Туск Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tusk/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Oct 2023 13:09:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Туск Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tusk/ 32 32 Полската опозиција договори влада, Туск предложен за премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskata-opozitsija-dogovori-vlada-tusk-predlozhen-za-premier/ Tue, 24 Oct 2023 13:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=694567

Лидерите на опозициските проевропски демократски партии, кои на изборите на 15 октомври во Полска го освоија мнозинството во двата дома на парламентот, во вторникот најавија дека заедно ќе формираат влада и како свој кандидат на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, му го предлагаат поранешниот премиер, некогашниот претседател на Европскиот совет, лидерот на Граѓанската коалиција Доналд Туск.

„Како лидери на опозицијата ја потврдивме нашата подготвеност за соработка и создавање парламентарно мнозинство. Денешната декларација ќе го смири претседателот и ќе му ја олесни задачата. Подготвени сме да формираме влада“, рече Туск.

Туск, како лидер на најсилната опозициска партија, либералната Граѓанска коалиција, Шимон Холовнијаи и Владислав Косињак-Камиш како лидери на центристичкиот Трет пат и лидерот на Новата левица, Влоџимиерс Чарзасти, заедно се појавија пред медиумите за да упатат апел до Дуда да не одолговлекува до 14 ноември, кога истекува рокот до кога парламентот треба да заседава на ново свикување, туку што поскоро да свика седница на Сејмот, Долниот дом на парламентот, пренесува „Бета“.

„Партијата Право и Правда потроши осум години од нашите животи. Наместо да не однесете во иднината каде што ќе живеат нашите деца, вие не вративте 50 години назад. Затоа апелираме до претседателот Дуда да не губи уште една секунда од нашето време. Нема што да чекате, мнозинството треба да формира влада“, рече Холовнијаи.

The post Полската опозиција договори влада, Туск предложен за премиер appeared first on Република.

]]>

Лидерите на опозициските проевропски демократски партии, кои на изборите на 15 октомври во Полска го освоија мнозинството во двата дома на парламентот, во вторникот најавија дека заедно ќе формираат влада и како свој кандидат на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, му го предлагаат поранешниот премиер, некогашниот претседател на Европскиот совет, лидерот на Граѓанската коалиција Доналд Туск. „Како лидери на опозицијата ја потврдивме нашата подготвеност за соработка и создавање парламентарно мнозинство. Денешната декларација ќе го смири претседателот и ќе му ја олесни задачата. Подготвени сме да формираме влада“, рече Туск. Туск, како лидер на најсилната опозициска партија, либералната Граѓанска коалиција, Шимон Холовнијаи и Владислав Косињак-Камиш како лидери на центристичкиот Трет пат и лидерот на Новата левица, Влоџимиерс Чарзасти, заедно се појавија пред медиумите за да упатат апел до Дуда да не одолговлекува до 14 ноември, кога истекува рокот до кога парламентот треба да заседава на ново свикување, туку што поскоро да свика седница на Сејмот, Долниот дом на парламентот, пренесува „Бета“. „Партијата Право и Правда потроши осум години од нашите животи. Наместо да не однесете во иднината каде што ќе живеат нашите деца, вие не вративте 50 години назад. Затоа апелираме до претседателот Дуда да не губи уште една секунда од нашето време. Нема што да чекате, мнозинството треба да формира влада“, рече Холовнијаи.

The post Полската опозиција договори влада, Туск предложен за премиер appeared first on Република.

]]>
Опозицијата во Полска ќе го предложи Туск за премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/opozitsijata-vo-polska-ke-go-predlozhi-tusk-za-premier/ Tue, 17 Oct 2023 12:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=692166

Опозициската Граѓанска коалиција (КО) ќе го предложи поранешниот шеф на Европскиот совет и поранешен премиер Доналд Туск за премиер на Полска.

Ова денеска го изјави потпретседателот на партијата Цезариј Томчик.

Официјалните изборни резултати, објавени денеска, покажуваат дека полската владејачка партија Право и правда освоила најмногу гласови на парламентарните избори одржани во неделата, но нема мнозинство за формирање влада.

„Доналд Туск е природен кандидат за премиерската функција“, изјави Томчик од опозициската КО.

Томчик додаде дека неговата партија сака преговорите за владејачката коалиција да се одржат што е можно поскоро.

„Ние сме во контакт со лидерите на другите партии“, рече тој.

Туск беше премиер на Полска од 2007 до 2014 година.

Претходно полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека ќе и предложи формирање нова влада на партијата Право и правда (ПиС) на Јарослав Качински, која освои најмногу гласови на парламентарните избори во неделата.

Врз основа на 100 отсто преброени гласови, ПиС, националистичка, социјално конзервативна партија, освои 35,38 отсто од гласовите, додека опозициската либерална Граѓанска коалиција (КО) на поранешниот премиер Туск беше втора со 30,70 отсто од гласовите.

Центристичката партија Трет пат освои 14,40 отсто од гласовите, а Нова левица 8,61 отсто.

Крајнодесничарската Конфедерација доби 7,16 отсто од гласовите.

Граѓанската коалиција, Нова левица и Трет пат најавија дека се подготвени да формираат коалициска влада и ќе почнат разговори кога ќе бидат објавени официјалните резултати.

КО и сојузниците ќе имаат и мнозинство од 100 места во Горниот дом на Парламентот, Сенатот.

The post Опозицијата во Полска ќе го предложи Туск за премиер appeared first on Република.

]]>

Опозициската Граѓанска коалиција (КО) ќе го предложи поранешниот шеф на Европскиот совет и поранешен премиер Доналд Туск за премиер на Полска. Ова денеска го изјави потпретседателот на партијата Цезариј Томчик. Официјалните изборни резултати, објавени денеска, покажуваат дека полската владејачка партија Право и правда освоила најмногу гласови на парламентарните избори одржани во неделата, но нема мнозинство за формирање влада. „Доналд Туск е природен кандидат за премиерската функција“, изјави Томчик од опозициската КО. Томчик додаде дека неговата партија сака преговорите за владејачката коалиција да се одржат што е можно поскоро. „Ние сме во контакт со лидерите на другите партии“, рече тој. Туск беше премиер на Полска од 2007 до 2014 година. Претходно полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека ќе и предложи формирање нова влада на партијата Право и правда (ПиС) на Јарослав Качински, која освои најмногу гласови на парламентарните избори во неделата. Врз основа на 100 отсто преброени гласови, ПиС, националистичка, социјално конзервативна партија, освои 35,38 отсто од гласовите, додека опозициската либерална Граѓанска коалиција (КО) на поранешниот премиер Туск беше втора со 30,70 отсто од гласовите. Центристичката партија Трет пат освои 14,40 отсто од гласовите, а Нова левица 8,61 отсто. Крајнодесничарската Конфедерација доби 7,16 отсто од гласовите. Граѓанската коалиција, Нова левица и Трет пат најавија дека се подготвени да формираат коалициска влада и ќе почнат разговори кога ќе бидат објавени официјалните резултати. КО и сојузниците ќе имаат и мнозинство од 100 места во Горниот дом на Парламентот, Сенатот.

The post Опозицијата во Полска ќе го предложи Туск за премиер appeared first on Република.

]]>