тумори на нос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tumori-na-nos/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Dec 2023 13:00:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тумори на нос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tumori-na-nos/ 32 32 ГОБ „8 Септември“ доби нов апарат за оперирање на тумори на нос и синуси, кој е како џи-пи-ес https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/gob-8-septemvri-dobi-nov-aparat-za-operirane-na-tumori-na-nos-i-sinusi-koj-e-kako-dhi-pi-es/ Thu, 28 Dec 2023 13:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=727502

Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје доби нова медицинска опрема, која се презентира денеска. Станува збор за апарат - систем за навигација на Одделот за оториноларингологија и база на череп, кој е прв ваков апарат во нашата држава и пошироко во регионот.

Апаратот, како што беше појаснето на настанот, е во вредност од 12 милиони денари.

- Новиот апарат е како џи-пи-ес, со него можеме попрецизно да оперираме патолошки процеси и тумори на нос и синуси кои се граничат со витални структури како на пример мозок, очи, како и значајно да бидат намалени можните компликации. Со овој апарат веќе нема да има потреба пациенти да се испраќаат во странство за лекување, како што било досега во одредени случаи, подвлече за МИА доктор Ана Тримоска - Радевска.

На презентацијата на новата медицинска опрема, присутен е и министерот за здравство Фатмир Меџити.

The post ГОБ „8 Септември“ доби нов апарат за оперирање на тумори на нос и синуси, кој е како џи-пи-ес appeared first on Република.

]]>

Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје доби нова медицинска опрема, која се презентира денеска. Станува збор за апарат - систем за навигација на Одделот за оториноларингологија и база на череп, кој е прв ваков апарат во нашата држава и пошироко во регионот. Апаратот, како што беше појаснето на настанот, е во вредност од 12 милиони денари.