турција земјотрес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turcija-zemjotres/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jan 2024 17:38:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png турција земјотрес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/turcija-zemjotres/ 32 32 Во Турција почна судењето за уривањето згради во земјотресот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-turtsija-pochna-sudeneto-za-urivaneto-zgradi-vo-zemjotresot/ Wed, 03 Jan 2024 17:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=729401

Првото големо судење поврзано со изградбата на згради кои се урнаа во катастрофалниот земјотрес во февруари 2023 година, во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а во овој случај хотелот „Исијас“ во Адијаман, започна денеска во Турција.

Според турските медиуми, пред судот во Адијаман (југоисток во земјата) се појавиле 11 обвинети, меѓу кои и сопственик на хотелот, а обвинети се за „свесно невнимание“ при надзорот на изградбата на десеткатницата што се урна во земјотресот, при што загинаа 72 лица.

Според обвинението, најмалку еден од катовите на хотелот бил незаконски дограден. Во вештачењето е утврден и многу слабиот квалитет на употребениот градежен материјал. Обвинетите се соочуваат со повеќе од 20 години затвор.

Градот Адијаман се наоѓа на помалку од 100 километри од епицентарот на земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер кој се случи на 6 февруари 2023 година. Градот беше уништен во земјотресот.

Во земјотресот загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и 6.000 во Сирија.

Уапсени се повеќе од 260 лица кои учествувале во изградбата на зградите кои се урнаа во земјотресот, а дел од нив се обиделе да побегнат од Турција. Градителот на 12-катница во Антакија наречена ренесансна резиденција, чии неколку стотици жители загинаа под урнатините, беше уапсен на аеродромот во Истанбул на 10 февруари додека се обидувал да побегне во Црна Гора.

The post Во Турција почна судењето за уривањето згради во земјотресот appeared first on Република.

]]>

Првото големо судење поврзано со изградбата на згради кои се урнаа во катастрофалниот земјотрес во февруари 2023 година, во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а во овој случај хотелот „Исијас“ во Адијаман, започна денеска во Турција. Според турските медиуми, пред судот во Адијаман (југоисток во земјата) се појавиле 11 обвинети, меѓу кои и сопственик на хотелот, а обвинети се за „свесно невнимание“ при надзорот на изградбата на десеткатницата што се урна во земјотресот, при што загинаа 72 лица. Според обвинението, најмалку еден од катовите на хотелот бил незаконски дограден. Во вештачењето е утврден и многу слабиот квалитет на употребениот градежен материјал. Обвинетите се соочуваат со повеќе од 20 години затвор. Градот Адијаман се наоѓа на помалку од 100 километри од епицентарот на земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер кој се случи на 6 февруари 2023 година. Градот беше уништен во земјотресот. Во земјотресот загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и 6.000 во Сирија. Уапсени се повеќе од 260 лица кои учествувале во изградбата на зградите кои се урнаа во земјотресот, а дел од нив се обиделе да побегнат од Турција. Градителот на 12-катница во Антакија наречена ренесансна резиденција, чии неколку стотици жители загинаа под урнатините, беше уапсен на аеродромот во Истанбул на 10 февруари додека се обидувал да побегне во Црна Гора.

The post Во Турција почна судењето за уривањето згради во земјотресот appeared first on Република.

]]>
Штетата од земјотресите во Турција изнесува 37 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/shtetata-od-zemjotresite-vo-turtsija-iznesuva-37-milijardi-dolari/ Mon, 14 Aug 2023 20:58:59 +0000 https://republika.mk/?p=672141

Вкупните трошоци за земјотресите годинава ќе изнесува еден трилион турски лири (37 милијарди долари), изјави турскиот потпретседателот Џевдет Јилмаз.

Тој истакна дека трошоците поврзани со земјотресите од буџетот на централната Влада ќе бидат околу 762 милијарди лири. Покрај тоа, ќе има и други трошоци, како што се средства наменети за локалното население, за властите, за Агенцијата за вработување и Агенцијата за социјално осигурување.

Земјотресите во февруари директно погодија 11 провинции и повеќе од 14 милиони луѓе. Ова беше катастрофа без преседан што резултираше со трошоци кои се преголеми дури и за повеќето развиени земји. Владата не само што гради нови домови, туку и инвестира во инфраструктура во провинции погодени од земјотресот, наведе Јилмаз.

Двата земјотреса од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари потресоа 11 провинции во Јужна Турција, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе. Земјотресите предизвикаа голема материјална штета, а погодени беа и десетици илјади бизниси.

The post Штетата од земјотресите во Турција изнесува 37 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Вкупните трошоци за земјотресите годинава ќе изнесува еден трилион турски лири (37 милијарди долари), изјави турскиот потпретседателот Џевдет Јилмаз. Тој истакна дека трошоците поврзани со земјотресите од буџетот на централната Влада ќе бидат околу 762 милијарди лири. Покрај тоа, ќе има и други трошоци, како што се средства наменети за локалното население, за властите, за Агенцијата за вработување и Агенцијата за социјално осигурување. Земјотресите во февруари директно погодија 11 провинции и повеќе од 14 милиони луѓе. Ова беше катастрофа без преседан што резултираше со трошоци кои се преголеми дури и за повеќето развиени земји. Владата не само што гради нови домови, туку и инвестира во инфраструктура во провинции погодени од земјотресот, наведе Јилмаз. Двата земјотреса од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари потресоа 11 провинции во Јужна Турција, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе. Земјотресите предизвикаа голема материјална штета, а погодени беа и десетици илјади бизниси.

The post Штетата од земјотресите во Турција изнесува 37 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 24.000 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zaginati-vo-zemjotresite-vo-turtsija-i-sirija-nadmina-24-000/ Sat, 11 Feb 2023 10:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=607679

Бројот на загинати од разорните земјотреси кои во понеделникот ги погодија Турција и Сирија достигна најмалку 24.178, соопштија властите.

Во Турција, бројот на загинати се искачи на најмалку 20.665, според агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби во земјата САКОМ.

Во Сирија, вкупниот број на загинати е 3.513, вклучително и 2.166 во областите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, според цивилната одбрана „Бели шлемови“ – и 1.347 мртви во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, според сириските државни медиуми.

The post Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 24.000 appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати од разорните земјотреси кои во понеделникот ги погодија Турција и Сирија достигна најмалку 24.178, соопштија властите. Во Турција, бројот на загинати се искачи на најмалку 20.665, според агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби во земјата САКОМ. Во Сирија, вкупниот број на загинати е 3.513, вклучително и 2.166 во областите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, според цивилната одбрана „Бели шлемови“ – и 1.347 мртви во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, според сириските државни медиуми.

The post Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 24.000 appeared first on Република.

]]>
Солза Грчева за Турција: Толку ми е доволно да не бидам европски фундаменталист https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/solza-grcheva-za-turtsija-tolku-mi-e-dovolno-da-ne-bidam-evropski-fundamentalist/ Sat, 11 Feb 2023 09:50:04 +0000 https://republika.mk/?p=607673

Еу најави дека ќе прави донаторска конференција за Турција во март, на што реагираше Солза грчева, лидер на „Глас за Македонија“.

Таа на фејсбук посочи:

Над 22.000 загинати во земјотресот во Турција и Сирија. Околу 80.000 повредени и не се знае бројот под урнатините.

Овој бездушен, богат свет ги остави луѓето без полски болници, без загреани шатори, без лекови и со мал број спасувачи. Поготово во Сирија, но и во Турција. Луѓето со раце се обидуваат да дојдат до своите под урнатините. Попотресно, здравје.

ЕУ ќе правела донаторска конференција во март!!!

Толку ми е доволно да не бидам европски фундаменталист.

The post Солза Грчева за Турција: Толку ми е доволно да не бидам европски фундаменталист appeared first on Република.

]]>

Еу најави дека ќе прави донаторска конференција за Турција во март, на што реагираше Солза грчева, лидер на „Глас за Македонија“. Таа на фејсбук посочи:
Над 22.000 загинати во земјотресот во Турција и Сирија. Околу 80.000 повредени и не се знае бројот под урнатините. Овој бездушен, богат свет ги остави луѓето без полски болници, без загреани шатори, без лекови и со мал број спасувачи. Поготово во Сирија, но и во Турција. Луѓето со раце се обидуваат да дојдат до своите под урнатините. Попотресно, здравје. ЕУ ќе правела донаторска конференција во март!!! Толку ми е доволно да не бидам европски фундаменталист.

The post Солза Грчева за Турција: Толку ми е доволно да не бидам европски фундаменталист appeared first on Република.

]]>
Вознемирувачко видео: Татко со своето тело го заштитил наследникот – тој починал, детето е живо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/voznemiruvachko-video-tatko-so-svoeto-telo-go-zashtitil-naslednikot-toj-pochinal-deteto-e-zhivo/ Thu, 09 Feb 2023 10:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=606830

Мало дете е извлечено живо од под урнатините во Турција, која беше погодена од катастрофален земјотрес. Татко го покрил телото на своето чедо обидувајќи се да го спаси неговиот живот. Спасувачките екипи успеале да дојдат до нив, но судејќи по реакциите на видеото, не очекуваа дека може да бидат живи. За жал, таткото е пронајден починат, но откако го извлекуваат неговото тело, се гледа бебето кое е живо.

Според последните информации како последица од земјотресот, животот го загубија над 16.000 лица во Турција и Сирија.

https://twitter.com/blabla112345/status/1623543906720956416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1623543906720956416%7Ctwgr%5Ea7f1d3e2744e43ba0adbe4821dacf73ff816181e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fvoznemiruvachko-video-tatko-so-teloto-go-zashtitil-sinot-bebeto-izvlecheno-od-urnatinite-zhivo%2F

 

The post Вознемирувачко видео: Татко со своето тело го заштитил наследникот – тој починал, детето е живо appeared first on Република.

]]>

Мало дете е извлечено живо од под урнатините во Турција, која беше погодена од катастрофален земјотрес. Татко го покрил телото на своето чедо обидувајќи се да го спаси неговиот живот. Спасувачките екипи успеале да дојдат до нив, но судејќи по реакциите на видеото, не очекуваа дека може да бидат живи. За жал, таткото е пронајден починат, но откако го извлекуваат неговото тело, се гледа бебето кое е живо. Според последните информации како последица од земјотресот, животот го загубија над 16.000 лица во Турција и Сирија. https://twitter.com/blabla112345/status/1623543906720956416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1623543906720956416%7Ctwgr%5Ea7f1d3e2744e43ba0adbe4821dacf73ff816181e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fvoznemiruvachko-video-tatko-so-teloto-go-zashtitil-sinot-bebeto-izvlecheno-od-urnatinite-zhivo%2F  

The post Вознемирувачко видео: Татко со своето тело го заштитил наследникот – тој починал, детето е живо appeared first on Република.

]]>
Турската влада потврди дека се урнати 5.775 згради https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turskata-vlada-potvrdi-deka-se-urnati-5-775-zgradi/ Tue, 07 Feb 2023 08:47:18 +0000 https://republika.mk/?p=605792

Турција распореди повеќе од 24.400 луѓе за пребарување и спасување на погодените од земјотресот, а владата потврди дека се урнати 5.775 згради.

Се очекува да испратат уште повеќе луѓе на терен. Сепак, зимските услови го попречуваат нивното распоредување, рече претставникот на агенцијата за управување со катастрофи Орхан Татар. АП известува дека се примени 11.342 пријави за урнати згради, но само 5.775 од тие извештаи се потврдени.

На теренот има 55 хеликоптери за брза помош, а 85 камиони им делат храна на настраданите.

Неповолните временски услови во регионот продолжуваат. Затоа, распоредувањето на екипи може да биде тешко од време на време“, рече Татар, а температурите во текот на ноќта се спуштија до -5 степени Целзиусови во градот Газиантеп погоден од земјотресот.

The post Турската влада потврди дека се урнати 5.775 згради appeared first on Република.

]]>

Турција распореди повеќе од 24.400 луѓе за пребарување и спасување на погодените од земјотресот, а владата потврди дека се урнати 5.775 згради. Се очекува да испратат уште повеќе луѓе на терен. Сепак, зимските услови го попречуваат нивното распоредување, рече претставникот на агенцијата за управување со катастрофи Орхан Татар. АП известува дека се примени 11.342 пријави за урнати згради, но само 5.775 од тие извештаи се потврдени. На теренот има 55 хеликоптери за брза помош, а 85 камиони им делат храна на настраданите.
Неповолните временски услови во регионот продолжуваат. Затоа, распоредувањето на екипи може да биде тешко од време на време“, рече Татар, а температурите во текот на ноќта се спуштија до -5 степени Целзиусови во градот Газиантеп погоден од земјотресот.

The post Турската влада потврди дека се урнати 5.775 згради appeared first on Република.

]]>
Бројот на загинати од денешниот земјотрес надмина 3000 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zaginati-od-deneshniot-zemjotres-nadmina-3000/ Mon, 06 Feb 2023 21:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=605719

Бројот на загинати во Турција се искачи на 1.762, потврди Министерството. Повредени се најмалку 12.068 луѓе.

Бројот на загинати во Сирија се искачи на 1.293, а 3.411 лица се повредени.

Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија во моментов е 3.055.

The post Бројот на загинати од денешниот земјотрес надмина 3000 appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во Турција се искачи на 1.762, потврди Министерството. Повредени се најмалку 12.068 луѓе. Бројот на загинати во Сирија се искачи на 1.293, а 3.411 лица се повредени. Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија во моментов е 3.055.

The post Бројот на загинати од денешниот земјотрес надмина 3000 appeared first on Република.

]]>
Османи: Учениците од Македонија се безбедни и чекаат да тргнат од Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-uchenitsite-od-makedonija-se-bezbedni-i-chekaat-da-trgnat-od-turtsija/ Mon, 06 Feb 2023 21:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=605703

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во живо се вклучи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде даде информации околу учениците кои се во Турција и го почувствуваа страшниот земјотрес.

Тој вели дека учениците се безбедни и се во Анкара, од каде чекаат да тргнат кон Македонија.

„Учениците од Македонија се безбедни и се во Анкара, чекаат да тргнаат наваму, но во моментов времето е многу лошо. Еден од нив е само полесно повреден“, вели Османи.

The post Османи: Учениците од Македонија се безбедни и чекаат да тргнат од Турција appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во живо се вклучи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде даде информации околу учениците кои се во Турција и го почувствуваа страшниот земјотрес. Тој вели дека учениците се безбедни и се во Анкара, од каде чекаат да тргнат кон Македонија.
„Учениците од Македонија се безбедни и се во Анкара, чекаат да тргнаат наваму, но во моментов времето е многу лошо. Еден од нив е само полесно повреден“, вели Османи.

The post Османи: Учениците од Македонија се безбедни и чекаат да тргнат од Турција appeared first on Република.

]]>
Претседателот на ЗЕЛС ги повика општините за финансиска помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-zels-gi-povika-opshtinite-za-finansiska-pomosh-za-pogodenite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ Mon, 06 Feb 2023 20:45:20 +0000 https://republika.mk/?p=605694

Со длабоко жалење и вознемиреност ја примив ужасната вест за разорниот земјотрес што ги погоди граѓаните на Република Турција и Сирија. Во овие исклучително тешки и тажни моменти за нив, за семејствата на загинатите и повредените, од мое лично име, како и од име на сите општини во ЗЕЛС и нивните граѓани, упатувам искрено сочувство, напиша градоначалникот на општина Кисела вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Георгиевски.

-И Македонија во својата историја памети човечки загуби и огромни материјални штети од природни катастрофи. Ја памети и помошта и топлината на подадената рака во моментите кога и’биле најпотребни. Во вакви моменти сите треба да се потсетиме дека не можеме против природните катастрофи со трагичен епилог, но можеме со хуманост и солидарност да помогнеме. Оттука, како Претседател на ЗЕЛС, апелирам за солидарност до градоначалниците на сите општини во Република Македонија. Сега е момент кога секој, согласно своите финансиски можности треба да ја покаже својата благородност и на дело да докаже дека хуманоста и солидарноста со кои не’опишуваат биле и остануваат наша движечка сила! Самиот, како градоначалник на Општина Кисела Вода, веќе поднесов иницијатива до Советот за обезбедување на финансиска помош од 500.000,00 денари за погоденото население од Турција и Сирија. Остваривме контакт и со Амбасадата на Република Турција во Македонија, на која понудивме поддршка и од друг тип. Од таму дополнително ќе бидеме известени околу конкретните потреби па ќе излеземе со адекватна помош за семејствата погодени од разорниот земјотрес! Истакна Георгиевски.

Се надевам и силно верувам дека овој чекор ќе го следат сите останати градоначалници. Искрено и од срце посакуваме брзо заздравување на повредените, а овие земји што поскоро да ги санираат погодените места од разорниот земјотрес, додаде тој.

The post Претседателот на ЗЕЛС ги повика општините за финансиска помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>

Со длабоко жалење и вознемиреност ја примив ужасната вест за разорниот земјотрес што ги погоди граѓаните на Република Турција и Сирија. Во овие исклучително тешки и тажни моменти за нив, за семејствата на загинатите и повредените, од мое лично име, како и од име на сите општини во ЗЕЛС и нивните граѓани, упатувам искрено сочувство, напиша градоначалникот на општина Кисела вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Георгиевски.
-И Македонија во својата историја памети човечки загуби и огромни материјални штети од природни катастрофи. Ја памети и помошта и топлината на подадената рака во моментите кога и’биле најпотребни. Во вакви моменти сите треба да се потсетиме дека не можеме против природните катастрофи со трагичен епилог, но можеме со хуманост и солидарност да помогнеме. Оттука, како Претседател на ЗЕЛС, апелирам за солидарност до градоначалниците на сите општини во Република Македонија. Сега е момент кога секој, согласно своите финансиски можности треба да ја покаже својата благородност и на дело да докаже дека хуманоста и солидарноста со кои не’опишуваат биле и остануваат наша движечка сила! Самиот, како градоначалник на Општина Кисела Вода, веќе поднесов иницијатива до Советот за обезбедување на финансиска помош од 500.000,00 денари за погоденото население од Турција и Сирија. Остваривме контакт и со Амбасадата на Република Турција во Македонија, на која понудивме поддршка и од друг тип. Од таму дополнително ќе бидеме известени околу конкретните потреби па ќе излеземе со адекватна помош за семејствата погодени од разорниот земјотрес! Истакна Георгиевски.
Се надевам и силно верувам дека овој чекор ќе го следат сите останати градоначалници. Искрено и од срце посакуваме брзо заздравување на повредените, а овие земји што поскоро да ги санираат погодените места од разорниот земјотрес, додаде тој.

The post Претседателот на ЗЕЛС ги повика општините за финансиска помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>
Жена се породила под урнатините во Сирија, бебето здраво, мајката починала https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhena-se-porodila-pod-urnatinite-vo-sirija-bebeto-zdravo-majkata-pochinala/ Mon, 06 Feb 2023 20:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=605688

Мајка од Сирија се породила под урнатиите од земјотресот во Сирија, бебето е живо и здраво, но за жал мајката не преживеала.

И покрај тешката ситуација во која се наоѓа градот, во целата несреќа во Алепо се случи чудо.

Жена под урнатините на свет донела живот и го изгубила сопствениот – родила здраво бебе, но за жал истата не го преживеала катастрофалниот земјотрес кој денеска ги зафати Сирија и Турција.

На видеото се гледа моментот кога маж го носи штотоуку роденото бебе да ја добие потребната помош.

The post Жена се породила под урнатините во Сирија, бебето здраво, мајката починала appeared first on Република.

]]>

Мајка од Сирија се породила под урнатиите од земјотресот во Сирија, бебето е живо и здраво, но за жал мајката не преживеала. И покрај тешката ситуација во која се наоѓа градот, во целата несреќа во Алепо се случи чудо. Жена под урнатините на свет донела живот и го изгубила сопствениот – родила здраво бебе, но за жал истата не го преживеала катастрофалниот земјотрес кој денеска ги зафати Сирија и Турција. На видеото се гледа моментот кога маж го носи штотоуку роденото бебе да ја добие потребната помош.

The post Жена се породила под урнатините во Сирија, бебето здраво, мајката починала appeared first on Република.

]]>
Ердоган прогласи седумдневна жалост https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-proglasi-sedumdnevna-zhalost/ Mon, 06 Feb 2023 20:20:34 +0000 https://republika.mk/?p=605667

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи седумдневна жалост откако најмалку 1.650 луѓе загинаа во двата земјотреси што денеска ја погодија земјата, јавува Би-Би-Си.

„Прогласена е седумдневна национална жалост. Знамињата низ целата земја ќе бидат на половина копје до зајдисонце на 12 февруари, како и во сите наши национални и странски мисии“, напиша Ердоган на Твитер.

Турските владини претставници досега пријавиле 1.651 смртен случај, со што вкупниот број на жртви во Турција и Сирија се искачи на 2.651.

Десетици земји ветија помош, а многумина веќе испратија спасувачки тимови во Турција.

Висококатните станбени згради се меѓу 3.400 објекти претворени во урнатини во Турција, додека Сирија пријави десетици уривања, како и оштетувања на археолошките локалитети во Алепо.

The post Ердоган прогласи седумдневна жалост appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи седумдневна жалост откако најмалку 1.650 луѓе загинаа во двата земјотреси што денеска ја погодија земјата, јавува Би-Би-Си. „Прогласена е седумдневна национална жалост. Знамињата низ целата земја ќе бидат на половина копје до зајдисонце на 12 февруари, како и во сите наши национални и странски мисии“, напиша Ердоган на Твитер. Турските владини претставници досега пријавиле 1.651 смртен случај, со што вкупниот број на жртви во Турција и Сирија се искачи на 2.651. Десетици земји ветија помош, а многумина веќе испратија спасувачки тимови во Турција. Висококатните станбени згради се меѓу 3.400 објекти претворени во урнатини во Турција, додека Сирија пријави десетици уривања, како и оштетувања на археолошките локалитети во Алепо.

The post Ердоган прогласи седумдневна жалост appeared first on Република.

]]>