Туркменистан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turkmenistan/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Oct 2023 12:37:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Туркменистан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turkmenistan/ 32 32 Османи-Мередов: Соработката меѓу Центарот на ОБСЕ во Ашгабат со државните институции носи директен бенефит за луѓето во Туркменистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-meredov-sorabotkata-megu-tsentarot-na-obse-vo-ashgabat-so-drzhavnite-institutsii-nosi-direkten-benefit-za-lugeto-vo-turkmenistan/ Mon, 09 Oct 2023 12:37:35 +0000 https://republika.mk/?p=689560

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во рамки на својата посета на Туркменистан имаше средба со министерот за надворешни работи, Рашид Мередов со кого одржаа и заедничка прес-конференција.

Како што изјави Османи, на средбата со Мередов разговарале за теми од заеднички интерес поврзани со ОБСЕ, а се осврнале и на регионалните прашања што го засегаат Туркменистан и поширокиот регион на ОБСЕ.

ОБСЕ минува низ турбулентен период. Воената агресија на Русија против Украина продолжува да се заканува на целокупната стабилност на регионот на ОБСЕ, предизвикувајќи пред сè огромно човечко страдање. Тоа не само што ја загрозува работата на ОБСЕ, туку има силно влијание врз нашите земји оставајќи длабоки социо-економски последици за луѓето“, истакна Османи.

Регионот на Централна Азија, пак, исто така е погоден и од економската и социјалната нестабилност во Авганистан, уште една ситуација за која е потребен заеднички одговор во рамки на ОБСЕ за ублажување на ризиците, рече Османи.

ОБСЕ ќе продолжи да служи како единствена платформа за дијалог и ќе ги поддржи земјите-учеснички во справувањето со овие влијанија преку Рамката за акција на ОБСЕ како одговор на импликациите од ситуацијата во Авганистан за регионот на ОБСЕ“, истакна Османи на прес-конференцијата.

 

Османи и Мередов разговараа и за поддршката што Туркменистан ја добива преку Центарот на ОБСЕ во Ашгабат во насока на помош на земјата за борба против корупцијата, управувањето со граничната безбедност во насока на ефективно справување со прекуграничните предизвици, помош на ранливите групи, особено помош за сузбивање на родово базираното насилство.

Ова се само неколку од многуте области во кои соработката помеѓу теренската мисија на ОБСЕ со државните институции носи директен бенефит за луѓето во Туркменистан“, рече Османи.

Регионот на Централна Азија е еден од клучните региони на ОБСЕ и програмата на Претседавањето на Македонија со Организацијата во 2023 година посветува големо внимание на справувањето со ризиците со кои се соочува овој регион.

Петте земји од Централна Азија, Туркменистан, Таџикистан, Киргистан, Узбекистан и Казахстан минатата година одбележаа 30-годишнина како земји-учеснички на ОБСЕ.

The post Османи-Мередов: Соработката меѓу Центарот на ОБСЕ во Ашгабат со државните институции носи директен бенефит за луѓето во Туркменистан appeared first on Република.

]]>

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во рамки на својата посета на Туркменистан имаше средба со министерот за надворешни работи, Рашид Мередов со кого одржаа и заедничка прес-конференција. Како што изјави Османи, на средбата со Мередов разговарале за теми од заеднички интерес поврзани со ОБСЕ, а се осврнале и на регионалните прашања што го засегаат Туркменистан и поширокиот регион на ОБСЕ.
ОБСЕ минува низ турбулентен период. Воената агресија на Русија против Украина продолжува да се заканува на целокупната стабилност на регионот на ОБСЕ, предизвикувајќи пред сè огромно човечко страдање. Тоа не само што ја загрозува работата на ОБСЕ, туку има силно влијание врз нашите земји оставајќи длабоки социо-економски последици за луѓето“, истакна Османи. Регионот на Централна Азија, пак, исто така е погоден и од економската и социјалната нестабилност во Авганистан, уште една ситуација за која е потребен заеднички одговор во рамки на ОБСЕ за ублажување на ризиците, рече Османи. ОБСЕ ќе продолжи да служи како единствена платформа за дијалог и ќе ги поддржи земјите-учеснички во справувањето со овие влијанија преку Рамката за акција на ОБСЕ како одговор на импликациите од ситуацијата во Авганистан за регионот на ОБСЕ“, истакна Османи на прес-конференцијата.
  Османи и Мередов разговараа и за поддршката што Туркменистан ја добива преку Центарот на ОБСЕ во Ашгабат во насока на помош на земјата за борба против корупцијата, управувањето со граничната безбедност во насока на ефективно справување со прекуграничните предизвици, помош на ранливите групи, особено помош за сузбивање на родово базираното насилство.
Ова се само неколку од многуте области во кои соработката помеѓу теренската мисија на ОБСЕ со државните институции носи директен бенефит за луѓето во Туркменистан“, рече Османи.
Регионот на Централна Азија е еден од клучните региони на ОБСЕ и програмата на Претседавањето на Македонија со Организацијата во 2023 година посветува големо внимание на справувањето со ризиците со кои се соочува овој регион. Петте земји од Централна Азија, Туркменистан, Таџикистан, Киргистан, Узбекистан и Казахстан минатата година одбележаа 30-годишнина како земји-учеснички на ОБСЕ.

The post Османи-Мередов: Соработката меѓу Центарот на ОБСЕ во Ашгабат со државните институции носи директен бенефит за луѓето во Туркменистан appeared first on Република.

]]>
Османи ќе ги посети Киргистан и Туркменистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ke-gi-poseti-kirgistan-i-turkmenistan/ Mon, 02 Oct 2023 17:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=687220

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Макеоднија Бујар Османи ја продолжува посетата на земјите од Централна Азија (ЦА). После реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година, Османи од утре ќе престојува во дводневна посета на Киргистан, а наредната недела се очекува да го посети и Туркменистан, соопшти МНР.

За време на престојот во Бишкек, Киргистан, предвидени се средби со претседателот Садир Џапаров, министерот за надворешни работи, Женбек Кулубаев и претседателот на Парламентот, Нурланбек Шакиев. Османи во Бишкек покрај средбата со претставници на Програмската канцеларија на ОБСЕ, ќе реализира и средби со граѓанските организации од Киргистан, како и со претставници на ЕУ.

Соработката на теренските мисии на ОБСЕ во земјите од ЦА е од големо значење за ублажување на последиците од воената агресија на Русија врз Украина и намалувањето на безбедносните ризици на Киргистан и на Централна Азија како целина. Исто така, регионот на ЦА е директно изложен на последиците од хуманитарната криза и севкупната ситуација во Авганистан. Рамката за акција на ОБСЕ им помага на земјите-учеснички од регионот како одговор на импликациите на ситуацијата во Авганистан во насока на ублажување на ризиците за стабилноста на ЦА, др наведува во соопштението од МНР.

The post Османи ќе ги посети Киргистан и Туркменистан appeared first on Република.

]]>

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Макеоднија Бујар Османи ја продолжува посетата на земјите од Централна Азија (ЦА). После реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година, Османи од утре ќе престојува во дводневна посета на Киргистан, а наредната недела се очекува да го посети и Туркменистан, соопшти МНР. За време на престојот во Бишкек, Киргистан, предвидени се средби со претседателот Садир Џапаров, министерот за надворешни работи, Женбек Кулубаев и претседателот на Парламентот, Нурланбек Шакиев. Османи во Бишкек покрај средбата со претставници на Програмската канцеларија на ОБСЕ, ќе реализира и средби со граѓанските организации од Киргистан, како и со претставници на ЕУ. Соработката на теренските мисии на ОБСЕ во земјите од ЦА е од големо значење за ублажување на последиците од воената агресија на Русија врз Украина и намалувањето на безбедносните ризици на Киргистан и на Централна Азија како целина. Исто така, регионот на ЦА е директно изложен на последиците од хуманитарната криза и севкупната ситуација во Авганистан. Рамката за акција на ОБСЕ им помага на земјите-учеснички од регионот како одговор на импликациите на ситуацијата во Авганистан во насока на ублажување на ризиците за стабилноста на ЦА, др наведува во соопштението од МНР.

The post Османи ќе ги посети Киргистан и Туркменистан appeared first on Република.

]]>
Фамилијарен бизнис: Синот на актуелниот претседател победи на претседателските избори во Туркменистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/familijaren-biznis-sinot-na-aktuelniot-pretsedatel-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-turkmenistan/ Tue, 15 Mar 2022 09:00:24 +0000 https://republika.mk/?p=473002

Сердар Бердимухамедов, синот на актуелниот претседател на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, како кандидат на владејачката Демократска партија на Туркменистан победи на претседателските избори во земјата.

Централната изборна и референдумската комисија на земјата соопшти дека Сердар освоил 72,97 отсто од гласовите на избирачите.

Во согласност со член 76 од Изборниот законик на Туркменистан и врз основа на одлука на Централната изборна комисија од 14 март 2022 година, вицепремиерот на Туркменистан Сердар Гурбангули Бердимухамедов е назначен за претседател на Туркменистан со освоени 72,9 отсто од гласоците - се наведува во соопштението на Изборната комисија.

Комисијата потсетува дека на претседателските избори одржани на 12 март, гласале околу 3.362.052 лица или 97,17 отсто од запишаните избирачи.

На претседателските избори учествуваа девет кандидати, од кои осум добија од 1,08 до 2,22 отсто од гласовите.

The post Фамилијарен бизнис: Синот на актуелниот претседател победи на претседателските избори во Туркменистан appeared first on Република.

]]>

Сердар Бердимухамедов, синот на актуелниот претседател на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, како кандидат на владејачката Демократска партија на Туркменистан победи на претседателските избори во земјата. Централната изборна и референдумската комисија на земјата соопшти дека Сердар освоил 72,97 отсто од гласовите на избирачите.
Во согласност со член 76 од Изборниот законик на Туркменистан и врз основа на одлука на Централната изборна комисија од 14 март 2022 година, вицепремиерот на Туркменистан Сердар Гурбангули Бердимухамедов е назначен за претседател на Туркменистан со освоени 72,9 отсто од гласоците - се наведува во соопштението на Изборната комисија.
Комисијата потсетува дека на претседателските избори одржани на 12 март, гласале околу 3.362.052 лица или 97,17 отсто од запишаните избирачи. На претседателските избори учествуваа девет кандидати, од кои осум добија од 1,08 до 2,22 отсто од гласовите.

The post Фамилијарен бизнис: Синот на актуелниот претседател победи на претседателските избори во Туркменистан appeared first on Република.

]]>
Ќе премине ли власта од таткото кај синот: Туркменистан на 12 март ќе одржи предвремени претседателски избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kje-premine-li-vlasta-od-tatkoto-kaj-sinot-turkmenistan-na-12-mart-kje-odrzi-predvremeni-pretsedatelski-izbori/ Sat, 12 Feb 2022 13:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=457571

Долниот дом на туркменистанскиот Парламент усвои резолуција за одржување на предвремени претседателски избори на 12 март.

Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, во Горниот дом на Парламентот изјави дека донел „тешка одлука“ и оти е подготвен да ја препушти власта на новата генерација.

Неговата изјава дека земјата треба да ја водат млади луѓе сугерира дека на местото на Бердимухамедов ќе дојде неговиот син Сердар.

Сердар Бердимухамедов досега извршуваше повеќе владини функции, а сега е заменик-претседател на Владата на Туркменистан.

The post Ќе премине ли власта од таткото кај синот: Туркменистан на 12 март ќе одржи предвремени претседателски избори appeared first on Република.

]]>

Долниот дом на туркменистанскиот Парламент усвои резолуција за одржување на предвремени претседателски избори на 12 март. Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, во Горниот дом на Парламентот изјави дека донел „тешка одлука“ и оти е подготвен да ја препушти власта на новата генерација. Неговата изјава дека земјата треба да ја водат млади луѓе сугерира дека на местото на Бердимухамедов ќе дојде неговиот син Сердар. Сердар Бердимухамедов досега извршуваше повеќе владини функции, а сега е заменик-претседател на Владата на Туркменистан.

The post Ќе премине ли власта од таткото кај синот: Туркменистан на 12 март ќе одржи предвремени претседателски избори appeared first on Република.

]]>