турнеја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turneja/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 06:44:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png турнеја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turneja/ 32 32 Картите за концертите на Адел во Лас Вегас чинат по неколку илјади долари https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kartite-za-kontsertite-na-adel-vo-las-vegas-chinat-po-nekolku-iljadi-dolari/ Sat, 21 Sep 2024 06:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=818370

По концертите во Минхен, Германија, каде што настапуваше четири седмици, Адел ја продолжува турнејата во САД, но високите цени на влезниците ги налутија обожавателите.

Адел ќе одржи серија концерти во Лас Вегас од крајот на октомври до крајот на ноември. Картите задниот дел на салата, на пр. се движат од 3.500 до 4.800 долари, а оние за седиштата блиску до сцената чинат повеќе од 5.000 долари.

На полупрописната „препродажба“, билетите се даваат и за цена од 13.000, па дури и до 70.000 долари.

Обожавателите се жалат на цените на картите и на социјалните мрежи.

„Таа е неверојатна, но цените на билетите се превисоки“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш губам секаква почит кон тебе“, „Имам билети и сега размислувам да ги продадам“ - гласат дел од коментарите.

За потсетување, пејачката најави подолга пауза во музичката кариера, по оваа турнеја и откри дека сака да ѝ се посвети на семејството, но и на глумата, како што пренеува „Индекс“. Според Светската филмска база на податоци - ИМДБ, Адел има „Оскар“ за оригинална филмска песна од 2013 година, но засега нема најава за нејзино учество во нов филм.

Таа наводно одбила понуда за нови концерти и потенцијална заработка од 200 милиони долари бидејќи сака да поминува време дома со своето дете.

The post Картите за концертите на Адел во Лас Вегас чинат по неколку илјади долари appeared first on Република.

]]>

По концертите во Минхен, Германија, каде што настапуваше четири седмици, Адел ја продолжува турнејата во САД, но високите цени на влезниците ги налутија обожавателите. Адел ќе одржи серија концерти во Лас Вегас од крајот на октомври до крајот на ноември. Картите задниот дел на салата, на пр. се движат од 3.500 до 4.800 долари, а оние за седиштата блиску до сцената чинат повеќе од 5.000 долари. На полупрописната „препродажба“, билетите се даваат и за цена од 13.000, па дури и до 70.000 долари. Обожавателите се жалат на цените на картите и на социјалните мрежи.
„Таа е неверојатна, но цените на билетите се превисоки“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш губам секаква почит кон тебе“, „Имам билети и сега размислувам да ги продадам“ - гласат дел од коментарите.
За потсетување, пејачката најави подолга пауза во музичката кариера, по оваа турнеја и откри дека сака да ѝ се посвети на семејството, но и на глумата, како што пренеува „Индекс“. Според Светската филмска база на податоци - ИМДБ, Адел има „Оскар“ за оригинална филмска песна од 2013 година, но засега нема најава за нејзино учество во нов филм. Таа наводно одбила понуда за нови концерти и потенцијална заработка од 200 милиони долари бидејќи сака да поминува време дома со своето дете.

The post Картите за концертите на Адел во Лас Вегас чинат по неколку илјади долари appeared first on Република.

]]>
„Танец“ на турнеја во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tanets-na-turneja-vo-podgoritsa-lublana-zagreb-i-bana-luka/ Fri, 13 Sep 2024 08:15:51 +0000 https://republika.mk/?p=815900

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ има тргнува низ поранешна Југославија. ќе настапи во Црна Гора, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Првиот концерт е во Подгорица на 20 септември во Културно-информативниот центар „Будо Томовиќ“. Два дена подоцна „Танец“ настапува во Љубљана во „Цанкарјев дом“. Во Загреб ќе одржи концерт во салата „Ватрослав Лисински“ на 24 септември. Турнејата завршува со настап во Бања Лука на 27 септември, во салата „Борик“.

The post „Танец“ на турнеја во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука appeared first on Република.

]]>

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ има тргнува низ поранешна Југославија. ќе настапи во Црна Гора, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Првиот концерт е во Подгорица на 20 септември во Културно-информативниот центар „Будо Томовиќ“. Два дена подоцна „Танец“ настапува во Љубљана во „Цанкарјев дом“. Во Загреб ќе одржи концерт во салата „Ватрослав Лисински“ на 24 септември. Турнејата завршува со настап во Бања Лука на 27 септември, во салата „Борик“.  

The post „Танец“ на турнеја во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука appeared first on Република.

]]>
Турнејата на Тејлор Свифт и годинава ќе и донесе приход од над милијарда долари https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/turnejata-na-tejlor-svift-i-godinava-ke-i-donese-prihod-od-nad-milijarda-dolari/ Sun, 25 Aug 2024 17:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=810000

Турнејата „Ерас“ (The Eras Tour) на Тејлор Свифт и во 2024 година би требало да надмине милијарда долари приход. Откако лани ја надмина оваа сума, Свифт веќе е првиот уметник воопшто кој станал милијардер исклучиво преку својата музика.

Според пресметките на стручњаците, турнејата заработила над милијарда долари по првите 60 настапи. Свифт продава по 72.000 билети за концерт, во просек по цена од 239 долари, што значи приближно 17 милиони долари по настап. На тој начин, Тејлор има заработка околу 14,7 милиони долари за секој еден концерт.

Се проценува дека нејзината вкупна бруто заработка надминува две милијарди долари, но оваа бројка не ги вклучува трошоците за водење на турнејата.

Инаку, пејачката и нејзините соработници заработуваат и од продажба на маици, сувенири и сл., коишто се продаваат на мало, за просечна цена од 51 долар во САД (околу 46 евра) и 52 фунти во Велика Британија (61 евро).

The post Турнејата на Тејлор Свифт и годинава ќе и донесе приход од над милијарда долари appeared first on Република.

]]>

Турнејата „Ерас“ (The Eras Tour) на Тејлор Свифт и во 2024 година би требало да надмине милијарда долари приход. Откако лани ја надмина оваа сума, Свифт веќе е првиот уметник воопшто кој станал милијардер исклучиво преку својата музика. Според пресметките на стручњаците, турнејата заработила над милијарда долари по првите 60 настапи. Свифт продава по 72.000 билети за концерт, во просек по цена од 239 долари, што значи приближно 17 милиони долари по настап. На тој начин, Тејлор има заработка околу 14,7 милиони долари за секој еден концерт. Се проценува дека нејзината вкупна бруто заработка надминува две милијарди долари, но оваа бројка не ги вклучува трошоците за водење на турнејата. Инаку, пејачката и нејзините соработници заработуваат и од продажба на маици, сувенири и сл., коишто се продаваат на мало, за просечна цена од 51 долар во САД (околу 46 евра) и 52 фунти во Велика Британија (61 евро).

The post Турнејата на Тејлор Свифт и годинава ќе и донесе приход од над милијарда долари appeared first on Република.

]]>
„Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/scena/foltin-najavuva-kontsertna-turneja-vo-avgust-vo-struga-bitola-i-kavadartsi/ Mon, 05 Aug 2024 10:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=803491

Групата „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци.

Концертот во Струга ќе се одржи на 8 август, во склоп на осмото издание на Дрим Шорт, Фестивал на краток филм.
(Дом на култура, Летна сцена. Влезници во Kingston bar).

Во Битола најавен е концерт на 16 август. Настанот ќе го отворат младите битолски бендови: “Tzar von time” “Siotto jazz” и “Corrosion” а Специјални гости ќе бидат Суперхикс (Ракометно игралиште. Поддржано од Општина Битола и Стопанска банка а.д. Скопје. Влезници во Aries Travel, Tobacco Brothers).

Во Кавадарци на 25 август ќе се одржи концерт. (Вински музеј – Тиквеш, во соработка со Домот на културата Иван Мазов – Климе. Поддржано од Министерството за култура).

The post „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Групата „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци. Концертот во Струга ќе се одржи на 8 август, во склоп на осмото издание на Дрим Шорт, Фестивал на краток филм. (Дом на култура, Летна сцена. Влезници во Kingston bar). Во Битола најавен е концерт на 16 август. Настанот ќе го отворат младите битолски бендови: “Tzar von time” “Siotto jazz” и “Corrosion” а Специјални гости ќе бидат Суперхикс (Ракометно игралиште. Поддржано од Општина Битола и Стопанска банка а.д. Скопје. Влезници во Aries Travel, Tobacco Brothers). Во Кавадарци на 25 август ќе се одржи концерт. (Вински музеј – Тиквеш, во соработка со Домот на културата Иван Мазов – Климе. Поддржано од Министерството за култура).

The post „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Медиумите во Хрватска, Националниот џез оркестар го нарекоа „најлудиот оркестар на Балканот“: Долго ќе се памети нивниот концерт во Хрватскиот народен театар во Сплит https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/mediumite-vo-hrvatska-natsionalniot-dhez-orkestar-go-narekoa-najludiot-orkestar-na-balkanot-dolgo-ke-se-pameti-nivniot-kontsert-vo-hrvatskiot-naroden-teatar-vo-split/ Tue, 09 Jul 2024 09:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=794855

По завршувањето на настапите од мини турнејата на Националниот џез оркестар со Рамбо Амадеус, овој високо професионален музичко театарски концепт ги надмина границите на класичната концертна изведба и како што пишува „Слободна Далмација“ и останатите медиуми, „кога ќе се додадат сите епитети во прилог на ова концертно доживување кое не може да има ригидна дефиниција во припадноста на жанрот и видот, фактички тоа уметничко дело добива епско значење“.

Хрватската турнеја на Националниот џез оркестар и Рамбо Амадеус ја запали публиката и медиумите во Хрватска. 

„Делириум во Сплит,” “Еуфорија во Шибеник,” “НЏО и Рамбо го разбудија Вис,” “Вис веќе нема да биде ист по настапот на НЏО И Рамбо Амадеус”, „Јавни нереди “ за време на концертот на Националниот Џез Оркестар и Рамбо Амадеус во Шибеник“, се само дел од насловите кои ги објавија медиумите во Хрватска за време на турнејата на Националниот џез оркестар, кој  го нарекоа и “најлудиот оркестар на Балканот.“

Рекордно продадени концерти, изблици на еуфорија, громогласни аплаузи како и бројни осврти и написи во хрватските медиуми, ја означија првата официјална интернационална турнеја на Националниот џез оркестар кој настапи со Рамбо Амадеус на три престижни концертни сцени на хрватското приморје. Долго ќе се памети нивниот концерт во Хрватскиот народен театар во Сплит, една од најреномираните културни институции во регионот, која ретко и инцидентно ја отстапува сцената за жанр, поинаков од класичниот. Видеата сведочат за неколкуминутни стоечки овации на публиката која во Сплит ги повикува музичарите на бис а музичката критика овој настап го оцени како ексклузивен кој можеби никогаш не се случил на оваа сцена.

Уште сме под импресии иако има веќе неколку дена откако ја завршивме нашата турнеја низ Хрватска во рамки на која беа реализирани три концерти на кои со нас настапи нашиот пријател, извонредниот уметник Рамбо Амадеус.  Уште еднаш, оваа наша соработка се покажа како исклучително успешна, а пред публиката се претставивме со биг бенд аранжманите на композициите на Рамбо, подготвени од нашите членови, кои македонската публика имаше можност да ги чуе пред година и пол на концертот кој се одржа на сцената на Филхармонија, сметаат од Националниот џез оркестар.

Овој пат трите концерти обединија три различни контексти и хронотопи при што првиот настап беше на 25 јуни во Шибеник, во Тврдината Св. Миховила, следеше концертот на 28 јуни, во рамки на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, и концерт во Хрватскиот народен театар во Сплит, една од најреномираните културни институции во регионот, кој се одржа на 1 јули.

Изведбите на толку различни сцени бараат различен фокус при изведбата по што дојдовме назад со богато искуство, но и со полни срца бидејќи настапите беа одлично прифатени од страна на публиката, се изродија безброј нови можности за нови соработки, а концертите беа комплетно распродадени во рекорден рок, велат од Националниот џез оркестар.

Концертот  во Шибеник почна во релативно мирна концертна атмосфера и кон средината на концертот веќе цела публика беше на нозе и се случи голема концертна еуфорија со скандирање од страна на оубликата…” – вака го опишаа медиумите концертот во Шибеник, во Тврдината Св. Миховила, додека настапот во Хрватскиот народен театар во Сплит беше опишан како “редок вид на театарско музички перформанс креиран од НЏО И Рамбо”.  “Помеѓу НЏО и Рамбо имаше ретко видена и слушната интеракција каде целиот концерт повеќе наликуваше на музичка драмска претстава со високо креативна нарација на Рамбо Амадеус.”  Критиката имаше најпофални зборови за настапот на Оркестарот и сите музичари оценувајќи дека “Оркестарот се претстави на хрватската публика на највисоко професионално ниво и воедно прикажа вистинска непосредност во комуникацијата со Рамбо. Солистите блескаа во сите солистички делници”.

The post Медиумите во Хрватска, Националниот џез оркестар го нарекоа „најлудиот оркестар на Балканот“: Долго ќе се памети нивниот концерт во Хрватскиот народен театар во Сплит appeared first on Република.

Нов меѓународен проект В4 Импров Конект на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА – следат турнеи во Братислава, Прага, Лублин, Будимпешта и Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nov-megunaroden-proekt-v4-improv-konekt-na-makedonskiot-tsentar-iti-produktsija-sledat-turnei-vo-bratislava-praga-lublin-budimpeshta-i-skopje/ Fri, 10 May 2024 10:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=776722

Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА во партнерство со неколку организации и театри за Импровизациски театар од Словачка, Полска, Унгарија и Чешка го спроведува проектот и турнеите В4Импров Конект со фокус на импровизациски театар. Македонски учесник во проектот е извонредниот актер Здравко Стојмиров.

Проектот е поддржан од Вишеград Фондот за култура и меѓународна соработка.

Координатор / иницијатор  и партнери на проектот се:  ISAC - International Society for Arts and Culture, Teatr Wschodni / The Eastern Theater-Lublin, Macedonian Center of the International Theatre Institute (ITI)/PRODUKCIJA, Funnylicious Theater-Bratislava, Czech National Improvisation Theater, Itt és Most Társulat’s.

Во месец април 2024 г. во Братислава, Словачка се случија подготовки на претставата според Мајснер методата за импровизациски театар спроведена од менторот Keith Farquhar од Велика Британија, и првиот јавен настап со новата претстава на 13 април 2024.

Во месец мај 2024 започнува Импров Конект турнејата во градот Прага (11 мај) под наслов Булевар и Импровизациска терапија, а продолжува – поточно следат турнеите во Лублин, Полска; Будимпешта, Унгарија; и Скопје, Р. Македонија

The post Нов меѓународен проект В4 Импров Конект на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА – следат турнеи во Братислава, Прага, Лублин, Будимпешта и Скопје appeared first on Република.

]]>

Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА во партнерство со неколку организации и театри за Импровизациски театар од Словачка, Полска, Унгарија и Чешка го спроведува проектот и турнеите В4Импров Конект со фокус на импровизациски театар. Македонски учесник во проектот е извонредниот актер Здравко Стојмиров. Проектот е поддржан од Вишеград Фондот за култура и меѓународна соработка. Координатор / иницијатор  и партнери на проектот се:  ISAC - International Society for Arts and Culture, Teatr Wschodni / The Eastern Theater-Lublin, Macedonian Center of the International Theatre Institute (ITI)/PRODUKCIJA, Funnylicious Theater-Bratislava, Czech National Improvisation Theater, Itt és Most Társulat’s. Во месец април 2024 г. во Братислава, Словачка се случија подготовки на претставата според Мајснер методата за импровизациски театар спроведена од менторот Keith Farquhar од Велика Британија, и првиот јавен настап со новата претстава на 13 април 2024. Во месец мај 2024 започнува Импров Конект турнејата во градот Прага (11 мај) под наслов Булевар и Импровизациска терапија, а продолжува – поточно следат турнеите во Лублин, Полска; Будимпешта, Унгарија; и Скопје, Р. Македонија

The post Нов меѓународен проект В4 Импров Конект на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА – следат турнеи во Братислава, Прага, Лублин, Будимпешта и Скопје appeared first on Република.

]]>
Редици фанови за автограм на турнејата на Владимир Четкар во Јужна Кореја https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/reditsi-fanovi-za-avtogram-na-turnejata-na-vladimir-chetkar-vo-juzhna-koreja/ Wed, 11 Oct 2023 17:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=690272

Турнејата во Јужна Кореја на Владимир Четкар помина спектакуларно! Публиката во Сеул, Гангнгнеунг како и на 20 годишното јубилејно издание на најголемиот Корејски џез спектакл, Јарасум Џез Фестивалот го награди на Четкар со еуфорични овации!

Концертите на Владимир Четкар во Кореја каде тој ја делеше сцената со некој од најголемите светски џез имиња го привлече вниманието и на националните Корејски медиуми кои веќе го интервјуираа и ги издвоија неговите настапи како едни од најзначајните.

Концертите на Четкар во Јужна Кореја се самостојни и исклучиво со негова авторска музика а на оваа турнеја тој беше придружуван од македонските музичари Борислав Веселинов, Филип Стевановски, Филип Димишковски, Ѓоле Максимовски и Дино Милосављевиќ.

The post Редици фанови за автограм на турнејата на Владимир Четкар во Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>

Турнејата во Јужна Кореја на Владимир Четкар помина спектакуларно! Публиката во Сеул, Гангнгнеунг како и на 20 годишното јубилејно издание на најголемиот Корејски џез спектакл, Јарасум Џез Фестивалот го награди на Четкар со еуфорични овации! Концертите на Владимир Четкар во Кореја каде тој ја делеше сцената со некој од најголемите светски џез имиња го привлече вниманието и на националните Корејски медиуми кои веќе го интервјуираа и ги издвоија неговите настапи како едни од најзначајните. Концертите на Четкар во Јужна Кореја се самостојни и исклучиво со негова авторска музика а на оваа турнеја тој беше придружуван од македонските музичари Борислав Веселинов, Филип Стевановски, Филип Димишковски, Ѓоле Максимовски и Дино Милосављевиќ.  

The post Редици фанови за автограм на турнејата на Владимир Четкар во Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>
Кинескиот министер за надворешни работи на европска турнеја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kineskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-na-evropska-turneja/ Mon, 08 May 2023 13:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=638423

Шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг од денеска до 12 мај ќе ги посети Германија, Франција и Норвешка.

Предвидени се средби на Ганг со германскат, француската и норвешката министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, Катрин Колона и Аникен Хуитфелд.

Други детали за средбите не се наведени.

Посетата на Ганг на Европа е во момент кога Кина се обидува да има посредничка улога во војната во Укр

The post Кинескиот министер за надворешни работи на европска турнеја appeared first on Република.

]]>

Шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг од денеска до 12 мај ќе ги посети Германија, Франција и Норвешка. Предвидени се средби на Ганг со германскат, француската и норвешката министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, Катрин Колона и Аникен Хуитфелд. Други детали за средбите не се наведени. Посетата на Ганг на Европа е во момент кога Кина се обидува да има посредничка улога во војната во Укр

The post Кинескиот министер за надворешни работи на европска турнеја appeared first on Република.

]]>
Распродадени концерти и овации на aмериканската турнеја на Владимир Четкар оваа есен https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rasprodadeni-koncerti-i-ovacii-na-amerikanskata-turneja-na-vladimir-chetkar-ovaa-esen/ Fri, 25 Nov 2022 07:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=577999

Од американската турнеја на Владимир Четкар останаа уште само уште две дестинации. На 30 ноември тој ќе настапи во Black Cat Jazz Club, најпознатиот џез клуб во Сан Франциско, a на 9 декември во Вест Палм Бич, Флорида во прочуениот Нортон Музеј на уметноста.

Владимир Четкар на оваа турнеја досега настапи во Чикаго, Детроит, Кливленд и Њујорк каде концертот беше распродаден неколку дена однапред. На овие концерти Четкар се претставува како композитор, аранжер, изведувач (гитарист и вокалист) и бендлидер.

The post Распродадени концерти и овации на aмериканската турнеја на Владимир Четкар оваа есен appeared first on Република.

Четкар ја почна есенската турнеја во САД https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/chetkar-ja-pochna-esenskata-turneja-vo-sad/ Mon, 07 Nov 2022 09:18:26 +0000 https://republika.mk/?p=570743

Четкар замина во Америка каде ќе ја одржи својата есенска турнеја низ некој од најпрестижните амерички џез клубови и културни институции како Нортон Музејот За Уметност во Вест Палм Бич, BOP STOP во Кливленд, Black Cat Jazz Club во Сан Франциско и други.

Турнејата на Четкар во Америка започна со концерт во Чикаго на 6 ноември во Skadarliya, потоа продолжува во Детроит во џез клубот, Aretha’s Jazz Café at the Music Hall, на 12 ноември ќе настапи во BOP, STOP at The Music Settlement во Кливленд, на 19 ноември ќе одржи концерт во Њујоршкиот музички клуб Chelsea Table + Stage, на 30 ноември ќе дебитира во Сан Франциско во Black Cat Jazz Club а на 9 декември по втор пат оваа година Четкар ќе оддржи концерт во Нортон Музејот на Уметност во Вест Палм Бич во Флорида.

На сите настапи во Америка Четкар ќе се претстави со своја авторска музика и свои аранжмани за септет во придружба на американски музичари.

The post Четкар ја почна есенската турнеја во САД appeared first on Република.

Фон дер Лајен ја започнува балканската тура в среда во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-ja-zapochnuva-balkanskata-tura-v-sreda-vo-skopje/ Mon, 24 Oct 2022 11:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=564963

Претседателката на Европската Комисија ќе го посети Западниот Балкан од среда, главна порака е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, од среда започнува нова тура низ земјите од Западен Балкан во контекст на војна во Украина и енергетската криза. Целта на оваа посета е да му се пренесе регионот дека тој е важен за Европската Унија, најави попладнево портпаролот Ерик Мамер.

Оваа посета се разбира се одвива во посебен контекст, кој е контекст на последователни кризи, прво ковид, а сега војната во Украина и нејзините последици, рече Мамер.

Како што и самата најави минатата недела од Стразбур еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ. Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите на енергетскиот пазар.

The post Фон дер Лајен ја започнува балканската тура в среда во Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската Комисија ќе го посети Западниот Балкан од среда, главна порака е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, од среда започнува нова тура низ земјите од Западен Балкан во контекст на војна во Украина и енергетската криза. Целта на оваа посета е да му се пренесе регионот дека тој е важен за Европската Унија, најави попладнево портпаролот Ерик Мамер.
Оваа посета се разбира се одвива во посебен контекст, кој е контекст на последователни кризи, прво ковид, а сега војната во Украина и нејзините последици, рече Мамер.
Како што и самата најави минатата недела од Стразбур еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ. Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите на енергетскиот пазар.

The post Фон дер Лајен ја започнува балканската тура в среда во Скопје appeared first on Република.

]]>
Лозано оди за САД, нашинците со нетрпение го очекуваат https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/lozano-odi-za-sad-nashincite-so-netrpenie-go-ochekuvaat/ Thu, 25 Aug 2022 13:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=544020

Една од нашите најголеми музички ѕвезди, Влатко Лозаноски - Лозано за неколку дена започнува со големата турнеја во Америка.

Оваа турнеја требаше да се реализира во 2020 година, но поради светската пандемија со коронавирусот, мораше да биде одложена.

Сега кога се создадени услови за настапување, Лозано конечно ќе отпатува во Соединетите Американски Држави и ќе пее пред нашинците кои ги има во доста голем број.

Првиот негов настап е на големата македонска конвенција која ќе се одржи на 3-ти септември во Чикаго, на која ќе присуствуваат Македонци од цела Америка и Канада. Лозано пред гостите ќе настапи со бенд, а покрај неговите песни, тој ќе ги испее и најпопуларните македонски народни песни.

Конечно се отстранети сите пречки за турнејата во Америка. Како што знаете, требаше да одам во 2020 година, но се случи пандемијата. Искрено се радувам на турнејата и едвај чекам да настапам пред нашинците. Досега низ годините постојано добивав пораки зошто не одам на турнеја во Америка и еве, конечно ќе се случи тоа. Ги поканувам сите Македонци, односно сите кои ги сакаат моите песни да присуствуваат на моите концерти. Би ја искористил оваа прилика да се заблагодарам на одборот на македонската православна црква Св. Кирил и Методиј од Илиноис за поканата да пеам на овој конгрес и за желбата да направат нешто поразлично од другите години, вели популарниот Лозано.

Исто така Лозано ќе настапи и во неколку други градови и држави во Америка каде има Македонци, но за повеќе детали најдобро е да се следат социјалните мрежи на Влатко на Инстаграм и на Фејсбук.

The post Лозано оди за САД, нашинците со нетрпение го очекуваат appeared first on Република.

]]>

Една од нашите најголеми музички ѕвезди, Влатко Лозаноски - Лозано за неколку дена започнува со големата турнеја во Америка. Оваа турнеја требаше да се реализира во 2020 година, но поради светската пандемија со коронавирусот, мораше да биде одложена. Сега кога се создадени услови за настапување, Лозано конечно ќе отпатува во Соединетите Американски Држави и ќе пее пред нашинците кои ги има во доста голем број. Првиот негов настап е на големата македонска конвенција која ќе се одржи на 3-ти септември во Чикаго, на која ќе присуствуваат Македонци од цела Америка и Канада. Лозано пред гостите ќе настапи со бенд, а покрај неговите песни, тој ќе ги испее и најпопуларните македонски народни песни.
Конечно се отстранети сите пречки за турнејата во Америка. Како што знаете, требаше да одам во 2020 година, но се случи пандемијата. Искрено се радувам на турнејата и едвај чекам да настапам пред нашинците. Досега низ годините постојано добивав пораки зошто не одам на турнеја во Америка и еве, конечно ќе се случи тоа. Ги поканувам сите Македонци, односно сите кои ги сакаат моите песни да присуствуваат на моите концерти. Би ја искористил оваа прилика да се заблагодарам на одборот на македонската православна црква Св. Кирил и Методиј од Илиноис за поканата да пеам на овој конгрес и за желбата да направат нешто поразлично од другите години, вели популарниот Лозано.
Исто така Лозано ќе настапи и во неколку други градови и држави во Америка каде има Македонци, но за повеќе детали најдобро е да се следат социјалните мрежи на Влатко на Инстаграм и на Фејсбук.  

The post Лозано оди за САД, нашинците со нетрпение го очекуваат appeared first on Република.

]]>
Откажани настапите на „Аеросмит“, Стив Тајлер заминува на рехабитилација https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/otkazani-nastapite-na-aerosmit-stiv-tajler-zaminuva-na-rehabitilacija/ Thu, 26 May 2022 11:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=507229

Рок бендот Аеросмит откажа дел од своите настапи во Лас Вегас откако фронтменот Стивен Тајлер отиде на рехабилитација од дрога, објави Би-Би-Си.

Тајлер (74) „доброволно влезе во програмата за лекување со цел да се фокусира на своето здравје и закрепнување“, велат членовите на бендот.

Неговите колеги од бендот изјавиле дека Тајлер бил подложен на операција на стапалото за да се „подготви за сцената“, но „неопходноста од ублажување на болката за време на процесот“ го вратила на зависност.

Аеросмит требаше да почнат да настапуваат на 17 јуни. Сите настапи закажани за јуни и јули се откажани, но бендот најави дека би можел да настапи веќе во септември.

Аеросмит станаа познати како еден од најголемите американски рок бендови во 1970-тите со хитовите „Sweet Emotion“ и „Dream On“.

The post Откажани настапите на „Аеросмит“, Стив Тајлер заминува на рехабитилација appeared first on Република.

]]>

Рок бендот Аеросмит откажа дел од своите настапи во Лас Вегас откако фронтменот Стивен Тајлер отиде на рехабилитација од дрога, објави Би-Би-Си. Тајлер (74) „доброволно влезе во програмата за лекување со цел да се фокусира на своето здравје и закрепнување“, велат членовите на бендот.
Неговите колеги од бендот изјавиле дека Тајлер бил подложен на операција на стапалото за да се „подготви за сцената“, но „неопходноста од ублажување на болката за време на процесот“ го вратила на зависност. Аеросмит требаше да почнат да настапуваат на 17 јуни. Сите настапи закажани за јуни и јули се откажани, но бендот најави дека би можел да настапи веќе во септември. Аеросмит станаа познати како еден од најголемите американски рок бендови во 1970-тите со хитовите „Sweet Emotion“ и „Dream On“.

The post Откажани настапите на „Аеросмит“, Стив Тајлер заминува на рехабитилација appeared first on Република.

]]>
Победниците на „Евровизија“ на турнеја низ Европа за да собираат пари за војската и добротворните организации во Украина https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pobednicite-na-evrovizija-na-turneja-niz-evropa-za-da-sobiraat-pari-za-vojskata-i-dobrotvornite-organizacii-vo-ukraina/ Tue, 17 May 2022 21:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=503591

Оркестарот Калуш објави дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија
Украинските победници на „Евровизија“ најавија дека започнуваат турнеја низ Европа со цел да соберат пари за војската и добротворните организации во нивната земја.

Фронтменот Олег Псјук изјави дека бендот ќе објави на Инстаграм каде ќе се одржи турнејата.

Тој додаде дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија.

Фронтменот на групата Псјук, објави дека директно од ова музичко натпреварување заминал на фронт.

The post Победниците на „Евровизија“ на турнеја низ Европа за да собираат пари за војската и добротворните организации во Украина appeared first on Република.

]]>

Оркестарот Калуш објави дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија Украинските победници на „Евровизија“ најавија дека започнуваат турнеја низ Европа со цел да соберат пари за војската и добротворните организации во нивната земја. Фронтменот Олег Псјук изјави дека бендот ќе објави на Инстаграм каде ќе се одржи турнејата. Тој додаде дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија. Фронтменот на групата Псјук, објави дека директно од ова музичко натпреварување заминал на фронт.

The post Победниците на „Евровизија“ на турнеја низ Европа за да собираат пари за војската и добротворните организации во Украина appeared first on Република.

]]>
„Ролинг стоунс“ ќе ја прослави 60-годишнината со европска турнеја во јуни и јули https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/roling-stouns-kje-ja-proslavi-60-godishninata-so-evropska-turneja-vo-juni-i-juli/ Mon, 14 Mar 2022 12:58:06 +0000 https://republika.mk/?p=472648

„Ролинг стоунс“ ќе ја прослави 60-годишнината со европска турнеја во јуни и јули. Наречена едноставно „Шеесет“, турнејата ќе има седум термини во јуни и исто толку во јули, а ќе почне на 1 јуни во Мадрид.

Концертите ќе се одржуваат исклучиво на стадиони или други големи отворени простори. Незапирливите британски рокери ќе бидат најблиску до Македонија на 15 јули, кога свират во Виена. Меѓу државите што ќе ги посетат се и Германија, Италија, Холандија, Белгија, Франција и Шведска.

По смртта на Чарли Вотс минатата година, на тапани повторно ќе биде Стив Џордан.

The post „Ролинг стоунс“ ќе ја прослави 60-годишнината со европска турнеја во јуни и јули appeared first on Република.

]]>

„Ролинг стоунс“ ќе ја прослави 60-годишнината со европска турнеја во јуни и јули. Наречена едноставно „Шеесет“, турнејата ќе има седум термини во јуни и исто толку во јули, а ќе почне на 1 јуни во Мадрид. Концертите ќе се одржуваат исклучиво на стадиони или други големи отворени простори. Незапирливите британски рокери ќе бидат најблиску до Македонија на 15 јули, кога свират во Виена. Меѓу државите што ќе ги посетат се и Германија, Италија, Холандија, Белгија, Франција и Шведска. По смртта на Чарли Вотс минатата година, на тапани повторно ќе биде Стив Џордан.

The post „Ролинг стоунс“ ќе ја прослави 60-годишнината со европска турнеја во јуни и јули appeared first on Република.

]]>
Red Hot Chili Peppers годинава се враќа на музичката сцена со нов албум и турнеја https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/red-hot-chili-peppers-godinava-se-vrakja-na-muzichkata-scena-so-nov-album-i-turneja/ Fri, 04 Feb 2022 13:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=454247

Red Hot Chili Peppers годинава се враќа на музичката сцена со нова музика. Имено, нивниот нов албум „Unlimited Love“ ќе биде објавен на 1 април и на него ќе се најдат 17 нови песни. Тоа што е интересно за овој албум е дека на него ќе свири и Џон Фрушанте, гитаристот којшто ја напушти групата во 2009 година за да се фокусира на соло проекти.

Нашата единствена цел е да се изгубиме во музиката. Поминавме илјадници часови заедно, но и индивидуално, усовршувајќи се за да го направиме најдобриот албум што можевме, велат од групата.

Тие наскоро тргнуваат на светска турнеја каде ќе го претстават новиот музички материјал. Европскиот дел од турнејата започнува на 4 јуни во Севиља, Шпанија.

Денес тие ја објавија песната „Black Summer“, која е првиот сингл од нивниот претстоен албум.

https://www.youtube.com/watch?v=OS8taasZl8k&t=116s

The post Red Hot Chili Peppers годинава се враќа на музичката сцена со нов албум и турнеја appeared first on Република.

]]>

Red Hot Chili Peppers годинава се враќа на музичката сцена со нова музика. Имено, нивниот нов албум „Unlimited Love“ ќе биде објавен на 1 април и на него ќе се најдат 17 нови песни. Тоа што е интересно за овој албум е дека на него ќе свири и Џон Фрушанте, гитаристот којшто ја напушти групата во 2009 година за да се фокусира на соло проекти.
Нашата единствена цел е да се изгубиме во музиката. Поминавме илјадници часови заедно, но и индивидуално, усовршувајќи се за да го направиме најдобриот албум што можевме, велат од групата.
Тие наскоро тргнуваат на светска турнеја каде ќе го претстават новиот музички материјал. Европскиот дел од турнејата започнува на 4 јуни во Севиља, Шпанија. Денес тие ја објавија песната „Black Summer“, која е првиот сингл од нивниот претстоен албум. https://www.youtube.com/watch?v=OS8taasZl8k&t=116s

The post Red Hot Chili Peppers годинава се враќа на музичката сцена со нов албум и турнеја appeared first on Република.

]]>
„Aeросмит“ повторно ја одложи европската турнеја https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/aerosmit-povtorno-ja-odlozi-evropskata-turneja/ Wed, 02 Feb 2022 10:38:36 +0000 https://republika.mk/?p=452890

Стивен Тајлер и рок-бендот „Аеросмит“ повторно ја одложија својата европска турнеја.

Концертите требаше да почнат во јуни оваа 2022 година, но од бендот одлучија и годинава да ги откажат настапите поради „постојаните ковид ограничувања и други проблеми“, но и за да ги заштитат своите обожаватели и екипата.

Длабоко жалиме што објавуваме дека нашата европска турнеја, закажана за јуни и јули 2022 година, е откажана. Продолжуваме да ја следиме ситуацијата со ковидот, поврзаната неизвесност за логистиката на патувањето, континуираното присуство на ковид ограничувањата и другите проблеми. Стана јасно дека нема да биде можно да продолжиме со нашите летни концерти во Европа. Здравјето, безбедноста и благосостојбата на нашите обожаватели се наш приоритет број еден. Ќе се вратиме во полна сила и се надеваме дека наскоро ќе ја објавиме таа возбудлива вест - се наведува во објавата на нивниот интернет сајт.

Рок-легендите веќе двапати ги одложија концертите, кои првично требаше да се одржат во 2020 година.

The post „Aeросмит“ повторно ја одложи европската турнеја appeared first on Република.

]]>

Стивен Тајлер и рок-бендот „Аеросмит“ повторно ја одложија својата европска турнеја. Концертите требаше да почнат во јуни оваа 2022 година, но од бендот одлучија и годинава да ги откажат настапите поради „постојаните ковид ограничувања и други проблеми“, но и за да ги заштитат своите обожаватели и екипата.