туберкулоза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tuberkuloza/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 08:34:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png туберкулоза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tuberkuloza/ 32 32 Археолошки музеј осветлен со црвено светло по повод Светски ден за борба против туберкулозата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/arheoloshki-muzej-osvetlen-so-tsrveno-svetlo-po-povod-svetski-den-za-borba-protiv-tuberkulozata/ Mon, 25 Mar 2024 08:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=758406

Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје, заедно со професионалните здруженија Македонското лекарско друштво, Здружението на пневмофтизиолози, Македонското респираторно здружение и Македонското педијатриско респираторно здружение се вклучија кон годинешните активности на „Stop TB Partnership“, што претставува интернационална иницијатива и партнерство под закрила на Обединетите Нации, по повод одбележување Светски ден за борба против туберкулозата (ТБ) - 24 март, 2024 година.

Секоја година, на 24 март, се одбележува денот кога д-р Роберт Кох во 1882 го објавил откривањето на бацилот на туберкулоза. Светскиот ден на туберкулозата е повод да се мобилизира политичката и социјалната посветеност за натамошен напредок кон елиминирање на туберкулозата.

[caption id="attachment_758414" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

Одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата е со цел подигнување на свесноста за глобалната епидемија на туберкулоза и напорите кои се во тек за нејзино елиминирање. Овој ден служи како потсетник за изгубените животи од ТБ, тековната борба на оние кои живеат со оваа болест и итната потреба за глобална акција за да се стави крај на ТБ. Нашата меѓународна кампања има за цел не само да информира и ангажира, туку и да мобилизира ресурси, да се залага за ефективни политики и да го поттикне учеството на заедницата во глобалната борба против ТБ, усогласувајќи се со годинешната тема и целите за да нè доближи до свет без ТБ, велат од Министерството за здравство.

Годинешно мото за денот на борба против туберулозата е „ДА! Можеме да ставиме крај на туберкулозата”.

Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза упатува благодарност до Археолошкиот музеј за вклучување кон ова глобално движење за да го привлечеме вниманието кон важноста за борбата против туберкулозата.

Партнерството „Стоп за ТБ“ ја започна кампањата „Осветли за туберкулозата“ првпат во 2017 година, при што во претходните кампањи со вклучување на над 60 градови ширум светот. Нашата земја, првпат се вклучи во оваа кампања минатата година, кога за истата цел се осветли Камениот Мост во црвено, велат од МЗ.

The post Археолошки музеј осветлен со црвено светло по повод Светски ден за борба против туберкулозата appeared first on Република.

]]>

Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје, заедно со професионалните здруженија Македонското лекарско друштво, Здружението на пневмофтизиолози, Македонското респираторно здружение и Македонското педијатриско респираторно здружение се вклучија кон годинешните активности на „Stop TB Partnership“, што претставува интернационална иницијатива и партнерство под закрила на Обединетите Нации, по повод одбележување Светски ден за борба против туберкулозата (ТБ) - 24 март, 2024 година. Секоја година, на 24 март, се одбележува денот кога д-р Роберт Кох во 1882 го објавил откривањето на бацилот на туберкулоза. Светскиот ден на туберкулозата е повод да се мобилизира политичката и социјалната посветеност за натамошен напредок кон елиминирање на туберкулозата. [caption id="attachment_758414" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]
Одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата е со цел подигнување на свесноста за глобалната епидемија на туберкулоза и напорите кои се во тек за нејзино елиминирање. Овој ден служи како потсетник за изгубените животи од ТБ, тековната борба на оние кои живеат со оваа болест и итната потреба за глобална акција за да се стави крај на ТБ. Нашата меѓународна кампања има за цел не само да информира и ангажира, туку и да мобилизира ресурси, да се залага за ефективни политики и да го поттикне учеството на заедницата во глобалната борба против ТБ, усогласувајќи се со годинешната тема и целите за да нè доближи до свет без ТБ, велат од Министерството за здравство.
Годинешно мото за денот на борба против туберулозата е „ДА! Можеме да ставиме крај на туберкулозата”. Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза упатува благодарност до Археолошкиот музеј за вклучување кон ова глобално движење за да го привлечеме вниманието кон важноста за борбата против туберкулозата.
Партнерството „Стоп за ТБ“ ја започна кампањата „Осветли за туберкулозата“ првпат во 2017 година, при што во претходните кампањи со вклучување на над 60 градови ширум светот. Нашата земја, првпат се вклучи во оваа кампања минатата година, кога за истата цел се осветли Камениот Мост во црвено, велат од МЗ.
 
The post Археолошки музеј осветлен со црвено светло по повод Светски ден за борба против туберкулозата appeared first on Република.

]]>
Туберкулозата е најзаразна болест на светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tuberkulozata-e-najzarazna-bolest-na-svetot/ Tue, 09 May 2023 08:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=638617

Туберкулозата сега е најзаразната болест на планетата, надминувајќи ги Ковид-19 и СИДА-та, бидејќи секој ден одзема 4.000 животи, од кои 700 се детски животи, изјави претставник на Обединетите нации.

Највисоките органи на Светската организација и лидерите на здравствената индустрија се обидуваат да се справат со алармантниот скок на бројот на случаи на туберкулоза, поттикнат од големиот број случаи на болеста во воените зони како што се оние во Украина и Судан.

Според извршната директорка на организацијата Стоп за туберкулоза, Лусисе Дитију, пред пандемијата на Ковид-19 не е забележано драматично зголемување на случаите на туберкулоза.

Но, по Ковид, го забележавме типот на туберкулоза што го гледаме во филмовите, каде што луѓето кашлаат крв, се многу слаби и така натаму, рече таа.

Како и Ковид, туберкулозата се пренесува преку воздухот.

Дитију вели дека економските последици од Ковид и војните, пред сè во Украина, а сега и во Судан, имаат „огромно влијание“ врз напорите за лекување на луѓето кои се заразиле со туберкулоза и за дијагностицирањето нови случаи.

Украина има најголем број луѓе за кои се проценува дека имаат туберкулоза во Европа - 34.000, а исто така има и најголем број на пациенти кои се отпорни на лекови за туберкулоза, изјави неодамна Дитиу.

The post Туберкулозата е најзаразна болест на светот appeared first on Република.

]]>

Туберкулозата сега е најзаразната болест на планетата, надминувајќи ги Ковид-19 и СИДА-та, бидејќи секој ден одзема 4.000 животи, од кои 700 се детски животи, изјави претставник на Обединетите нации. Највисоките органи на Светската организација и лидерите на здравствената индустрија се обидуваат да се справат со алармантниот скок на бројот на случаи на туберкулоза, поттикнат од големиот број случаи на болеста во воените зони како што се оние во Украина и Судан. Според извршната директорка на организацијата Стоп за туберкулоза, Лусисе Дитију, пред пандемијата на Ковид-19 не е забележано драматично зголемување на случаите на туберкулоза.
Но, по Ковид, го забележавме типот на туберкулоза што го гледаме во филмовите, каде што луѓето кашлаат крв, се многу слаби и така натаму, рече таа.
Како и Ковид, туберкулозата се пренесува преку воздухот. Дитију вели дека економските последици од Ковид и војните, пред сè во Украина, а сега и во Судан, имаат „огромно влијание“ врз напорите за лекување на луѓето кои се заразиле со туберкулоза и за дијагностицирањето нови случаи. Украина има најголем број луѓе за кои се проценува дека имаат туберкулоза во Европа - 34.000, а исто така има и најголем број на пациенти кои се отпорни на лекови за туберкулоза, изјави неодамна Дитиу.

The post Туберкулозата е најзаразна болест на светот appeared first on Република.

]]>
Туберкулозата во Македонија затропа на голема врата https://arhiva3.republika.mk/kolumni/tuberkulozata-vo-makedonija-zatropa-na-golema-vrata/ Thu, 16 Mar 2023 07:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=620114

Јасминка Данческа

Ако помисливме дека заразните болести кои го загрозуваат здравјето на децата од 0 до 6 годишна возраст се веќе минато, за жал туберкулозата не потсети дека тоа не е така. Здравјето на децата од 0 до 6 годишна возраст, во сите развиени земји па и во тие во развој, секогаш е на врвот на здравствените агенди. Само кај нас во Македонија тоа не е така. Здравствените власти не се заинтересирани за јакнење на здравјето на жените и децата и оваа ранлива популација е ставена на маргините.

Во Република Македонија постои установа која се грижеше за реализирање на превентивните мерки од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, во цела држава. Се планираа превентивните мерки, опфатот на имунизација, се предлагаа мерки кон сите активни чинители и реализатори на Програмата.

Заводот за здравствена заштита на мајки и деца вршеше теренски посети со цел следење на тие мерки, следење на опфатот со имунизација, стручни едукации на вакциналните тимови и на патронажната служба за реализацијата на мерките да биде на високо ниво.

Денес, Заводот за здравствена заштита на мајки и деца е ставен на маргините, маргинализиран. Ако некогаш стручниот тим кој толку одговорно работеше и беше посветен да нема маргинализирани групи, маргинализирани деца, денес за жал ја доживува несреќната судбина што му ја приредија креатори на здравствени политики кои немаат базични познавања со управувањето на здравствениот систем. Маргинализиран, кадровски уништен, без ресурси, ЗЗЗМД , ја нема главната улога за организирање на Превентивната здравствена заштита на жените и децата.

Во програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за дејноста на Заводот за здравствена заштина на мајки и деца за 2022 год беа издвоени, замислете САМО 10.000 денари, кои се наменети за издавачката дејност на ЗЗЗМД – издавање на Информација за состојбите.

Не се реализираат теренските посети до Превентивните тимови и Поливалентните служби, кои исто така се десеткувани, нема планирања, нема едукации, советувања, нема надзор на реализирани и дадени дози на вакцини на целата територија на Република Македонија.

Нема први посети во домот на трудница во првиот триместар, нема први посети на новороденче. Од планирани БСГ околу 2000, дадени околу 600. И никој не прашува зошто?

И додека секој партиски војник во државава успеал да земе државно возило и да го експлоатира, Поливалентната патронажна служба редуцирана кадровски нема основни услови за работи. А нејзината дејност е да реализира посета и во најодалечените места, да направи увид на условите во кои живеат семејствата, да советува и да пружи здравствена заштита.

Дали заразните болести со кои Македонија се справи во минатото, денес ни тропаат на голема врата. И доаѓаат и земаат млади животи. Траорно е денес да дискутираме за загубата на еден млад живот од туберкулоза, наместо да дискутираме за поголема имплементација на повисоки стандарди како што се Стандардите за ран детски развој, ние денес дискутираме како да се справуваме со нешто што е обележје на 19 век.

Страшна регресија! Пад на нивото. Изгубени критериуми, изгубено знаење и изгубена самокритичност. Гол егоизам и консумеризам. Губење на здравствената меморија и здравствените искуства од минатото. Сакајќи да ја избришеме националната меморија ги бришеме научните траги што живот значат.

И една моја ценета колешка ќе речеше: Во последните денови од животот, пензиониран и во борба со карциномот, д-р Ефремов, епидемиолог од Заводот за здравствена заштита на мајки и деца, ќе дојдеше и ќе го разгледуваше опфатот со имунизацијата, реализицијата на плановите, ќе дадеше некој совет и препорака. Што ќе речам, посветеност до крај, до самата смрт, љубов кон народот и татковината, ниво за респект.

Денес за жал нема таков пример за посветеност од одговорните за спроведувањето на здравствените политики и грижата за здравјето на сите осигуреници, па дури и за тие што не се осигурани по никој основ. Игнорирањето на науката, непознавањето на здравствениот систем, суетата, ни ја донесе туберкулозата на голема врата. Замислете се што ќе биде ако не дај Боже се врати ПОЛИО. Оваа проблематика не трпи импровизација и не амнестира никого. Здравјето на секое едно дете има непроценливо богатство и за семејството и за општеството.

The post Туберкулозата во Македонија затропа на голема врата appeared first on Република.

]]>

Јасминка Данческа

Ако помисливме дека заразните болести кои го загрозуваат здравјето на децата од 0 до 6 годишна возраст се веќе минато, за жал туберкулозата не потсети дека тоа не е така. Здравјето на децата од 0 до 6 годишна возраст, во сите развиени земји па и во тие во развој, секогаш е на врвот на здравствените агенди. Само кај нас во Македонија тоа не е така. Здравствените власти не се заинтересирани за јакнење на здравјето на жените и децата и оваа ранлива популација е ставена на маргините. Во Република Македонија постои установа која се грижеше за реализирање на превентивните мерки од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, во цела држава. Се планираа превентивните мерки, опфатот на имунизација, се предлагаа мерки кон сите активни чинители и реализатори на Програмата. Заводот за здравствена заштита на мајки и деца вршеше теренски посети со цел следење на тие мерки, следење на опфатот со имунизација, стручни едукации на вакциналните тимови и на патронажната служба за реализацијата на мерките да биде на високо ниво. Денес, Заводот за здравствена заштита на мајки и деца е ставен на маргините, маргинализиран. Ако некогаш стручниот тим кој толку одговорно работеше и беше посветен да нема маргинализирани групи, маргинализирани деца, денес за жал ја доживува несреќната судбина што му ја приредија креатори на здравствени политики кои немаат базични познавања со управувањето на здравствениот систем. Маргинализиран, кадровски уништен, без ресурси, ЗЗЗМД , ја нема главната улога за организирање на Превентивната здравствена заштита на жените и децата. Во програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за дејноста на Заводот за здравствена заштина на мајки и деца за 2022 год беа издвоени, замислете САМО 10.000 денари, кои се наменети за издавачката дејност на ЗЗЗМД – издавање на Информација за состојбите. Не се реализираат теренските посети до Превентивните тимови и Поливалентните служби, кои исто така се десеткувани, нема планирања, нема едукации, советувања, нема надзор на реализирани и дадени дози на вакцини на целата територија на Република Македонија. Нема први посети во домот на трудница во првиот триместар, нема први посети на новороденче. Од планирани БСГ околу 2000, дадени околу 600. И никој не прашува зошто? И додека секој партиски војник во државава успеал да земе државно возило и да го експлоатира, Поливалентната патронажна служба редуцирана кадровски нема основни услови за работи. А нејзината дејност е да реализира посета и во најодалечените места, да направи увид на условите во кои живеат семејствата, да советува и да пружи здравствена заштита. Дали заразните болести со кои Македонија се справи во минатото, денес ни тропаат на голема врата. И доаѓаат и земаат млади животи. Траорно е денес да дискутираме за загубата на еден млад живот од туберкулоза, наместо да дискутираме за поголема имплементација на повисоки стандарди како што се Стандардите за ран детски развој, ние денес дискутираме како да се справуваме со нешто што е обележје на 19 век. Страшна регресија! Пад на нивото. Изгубени критериуми, изгубено знаење и изгубена самокритичност. Гол егоизам и консумеризам. Губење на здравствената меморија и здравствените искуства од минатото. Сакајќи да ја избришеме националната меморија ги бришеме научните траги што живот значат. И една моја ценета колешка ќе речеше: Во последните денови од животот, пензиониран и во борба со карциномот, д-р Ефремов, епидемиолог од Заводот за здравствена заштита на мајки и деца, ќе дојдеше и ќе го разгледуваше опфатот со имунизацијата, реализицијата на плановите, ќе дадеше некој совет и препорака. Што ќе речам, посветеност до крај, до самата смрт, љубов кон народот и татковината, ниво за респект. Денес за жал нема таков пример за посветеност од одговорните за спроведувањето на здравствените политики и грижата за здравјето на сите осигуреници, па дури и за тие што не се осигурани по никој основ. Игнорирањето на науката, непознавањето на здравствениот систем, суетата, ни ја донесе туберкулозата на голема врата. Замислете се што ќе биде ако не дај Боже се врати ПОЛИО. Оваа проблематика не трпи импровизација и не амнестира никого. Здравјето на секое едно дете има непроценливо богатство и за семејството и за општеството.

The post Туберкулозата во Македонија затропа на голема врата appeared first on Република.

]]>
Над 30 нови сомнителни случаи на туберкулоза, од нив 22 деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nad-30-novi-somnitelni-sluchai-na-tuberkuloza-od-niv-22-detsa/ Tue, 14 Mar 2023 16:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=619638

Тестовите во детската болница во Козле и во Институтот за ТБЦ треба да покажат дали уште 22 деца и десетина возрасни од привремени живеалишта за социјално ранливи групи ја имаат заразнаta болест туберкулоза, пренесува „Сител“. Тие се поврзани со трите деца кои се веќе хоспитализирани во Козле и пациентот кој е на респиратор на Клиниката за детски болести.

Ние имаме термини кога ги правиме тие манту тестови и ќе ги повикуваме и по анализите ќе знаеме каква е состојбата. Возрасните ќе одат во Институтот за ТБЦ и ако некој од нив е позитивен ќе биде полесно за нас да ги следиме децата, вели д-р Катерина Бошковска, раководител на оддел за туберкулоза во детска болница Козле.

Лекарите од Козле смируваат дека нема простор за паника но и да не се стигматизираат лицата сомнителни на туберкулоза. Во болницата немаат детален преглед за вакциналниот статус на сите деца бидејќи дел од нив немале здравствени легитимации.

Бројот е голем бидејќи се многудетни семејства. Но и ковид пандемијата си го направи своето, ние три години бевме сконцентрирани на лекување на ковид и имаме пораст на туберкулоза, но и на други заболувања како кардиоваскуларни, малигни, вели д-р Бошковска.

The post Над 30 нови сомнителни случаи на туберкулоза, од нив 22 деца appeared first on Република.

Тренчевска: Семејството на бебето кое почина од туберколоза не живее во лоши услови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-semejstvoto-na-bebeto-koe-pochina-od-tuberkoloza-ne-zhivee-vo-loshi-uslovi/ Mon, 13 Mar 2023 12:12:43 +0000 https://republika.mk/?p=619129

Семејството на бебето од Куманово кое почина од туберколоза не живее во лоши услови. Тоа го утврдивме со посета на стручниот тим од Центарот за социјални работи од Куманово, каде што се виде дека семејството има и хигенски услови и е материјално обезбедено. Во моментов народниот правобранител и здравствениот сектор работат на овој случај, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа напомена дека случајот се следи и во моментов се работи со семејството за да можат децата повторно да се вратат на училиште, а таткото на работа. Како што рече министерката, нивните три деца се деца кои имаат родителска грижа.

Членовите на семејството не се корисници на ниедно право, освен правото на надоместок за трето дете. Народниот правобранител работи на случајот, сите наоди и мислења кои се добиени на терен од Центарот за социјални работи ќе му бидат достапни на народниот правоибранител, за да може да утврди дали има некаков проблем, а секако тука е и здравствениот сектор, кој треба да утврди дали на детето му била понудена соодветна здравствена грижа, рече денеска Тренчевска во одговор на новинарско прашање пред почетокот на панел дискусија „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата - жени во белиот мантил“.

Таа информираше дека континуирано работат и со децата на улица и со нивните родители, за да разберат колку е важно децата да ги тргнат од улицата и да ги вклучат во процесот на образованието.

На родителите и на децата им се достапни и сите права од социјална правна заштита за да се поттикнат да се создадат подобри хигиенски услови и подобра егзистенција, додаде Тренчевска.

The post Тренчевска: Семејството на бебето кое почина од туберколоза не живее во лоши услови appeared first on Република.

]]>

Семејството на бебето од Куманово кое почина од туберколоза не живее во лоши услови. Тоа го утврдивме со посета на стручниот тим од Центарот за социјални работи од Куманово, каде што се виде дека семејството има и хигенски услови и е материјално обезбедено. Во моментов народниот правобранител и здравствениот сектор работат на овој случај, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа напомена дека случајот се следи и во моментов се работи со семејството за да можат децата повторно да се вратат на училиште, а таткото на работа. Како што рече министерката, нивните три деца се деца кои имаат родителска грижа.
Членовите на семејството не се корисници на ниедно право, освен правото на надоместок за трето дете. Народниот правобранител работи на случајот, сите наоди и мислења кои се добиени на терен од Центарот за социјални работи ќе му бидат достапни на народниот правоибранител, за да може да утврди дали има некаков проблем, а секако тука е и здравствениот сектор, кој треба да утврди дали на детето му била понудена соодветна здравствена грижа, рече денеска Тренчевска во одговор на новинарско прашање пред почетокот на панел дискусија „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата - жени во белиот мантил“.
Таа информираше дека континуирано работат и со децата на улица и со нивните родители, за да разберат колку е важно децата да ги тргнат од улицата и да ги вклучат во процесот на образованието.
На родителите и на децата им се достапни и сите права од социјална правна заштита за да се поттикнат да се создадат подобри хигиенски услови и подобра егзистенција, додаде Тренчевска.

The post Тренчевска: Семејството на бебето кое почина од туберколоза не живее во лоши услови appeared first on Република.

]]>
Семејството на бебето кое почина од туберкулоза живее во добри услови, Обдусманот отвори случај и ќе ја води постапката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/semejstvoto-na-bebeto-koe-pochina-od-tuberkuloza-zhivee-vo-dobri-uslovi-obdusmanot-otvori-sluchaj-i-ke-ja-vodi-postapkata/ Mon, 06 Mar 2023 13:03:54 +0000 https://republika.mk/?p=616440

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска истакна дека по извршениот увид од страна на стручниот тим од Центарот за социјални работи утврдено е дека семејството на деветмесечното бебе кое почина вчера од туберкулоза живее во добри и дека тие не се корисници на социјална помош или детска заштита. Таа информира дека Народниот правобранител отворил случај и посочи дека наодите, мислењето и записникот којшто е направен од Центарот за социјални работи ќе му биде доставен на Омбудсманот и тој согласно нивните надлежности ќе си ја води постапката.

Центарот за социјални работи, односно стручниот тим веднаш по излегувањето на информациите во јавноста направи увид во состојбата на семејството во рамки на надлежноста на Центарот, односно во рамки на надлежноста на МТСП. Она што е утврдено од увидот на лице место е дека семејството живее во добри услови, хигиената е на завидно ниво, како семејство не се корисници ниту на едно право од социјална и детска заштита. Единствено додека живееле во Скопје, бидејќи мајката е од Шуто Оризари, биле корисници на надомест за трето дете. Во разговорите со едниот родител, таткото, бидејќи мајката беше во болница со најмалото дете, е утврдено дека и тој и мајката се грижливи, рече Тренчевска и додаде дека не се утврдено пропусти во делот на грижата на родителите за детето.

Од здравствен аспект, дополни министерката, треба да постапи Министерството за здравство со нивните служби.

Тренчевска одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“ потенцира дека останатите три деца се во добра состојба. Таа рече дека тоа што е нивна обврска е сега во овој момент да работат со семејството, со училиштето и со фирмата каде што работи таткото, за да можат по подобрувањето на здравствената состојба да се вратат на училиште и да се врати таткото на работа.

Наша обврска како Центар за социјална работа во овој момент е да работиме на интеграцијата на децата во образованието, да се грижиме да се вратат во процесот на образование, таткото да се врати на работно место затоа што само тој работи во семејството, а навистина работел и се грижел во економскиот дел и економската состојба на самото семејство, додека мајката се грижела за своите деца. Наша обврска е сега во овој момент да работиме со семејството, со училиштето и со фирмата кај што работи таткото за да можат по подобрувањето на здравствената состојба да се вратат на училиште и тој да се врати на работа. Она што морам да го истакнам е дека другите три деца се во добра состојба, со развиени хигиенски навики, добри ученици во училиштето. Значи, не се работи за запоставување на децата од страна на семејството. Семејството е стигматизирано во моментов и децата и мора да работиме на тој сегмент за да можеме да ги заштитиме од секакви понатамошни стигми од околината.

The post Семејството на бебето кое почина од туберкулоза живее во добри услови, Обдусманот отвори случај и ќе ја води постапката appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска истакна дека по извршениот увид од страна на стручниот тим од Центарот за социјални работи утврдено е дека семејството на деветмесечното бебе кое почина вчера од туберкулоза живее во добри и дека тие не се корисници на социјална помош или детска заштита. Таа информира дека Народниот правобранител отворил случај и посочи дека наодите, мислењето и записникот којшто е направен од Центарот за социјални работи ќе му биде доставен на Омбудсманот и тој согласно нивните надлежности ќе си ја води постапката.
Центарот за социјални работи, односно стручниот тим веднаш по излегувањето на информациите во јавноста направи увид во состојбата на семејството во рамки на надлежноста на Центарот, односно во рамки на надлежноста на МТСП. Она што е утврдено од увидот на лице место е дека семејството живее во добри услови, хигиената е на завидно ниво, како семејство не се корисници ниту на едно право од социјална и детска заштита. Единствено додека живееле во Скопје, бидејќи мајката е од Шуто Оризари, биле корисници на надомест за трето дете. Во разговорите со едниот родител, таткото, бидејќи мајката беше во болница со најмалото дете, е утврдено дека и тој и мајката се грижливи, рече Тренчевска и додаде дека не се утврдено пропусти во делот на грижата на родителите за детето.
Од здравствен аспект, дополни министерката, треба да постапи Министерството за здравство со нивните служби. Тренчевска одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“ потенцира дека останатите три деца се во добра состојба. Таа рече дека тоа што е нивна обврска е сега во овој момент да работат со семејството, со училиштето и со фирмата каде што работи таткото, за да можат по подобрувањето на здравствената состојба да се вратат на училиште и да се врати таткото на работа.
Наша обврска како Центар за социјална работа во овој момент е да работиме на интеграцијата на децата во образованието, да се грижиме да се вратат во процесот на образование, таткото да се врати на работно место затоа што само тој работи во семејството, а навистина работел и се грижел во економскиот дел и економската состојба на самото семејство, додека мајката се грижела за своите деца. Наша обврска е сега во овој момент да работиме со семејството, со училиштето и со фирмата кај што работи таткото за да можат по подобрувањето на здравствената состојба да се вратат на училиште и тој да се врати на работа. Она што морам да го истакнам е дека другите три деца се во добра состојба, со развиени хигиенски навики, добри ученици во училиштето. Значи, не се работи за запоставување на децата од страна на семејството. Семејството е стигматизирано во моментов и децата и мора да работиме на тој сегмент за да можеме да ги заштитиме од секакви понатамошни стигми од околината.
 
The post Семејството на бебето кое почина од туберкулоза живее во добри услови, Обдусманот отвори случај и ќе ја води постапката appeared first on Република.

]]>
Почина бебето кое на Детска клиника беше примено со туберкулоза https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pochina-bebeto-koe-na-detska-klinika-beshe-primeno-so-tuberkoloza/ Sun, 05 Mar 2023 09:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=615997

Почина бебето кое беше примено во тешка состојба на Детската клиника во Скопје.

Се работи за деветмесечно бебе кај кое на почетокот постоеше сомневање дека белодробната слабост му е предизвикана од инфективната болест туберкулоза, но подоцна и се утврдило дека има туберкулоза.

Дететото на Детската клиника во Скопје беше донесено на 24 февруари во тешка состојба, и беше итно префрлено од болницата Козле“. Како итен случај беше сместено во одделот за интензивна нега на детската клиника и беше ставено на машина.

The post Почина бебето кое на Детска клиника беше примено со туберкулоза appeared first on Република.

]]>

Почина бебето кое беше примено во тешка состојба на Детската клиника во Скопје. Се работи за деветмесечно бебе кај кое на почетокот постоеше сомневање дека белодробната слабост му е предизвикана од инфективната болест туберкулоза, но подоцна и се утврдило дека има туберкулоза. Дететото на Детската клиника во Скопје беше донесено на 24 февруари во тешка состојба, и беше итно префрлено од болницата Козле“. Како итен случај беше сместено во одделот за интензивна нега на детската клиника и беше ставено на машина.

The post Почина бебето кое на Детска клиника беше примено со туберкулоза appeared first on Република.

]]>
Целото семејство на бебето болно од туберкулоза е заразено, таткото се жали на дискриминација оти ги изолирале https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tseloto-semejstvo-na-bebeto-bolno-od-tuberkuloza-e-zarazeno-tatkoto-se-zhali-na-diskriminatsija-oti-gi-izolirale/ Fri, 03 Mar 2023 17:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=615691

По мајката и бебето кои во болнички кревет се лекуваат од туберкулоза, денес хоспитализирани се и останатите четворица членови на ова кумановско семејство, пренесува „Телма“, според чии информации иако се без симптоми и во добра здравствена состојба, сепак се инфицирани со туберкулоза.

Со дополнителни анализи ќе се утврдува дали се само носители на вирусот или пак заболени.

Тие секако дека треба да се изолирани, овој позитивен тест не значи дека се болни туку значи дека се инфицирани со туберкулоза. И сега од понатамошните други анализи зависи дали овие деца ќе бидат поставени на заштитна терапија за да не развијат активна болест или ќе ги лекуваме како болест, како туберкулоза, вели д-р Катерина Бошковска, раководител на одделот за туберкулоза во ЈЗУ Институт Козле.

До вчера тие беа во својот дом во населбата Банево Трло во Куманово и според сведочењата на таткото – дискриминирани и отфрлени од околината. Тој една недела не оди на работа, а ниту децата во училиште, додека надлежните не се „на чисто“ за нивната здравствена состојба.

The post Целото семејство на бебето болно од туберкулоза е заразено, таткото се жали на дискриминација оти ги изолирале appeared first on Република.

]]>

По мајката и бебето кои во болнички кревет се лекуваат од туберкулоза, денес хоспитализирани се и останатите четворица членови на ова кумановско семејство, пренесува „Телма“, според чии информации иако се без симптоми и во добра здравствена состојба, сепак се инфицирани со туберкулоза. Со дополнителни анализи ќе се утврдува дали се само носители на вирусот или пак заболени.
Тие секако дека треба да се изолирани, овој позитивен тест не значи дека се болни туку значи дека се инфицирани со туберкулоза. И сега од понатамошните други анализи зависи дали овие деца ќе бидат поставени на заштитна терапија за да не развијат активна болест или ќе ги лекуваме како болест, како туберкулоза, вели д-р Катерина Бошковска, раководител на одделот за туберкулоза во ЈЗУ Институт Козле.
До вчера тие беа во својот дом во населбата Банево Трло во Куманово и според сведочењата на таткото – дискриминирани и отфрлени од околината. Тој една недела не оди на работа, а ниту децата во училиште, додека надлежните не се „на чисто“ за нивната здравствена состојба.

The post Целото семејство на бебето болно од туберкулоза е заразено, таткото се жали на дискриминација оти ги изолирале appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Деветмесечното бебе со туберкулоза не е занемарувано, родено е предвреме, се проверуваат родителите и другите две деца дали се болни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-devetmesechnoto-bebe-so-tuberkuloza-ne-e-zanemaruvano-rodeno-e-predvreme-se-proveruvaat-roditelite-i-drugite-dve-detsa-dali-se-bolni/ Wed, 01 Mar 2023 14:10:37 +0000 https://republika.mk/?p=614744

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска информира дека досега не се утврдени елементи на занемарување кај деветмесечното бебе со туберкулоза од Куманово хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести и посочи оти по направениот увид било потврдено дека не се евидентирани во Центарот за социјална работа.

Таа рече дека ќе ги почекаат извештаите од стручниот тим од Куманово од увидот и потоа ќе ги известат медиумите за состојбата во домот и дали е нешто утврдено дополнително.

-Центарот за социјална работа навреме реагира. Не се утврдени никакви елементи занемарување кај детето во Куманово. Веднаш е направен увид во документацијата, дали се приматели на некакво право, дали се евидентирани во Центарот. Во Центарот во Куманово не се евидентирани. Мајката прима надоместок за трето дете, меѓутоа во периодот кога се родило детето таа е со лична карта од Шуто Оризари и го прима преку Центарот за социјални работи во Скопје. Вчера излегол веднаш на терен стручниот тим од Центарот за социјални работи во Куманово, меѓутоа родителите не се најдени дома, по телефон се контактирани. Вчера родителите со двете останати деца биле овде во Скопје да направат дополнителни анализи за да видат дали и тие имаат некакво заболување и е договорено денеска во текот на денот стручната служба да направи увид во домот на семејството за да видиме дали и каква се состојбата во домот и врз основа на тој наод ќе ги известиме медиумите за она што е од денес утврдено, рече министерката на конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза сенка која обесхрабрува“ по повод започнување на караван со цел зајакнување на жените „Гласна и храбра“.

Тренчевска потенцира дека првично не се работи за занемарување на дете, туку за бебе кое што е родено предвреме и трето дете на мајката и нема никакви индиции дека се работи за некакво занемарување. Но, како што рече таа, ќе ги почекаат извештаите од стручниот тим од Куманово од увидот и ќе ги известиме медиумите за состојбата во домот и дали е нешто утврдено дополнително.

Тренчевска информира дека директорката на Центарот за социјална работа е во комуникација со директорката на болницата и вчера ми јавиле дека се во добра состојба.

-Ние сме тука да помогнеме преку центрите. Да, нашата помош оди преку центрите. Денеска ќе го направат увидот и се што треба дополнително ќе направиме. Семејството не е примател затоа што таткото работи и е во редовен работен однос. Како што реков, само мајката е примател на надоместок за трето дете, но од увидот ќе видиме и дали им треба и некаква дополнителна помош, дали можеме да ги вклучиме дополнително во некое право – детско или социјална заштита, рече министерката Тренчевска.

The post Тренчевска: Деветмесечното бебе со туберкулоза не е занемарувано, родено е предвреме, се проверуваат родителите и другите две деца дали се болни appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска информира дека досега не се утврдени елементи на занемарување кај деветмесечното бебе со туберкулоза од Куманово хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести и посочи оти по направениот увид било потврдено дека не се евидентирани во Центарот за социјална работа. Таа рече дека ќе ги почекаат извештаите од стручниот тим од Куманово од увидот и потоа ќе ги известат медиумите за состојбата во домот и дали е нешто утврдено дополнително. -Центарот за социјална работа навреме реагира. Не се утврдени никакви елементи занемарување кај детето во Куманово. Веднаш е направен увид во документацијата, дали се приматели на некакво право, дали се евидентирани во Центарот. Во Центарот во Куманово не се евидентирани. Мајката прима надоместок за трето дете, меѓутоа во периодот кога се родило детето таа е со лична карта од Шуто Оризари и го прима преку Центарот за социјални работи во Скопје. Вчера излегол веднаш на терен стручниот тим од Центарот за социјални работи во Куманово, меѓутоа родителите не се најдени дома, по телефон се контактирани. Вчера родителите со двете останати деца биле овде во Скопје да направат дополнителни анализи за да видат дали и тие имаат некакво заболување и е договорено денеска во текот на денот стручната служба да направи увид во домот на семејството за да видиме дали и каква се состојбата во домот и врз основа на тој наод ќе ги известиме медиумите за она што е од денес утврдено, рече министерката на конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза сенка која обесхрабрува“ по повод започнување на караван со цел зајакнување на жените „Гласна и храбра“. Тренчевска потенцира дека првично не се работи за занемарување на дете, туку за бебе кое што е родено предвреме и трето дете на мајката и нема никакви индиции дека се работи за некакво занемарување. Но, како што рече таа, ќе ги почекаат извештаите од стручниот тим од Куманово од увидот и ќе ги известиме медиумите за состојбата во домот и дали е нешто утврдено дополнително. Тренчевска информира дека директорката на Центарот за социјална работа е во комуникација со директорката на болницата и вчера ми јавиле дека се во добра состојба. -Ние сме тука да помогнеме преку центрите. Да, нашата помош оди преку центрите. Денеска ќе го направат увидот и се што треба дополнително ќе направиме. Семејството не е примател затоа што таткото работи и е во редовен работен однос. Како што реков, само мајката е примател на надоместок за трето дете, но од увидот ќе видиме и дали им треба и некаква дополнителна помош, дали можеме да ги вклучиме дополнително во некое право – детско или социјална заштита, рече министерката Тренчевска.  

The post Тренчевска: Деветмесечното бебе со туберкулоза не е занемарувано, родено е предвреме, се проверуваат родителите и другите две деца дали се болни appeared first on Република.

]]>
Српски бебиња примаат бугарски вакцини против туберкулоза https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/srpski-bebinja-primaat-bugarski-vakcini-protiv-tuberkuloza/ Fri, 04 Nov 2022 07:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=569375

Поранешниот раководител на Одделот за производство во српскиот Институтот „Торлак“, Мирослав Стајиќ, тврди дека новородените бебиња во Србија во изминатите три месеци примаат бугарски БСЖ вакцини, против туберкулоза, пренесе Бета.

Како што изјави за порталот Нова.рс, „целосно исправниот“ погон во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ за производство на тие вакцини е „неупотреблив“, бидејќи сите стручњаци го напуштиле одделението за туберкулоза, а младите кои неодамна се вработиле не знаат да работат.

„Кога сфатија дека немаат стручњаци кои ќе ја произведуваат вакцината БСЖ, раководството на Торлак под итно поднесе барање за увоз на вакцини против туберкулоза од Бугарија. Имено, целиот регион, Црна Гора, Република Српска, се снабдува со вакцини од Торлак. Но, на почетокот на годината и на пролетта имаше недостиг од таа вакцина во породилиштата во регионот, бидејќи производството беше прекинато во Торлак“, рече Стајиќ.

Тој изјави дека биолошкото производство на тие вакцини е ризично и дека бара експерти кои ќе го надгледуваат.

„Очигледно е дека Торлак поради некоја причина не успеал да направи доволно количества вакцини, па во јули нарачале БСЖ од Бугарија. Торлак директно тоа го платил. За жал, во текот на изминатите 20 години, многу лекари, биолози и речиси сите искусни техничари ја напуштиле таа установа. Се надевам дека Торлак повторно ќе може да ја произведе вакцината против туберкулоза, но некој мора да го научи подмладениот тим што го донесоа. Таму нема повеќе експерти и нема од кого да учат“, истакна Стајиќ.

Тој оцени дека ако има проблем со погоните, тогаш јавноста мора да знае за тоа, нагласувајќи дека Торлак не е приватна компанија.

Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ, минатата недела изјави дека на Гинеколошко-акушерската клиника во Белград 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина

The post Српски бебиња примаат бугарски вакцини против туберкулоза appeared first on Република.

]]>

Поранешниот раководител на Одделот за производство во српскиот Институтот „Торлак“, Мирослав Стајиќ, тврди дека новородените бебиња во Србија во изминатите три месеци примаат бугарски БСЖ вакцини, против туберкулоза, пренесе Бета. Како што изјави за порталот Нова.рс, „целосно исправниот“ погон во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ за производство на тие вакцини е „неупотреблив“, бидејќи сите стручњаци го напуштиле одделението за туберкулоза, а младите кои неодамна се вработиле не знаат да работат. „Кога сфатија дека немаат стручњаци кои ќе ја произведуваат вакцината БСЖ, раководството на Торлак под итно поднесе барање за увоз на вакцини против туберкулоза од Бугарија. Имено, целиот регион, Црна Гора, Република Српска, се снабдува со вакцини од Торлак. Но, на почетокот на годината и на пролетта имаше недостиг од таа вакцина во породилиштата во регионот, бидејќи производството беше прекинато во Торлак“, рече Стајиќ. Тој изјави дека биолошкото производство на тие вакцини е ризично и дека бара експерти кои ќе го надгледуваат. „Очигледно е дека Торлак поради некоја причина не успеал да направи доволно количества вакцини, па во јули нарачале БСЖ од Бугарија. Торлак директно тоа го платил. За жал, во текот на изминатите 20 години, многу лекари, биолози и речиси сите искусни техничари ја напуштиле таа установа. Се надевам дека Торлак повторно ќе може да ја произведе вакцината против туберкулоза, но некој мора да го научи подмладениот тим што го донесоа. Таму нема повеќе експерти и нема од кого да учат“, истакна Стајиќ. Тој оцени дека ако има проблем со погоните, тогаш јавноста мора да знае за тоа, нагласувајќи дека Торлак не е приватна компанија. Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ, минатата недела изјави дека на Гинеколошко-акушерската клиника во Белград 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина

The post Српски бебиња примаат бугарски вакцини против туберкулоза appeared first on Република.

]]>