туристичка понуда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turistichka-ponuda/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 09:56:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png туристичка понуда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turistichka-ponuda/ 32 32 АППТ: Македонски туристички производи промовирани на светската туристичка берза ИТБ Берлин 2024 https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-makedonski-turistichki-proizvodi-promovirani-na-svetskata-turistichka-berza-itb-berlin-2024/ Wed, 06 Mar 2024 09:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=751825

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година од 5ти до 7ми март, заедно со туристичкиот сектор се дел од интернационалната саемска манифестација ИТБ Берлин 2024. Светската туристичка берза ИТБ Берлин ги отвори вратите за илјадници туристички посетители кои нудат атрактивни и иновативни туристички продукти со фокус на одржливи туристички дестинации, а со тоа и поддршка на локалното производство и локалната економија.

Македонските туроператори Фибула, Бадемтур, Експириенс Балкан, ДМЦ Балкан, Маседониа Експириенс, Виш-ко и хотелијерите Ресорт Маврово, Хотел Тино Охрид, ТАВ Македонија, АБЦ рент а кар со конкурентна понуда и услуги ги промовираат можностите кои ги нуди Македонија на туристите од Германија. Германскиот туристички пазар станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 35000 туристички посети за 2023г.

На репрезентативниот штанд кој ги отсликува туристичките дестинации во земјава директорката на Агенцијата за туризам, м-р Јасмина Лескаровска потпиша Меморандум за соработка со цел да ја обновиме комуникацијата со германската организација “ASR”- Алијанса на независни туристички трговци која ги застапува интересите на самовработените средни бизниси во германската туристичка економија, со главниот фокус на основање на меѓународни партнерства. Потпишан е Меморандум на соработка со германската организација “FAR”- водечка мрежа на германски тур-оператори посветени на одржливост на дестинациите. Соработката е во насока на организирање на информативно патување во Македонија за сите заинтересирани туроператори од Германија кои ќе ја вклучат нашата дестинација во туристичките понуди за германските туристи. Благодарност до Швајцарската програма за промоција на извозот (SIPPO) за поддршката и отворената соработка за зајакнување на капацитетите и остварување на комуникација со туристичките ентитети од Германија.

Со својата единствена разновидност и учество на 180 земји и региони, со 5600 излагачи во повеќе од 23 хали ИТБ Берлин го покрива целиот синџир на туристички понуди. Сите учесници имаат силно влијание во туризмот кои ги рефлектираат најважните актуелни понуди кои оваа година ќе го вратат и надминат туризмот како глобален феномен.акедонскиот туристички производ во балтичките земји. Работен состанок и запознавање Лескаровска оствари со Марија Лабовиќ, директор на туристичката организација на Србија. Туристичка размена во рамките на “Отворен Балкан” и можностите за промоција на регионот, реализација на проекти за одржливи дестинации се дел од темите за кои се разговараше, а од кои се очекува конкретни резултати во периодот што следи.

Македонскиот изложбен простор беше посетен од македонскиот амбасадор во Берлин, г-дин Илбер Села, Аганијата за туризам искажува благодарност за одличната логистика и соработка со амасадата за зајакнета туристичка промоција на Македонија на германскиот туристички пазар.

The post АППТ: Македонски туристички производи промовирани на светската туристичка берза ИТБ Берлин 2024 appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година од 5ти до 7ми март, заедно со туристичкиот сектор се дел од интернационалната саемска манифестација ИТБ Берлин 2024. Светската туристичка берза ИТБ Берлин ги отвори вратите за илјадници туристички посетители кои нудат атрактивни и иновативни туристички продукти со фокус на одржливи туристички дестинации, а со тоа и поддршка на локалното производство и локалната економија. Македонските туроператори Фибула, Бадемтур, Експириенс Балкан, ДМЦ Балкан, Маседониа Експириенс, Виш-ко и хотелијерите Ресорт Маврово, Хотел Тино Охрид, ТАВ Македонија, АБЦ рент а кар со конкурентна понуда и услуги ги промовираат можностите кои ги нуди Македонија на туристите од Германија. Германскиот туристички пазар станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 35000 туристички посети за 2023г. На репрезентативниот штанд кој ги отсликува туристичките дестинации во земјава директорката на Агенцијата за туризам, м-р Јасмина Лескаровска потпиша Меморандум за соработка со цел да ја обновиме комуникацијата со германската организација “ASR”- Алијанса на независни туристички трговци која ги застапува интересите на самовработените средни бизниси во германската туристичка економија, со главниот фокус на основање на меѓународни партнерства. Потпишан е Меморандум на соработка со германската организација “FAR”- водечка мрежа на германски тур-оператори посветени на одржливост на дестинациите. Соработката е во насока на организирање на информативно патување во Македонија за сите заинтересирани туроператори од Германија кои ќе ја вклучат нашата дестинација во туристичките понуди за германските туристи. Благодарност до Швајцарската програма за промоција на извозот (SIPPO) за поддршката и отворената соработка за зајакнување на капацитетите и остварување на комуникација со туристичките ентитети од Германија. Со својата единствена разновидност и учество на 180 земји и региони, со 5600 излагачи во повеќе од 23 хали ИТБ Берлин го покрива целиот синџир на туристички понуди. Сите учесници имаат силно влијание во туризмот кои ги рефлектираат најважните актуелни понуди кои оваа година ќе го вратат и надминат туризмот како глобален феномен.акедонскиот туристички производ во балтичките земји. Работен состанок и запознавање Лескаровска оствари со Марија Лабовиќ, директор на туристичката организација на Србија. Туристичка размена во рамките на “Отворен Балкан” и можностите за промоција на регионот, реализација на проекти за одржливи дестинации се дел од темите за кои се разговараше, а од кои се очекува конкретни резултати во периодот што следи. Македонскиот изложбен простор беше посетен од македонскиот амбасадор во Берлин, г-дин Илбер Села, Аганијата за туризам искажува благодарност за одличната логистика и соработка со амасадата за зајакнета туристичка промоција на Македонија на германскиот туристички пазар.

The post АППТ: Македонски туристички производи промовирани на светската туристичка берза ИТБ Берлин 2024 appeared first on Република.

]]>
Турците ќе ги укинуваат „ол инклузив“ понудите? https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/turtsite-ke-gi-ukinuvaat-ol-inkluziv-ponudite/ Thu, 14 Dec 2023 07:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=722574

Претставници на турската туристичка индустрија предлагаат да се преразгледа системот „ол инклузив“ (all inclusive) во некои хотели. Во вакви случаи се предвидува туристите да можат да бираат за која храна и пијалоци ќе платат, пишува турскиот весник „Туризам газетеси“.

Генерално, на многу места ќе остане системот „ол инклузив“.

Шефот на Медитеранската асоцијација на хотелиери и тур-оператори (АКТОВ) Каан Чавалоглу ја потенцираше неопходноста од оваа иницијатива со зголемените трошоци во однос на сложената економска ситуација во Турција, како и со создавањето на нови видови услуги со пониски цени за туристите.

Предложениот модел, условно наречен „плати онолку колку што користиш“, првенствено е насочен кон безалкохолната верзија на „ол инклузив“.

Во Турција има хотели со безалкохолен „ол инклузив“ систем, а во последните години се продаваат многу вакви пакети, вклучително и на рускиот пазар. Овој тип на пакети е главно ориентиран кон семејни одмори.

Според туроператорите, одморите во Турција со безалкохолна верзија на системот „ол инклузив“ се седум до десет отсто поевтини од вообичаеното. Сè уште не е јасно колку поекономичен ќе биде форматот „плати толку колку ќе искористиш“ во споредба со традиционалните пакети.

The post Турците ќе ги укинуваат „ол инклузив“ понудите? appeared first on Република.

]]>

Претставници на турската туристичка индустрија предлагаат да се преразгледа системот „ол инклузив“ (all inclusive) во некои хотели. Во вакви случаи се предвидува туристите да можат да бираат за која храна и пијалоци ќе платат, пишува турскиот весник „Туризам газетеси“. Генерално, на многу места ќе остане системот „ол инклузив“. Шефот на Медитеранската асоцијација на хотелиери и тур-оператори (АКТОВ) Каан Чавалоглу ја потенцираше неопходноста од оваа иницијатива со зголемените трошоци во однос на сложената економска ситуација во Турција, како и со создавањето на нови видови услуги со пониски цени за туристите. Предложениот модел, условно наречен „плати онолку колку што користиш“, првенствено е насочен кон безалкохолната верзија на „ол инклузив“. Во Турција има хотели со безалкохолен „ол инклузив“ систем, а во последните години се продаваат многу вакви пакети, вклучително и на рускиот пазар. Овој тип на пакети е главно ориентиран кон семејни одмори. Според туроператорите, одморите во Турција со безалкохолна верзија на системот „ол инклузив“ се седум до десет отсто поевтини од вообичаеното. Сè уште не е јасно колку поекономичен ќе биде форматот „плати толку колку ќе искористиш“ во споредба со традиционалните пакети.

The post Турците ќе ги укинуваат „ол инклузив“ понудите? appeared first on Република.

]]>
Битола прв град на Балканот со туристичка понуда за лица со попреченост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitola-prv-grad-na-balkanot-so-turistichka-ponuda-za-litsa-so-poprechenost/ Sat, 07 Jan 2023 09:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=594341

Здружението на лица со телесен инвалидитет од Битола, Демир Хисар и Ресен-МОБИЛНОСТ и Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење ГАУС Институт-Битола, со проект поддржан од ЕУ, изработија алатки за пристапен туризам, наменети за лицата со попреченост.

Битола е прв град на Балканот со туристичка понуда за лица со попреченост и тоа ќе овозможи во наредниот период да се зголеми посетата во градот од државата и од странство, и да се информираат за најважните културно-историски споменици и објекти во Битола.

– За лицата со попреченост изработени се туристичка сигналитика за десет најзначајни културно-историски споменици во Битола, наменета за лица со попречености и тие веќе се предадени на Општина Битола да ги постави на пристапни локации пред соодветните знаменитости. Изработена е апликација за мобилни уреди, туристички водич за Битола за лица со попречености и печатен туристички водич за Битола за слепи лица и лица со оштетен вид. Инвалидитет, инвалидност или попреченост, привремено или трајно, може да има секој од нас. Сепак, бројни примери од светот покажуваат дека попреченоста не е никаква пречка за „нормален“ живот, особено денес, кога со помош на технологијата, со минимални интервенции, може да се постигне и да се примени универзален дизајн. Дизајн, како што кажува самото име, наменет за сите. Тој дизајн треба да ни биде заедничка цел, а таа цел е достижна, само ако соработуваме и делуваме заедно. Впрочем, така гласи и нашето мото во целиот свет – Ништо за нас, без нас!, вели примариус Нико Јанков, претседател на здружението Мобилност-Битола.

Проектот „Алтернативно туристичко искуство – Алтернативно патување“, кој МОБИЛНОСТ Битола го имплементира во рамки на ИПА Интеррег Програма за прекугранична соработка „Грција-Македонија 2014-2020“ и е ко-финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички. Целта на проектот е да мотивира трансформација на една територија во инклузивна и пристапна туристичка дестинација, како и да го поддржи одржливиот развој на туризмот за природното и културното наследство во прекуграничниот регион.

– Во светот глобален тренд е инклузијата на лицата со попреченост, односно да не се одделуваат од средината, туку средината да им биде пристапна и во таа смисла пристапниот туризам е голема новина на светско ниво и притоа светските туристички центри наоѓаат начин да го овозможат целосно или делумно се што е видливо и достапно да биде можно и за лицата со попречености. Битола е првиот град во државата и на Балканот со ваква организирана туристичка понуда, посочи идејниот творец и проектант на алатките, универзитетскиот професор Игор Неделковски од ГАУС Институт-Битола.

Тактилните табли ќе бидат поставени пред градската Саат Кула, Храм Свети Димитрија, Исак Џамија, Католичка Црква, Музејот, Хераклеја и други објекти и институции во Битола кои предизвикуваат најголем интерес кај посетители од државата и странство.

-Сите ние имаме исти потреби, а една од нив е и потребата да патуваме и откриваме нови места. Од друга страна пак, пречките т.е. бариерите не се исти за сите. За некои најобична скала е едно големо СТОП, кое ја оневозможува посетата на некој објект или локација. Истото важи и за непостоењето на соодветни информации и содржини или несоодветниот начин на нивна презентација. Битола е пожелна дестинација за многу посетители и наша задача како домаќини е да отстраниме што е можно повеќе од бариерите и да ја направиме посетата на градот пријатно искуство за секој, вели м-р Јове Парговски, изработувач на алатките.

Тој нагласува дека еден од трендовите на светско ниво во областа на туризмот се само-водечките тури, во кои мобилниот телефон е ваш водич низ посакуваната дестинација.

-Скоро сите ние денес користиме паметни мобилни телефони, кои со можностите кои ги нудат се далеку повеќе од телефон, т.е може слободно да се класифицираат како персонални уреди кои буквално ги носиме секаде со нас, кои добро ги познаваме и сме навикнати на нив. Во случајот со самоводечките тури, тие може да послужат како наш личен водич, кој по преземањето на апликацијата и избирањето на соодветната тура не води низ нашето патување. Во случајот тоа е турата „Битола – тура низ центарот на градот“ поставена на апликацијата izi.Travel, додава тој.

Парговски појаснува дека турата почнува пред Музејот и по Широк Сокак го води посетителот до останатите културно историски споменици. Штом корисникот се доближи до одреден објект, апликацијата ја знае неговата локација и автоматски се активира аудио нарација на македонски или англиски јазик. За лицата со оштетен слух употребени се видеа на знаковен јазик, со што оваа тура им се прави пристапна и ним, а воедно за секој објект се поставени и информации во однос на физичката пристапност до истиот. -За слепите лица се изработени водичи на Браево писмо со имплементирани тактилни слики, а особено горди сме на металните тактилни паноа, кои треба да се постават пред секој објект, вели тој.

Металните тактилни паноа се изработени од нерѓосувачки челик и на нив е поставена тактилна слика, најчесто предната фасада на објектот и текст на Браево писмо на македонски и англиски јазик. Имајќи предвид дека само околу шест проценти од слепите лица знаат да читаат Браево, се препорачува повторно користењето на претходно споменатата апликација, каде описите се поставени во облик на аудио нарации.

-На овој начин, турата успеавме да ја направиме теоретски пристапна за 100 отсто од слепите лица, кои доволно е само да поседуваат најобичен паметен телефон, а од друга страна се отвора и можноста за понатамошно унапредување на овој пристап. Имено, доколку би постоела патека за слепи лица по Широк Сокак, на овој начин е можно и нивно самостојно движење по главната пешачка улица во Битола. Со дополнителна употреба на NFC тагови во поединечните објекти и институции, се отвара и можноста за навигација и самостојно движење и низ затворени објекти, нешто што воопшто не е скап процес и за што се надевам дека ќе го успееме да го реализираме за брзо време, појасни Парговски, изработувач на алатките.

Најголемо задоволство од реализацијата на овој проект и неговата функционалност имаат членовите на Здружението на слепи лица-Битола и здруженија од други градови за што потврдата стигна токму од нивната членка Весна Софронијевска која смета дека сега во Битола има одлични можности за посета на градот и од слепи лица кои досега само слушале за импозантните културно историски објекти и споменици во овој град и затоа заедно со тимот на реализатори на проектот повикува на поголема посетеност од страна на лицата со попреченост од државата и странство да дојдат во Битола.

The post Битола прв град на Балканот со туристичка понуда за лица со попреченост appeared first on Република.

]]>

Здружението на лица со телесен инвалидитет од Битола, Демир Хисар и Ресен-МОБИЛНОСТ и Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење ГАУС Институт-Битола, со проект поддржан од ЕУ, изработија алатки за пристапен туризам, наменети за лицата со попреченост. Битола е прв град на Балканот со туристичка понуда за лица со попреченост и тоа ќе овозможи во наредниот период да се зголеми посетата во градот од државата и од странство, и да се информираат за најважните културно-историски споменици и објекти во Битола. – За лицата со попреченост изработени се туристичка сигналитика за десет најзначајни културно-историски споменици во Битола, наменета за лица со попречености и тие веќе се предадени на Општина Битола да ги постави на пристапни локации пред соодветните знаменитости. Изработена е апликација за мобилни уреди, туристички водич за Битола за лица со попречености и печатен туристички водич за Битола за слепи лица и лица со оштетен вид. Инвалидитет, инвалидност или попреченост, привремено или трајно, може да има секој од нас. Сепак, бројни примери од светот покажуваат дека попреченоста не е никаква пречка за „нормален“ живот, особено денес, кога со помош на технологијата, со минимални интервенции, може да се постигне и да се примени универзален дизајн. Дизајн, како што кажува самото име, наменет за сите. Тој дизајн треба да ни биде заедничка цел, а таа цел е достижна, само ако соработуваме и делуваме заедно. Впрочем, така гласи и нашето мото во целиот свет – Ништо за нас, без нас!, вели примариус Нико Јанков, претседател на здружението Мобилност-Битола. Проектот „Алтернативно туристичко искуство – Алтернативно патување“, кој МОБИЛНОСТ Битола го имплементира во рамки на ИПА Интеррег Програма за прекугранична соработка „Грција-Македонија 2014-2020“ и е ко-финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички. Целта на проектот е да мотивира трансформација на една територија во инклузивна и пристапна туристичка дестинација, како и да го поддржи одржливиот развој на туризмот за природното и културното наследство во прекуграничниот регион. – Во светот глобален тренд е инклузијата на лицата со попреченост, односно да не се одделуваат од средината, туку средината да им биде пристапна и во таа смисла пристапниот туризам е голема новина на светско ниво и притоа светските туристички центри наоѓаат начин да го овозможат целосно или делумно се што е видливо и достапно да биде можно и за лицата со попречености. Битола е првиот град во државата и на Балканот со ваква организирана туристичка понуда, посочи идејниот творец и проектант на алатките, универзитетскиот професор Игор Неделковски од ГАУС Институт-Битола. Тактилните табли ќе бидат поставени пред градската Саат Кула, Храм Свети Димитрија, Исак Џамија, Католичка Црква, Музејот, Хераклеја и други објекти и институции во Битола кои предизвикуваат најголем интерес кај посетители од државата и странство. -Сите ние имаме исти потреби, а една од нив е и потребата да патуваме и откриваме нови места. Од друга страна пак, пречките т.е. бариерите не се исти за сите. За некои најобична скала е едно големо СТОП, кое ја оневозможува посетата на некој објект или локација. Истото важи и за непостоењето на соодветни информации и содржини или несоодветниот начин на нивна презентација. Битола е пожелна дестинација за многу посетители и наша задача како домаќини е да отстраниме што е можно повеќе од бариерите и да ја направиме посетата на градот пријатно искуство за секој, вели м-р Јове Парговски, изработувач на алатките. Тој нагласува дека еден од трендовите на светско ниво во областа на туризмот се само-водечките тури, во кои мобилниот телефон е ваш водич низ посакуваната дестинација. -Скоро сите ние денес користиме паметни мобилни телефони, кои со можностите кои ги нудат се далеку повеќе од телефон, т.е може слободно да се класифицираат како персонални уреди кои буквално ги носиме секаде со нас, кои добро ги познаваме и сме навикнати на нив. Во случајот со самоводечките тури, тие може да послужат како наш личен водич, кој по преземањето на апликацијата и избирањето на соодветната тура не води низ нашето патување. Во случајот тоа е турата „Битола – тура низ центарот на градот“ поставена на апликацијата izi.Travel, додава тој. Парговски појаснува дека турата почнува пред Музејот и по Широк Сокак го води посетителот до останатите културно историски споменици. Штом корисникот се доближи до одреден објект, апликацијата ја знае неговата локација и автоматски се активира аудио нарација на македонски или англиски јазик. За лицата со оштетен слух употребени се видеа на знаковен јазик, со што оваа тура им се прави пристапна и ним, а воедно за секој објект се поставени и информации во однос на физичката пристапност до истиот. -За слепите лица се изработени водичи на Браево писмо со имплементирани тактилни слики, а особено горди сме на металните тактилни паноа, кои треба да се постават пред секој објект, вели тој. Металните тактилни паноа се изработени од нерѓосувачки челик и на нив е поставена тактилна слика, најчесто предната фасада на објектот и текст на Браево писмо на македонски и англиски јазик. Имајќи предвид дека само околу шест проценти од слепите лица знаат да читаат Браево, се препорачува повторно користењето на претходно споменатата апликација, каде описите се поставени во облик на аудио нарации. -На овој начин, турата успеавме да ја направиме теоретски пристапна за 100 отсто од слепите лица, кои доволно е само да поседуваат најобичен паметен телефон, а од друга страна се отвора и можноста за понатамошно унапредување на овој пристап. Имено, доколку би постоела патека за слепи лица по Широк Сокак, на овој начин е можно и нивно самостојно движење по главната пешачка улица во Битола. Со дополнителна употреба на NFC тагови во поединечните објекти и институции, се отвара и можноста за навигација и самостојно движење и низ затворени објекти, нешто што воопшто не е скап процес и за што се надевам дека ќе го успееме да го реализираме за брзо време, појасни Парговски, изработувач на алатките. Најголемо задоволство од реализацијата на овој проект и неговата функционалност имаат членовите на Здружението на слепи лица-Битола и здруженија од други градови за што потврдата стигна токму од нивната членка Весна Софронијевска која смета дека сега во Битола има одлични можности за посета на градот и од слепи лица кои досега само слушале за импозантните културно историски објекти и споменици во овој град и затоа заедно со тимот на реализатори на проектот повикува на поголема посетеност од страна на лицата со попреченост од државата и странство да дојдат во Битола.

The post Битола прв град на Балканот со туристичка понуда за лица со попреченост appeared first on Република.

]]>
АППТ: Македонската туристичка понуда на промоција во медиуми во Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција и Полска https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-makedonskata-turistichka-ponuda-na-promocija-vo-mediumi-vo-srbija-bugarija-albanija-kosovo-turcija-i-polska/ Wed, 11 May 2022 11:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=501008

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија согласно програмските активности за 2022г започна со прв дел медиумска кампања. Туристичката промоција на земјава ќе се реализира во земјите од регионот Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција, како и Полска поради зголемениот интерес на полски туристи за дестинацијата.

Ова се традиционални пазари кои континуирано се во првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања веќе е активна на најчитаните онлајн медиуми во регионот и истата се реализира преку промотивни банери, ПР текстови, туристички видеа, вклучително и промоција на социјалните мрежи. Медиумската кампања се реализира со цел задржување и зголемување на бројот на странските патувачи, за да се побуди нивниот интерес да ја одберат РС Македонија како безбедна дестинација во која ќе го поминат нивниот годишен одмор, велат од АППТ.

Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури, параглајдеринг, кајакинг, искачување по карпи, нуркање, јавање на коњ. А, за сите гурмани ено-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи продукти.

Би сакале да потенцираме дека тука не завршуваат активностите на АППТ, од септември ќе се реализира и втор дел на промоција, како медиумска така и преку учество на интернационални саеми за туризам, додека пак релизацијата на информативни патувања за странски новинари и инфлуенсери се одвива тековно преку цела година, велат оттаму.

The post АППТ: Македонската туристичка понуда на промоција во медиуми во Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција и Полска appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија согласно програмските активности за 2022г започна со прв дел медиумска кампања. Туристичката промоција на земјава ќе се реализира во земјите од регионот Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција, како и Полска поради зголемениот интерес на полски туристи за дестинацијата.
Ова се традиционални пазари кои континуирано се во првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања веќе е активна на најчитаните онлајн медиуми во регионот и истата се реализира преку промотивни банери, ПР текстови, туристички видеа, вклучително и промоција на социјалните мрежи. Медиумската кампања се реализира со цел задржување и зголемување на бројот на странските патувачи, за да се побуди нивниот интерес да ја одберат РС Македонија како безбедна дестинација во која ќе го поминат нивниот годишен одмор, велат од АППТ.
Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури, параглајдеринг, кајакинг, искачување по карпи, нуркање, јавање на коњ. А, за сите гурмани ено-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи продукти.
Би сакале да потенцираме дека тука не завршуваат активностите на АППТ, од септември ќе се реализира и втор дел на промоција, како медиумска така и преку учество на интернационални саеми за туризам, додека пак релизацијата на информативни патувања за странски новинари и инфлуенсери се одвива тековно преку цела година, велат оттаму.

The post АППТ: Македонската туристичка понуда на промоција во медиуми во Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција и Полска appeared first on Република.

]]>