турски министер за надворешни работи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turski-minister-za-nadvoreshni-raboti/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 15:09:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png турски министер за надворешни работи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turski-minister-za-nadvoreshni-raboti/ 32 32 Силно партнерство и нови можности: Мицкоски и турскиот министер Фидан ја зајакнуваат економската и политичката соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silno-partnerstvo-i-novi-mozhnosti-mitskoski-i-turskiot-minister-fidan-ja-zajaknuvaat-ekonomskata-i-politichkata-sorabotka/ Thu, 05 Sep 2024 15:09:07 +0000 https://republika.mk/?p=813597

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска оствари значајна средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.

На средбата се разговараше за долгогодишното пријателство помеѓу двете држави, за актуелната политичка и економска состојба, како и за напредокот на Македонија кон Европската Унија.

Премиерот Мицкоски истакна дека економската и политичката соработка помеѓу двете држави е од огромно значење и дека има потреба од нејзино понатамошно продлабочување. Во тој контекст, беа дискутирани можностите за зголемено учество на турските компании во македонската економија и за нови инвестиции од Турција.

Како НАТО сојузници, Мицкоски и Фидан ја нагласија важноста на мирот и стабилноста во регионот, потенцирајќи дека дипломатијата останува клучна за решавање на сите конфликти.

Мицкоски нагласи дека турското пријателство е од огромна важност за нашата земја, а турската заедница има значаен придонес во општествениот живот и економијата на Македонија. Воедно, беше истакнато дека Турција е докажан поддржувач и пријател на нашата земја и дека постои простор за продлабочување на односите во повеќе области.

 

The post Силно партнерство и нови можности: Мицкоски и турскиот министер Фидан ја зајакнуваат економската и политичката соработка appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска оствари значајна средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На средбата се разговараше за долгогодишното пријателство помеѓу двете држави, за актуелната политичка и економска состојба, како и за напредокот на Македонија кон Европската Унија. Премиерот Мицкоски истакна дека економската и политичката соработка помеѓу двете држави е од огромно значење и дека има потреба од нејзино понатамошно продлабочување. Во тој контекст, беа дискутирани можностите за зголемено учество на турските компании во македонската економија и за нови инвестиции од Турција. Како НАТО сојузници, Мицкоски и Фидан ја нагласија важноста на мирот и стабилноста во регионот, потенцирајќи дека дипломатијата останува клучна за решавање на сите конфликти. Мицкоски нагласи дека турското пријателство е од огромна важност за нашата земја, а турската заедница има значаен придонес во општествениот живот и економијата на Македонија. Воедно, беше истакнато дека Турција е докажан поддржувач и пријател на нашата земја и дека постои простор за продлабочување на односите во повеќе области.  

The post Силно партнерство и нови можности: Мицкоски и турскиот министер Фидан ја зајакнуваат економската и политичката соработка appeared first on Република.

]]>