Тупаници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tupanici/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 11:55:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тупаници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tupanici/ 32 32 Драма на небото над Хрватска: Пијани патници се удирале со тупаници https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/drama-na-neboto-nad-hrvatska-pijani-patnitsi-se-udirale-so-tupanitsi/ Tue, 18 Jun 2024 11:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=788756

Вчера околу 11:50 часот од задарскиот аеродром во полиција е пријавено дека имало нарушување на јавниот ред и мир во авион на летот за Задар, објави Индекс.хр.

По слетувањето на авионот на аеродромот, полициски службеници од поморската и аеродромската полициска станица Задар ги донеле двете лица во полициските простории каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани полесни физички повреди, соопшти Полициската управа Задар.

Алкотестот покажал присуство на алкохол во нивните тела.

Понатамошната истрага на полицијата откри дека за време на летот, лицата вербално се судриле меѓу себе, а потоа и физички се удирале со тупаници, при што двајцата се здобиле со повреди во пределот на лицето и рацете, соопшти задарската полиција.

 

The post Драма на небото над Хрватска: Пијани патници се удирале со тупаници appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 11:50 часот од задарскиот аеродром во полиција е пријавено дека имало нарушување на јавниот ред и мир во авион на летот за Задар, објави Индекс.хр. По слетувањето на авионот на аеродромот, полициски службеници од поморската и аеродромската полициска станица Задар ги донеле двете лица во полициските простории каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани полесни физички повреди, соопшти Полициската управа Задар. Алкотестот покажал присуство на алкохол во нивните тела. Понатамошната истрага на полицијата откри дека за време на летот, лицата вербално се судриле меѓу себе, а потоа и физички се удирале со тупаници, при што двајцата се здобиле со повреди во пределот на лицето и рацете, соопшти задарската полиција.  

The post Драма на небото над Хрватска: Пијани патници се удирале со тупаници appeared first on Република.

]]>
Книгата „Тупаници“ од Пјетро Гроси објавена на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knigata-tupanici-od-pjetro-grosi-objavena-na-makedonski-jazik/ Mon, 07 Mar 2022 12:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=468936

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Тупаници“ од Пјетро Гроси како дел од популарната едиција „ПРОаЗА“. Преводот од италијански на македонски јазик е на Катерина Сотирова, а излегувањето на книгата е поддржано од „Креативна Европа“ на ЕУ и Министерството за култура.

Раскажани со штеделив и моќен глас што потсетува на Хемингвеј, Селинџер и Остер, трите приказни на Гроси го истражуваат обредот на премин од детски во возрасни години со кој секој од нас се соочил - и што значи да се биде човек во овие модерни времиња. „Тупаници“, „Коњи“ и „Мајмун“ се три моќни приказни за полнолетството на момчињата кои се соочуваат со реалноста и се борат да останат живи во машкиот свет. Во „Тупаници“, тинејџ боксер-аматер за прв пат влегува во рингот и се наоѓа во судир со Животот во сета негова мускулеста сила; во „Коњи“, двајцата браќа на прагот од зрелоста учат да ја играат машката игра на својствен, болен начин; а во „Мајмунот“, еден млад човек сфаќа дека за да останеме здрави и да преживееме на овој свет, треба да ги жртвуваме нашите детски соништа.

Пјетро Гроси, писател и преведувач, е роден 1978 година во Фиренца, a моментно живее и работи во Тоскана. Во 2006 година ja објави книгата „Тупаници“, која стигна до финалето на многу книжевни награди, вклучувајќи ги и престижните „Viareggio“ и „Strega“. Книгата ги освои наградите „ Cocito Montà D'alba“, „Chiara“, „Fiesole Narrative “ за автори под 40 години, како и наградата „Pistoia del Ceppo“. Во 2010 година, англиската верзија на книгата насловена „Fists“, објавена од „Pushkin press“, беше финалист за наградата за странска литература која ја доделува „Independent“. Истата година авторот ја освои и „Campiello Europe Prize“.

The post Книгата „Тупаници“ од Пјетро Гроси објавена на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Тупаници“ од Пјетро Гроси како дел од популарната едиција „ПРОаЗА“. Преводот од италијански на македонски јазик е на Катерина Сотирова, а излегувањето на книгата е поддржано од „Креативна Европа“ на ЕУ и Министерството за култура. Раскажани со штеделив и моќен глас што потсетува на Хемингвеј, Селинџер и Остер, трите приказни на Гроси го истражуваат обредот на премин од детски во возрасни години со кој секој од нас се соочил - и што значи да се биде човек во овие модерни времиња. „Тупаници“, „Коњи“ и „Мајмун“ се три моќни приказни за полнолетството на момчињата кои се соочуваат со реалноста и се борат да останат живи во машкиот свет. Во „Тупаници“, тинејџ боксер-аматер за прв пат влегува во рингот и се наоѓа во судир со Животот во сета негова мускулеста сила; во „Коњи“, двајцата браќа на прагот од зрелоста учат да ја играат машката игра на својствен, болен начин; а во „Мајмунот“, еден млад човек сфаќа дека за да останеме здрави и да преживееме на овој свет, треба да ги жртвуваме нашите детски соништа. Пјетро Гроси, писател и преведувач, е роден 1978 година во Фиренца, a моментно живее и работи во Тоскана. Во 2006 година ja објави книгата „Тупаници“, која стигна до финалето на многу книжевни награди, вклучувајќи ги и престижните „Viareggio“ и „Strega“. Книгата ги освои наградите „ Cocito Montà D'alba“, „Chiara“, „Fiesole Narrative “ за автори под 40 години, како и наградата „Pistoia del Ceppo“. Во 2010 година, англиската верзија на книгата насловена „Fists“, објавена од „Pushkin press“, беше финалист за наградата за странска литература која ја доделува „Independent“. Истата година авторот ја освои и „Campiello Europe Prize“.

The post Книгата „Тупаници“ од Пјетро Гроси објавена на македонски јазик appeared first on Република.

]]>