачите. Ќе присуствуваат и претставниците на тутунарите.

– Ја очекуваме поддршката од Министерството за тоа дека производството само со исплатливост, со реални цени, може да опстои како стратешка култура. Вака, нема интерес и не само кај младите генерации, рече Стомнароски.

Годинава производството на тутун е за една третина намалено. Ако лани беа околу 21 000 тони, годинава се 13 000 до 14 000 тони тутун, иако со компаниите се договорени количества од 26 000 тони тутун.

– Тутунот е со висок квалитет, ама количински е малку. Влијаеја климатските изместувања, кога се садеше беше дождливо, калливо, кога растеше беше сушно. А друга причина е што нема кој да го произведува, зашто за младите генерации не е атрактивно и исплатливо, заклучува Стомнароски.

Лани се постигна просечна откупна цена од преку 290 денари за килограм. Инаку, по класи, моментално цените се: за прва 300, за втора 240, а за трета класа 180 денари. Тутунарите сакаат реална цена да им ги покрие трошоците и да имаат исплатливост.

Годинава тутун ќе купуваат 10 компании кои, според Сојузот, обезбедиле гаранции дека ќе го платат откупеното. Во земјава со тутунопроизводство се занимаваат околу 17 000 семејства.

The post Нема да дозволиме откуп на тутун, ако не се зголемат цените, предупредуваат тутунарите appeared first on Република.

]]>

Нема да дозволиме да почне откупот на тутунот, ниту да поставиме повереници на вагите додека не се зголемат откупните цени на тутунот. Некои помали компании сакаа да почнат денеска со откуп, но ние не отстапуваме од ставот за повисоки цени, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Од 15 ноември претпријатијата може да почнат со откуп на тутунот, а најдоцна до 15 декември треба да ги отворат пунктовите. Мострите тутун се запечатени, според законскиот рок.
– Нема да отстапиме од ставот за повисоки откупни цени на тутунот за да имаме исплатливост за производство. Додека не се зголемат цените нема да поставиме повереници на откупните пунктови. За тоа се информирани фирмите. Нашето барање е цените да се зголемат. И ќе преговараме за тоа, рече Стомнароски.
В понеделник во министерстерството за земјоделство е закажана средба со откупувачите. Ќе присуствуваат и претставниците на тутунарите.
– Ја очекуваме поддршката од Министерството за тоа дека производството само со исплатливост, со реални цени, може да опстои како стратешка култура. Вака, нема интерес и не само кај младите генерации, рече Стомнароски.
Годинава производството на тутун е за една третина намалено. Ако лани беа околу 21 000 тони, годинава се 13 000 до 14 000 тони тутун, иако со компаниите се договорени количества од 26 000 тони тутун.
– Тутунот е со висок квалитет, ама количински е малку. Влијаеја климатските изместувања, кога се садеше беше дождливо, калливо, кога растеше беше сушно. А друга причина е што нема кој да го произведува, зашто за младите генерации не е атрактивно и исплатливо, заклучува Стомнароски.
Лани се постигна просечна откупна цена од преку 290 денари за килограм. Инаку, по класи, моментално цените се: за прва 300, за втора 240, а за трета класа 180 денари. Тутунарите сакаат реална цена да им ги покрие трошоците и да имаат исплатливост. Годинава тутун ќе купуваат 10 компании кои, според Сојузот, обезбедиле гаранции дека ќе го платат откупеното. Во земјава со тутунопроизводство се занимаваат околу 17 000 семејства.

The post Нема да дозволиме откуп на тутун, ако не се зголемат цените, предупредуваат тутунарите appeared first on Република.

]]>
Запленет тутун за кој се избегнати акцизни давачки од половина милион денари и е ризичен по здравјето на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zaplenet-tutun-za-koj-se-izbegnati-aktsizni-davachki-od-polovina-milion-denari-i-e-rizichen-po-zdravjeto-na-graganite/ Tue, 31 Oct 2023 15:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=696763

Запленети 235,5 килограми режан тутун за којшто е избегнато плаќање акциза во износ од над половина милион денари во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа, Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, спроведена во текот на вчерашниот ден на пазарите во Скопје и Тетово. Во акцијата запленет и пиротехнички материјал, односно 2.000 парчиња петарди и 27 кутии огномет.
Акциите се дел од заедничките активности на институциите коишто се спроведуваат со цел спречување пуштање на стока во промет за која не се платени акцизни давачки, како и пуштање во промет на забранета стока која е ризична по здравјето на граѓаните.

Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа до надлежните институции ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Запленет тутун за кој се избегнати акцизни давачки од половина милион денари и е ризичен по здравјето на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Запленети 235,5 килограми режан тутун за којшто е избегнато плаќање акциза во износ од над половина милион денари во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа, Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, спроведена во текот на вчерашниот ден на пазарите во Скопје и Тетово. Во акцијата запленет и пиротехнички материјал, односно 2.000 парчиња петарди и 27 кутии огномет. Акциите се дел од заедничките активности на институциите коишто се спроведуваат со цел спречување пуштање на стока во промет за која не се платени акцизни давачки, како и пуштање во промет на забранета стока која е ризична по здравјето на граѓаните.

Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа до надлежните институции ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Запленет тутун за кој се избегнати акцизни давачки од половина милион денари и е ризичен по здравјето на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Во Скопје и Тетово запленет тутун за кој се избегнати акцизни давачки од половина милион денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-skopje-i-tetovo-zaplenet-tutun-za-koj-se-izbegnati-aktsizni-davachki-od-polovina-milion-denari/ Tue, 31 Oct 2023 13:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=696701

Во координирана акција на Царината, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат во текот на вчерашниот ден на пазарите во Тетово и Скопје запленети се 235,5 килограми режан тутун за кој е избегнати плаќање акциза во вредност од над половина милион денари.

Од Царинската управа денеска соопштија дека во рамки на акцијата запленет е и пиротехнички материјал, односно 2.000 парчиња петарди и 27 кутии огномет.

Акциите се дел од заедничките активности на институциите што се спроведуваат со цел спречување и пуштање на стока во промет за која не се платени акцизни давачки, како и пуштање во промет на забранета стока која е ризична по здравјето на граѓаните, информираат од Царинската управа.

Посочуваат дека стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа до надлежните институции ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Во Скопје и Тетово запленет тутун за кој се избегнати акцизни давачки од половина милион денари appeared first on Република.

]]>

Во координирана акција на Царината, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат во текот на вчерашниот ден на пазарите во Тетово и Скопје запленети се 235,5 килограми режан тутун за кој е избегнати плаќање акциза во вредност од над половина милион денари. Од Царинската управа денеска соопштија дека во рамки на акцијата запленет е и пиротехнички материјал, односно 2.000 парчиња петарди и 27 кутии огномет. Акциите се дел од заедничките активности на институциите што се спроведуваат со цел спречување и пуштање на стока во промет за која не се платени акцизни давачки, како и пуштање во промет на забранета стока која е ризична по здравјето на граѓаните, информираат од Царинската управа. Посочуваат дека стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа до надлежните институции ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Во Скопје и Тетово запленет тутун за кој се избегнати акцизни давачки од половина милион денари appeared first on Република.

]]>
Родот на тутунот намален за 30 до 40 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rodot-na-tutunot-namalen-za-30-do-40-otsto/ Sun, 03 Sep 2023 10:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=678335

За 30 до 40 отсто е намалена годишната реколта тутун. Климатските промени, дождот во време на садење, сушата пред берба и во раст на родот, го зедоа данокот. Родот е квалитетен, но количините се малку.

– Во тек е бербата на тутунот. Иако календарски е на половина, во некои реони е при крај затоа што нема доволно количества тутун. Пролетта, и во садењето, имаше многу дождови кои предизвикаа многу болести на тутунот. Потоа го фати суша која си го направи своето и оваа година имаме одличен квалитет на тоа што е произведено, но килажата ќе биде многу помала во споредба со лани. Иако тутунот се насади на поголеми површини, сепак родот е помал, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

На намален род се жали и долгогодишниот тутунопроизводител Драге Касниоски од Големо Коњари, Прилепско. Како и лани, има 15 декари со тутун, ама производството е преполовено. Временските прилики, со дожд при садењето и жештини при растот, го намалија родот. Голем проблем е и наводнувањето.

– Лани ако од 15 декари имав три тона, годинава се околу тон и половина. Немаме вода. Хидросистемот не стигнува до нас, иако вештачкото Прилепско езеро годинава е полно. Ако сакаме да го задржиме тутунопроизводството, зашто младите не сакаат да го работат, треба државата и Министерството за земјоделство да нѝ овозможат да имаме дупчења за вода. Мора да се наводнуваат површините, зашто со овие временски промени ништо не правиме, вели Касниоски.

Сојузот на земјоделските здруженија смета на поддршка од Министерството за земјоделство и на конструктивен дијалог со откупувачите за повисока цена на тутунот, поради инфлацијата, зголемените трошоци за репроматеријалите и нискиот стандард на живот.

– Очекуваме поддршка од Министерството за земјоделство како и досега за повисоки цени на тутунот. Продолжуваме со барањето за повисоки цени на тутунот кои ќе ги следат состојбите. Тоа е важно за да ја задржиме рентабилноста на тутунопроизводството во земјава, вели претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија Стомнароски.

Годинава, со откупните претпријатија се потпишани 29 400 договори за 26 600 тони тутун.

The post Родот на тутунот намален за 30 до 40 отсто appeared first on Република.

Силното невреме направи пустош во прилепско https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/silnoto-nevreme-napravi-pustosh-vo-prilepsko/ Wed, 30 Aug 2023 12:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=677265

Вчерашното силно невреме со врнежи од град што го зафати Прилеп и околината предизвика голема штета на земјоделските површини и култури.

Како што известуваат од ЦУК, најмногу врнежи од град со големина на лешник имало во месноста „Заград“, с. Мажучиште како и во с. Мало Коњари.

Пријавените штети на насадите со тутун и пипер дополнително ќе се утврдуваат од Комисијата за процена на штети во Министерството за земјоделие – подрачното одделение во Прилеп, заедно со Комисијата за утврдување на штети во општина Прилеп.

The post Силното невреме направи пустош во прилепско appeared first on Република.

]]>

Вчерашното силно невреме со врнежи од град што го зафати Прилеп и околината предизвика голема штета на земјоделските површини и култури. Како што известуваат од ЦУК, најмногу врнежи од град со големина на лешник имало во месноста „Заград“, с. Мажучиште како и во с. Мало Коњари. Пријавените штети на насадите со тутун и пипер дополнително ќе се утврдуваат од Комисијата за процена на штети во Министерството за земјоделие – подрачното одделение во Прилеп, заедно со Комисијата за утврдување на штети во општина Прилеп.

The post Силното невреме направи пустош во прилепско appeared first on Република.

]]>
СЗО ја прозва Македонија да прекине со субвенционирање на тутунот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/szo-ja-prozva-makedonija-da-prekine-so-subventsionirane-na-tutunot/ Fri, 26 May 2023 19:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=645064

Светската здравствена организација (СЗО) повика да прекине субвенционирањето на тутунот во многу земји, укажувајќи на штетното влијание на оваа култура врз здравјето на луѓето. СЗО во извештајот ги посочи европските земји кои одгледуваат тутун, вклучително и Македонија, која, како што се наведува, е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот. Таму одгледувањето тутун добива субвенции до 2 507 долари по хектар, додека пченицата се поддржува со максимум 269 долари, нагласува СЗО.

Тутунот е одговорен за осум милиони смртни случаи годишно, но владите ширум светот трошат милиони за поддршка на фармите за тутун, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус пред Светскиот ден без тутун, кој се одбележува на 31 мај.

Со изборот да одгледуваме храна наместо тутун, истакна Гебрејесус, даваме приоритет на здравјето, ги зачувуваме екосистемите и ја зајакнуваме безбедноста на храната за сите.

Во Швајцарија, тутунарите добиле повеќе од 32 милиона долари субвенции меѓу 2015 и 2020 година, се вели во извештајот.

Во САД и Аргентина, по неколку стотици милиони долари од парите на даночните обврзници се слеале во одгледувањето тутун во овој период, се вели во извештајот.

Севкупно, тутунот го има на 3,2 милиона хектари во 124 земји во светот, при што многу земјоделски работници се разболеле од екстремно високата изложеност на никотин.

Корпорациите авансираат пари за да ги покријат високите трошоци за семиња, ѓубрива и хербициди, но тие потоа ги плаќаат земјоделците на крајот на сезоната, создавајќи циклус на долгови и зависност.

The post СЗО ја прозва Македонија да прекине со субвенционирање на тутунот appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) повика да прекине субвенционирањето на тутунот во многу земји, укажувајќи на штетното влијание на оваа култура врз здравјето на луѓето. СЗО во извештајот ги посочи европските земји кои одгледуваат тутун, вклучително и Македонија, која, како што се наведува, е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот. Таму одгледувањето тутун добива субвенции до 2 507 долари по хектар, додека пченицата се поддржува со максимум 269 долари, нагласува СЗО.
Тутунот е одговорен за осум милиони смртни случаи годишно, но владите ширум светот трошат милиони за поддршка на фармите за тутун, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус пред Светскиот ден без тутун, кој се одбележува на 31 мај.
Со изборот да одгледуваме храна наместо тутун, истакна Гебрејесус, даваме приоритет на здравјето, ги зачувуваме екосистемите и ја зајакнуваме безбедноста на храната за сите. Во Швајцарија, тутунарите добиле повеќе од 32 милиона долари субвенции меѓу 2015 и 2020 година, се вели во извештајот. Во САД и Аргентина, по неколку стотици милиони долари од парите на даночните обврзници се слеале во одгледувањето тутун во овој период, се вели во извештајот. Севкупно, тутунот го има на 3,2 милиона хектари во 124 земји во светот, при што многу земјоделски работници се разболеле од екстремно високата изложеност на никотин. Корпорациите авансираат пари за да ги покријат високите трошоци за семиња, ѓубрива и хербициди, но тие потоа ги плаќаат земјоделците на крајот на сезоната, создавајќи циклус на долгови и зависност.

The post СЗО ја прозва Македонија да прекине со субвенционирање на тутунот appeared first on Република.

]]>
Пушачите во Македонија пушат по една кутија цигари на ден, скоро половина од возрасните пушат редовно https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pushachite-vo-makedonija-pushat-po-edna-kutija-tsigari-na-den-skoro-polovina-od-vozrasnite-pushat-redovno/ Fri, 26 May 2023 11:03:39 +0000 https://republika.mk/?p=644877

Макекдонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во Европа, покажаа најновите истражувања, презентирани денеска од канцеларијата на регион на Светската здравствена оганизација (СЗО).

Скоро половина од возрасната популација во Македонија пуши редовно цигари, а 70% од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по 18 цигари на ден – речиси по едно пакетче. И покрај одамнешната ратификација на Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) во 2006 година, напредокот во спроведувањето на мерките за контрола на тутунот во Македонија сè уште не е на задоволително ниво.

Канцеларијата на СЗО во Македонија, во соработка со Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) одржа национална презентација на резултатите од Студиите за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажувањето од тутунот во Македонија, како и презентација на Случајот со инвестициите во тутунот во Македонија. Настанот се организира во Скопје, на 26 мај 2023 година, во пресрет на Светскиот ден без тутун, 31 мај.

Mинистерот за здравство, Фатмир Меџити, рече дека пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, односно половина од населението пуши цигари секојдневно.

Во таа насока, со нашите партнери, разгледуваме и креирање нови, специфични активности за поддршка на спроведувањето на Рамковната конвенција за контрола на тутунот, врз основа на ставовите на здравствените работници и на населението, изјави Меџити.

Употребата на тутун е главен фактор за морбидитетот и морталитетот од незаразни болести. Сите редовни и повремени корисници на тутун се изложени на ризик од различни негативни здравствени исходи во текот на животот. Европскиот регион на СЗО е еден од регионите на СЗО со најголема преваленца на употреба на тутун, имено, 26,3% од луѓето на возраст од 15 години и постари користеле тутун во 2018 година.

Д-р Ане Јохансен, ја оцени Националната презентација како „исклучително значајна активност во правец на ефикасна и ефективна контрола, регулација, спроведување и де-нормализација на пушењето во  Македонија, којашто ќе помогне на државата да позиционира во групата европски држави кои имаат забележителни резултати во намалувањето на бројот на пушачи и уживатели на тутун.

Како резултат на соодветните мерки, многукратно се намалуваат и притисоците врз здравствениот систем од што директна полза имаат не само уживателите на тутун, туку сите граѓани на државата.

При оценката за досега направеното, д-р Јохансен ја потврди посветеноста на Светската здравствена организација кон поддршката на Министерството за здравство и на другите релевантни национални институции од областа на здравствената заштита и кон натамошната партнерска соработка.

The post Пушачите во Македонија пушат по една кутија цигари на ден, скоро половина од возрасните пушат редовно appeared first on Република.

]]>

Макекдонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во Европа, покажаа најновите истражувања, презентирани денеска од канцеларијата на регион на Светската здравствена оганизација (СЗО). Скоро половина од возрасната популација во Македонија пуши редовно цигари, а 70% од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по 18 цигари на ден – речиси по едно пакетче. И покрај одамнешната ратификација на Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) во 2006 година, напредокот во спроведувањето на мерките за контрола на тутунот во Македонија сè уште не е на задоволително ниво. Канцеларијата на СЗО во Македонија, во соработка со Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) одржа национална презентација на резултатите од Студиите за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажувањето од тутунот во Македонија, како и презентација на Случајот со инвестициите во тутунот во Македонија. Настанот се организира во Скопје, на 26 мај 2023 година, во пресрет на Светскиот ден без тутун, 31 мај. Mинистерот за здравство, Фатмир Меџити, рече дека пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, односно половина од населението пуши цигари секојдневно.
Во таа насока, со нашите партнери, разгледуваме и креирање нови, специфични активности за поддршка на спроведувањето на Рамковната конвенција за контрола на тутунот, врз основа на ставовите на здравствените работници и на населението, изјави Меџити.
Употребата на тутун е главен фактор за морбидитетот и морталитетот од незаразни болести. Сите редовни и повремени корисници на тутун се изложени на ризик од различни негативни здравствени исходи во текот на животот. Европскиот регион на СЗО е еден од регионите на СЗО со најголема преваленца на употреба на тутун, имено, 26,3% од луѓето на возраст од 15 години и постари користеле тутун во 2018 година. Д-р Ане Јохансен, ја оцени Националната презентација како „исклучително значајна активност во правец на ефикасна и ефективна контрола, регулација, спроведување и де-нормализација на пушењето во  Македонија, којашто ќе помогне на државата да позиционира во групата европски држави кои имаат забележителни резултати во намалувањето на бројот на пушачи и уживатели на тутун. Како резултат на соодветните мерки, многукратно се намалуваат и притисоците врз здравствениот систем од што директна полза имаат не само уживателите на тутун, туку сите граѓани на државата. При оценката за досега направеното, д-р Јохансен ја потврди посветеноста на Светската здравствена организација кон поддршката на Министерството за здравство и на другите релевантни национални институции од областа на здравствената заштита и кон натамошната партнерска соработка.    

The post Пушачите во Македонија пушат по една кутија цигари на ден, скоро половина од возрасните пушат редовно appeared first on Република.

]]>