Тунис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tunis/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 13:19:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тунис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tunis/ 32 32 Втор случај на западно-нилска треска, кочанчанец се заразил на одмор во Тунис https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vtor-sluchaj-na-zapadno-nilska-treska-kochanchanets-se-zarazil-na-odmor-vo-tunis/ Thu, 18 Jul 2024 13:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=798130

Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на заболен од Западно-нилска треска е од Кочани, но пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец.

Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил на покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кочани.

Изготвена била епидемиолошка анкета за заболеното лице од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Кочани. Два дена подоцна пациентот е препратен на инфективното одделение при ЈЗУ Клиничка болница во Штип.

Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот - WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Пациентот бил хоспитализиран во ЈЗУ Клиничка болница – Штип во периодот од 09-15.07.2024 година и е испишан во добра здравствена состојба. Податоците при епидемиолошкото истражување од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Кочани се добиени од пациентот, матичен лекар, инфектолог и медицинската документација. Во периодот од 24.06- 01.07.2024 година, заболениот бил на туристичко патување во Тунис каде забележал комарци во поголем број и бил каснат од комарци иако користел репеленти во поголем дел од периодот при престојот, се истакнува во извештајот од Институтот за јавно здравје – Скопје.

Во извештајот е наведено дека во регионот на Кочани е исто така забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, спроведена е редовна дезинсекција.

Во текот на 2024 година пријавени се вкупно два лабораториски потврдени случаи на Западно-нилска треска во државата. Првиот случај, што истот така е импортиран, беше регистриран во месец април кај жител на општина Василево, на територијата на Центарот за јавно здравје – Струмица.

The post Втор случај на западно-нилска треска, кочанчанец се заразил на одмор во Тунис appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на заболен од Западно-нилска треска е од Кочани, но пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец. Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил на покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кочани. Изготвена била епидемиолошка анкета за заболеното лице од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Кочани. Два дена подоцна пациентот е препратен на инфективното одделение при ЈЗУ Клиничка болница во Штип.
Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот - WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Пациентот бил хоспитализиран во ЈЗУ Клиничка болница – Штип во периодот од 09-15.07.2024 година и е испишан во добра здравствена состојба. Податоците при епидемиолошкото истражување од надлежен епидемиолог од Центарот за јавно здравје - Кочани се добиени од пациентот, матичен лекар, инфектолог и медицинската документација. Во периодот од 24.06- 01.07.2024 година, заболениот бил на туристичко патување во Тунис каде забележал комарци во поголем број и бил каснат од комарци иако користел репеленти во поголем дел од периодот при престојот, се истакнува во извештајот од Институтот за јавно здравје – Скопје.
Во извештајот е наведено дека во регионот на Кочани е исто така забележано присуство на комарци. Согласно информацијата од надлежниот епидемиолог, спроведена е редовна дезинсекција. Во текот на 2024 година пријавени се вкупно два лабораториски потврдени случаи на Западно-нилска треска во државата. Првиот случај, што истот така е импортиран, беше регистриран во месец април кај жител на општина Василево, на територијата на Центарот за јавно здравје – Струмица.

The post Втор случај на западно-нилска треска, кочанчанец се заразил на одмор во Тунис appeared first on Република.

]]>
Тунис ја затвори границата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tunis-ja-zatvori-granitsata/ Tue, 19 Mar 2024 09:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=756206

Тунис привремено го затвори својот граничен премин Рас Ајдир со Либија со цел да ја зачува безбедноста на своите граѓани поради вооружените конфликти на либиската страна на преминот.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи, на либиската страна на граничниот премин се гледа запалено возило, со звуци на пукотници, како и луѓе кои трчаат, пренесува Ројтерс.

Либиското Министерство за одбрана на 17 март објави дека испратило полициски сили „да се борат против шверцот и да ги стават под контрола безбедносните нарушувања за да се осигура безбедноста и да им се овозможи на преостанатите луѓе од либиската страна да се вратат во Тунис пред да се затвори границата“.

Либија е во расправија од востанието во 2011 година, како и од 2014 година кога беше поделена на источни и западни фракции со ривалските администрации кои управуваат со тие области.

The post Тунис ја затвори границата appeared first on Република.

]]>

Тунис привремено го затвори својот граничен премин Рас Ајдир со Либија со цел да ја зачува безбедноста на своите граѓани поради вооружените конфликти на либиската страна на преминот. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, на либиската страна на граничниот премин се гледа запалено возило, со звуци на пукотници, како и луѓе кои трчаат, пренесува Ројтерс. Либиското Министерство за одбрана на 17 март објави дека испратило полициски сили „да се борат против шверцот и да ги стават под контрола безбедносните нарушувања за да се осигура безбедноста и да им се овозможи на преостанатите луѓе од либиската страна да се вратат во Тунис пред да се затвори границата“. Либија е во расправија од востанието во 2011 година, како и од 2014 година кога беше поделена на источни и западни фракции со ривалските администрации кои управуваат со тие области.

The post Тунис ја затвори границата appeared first on Република.

]]>
Добиле мувлосани соби без клима: Српски туристи ќе се степаа со хотелиери во Тунис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dobile-muvlosani-sobi-bez-klima-srpski-turisti-ke-se-stepaa-so-hotelieri-vo-tunis/ Sun, 30 Jul 2023 07:48:19 +0000 https://republika.mk/?p=666811

Однесувањето на група српски туристи во хотел во Тунис ги згрозило корисниците на социјалните мрежи.

Како што се вели ппокрај објавеното видео од случувањата, група туристи биле незадоволни бидејќи наводно агенцијата го пребукирала хотелот каде што им било сместувањето, како и дека биле ставени да спијат во соби со мувлосани ѕидови и без клима на 46 степени Целзиусови.

На видеоснимката од незадоволните туристи, се гледа како тие го обиколиле пултот на рецепција и се расправаат со работниците во хотелот. Тие им викаат на работниците на рецепција, а една жена дури и ги напаѓа. Таа пцуе додека додека со постелнина ги гаѓа рецепционерите.

Потоа маж од Србија удрил со раката во пултот и ги пцуе вработените во хотелот.

На снимката може да се види и жена која во еден момент фрла документи.

https://twitter.com/Pluton45873221/status/1684097324442697728?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1684097324442697728%7Ctwgr%5Eb3974a19c343e040c076cf9f7c02c5682d5d5842%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F452607%2Fedit

The post Добиле мувлосани соби без клима: Српски туристи ќе се степаа со хотелиери во Тунис appeared first on Република.

]]>

Однесувањето на група српски туристи во хотел во Тунис ги згрозило корисниците на социјалните мрежи. Како што се вели ппокрај објавеното видео од случувањата, група туристи биле незадоволни бидејќи наводно агенцијата го пребукирала хотелот каде што им било сместувањето, како и дека биле ставени да спијат во соби со мувлосани ѕидови и без клима на 46 степени Целзиусови. На видеоснимката од незадоволните туристи, се гледа како тие го обиколиле пултот на рецепција и се расправаат со работниците во хотелот. Тие им викаат на работниците на рецепција, а една жена дури и ги напаѓа. Таа пцуе додека додека со постелнина ги гаѓа рецепционерите. Потоа маж од Србија удрил со раката во пултот и ги пцуе вработените во хотелот. На снимката може да се види и жена која во еден момент фрла документи. https://twitter.com/Pluton45873221/status/1684097324442697728?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1684097324442697728%7Ctwgr%5Eb3974a19c343e040c076cf9f7c02c5682d5d5842%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F452607%2Fedit

The post Добиле мувлосани соби без клима: Српски туристи ќе се степаа со хотелиери во Тунис appeared first on Република.

]]>
ЕУ одвојува милијарда евра за Тунис во обид да ги запре мигрантите преку Медитеранот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-odvojuva-milijarda-evra-za-tunis-vo-obid-da-gi-zapre-migrantite-preku-mediteranot/ Sun, 11 Jun 2023 17:05:38 +0000 https://republika.mk/?p=650184

Европската унија ќе додели повеќе од една милијарда евра помош за Тунис за закрепнување на економијата и јавните финансии.

Парите ќе бидат наменети и за спроведување на договорот за борба против миграциската криза, изјави денеска во Тунис претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен кажа дека 900 милиони евра ќе бидат исплатени како макрофинансиска помош на Тунис, плус 150 милиони евра како буџетска поддршка, пренесуваат британските медиуми.

Претседателката на ЕК посочи дека ЕУ годинава на Тунис ќе му обезбеди и 100 милиони евра за управување со границите, пребарување и спасување и борба против шверцот на мигранти.

ЕУ, како и другите големи донатори на Тунис, досега ја условуваше својата поддршка со финализирање на програмата за заем со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), но тунискиот претседател Каис Саид ги отфрли клучните реформи што се бараат со планот.

Фон дер Лајен е во посета на Тунис заедно со холандскиот премиер Марк Руте и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Мелони, која, исто така, беше во Тунис и минатата недела, инсистираше ММФ да ги олесни условите за заемот.

Мелони денеска изјави дека ЕУ и Тунис веќе потпишале заедничка декларација која ја поздравила како важен чекор кон создавање вистинско партнерство, наведувајќи дека има шанса договорот за помош да се финализира до крајот на јуни, пред одржувањето на Европскиот совет.

The post ЕУ одвојува милијарда евра за Тунис во обид да ги запре мигрантите преку Медитеранот appeared first on Република.

]]>

Европската унија ќе додели повеќе од една милијарда евра помош за Тунис за закрепнување на економијата и јавните финансии.
Парите ќе бидат наменети и за спроведување на договорот за борба против миграциската криза, изјави денеска во Тунис претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајен кажа дека 900 милиони евра ќе бидат исплатени како макрофинансиска помош на Тунис, плус 150 милиони евра како буџетска поддршка, пренесуваат британските медиуми. Претседателката на ЕК посочи дека ЕУ годинава на Тунис ќе му обезбеди и 100 милиони евра за управување со границите, пребарување и спасување и борба против шверцот на мигранти. ЕУ, како и другите големи донатори на Тунис, досега ја условуваше својата поддршка со финализирање на програмата за заем со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), но тунискиот претседател Каис Саид ги отфрли клучните реформи што се бараат со планот. Фон дер Лајен е во посета на Тунис заедно со холандскиот премиер Марк Руте и италијанската премиерка Џорџа Мелони. Мелони, која, исто така, беше во Тунис и минатата недела, инсистираше ММФ да ги олесни условите за заемот. Мелони денеска изјави дека ЕУ и Тунис веќе потпишале заедничка декларација која ја поздравила како важен чекор кон создавање вистинско партнерство, наведувајќи дека има шанса договорот за помош да се финализира до крајот на јуни, пред одржувањето на Европскиот совет.

The post ЕУ одвојува милијарда евра за Тунис во обид да ги запре мигрантите преку Медитеранот appeared first on Република.

]]>
Калин Ивановски се бори за нов трофеј во Тунис https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kalin-ivanovski-se-bori-za-nov-trofej-vo-tunis/ Sat, 28 Jan 2023 09:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=601896

Нашиот тенисер Калин Ивановски се пласира во полуфиналето на фјучерсот што се игра во Тунис за награден фонд од 15.000 американски долари.
Во четвртфиналето Ивановски славеше со 2-0 во сетови против Себастијан Цоргер и тоа со 6-2 и 6-4 и обезбеди полуфинале против Гркот, Стефанос Сакеларидис.
Противникот на Македонецот, Стефанос има 18 години и е на 641 место на АТП листата.

The post Калин Ивановски се бори за нов трофеј во Тунис appeared first on Република.

]]>

Нашиот тенисер Калин Ивановски се пласира во полуфиналето на фјучерсот што се игра во Тунис за награден фонд од 15.000 американски долари. Во четвртфиналето Ивановски славеше со 2-0 во сетови против Себастијан Цоргер и тоа со 6-2 и 6-4 и обезбеди полуфинале против Гркот, Стефанос Сакеларидис. Противникот на Македонецот, Стефанос има 18 години и е на 641 место на АТП листата.

The post Калин Ивановски се бори за нов трофеј во Тунис appeared first on Република.

]]>
Казри ја заврши репрезентативната кариера https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kazri-ja-zavrshi-reprezentativnata-kariera/ Fri, 02 Dec 2022 17:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=581028

Натпреварот што го одигра за Тунис против Франција на СП во Катар беше последен за Вахби Казри (31), во националниот тим. Тунис со неговиот гол ја победи Франција со 1:0, но не успеа да се пласира во осминафиналето.

Сега е вистинскиот момент, пет Африкански купови на нации, два светски првенства… Го направив моето семејство гордо. Циклусот е завршен. Завршницата против Франција е еден од најубавите моменти во мојата кариера. Му благодарам на народот на Тунис. Имавме одлична генерација. Среќен сум што завршувам на овој начин. И посакувам се најдобро на мојата земја која живее и дише фудбал. Убеден сум дека најдоброто допрва доаѓа“, напиша Казри.

Казри е роден во Франција и одигра еден натпревар за младата репрезентација на триколорите, но во 2013 година реши да игра за Тунис.

Тој забележа 74 настапи и постигна 25 голови. На Светските првенства одигра пет натпревари, три во Русија и два во Катар. На Мундијалот постигна три гола, повеќе од кој било друг туниски репрезентативец.

The post Казри ја заврши репрезентативната кариера appeared first on Република.

]]>

Натпреварот што го одигра за Тунис против Франција на СП во Катар беше последен за Вахби Казри (31), во националниот тим. Тунис со неговиот гол ја победи Франција со 1:0, но не успеа да се пласира во осминафиналето.
Сега е вистинскиот момент, пет Африкански купови на нации, два светски првенства… Го направив моето семејство гордо. Циклусот е завршен. Завршницата против Франција е еден од најубавите моменти во мојата кариера. Му благодарам на народот на Тунис. Имавме одлична генерација. Среќен сум што завршувам на овој начин. И посакувам се најдобро на мојата земја која живее и дише фудбал. Убеден сум дека најдоброто допрва доаѓа“, напиша Казри.
Казри е роден во Франција и одигра еден натпревар за младата репрезентација на триколорите, но во 2013 година реши да игра за Тунис. Тој забележа 74 настапи и постигна 25 голови. На Светските првенства одигра пет натпревари, три во Русија и два во Катар. На Мундијалот постигна три гола, повеќе од кој било друг туниски репрезентативец.

The post Казри ја заврши репрезентативната кариера appeared first on Република.

]]>
Тунижаните на референдум гласаат дали претседателот да добие повеќе овластувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tunizanite-na-referendum-glasaat-dali-pretsedatelot-da-dobie-povekje-ovlastuvanja/ Mon, 25 Jul 2022 07:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=532830

Тунижаните денеска гласаат на референдум за новиот устав за кој критичарите на претседателот Каис Саид стравуваат дека може да ја уништи демократијата што произлезе од револуцијата во 2011 година, давајќи му речиси целосни овластувања.

Гласањето ќе се одржи на годишнината од ненадејниот потег на Саид против избраниот парламент кога тој ја собори владата, воведе воена состојба и почна да владее со декрет.

Не е познато кога ќе бидат објавени резултатите откако гласачките места ќе се затворат во 21 часот по средноевропско време.

Со оглед на забележително слабиот ентузијазам меѓу мнозинството Тунижани и бојкотот на главните партии, аналитичарите очекуваат исходот од гласањето да биде „за“, со слаб одѕив на гласачите.

Според правилата на Саид за референдум, не е потребен минимален праг на излезност за да се одобри нов устав. Се наведува дека ќе стапи на сила кога ќе бидат објавени конечните резултати, но не се наведува што ќе се случи доколку гласачите го отфрлат.

Саид ги претставува своите потези како темел на новата туниска република со цел да ја врати револуцијата на вистинскиот пат и да стави крај на годините на политички ќорсокак и економска стагнација. Неговите непријатели го обвинуваат за државен удар.

The post Тунижаните на референдум гласаат дали претседателот да добие повеќе овластувања appeared first on Република.

]]>

Тунижаните денеска гласаат на референдум за новиот устав за кој критичарите на претседателот Каис Саид стравуваат дека може да ја уништи демократијата што произлезе од револуцијата во 2011 година, давајќи му речиси целосни овластувања. Гласањето ќе се одржи на годишнината од ненадејниот потег на Саид против избраниот парламент кога тој ја собори владата, воведе воена состојба и почна да владее со декрет. Не е познато кога ќе бидат објавени резултатите откако гласачките места ќе се затворат во 21 часот по средноевропско време. Со оглед на забележително слабиот ентузијазам меѓу мнозинството Тунижани и бојкотот на главните партии, аналитичарите очекуваат исходот од гласањето да биде „за“, со слаб одѕив на гласачите. Според правилата на Саид за референдум, не е потребен минимален праг на излезност за да се одобри нов устав. Се наведува дека ќе стапи на сила кога ќе бидат објавени конечните резултати, но не се наведува што ќе се случи доколку гласачите го отфрлат. Саид ги претставува своите потези како темел на новата туниска република со цел да ја врати револуцијата на вистинскиот пат и да стави крај на годините на политички ќорсокак и економска стагнација. Неговите непријатели го обвинуваат за државен удар.

The post Тунижаните на референдум гласаат дали претседателот да добие повеќе овластувања appeared first on Република.

]]>
Стотина повредени при судир на два воза во Тунис https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stotina-povredeni-pri-sudir-na-dva-voza-vo-tunis/ Mon, 21 Mar 2022 12:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=476097

Најмалку 95 лица се повредени откако се судрија два воза јужно од градот Тунис.

Локалните медиуми објавија дека повредените се однесени во болници, а при несреќата нема загинати.

Еден од возовите носел патници, додека другиот бил празен.

https://twitter.com/GuardianNigeria/status/1505879295574646786

The post Стотина повредени при судир на два воза во Тунис appeared first on Република.

]]>

Најмалку 95 лица се повредени откако се судрија два воза јужно од градот Тунис. Локалните медиуми објавија дека повредените се однесени во болници, а при несреќата нема загинати. Еден од возовите носел патници, додека другиот бил празен. https://twitter.com/GuardianNigeria/status/1505879295574646786

The post Стотина повредени при судир на два воза во Тунис appeared first on Република.

]]>