тука сме за тебе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tuka-sme-za-tebe/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Mar 2022 09:01:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тука сме за тебе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tuka-sme-za-tebe/ 32 32 Дали знаеш каде да се обратиш доколку си жртва на родово-базирано насилство? https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/dali-znaesh-kade-da-se-obratish-dokolku-si-zrtva-na-rodovo-bazirano-nasilstvo/ Tue, 08 Mar 2022 09:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=469379

„Не прикривај. Пред другите…И пред себе.

Зборувај отворено за твоите проблеми, во сигурна средина.

Тука сме за тебе“

Ова е пораката упатена до жените кои преживуваат родово-базирано насилство од страна на Организација на жените на општина Свети Николе и НВО КХАМ Делчево, со која ги повикуваат да побараат бесплатна психо-социјална и правна помош од нивните стручни тимови на www.tukasmezatebe.mk

https://www.youtube.com/watch?v=Q1gEmUGRrfA

Кампањата е реализирана во соработка со The Kvinna till Kvinna Foundation и Коалиција Маргини и има за цел пред сè да ја истакне важноста и потребата од психо-социјална помош кај жените кои преживуваат родово-базирано насилство.

Од организациите велат дека жените кои преживуваат родово-базирано насилство се соочуваат со големо чувство на страв и срам поради кое не можат да видат излез од ситуацијата во која се наоѓаат. Стигматизацијата и предрасудите во општеството се дополнителна причина за молк.

Преку разговор и советување со стручни лица тие може да ја добијат потребната поддршка и разбирање и заедно со организациите да дојдат до решение на проблемите со кои е тешко да се борат сами.

Покрај психо-социјалната поддршка, организациите нудат и бесплатна правна помош.

Лицата кои се соочуваат со каква било форма на родово-базирано насилство може да побараат помош на www.tukasmezatebe.mk или да остварат директен контакт на:

+389 33 413 695 Невладина организација „КХАМ“ Делчево

+389 32 444 620 „Организација на жените на општина Свети Николе“

The post Дали знаеш каде да се обратиш доколку си жртва на родово-базирано насилство? appeared first on Република.

]]>

„Не прикривај. Пред другите…И пред себе. Зборувај отворено за твоите проблеми, во сигурна средина. Тука сме за тебе“ Ова е пораката упатена до жените кои преживуваат родово-базирано насилство од страна на Организација на жените на општина Свети Николе и НВО КХАМ Делчево, со која ги повикуваат да побараат бесплатна психо-социјална и правна помош од нивните стручни тимови на www.tukasmezatebe.mk https://www.youtube.com/watch?v=Q1gEmUGRrfA Кампањата е реализирана во соработка со The Kvinna till Kvinna Foundation и Коалиција Маргини и има за цел пред сè да ја истакне важноста и потребата од психо-социјална помош кај жените кои преживуваат родово-базирано насилство. Од организациите велат дека жените кои преживуваат родово-базирано насилство се соочуваат со големо чувство на страв и срам поради кое не можат да видат излез од ситуацијата во која се наоѓаат. Стигматизацијата и предрасудите во општеството се дополнителна причина за молк. Преку разговор и советување со стручни лица тие може да ја добијат потребната поддршка и разбирање и заедно со организациите да дојдат до решение на проблемите со кои е тешко да се борат сами. Покрај психо-социјалната поддршка, организациите нудат и бесплатна правна помош. Лицата кои се соочуваат со каква било форма на родово-базирано насилство може да побараат помош на www.tukasmezatebe.mk или да остварат директен контакт на: +389 33 413 695 Невладина организација „КХАМ“ Делчево +389 32 444 620 „Организација на жените на општина Свети Николе“

The post Дали знаеш каде да се обратиш доколку си жртва на родово-базирано насилство? appeared first on Република.

]]>