туристички места Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turistichki-mesta/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 09:55:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png туристички места Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turistichki-mesta/ 32 32 Вонредни инспекции низ туристичките места, затворени објекти и уништени 8,7 тони храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vonredni-inspektsii-niz-turistichkite-mesta-zatvoreni-objekti-i-unishteni-8-7-toni-hrana/ Mon, 22 Jul 2024 09:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=799144

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во периодот од 16 до 19 јули спроведоа вонредни засилени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени - кетеринг објекти, месарници и маркети) во туристичките центри Дојран, Охрид, Струга и Преспа со кои беа опфатени 112 објекти. При тоа беа изречени 54 глоби на 54 оператори со храна, од кои на осум им беше изречена забрана за работа до отстранување на констатираните недоследности.

Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на активностите согласно регистрацијата на операторите со храна. Во услови на високи надворешни температури, акцент со контролите беше ставен на условите на чување и складирање на производите и роковите на употребливост на храната, соопшти АХВ.

Со контролите, се посочува во соопштението, беше утврдено неисполнување на општите и посебните хигиенски барања во сите фази на производство ,преработка и дистрибуција на храна, неимплементирање на сите процедури на ДПП/ДХП базирани на НАССР принципите, храна со поминат рок на употреба, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна и подзаконските акти според кои ваквите производи се прогласуваат за небезбедни за човечка употреба и нештетно се уништуваат.

Од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари констатирана беше и работа на објекти - оператори со храна кои не се регистрирани или одобрени за работа од страна на АХВ, поради што беа изречени мерки забрана за работа, а затекнатите производи беа забранети за промет и нештетно уништени. Утврдени беа и лоши инфраструктурни и хигиенски услови во кујните, производствените простории, за што некои оператори добија времена мерка забрана за работа, се наведува во соопштението.

Како што нагласуваат од АХВ, од промет беа отстранети 8.700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена.

Од АХВ најавуваат дека и во наредниов период ќе продолжат со спроведување на вонредни контроли и во другите туристички центри, а поради високите температури, како што велат, на сила останува мерката за засилени контроли кај операторите со храна на целата територија на земјава.

The post Вонредни инспекции низ туристичките места, затворени објекти и уништени 8,7 тони храна appeared first on Република.

]]>

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во периодот од 16 до 19 јули спроведоа вонредни засилени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени - кетеринг објекти, месарници и маркети) во туристичките центри Дојран, Охрид, Струга и Преспа со кои беа опфатени 112 објекти. При тоа беа изречени 54 глоби на 54 оператори со храна, од кои на осум им беше изречена забрана за работа до отстранување на констатираните недоследности.
Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на активностите согласно регистрацијата на операторите со храна. Во услови на високи надворешни температури, акцент со контролите беше ставен на условите на чување и складирање на производите и роковите на употребливост на храната, соопшти АХВ.
Со контролите, се посочува во соопштението, беше утврдено неисполнување на општите и посебните хигиенски барања во сите фази на производство ,преработка и дистрибуција на храна, неимплементирање на сите процедури на ДПП/ДХП базирани на НАССР принципите, храна со поминат рок на употреба, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна и подзаконските акти според кои ваквите производи се прогласуваат за небезбедни за човечка употреба и нештетно се уништуваат.
Од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари констатирана беше и работа на објекти - оператори со храна кои не се регистрирани или одобрени за работа од страна на АХВ, поради што беа изречени мерки забрана за работа, а затекнатите производи беа забранети за промет и нештетно уништени. Утврдени беа и лоши инфраструктурни и хигиенски услови во кујните, производствените простории, за што некои оператори добија времена мерка забрана за работа, се наведува во соопштението.
Како што нагласуваат од АХВ, од промет беа отстранети 8.700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена. Од АХВ најавуваат дека и во наредниов период ќе продолжат со спроведување на вонредни контроли и во другите туристички центри, а поради високите температури, како што велат, на сила останува мерката за засилени контроли кај операторите со храна на целата територија на земјава.

The post Вонредни инспекции низ туристичките места, затворени објекти и уништени 8,7 тони храна appeared first on Република.

]]>
Изменет законот за недела неработен ден: Сите трговци во туристичките места ќе може да работат во недела и на празници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/izmenet-zakonot-za-nedela-neraboten-den-site-trgovci-vo-turistichkite-mesta-kje-moze-da-rabotat-vo-nedela-i-na-praznici/ Mon, 27 Jun 2022 14:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=520359

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши.

Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.

Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти - објави министерот.

Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми по царинските контролни точки и на цветните пазари, им се дава можност да работат во ден недела и на празници.

Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

The post Изменет законот за недела неработен ден: Сите трговци во туристичките места ќе може да работат во недела и на празници appeared first on Република.

]]>

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши. Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.
Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти - објави министерот.
Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми по царинските контролни точки и на цветните пазари, им се дава можност да работат во ден недела и на празници. Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

The post Изменет законот за недела неработен ден: Сите трговци во туристичките места ќе може да работат во недела и на празници appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Со законските измени во туристичките места ќе може да се работи и недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-so-zakonskite-izmeni-vo-turistichkite-mesta-kje-moze-da-se-raboti-i-nedela/ Sun, 22 May 2022 11:39:35 +0000 https://republika.mk/?p=505466

Работа во недела и во трговијата на мало и на големо во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за трговија, кои се во Собраниска процедура, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, пред денешната средба во Охрид со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, по што направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија.

Целта, посочи, е сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност.

Имајќи ги предвид податоците за првите месеци, посебно во првиот квартал во делот на зголемување на туристите и тоа што е најавено во текот на летото кога има резервации согласно податоците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за странски туристи кои ќе ја посетат Македонија, посебно регионот на Охрид и на Струга, истакна Бектеши.

Примената на новото законско решение очекува да почне најдоцна за две недели, по Собраниските процедури и излегувањето во Службен весник.

Министерството за економија и Владата ќе продолжат со мерки за поттикнување и на домашниот и на странскиот туризам. Со ребалансот на Буџетот предвидени се 15 милиони денари за продолжиме со мерката за доделување ваучери за вработените со ниски приходи. На тој начин ќе овозможиме зголемување на бројот на домашни туристи, а со мерките на АППТ ќе продолжиме и со чартер летови да поттикнеме што повеќе странски туристи да го посетат овој регион, изјави министерот за економија.

Според него, дуќанџиите во туристичките места, ќе може да работат во текот на целата година, согласно одредбите во Законот и согласно Законот за туристичка дејност.

Во законското решение не е утврдено до кога ќе важи. Наведено е во сите туристички места и тоа може да важи и цела година. Дуќанџиите нема што да се плашат, ние тоа сме го ветиле и Законот за работни односи и Законот за трговија во делот на недела неработен ден и кога беше усвоен беше најавено дека во туристичките места ќе може да се работи и во недела во зависност од сезоната. Ние сега даваме простор да биде преку цела година во зависнот од тоа како ќе бидат и барањата, но ќе имаме поголем простор за да можеме да одлучуваме, рече Бектеши.

Законското решение, нагласи, било донесено во инклузивен процес и тогаш е најавено дека во туристичките места ќе се дозволи работа и во недела, имајќи предвид дека токму во викенди има повеќе туристи, а вработените треба добијат 100 отсто поголема дневница

Како што е наведено за шопинг моловите, посебно во Скопје и во други градови, сите тие работници кои ќе работат во недела, согласно ова законско решение, ќе добијат дневници зголемени 100 проценти. Тоа ќе важи за сите тие што ќе одлучат да ги отворат нивните продавници во недела и во Охрид и во Струга и во другите туристички места. Сите работници кои ќе сакаат да работат и во недела, ќе добијат дневници поголеми за 100 посто, а тие што се одредуваат согласно Законот за работни односи ќе добиваат 50 проценти, изјави министерот Бектеши.

Претседателката на здружението „Чаршиски еснаф“ од Охрид, Маја Бакалова ги поздрави законските измени, со надеж за нивно брзо усвојување и следната недела да може да ги отворат дуќаните за посетителите.

Туристичката сезона е почната ние сме затворени, се надеваме дека од следната недела веќе ќе можеме да бидеме отворени. Досега претрпевме големи штети овие пет месеци што не работевме, но се надеваме дека според најавите ова ќе биде многу јака туристичка сезона и со работа во недела и празници ќе успееме да дојдеме до позитивна нула, рече Бакалова, нагласувајќи дека повисоките дневници и слободен ден за вработените не биле проблем, бидејќи и претходно тоа го применувале

The post Бектеши: Со законските измени во туристичките места ќе може да се работи и недела appeared first on Република.

]]>

Работа во недела и во трговијата на мало и на големо во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за трговија, кои се во Собраниска процедура, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, пред денешната средба во Охрид со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, по што направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија. Целта, посочи, е сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност.