туберколоза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tuberkoloza/ За подобро да се разбереме Sat, 25 Feb 2023 20:53:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png туберколоза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tuberkoloza/ 32 32 Бебе со туберкулоза хоспитализирано на клиника, има 9 месеци и 3 килограми! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bebe-so-tuberkuloza-hospitalizirano-na-klinika-ima-9-mesetsi-i-3-kilogrami/ Sat, 25 Feb 2023 20:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=613212

Деветмесечно бебе сомнително на туберкулоза хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести. Веднаш е поставено на механичка вентилација откако синоќа во тешка состојба било донесено со возило на Брза Помош од болницата во Козле.

Дали сомнежот за заразната болест која претходно ја имала мајката ги става во опасност новороденчињата и малите пациенти на одделот, директорката на установата тврди дека не постои никаква закана. Професор Нацева Фуштиќ во изјава за Сител вели дека постапуваат по пропишани протоколи, но бебето е во многу тешка состојба и има само три килограми.

-Детето е во тешка малмутриција со респираторна инсуфициенција. Детето е во посебна изолација. Го води посебна сестра која е само со него и со посебна заштита, меѓутоа немаме никаков доказ освен анамнезата на мајката. Дали ќе преживее е знак на прашање бидејќи е само три килограми на девет месеци, вели проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ, директор на Клиника за детски болести.

На детска дополнително ќе прават анализи за евентуално докажување на заразата, но како што вели проф. Фуштиќ, бебињата не можат да ја пренесуваат. Но она што загрижува кај овој случај е што деветмесечното бебе прво од Куманово било испратено на детска хирургија за третман на хернија, оттаму поради сомнеж за туберкулоза го препратиле во Козле од каде пак поради тешката состојба завршило на детска Клиника. Зошто е неухрането и толку слабо и дали истото било предмет на социјални служби? Во болницата во Козле има социјален работник кој разговара и со овие пациенти, но за овој случај немале време поради итноста, пишува Сител.

-Ние ќе ги известиме социјалните служби, но зошто е на тој начин пропуштено и не било под медицински надзор јас не можам да кажам, вели Фуштиќ.

Ноќеска бебето било интубирано и завршило на респиратор на одделот за итнензивна нега. Порано вакви случаи но и тешки ковид пациенти ги изолираа во Ургентниот Центар кој сега е пренаменет во специјалистички амбуланти.

The post Бебе со туберкулоза хоспитализирано на клиника, има 9 месеци и 3 килограми! appeared first on Република.

]]>

Деветмесечно бебе сомнително на туберкулоза хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести. Веднаш е поставено на механичка вентилација откако синоќа во тешка состојба било донесено со возило на Брза Помош од болницата во Козле. Дали сомнежот за заразната болест која претходно ја имала мајката ги става во опасност новороденчињата и малите пациенти на одделот, директорката на установата тврди дека не постои никаква закана. Професор Нацева Фуштиќ во изјава за Сител вели дека постапуваат по пропишани протоколи, но бебето е во многу тешка состојба и има само три килограми.