Турски државјанин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turski-drzavjanin/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 09:50:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Турски државјанин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turski-drzavjanin/ 32 32 Извлечен заглавен турски државјанин во Струмичко https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izvlechen-zaglaven-turski-drzhavjanin-vo-strumichko/ Thu, 01 Feb 2024 09:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=739277

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.169 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 36,42 отсто, а 63,58 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 57,85 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 31,42 отсто, а кон пожарникарите 9,20 отсто од реалните повици кон 112.

По добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во предел меѓу село Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, Регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што Гранична полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти ЦУК.

Пожари на шуми и вегетација на отворено во државата се уште има според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи. Во последното деноноќие имало десетина пријавени пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

ЦУК апелира да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух. Граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари. ЦУК апелира и на внимателност при прошетките во природа, на повисоките места и планините во нашата држава бидејќи при зимски услови на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.

The post Извлечен заглавен турски државјанин во Струмичко appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.169 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 36,42 отсто, а 63,58 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 57,85 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 31,42 отсто, а кон пожарникарите 9,20 отсто од реалните повици кон 112.
По добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во предел меѓу село Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, Регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што Гранична полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти ЦУК.
Пожари на шуми и вегетација на отворено во државата се уште има според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи. Во последното деноноќие имало десетина пријавени пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. ЦУК апелира да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух. Граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари. ЦУК апелира и на внимателност при прошетките во природа, на повисоките места и планините во нашата држава бидејќи при зимски услови на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.

The post Извлечен заглавен турски државјанин во Струмичко appeared first on Република.

]]>
Приведен турски државјанин во Тетово, ги истепал жената и малолетното дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-turski-drzhavjanin-vo-tetovo-gi-istepal-zhenata-i-maloletnoto-dete/ Thu, 12 Oct 2023 12:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=690560

Вчера, околу 16.20 часот, на улицата Киро Ристевски-Дрнц од слобода бил лишен 34-годишниот И. Е. од Република Турција со привремен престој во Тетово.

Тој половина час пред тоа бил пријавен од 38-годишната сопруга дека претходниот ден физички ги нападнал неа и нивното малолетно дете.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

 

The post Приведен турски државјанин во Тетово, ги истепал жената и малолетното дете appeared first on Република.

]]>

Вчера, околу 16.20 часот, на улицата Киро Ристевски-Дрнц од слобода бил лишен 34-годишниот И. Е. од Република Турција со привремен престој во Тетово. Тој половина час пред тоа бил пријавен од 38-годишната сопруга дека претходниот ден физички ги нападнал неа и нивното малолетно дете. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.  

The post Приведен турски државјанин во Тетово, ги истепал жената и малолетното дете appeared first on Република.

]]>
Притвор за приведен турски државјанин во Тетово кој се барал со меѓународна потерница за 15 години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-za-priveden-turski-drzhavjanin-vo-tetovo-koj-se-baral-so-megunarodna-poternitsa-za-15-godini-zatvor/ Wed, 03 May 2023 07:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=636273

Турски државјанин кој времено престојувал во Тетово е приведен во понеделникот, а вчера судија во претходна постапка му одредил притвор од осум дена поради сомнение дека ја фалсификувал неговата патна исправа и непријавено престојувал во државата. Според информациите на Обвинителството, во текот на истрагата било утврдено и дека 50 годишникот е баран со меѓународна потерница од Турција, каде е осуден на затворска казна од 15 години поради дрога.

Против 50-годишен државјанин на Република Турција Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по поднесена кривична пријава, поведе постапка за кривично дело- Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот поседувал фалсификувана турска патна исправа. По предлог на јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена. По направените проверки, утврдено е дека за осомничениот има распишана меѓународна потерница од Република Турција, каде е осуден на затворска казна од 15 години за кривично дело – Комерцијализација или набавување на наркотици или стимулативни супстанции согласно турското законодавство. Потерницата е распишана во декември 2022 година, информираше Обвинителството.

СВР Тетово информираше дека 50-годишниот А.Ш.од Република Турција околу пладне на 1 мај бил лишен од слобода на улица „29 Ноември” во Тетово поради сомнение дека ја фалсификувал неговата патна исправа. Турскиот државјанин синоќа бил спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот.

The post Притвор за приведен турски државјанин во Тетово кој се барал со меѓународна потерница за 15 години затвор appeared first on Република.

]]>

Турски државјанин кој времено престојувал во Тетово е приведен во понеделникот, а вчера судија во претходна постапка му одредил притвор од осум дена поради сомнение дека ја фалсификувал неговата патна исправа и непријавено престојувал во државата. Според информациите на Обвинителството, во текот на истрагата било утврдено и дека 50 годишникот е баран со меѓународна потерница од Турција, каде е осуден на затворска казна од 15 години поради дрога. Против 50-годишен државјанин на Република Турција Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по поднесена кривична пријава, поведе постапка за кривично дело- Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот поседувал фалсификувана турска патна исправа. По предлог на јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена. По направените проверки, утврдено е дека за осомничениот има распишана меѓународна потерница од Република Турција, каде е осуден на затворска казна од 15 години за кривично дело – Комерцијализација или набавување на наркотици или стимулативни супстанции согласно турското законодавство. Потерницата е распишана во декември 2022 година, информираше Обвинителството. СВР Тетово информираше дека 50-годишниот А.Ш.од Република Турција околу пладне на 1 мај бил лишен од слобода на улица „29 Ноември” во Тетово поради сомнение дека ја фалсификувал неговата патна исправа. Турскиот државјанин синоќа бил спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот.

The post Притвор за приведен турски државјанин во Тетово кој се барал со меѓународна потерница за 15 години затвор appeared first on Република.

]]>