туристички такси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turistichki-taksi/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Nov 2023 09:06:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png туристички такси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turistichki-taksi/ 32 32 Ќе поскапат ли летувањата? Грција ги зголемува туристичките такси https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ke-poskapat-li-letuvanata-grtsija-gi-zgolemuva-turistichkite-taksi/ Fri, 24 Nov 2023 09:06:43 +0000 https://republika.mk/?p=715768

Грчката влада има намера да ги зголеми туристичките такси и очекуваниот приход од 600 милиони евра да ги насочи кон фондот за поправка на штетите предизвикани од климатските промени, изјави премиерот Киријакос Мицотакис.

Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартмани ќе се зголеми од 0,50 на 1,50 евра за ноќ, објавија медиумите, а за ноќевања во хотели со пет ѕвезди од четири на десет евра од ноќевање.

Премиерот изјави дека нивни приоритети во планот за брза помош ќе бидат „најбрза можна мобилизација за спасување животи во катастрофите со кои ќе се соочиме во иднина, обезбедување финансиски средства и сеопфатен одбранбен план против климатската криза“.

Грција и оваа година беше опустошена од големи пожари, принудувајќи ги властите во јули да евакуираат илјадници туристи од островот Родос за само неколку часа.

Мицотакис рече и дека владата има намера да обезбеди 3,3 милијарди евра за санирање на штетите предизвикани од поплавите во Тесалија летово. Парите треба да се добијат од фондовите на Европската унија и од буџетот.

Обилните дождови на почетокот на септември предизвикаа поплави во Тесалија, во кои загинаа 17 лица. Угинаа десетици илјади животни, а уништени се куќи, патишта, мостови, земјоделско земјиште и посеви.

 

The post Ќе поскапат ли летувањата? Грција ги зголемува туристичките такси appeared first on Република.

]]>

Грчката влада има намера да ги зголеми туристичките такси и очекуваниот приход од 600 милиони евра да ги насочи кон фондот за поправка на штетите предизвикани од климатските промени, изјави премиерот Киријакос Мицотакис. Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартмани ќе се зголеми од 0,50 на 1,50 евра за ноќ, објавија медиумите, а за ноќевања во хотели со пет ѕвезди од четири на десет евра од ноќевање. Премиерот изјави дека нивни приоритети во планот за брза помош ќе бидат „најбрза можна мобилизација за спасување животи во катастрофите со кои ќе се соочиме во иднина, обезбедување финансиски средства и сеопфатен одбранбен план против климатската криза“. Грција и оваа година беше опустошена од големи пожари, принудувајќи ги властите во јули да евакуираат илјадници туристи од островот Родос за само неколку часа. Мицотакис рече и дека владата има намера да обезбеди 3,3 милијарди евра за санирање на штетите предизвикани од поплавите во Тесалија летово. Парите треба да се добијат од фондовите на Европската унија и од буџетот. Обилните дождови на почетокот на септември предизвикаа поплави во Тесалија, во кои загинаа 17 лица. Угинаа десетици илјади животни, а уништени се куќи, патишта, мостови, земјоделско земјиште и посеви.  

The post Ќе поскапат ли летувањата? Грција ги зголемува туристичките такси appeared first on Република.

]]>
Венеција, Валенсија и Барселона ќе воведат нови туристички даноци во 2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/venetsija-valensija-i-barselona-ke-vovedat-novi-turistichki-danotsi-vo-2023/ Tue, 28 Feb 2023 11:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=614194

Венеција, Валенсија и Барселона ќе воведат нови туристички даноци во 2023 година, потег за кој некои туристички организации предупредуваат дека може да и наштети на туристичката индустрија.

Воведувањето на туристичката такса е обид да се ограничи „прекумерниот туризам“, пренесува „Еуроактив“ на српски.

Стапката, наречена Европски систем за информации и овластување за патување, ќе важи за оние кои ќе ја посетат Шенген зоната од ноември оваа година. Сите туристи кои не се членки на ЕУ ќе треба да платат 7 евра за безвизен влез – и тоа ќе треба да се обновува на секои три години.

Се поголем број шпански региони наплаќаат и за секоја ноќ помината во хотелско сместување, додека Валенсија ќе воведе сосема нова туристичка такса на крајот на годината. Барселона, главниот град на Каталонија, веќе има во сила данок за посетители, но тој ќе се зголеми оваа година. Претседателот на провинцискиот совет на Малага, Франциско Саладо, се изјасни против данокот на ЕУ и рече дека туризмот е економскиот мотор на Малага и Андалузија и го критикуваше потенцијалниот данок.

Како што рече, тоа може да биде голем проблем за Шпанија. Други градови низ Европа веќе имаат ноќни такси за посетители, како Прага, Берлин, Хамбург, Будимпешта и Амстердам, пренесува Танјуг.

 

 

 

The post Венеција, Валенсија и Барселона ќе воведат нови туристички даноци во 2023 appeared first on Република.

]]>

Венеција, Валенсија и Барселона ќе воведат нови туристички даноци во 2023 година, потег за кој некои туристички организации предупредуваат дека може да и наштети на туристичката индустрија.
Воведувањето на туристичката такса е обид да се ограничи „прекумерниот туризам“, пренесува „Еуроактив“ на српски. Стапката, наречена Европски систем за информации и овластување за патување, ќе важи за оние кои ќе ја посетат Шенген зоната од ноември оваа година. Сите туристи кои не се членки на ЕУ ќе треба да платат 7 евра за безвизен влез – и тоа ќе треба да се обновува на секои три години. Се поголем број шпански региони наплаќаат и за секоја ноќ помината во хотелско сместување, додека Валенсија ќе воведе сосема нова туристичка такса на крајот на годината. Барселона, главниот град на Каталонија, веќе има во сила данок за посетители, но тој ќе се зголеми оваа година. Претседателот на провинцискиот совет на Малага, Франциско Саладо, се изјасни против данокот на ЕУ и рече дека туризмот е економскиот мотор на Малага и Андалузија и го критикуваше потенцијалниот данок. Како што рече, тоа може да биде голем проблем за Шпанија. Други градови низ Европа веќе имаат ноќни такси за посетители, како Прага, Берлин, Хамбург, Будимпешта и Амстердам, пренесува Танјуг.      

The post Венеција, Валенсија и Барселона ќе воведат нови туристички даноци во 2023 appeared first on Република.

]]>