црна листа на САД Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tsrna-lista-na-sad/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Mar 2024 08:27:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црна листа на САД Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tsrna-lista-na-sad/ 32 32 Јакимовски изненаден од Црната листа: Ова е акт на насилство, ќе поднесам пријава и не се повлекувам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jakimovski-iznenaden-od-tsrnata-lista-ova-e-akt-na-nasilstvo-ke-podnesam-prijava-i-ne-se-povlekuvam/ Tue, 19 Mar 2024 08:27:38 +0000 https://republika.mk/?p=756155

Претседателскиот кандидат и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски на прес-конференција порача дека е изненаден од одлуката да биде ставен на Црната листа на САД и дека го сфаќа овој потег како акт на насилство. Тој најави дека ќе поднесе кривична пријава против н.н. сторител и потенцираше дека нема да се повлече од изборната трка.

Како поинаку да го сфатиме овој акт на насилство, ако не како директно мешање во изборниот процес, што е казниво и кривично дело. Ова е мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на државата. Јавно кажувам дека ќе поднесам кривична пријава против н.н. сторител. Мора да се утрвди кој од овде ја направи оваа нечесна работа, истакна Јакимосвки.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stevcho-jakimovski-i-katitsa-janeva-na-tsrnata-lista-na-sad/

Според него, САД се стратешки партнер на земјава, „но, нашите интереси се едно, а нивните друго“.

Ова е кукавички чин на оние што го губат тлото под нозете, а помош не можат да добијат од граѓаните, па бараат американска поддршка. Јас сум единствениот кандидат кој вели: „Членството во НАТО многу скапо го плативме, со промена на името, и мора да го искористиме за наши проблеми, дури да се искористи и вето кога имаме некои проблеми, како сега со Бугарите. Јас сум единствениот политичар во земјава кој вели: „Да за во ЕУ, но до кога? Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ, треба да им кажеме на граѓаните што понатаму. Јас сум единствениот кандидат кој не е поддржан од Сорос, а граѓаните треба да одлучат дали Сорос ќе ни бира претседател на државата. Од изборната кампања ни случајно нема да се откажам. Ова е само доказ дека моите политики се исправни и дополнителен мотив да продолжам понатаму, нагласи Јакимовски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dik-objasnuva-dali-jakimovski-mozhe-da-bide-kandidat-za-pretsedatel-na-drzhavata-otkako-sad-go-stavi-na-tsrnata-lista/

Тој е уверен, како што рече, дека зад одлуката да биде ставен на Црната листа не стои цела американска политика, туку „само некои нејзини делови“.

Како да не бидам изненаден од одлуката, кога на 4 јули бев поканет од Американската амбасада и стриктно ми беше кажано дека листата е максимално редуцирана и се одеше строго по листа за на Денот на американската државност да не бидат присутни некои што тие не сакаат – криминалци или други несакани лица, рече Јакимовски.

Американскиот Стејт департмент вчера, „поради вмешаност во значителна корупција“, стави повеќе функционери од Западен Балкан на „црната листа“, меѓу кои се најдоа и поранешната специјална главна обвинителка на Македонија, Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за претседател Стевчо Јакимовски. Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот на „црната листа“ ги стави и членовите на нивното потесно семејство – двата полнолетни сина на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, како и сопругот и возрасниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев.

Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД.

The post Јакимовски изненаден од Црната листа: Ова е акт на насилство, ќе поднесам пријава и не се повлекувам appeared first on Република.

]]>

Претседателскиот кандидат и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски на прес-конференција порача дека е изненаден од одлуката да биде ставен на Црната листа на САД и дека го сфаќа овој потег како акт на насилство. Тој најави дека ќе поднесе кривична пријава против н.н. сторител и потенцираше дека нема да се повлече од изборната трка.
Како поинаку да го сфатиме овој акт на насилство, ако не како директно мешање во изборниот процес, што е казниво и кривично дело. Ова е мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на државата. Јавно кажувам дека ќе поднесам кривична пријава против н.н. сторител. Мора да се утрвди кој од овде ја направи оваа нечесна работа, истакна Јакимосвки.
https://republika.mk/vesti/makedonija/stevcho-jakimovski-i-katitsa-janeva-na-tsrnata-lista-na-sad/ Според него, САД се стратешки партнер на земјава, „но, нашите интереси се едно, а нивните друго“.
Ова е кукавички чин на оние што го губат тлото под нозете, а помош не можат да добијат од граѓаните, па бараат американска поддршка. Јас сум единствениот кандидат кој вели: „Членството во НАТО многу скапо го плативме, со промена на името, и мора да го искористиме за наши проблеми, дури да се искористи и вето кога имаме некои проблеми, како сега со Бугарите. Јас сум единствениот политичар во земјава кој вели: „Да за во ЕУ, но до кога? Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ, треба да им кажеме на граѓаните што понатаму. Јас сум единствениот кандидат кој не е поддржан од Сорос, а граѓаните треба да одлучат дали Сорос ќе ни бира претседател на државата. Од изборната кампања ни случајно нема да се откажам. Ова е само доказ дека моите политики се исправни и дополнителен мотив да продолжам понатаму, нагласи Јакимовски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/dik-objasnuva-dali-jakimovski-mozhe-da-bide-kandidat-za-pretsedatel-na-drzhavata-otkako-sad-go-stavi-na-tsrnata-lista/ Тој е уверен, како што рече, дека зад одлуката да биде ставен на Црната листа не стои цела американска политика, туку „само некои нејзини делови“.
Како да не бидам изненаден од одлуката, кога на 4 јули бев поканет од Американската амбасада и стриктно ми беше кажано дека листата е максимално редуцирана и се одеше строго по листа за на Денот на американската државност да не бидат присутни некои што тие не сакаат – криминалци или други несакани лица, рече Јакимовски.
Американскиот Стејт департмент вчера, „поради вмешаност во значителна корупција“, стави повеќе функционери од Западен Балкан на „црната листа“, меѓу кои се најдоа и поранешната специјална главна обвинителка на Македонија, Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за претседател Стевчо Јакимовски. Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот на „црната листа“ ги стави и членовите на нивното потесно семејство – двата полнолетни сина на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, како и сопругот и возрасниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев. Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД.

The post Јакимовски изненаден од Црната листа: Ова е акт на насилство, ќе поднесам пријава и не се повлекувам appeared first on Република.

]]>
ДИК објаснува дали Јакимовски може да биде кандидат за претседател на државата откако САД го стави на црната листа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-objasnuva-dali-jakimovski-mozhe-da-bide-kandidat-za-pretsedatel-na-drzhavata-otkako-sad-go-stavi-na-tsrnata-lista/ Mon, 18 Mar 2024 19:15:17 +0000 https://republika.mk/?p=756043

Откако кандидатот за претседател на државата Стевчо Јакимовски денеска се најде на „црната листа“ на САД, Државната изборна комисија на прашање на МИА дали тоа ќе влијае врз неговата кандидатура истакна дека условите за избор на претседател се содржани во Уставот.

Кандидат за претседател на Републиката согласно Изборниот законик може да биде лице кое ги исполнува условите за избор на претседател утврдени со Уставот, кој пак ги предвидува само следите услови - да биде државјанин на Република Македонија, да има најмалку 40 години и да бил жител на државата најмалку десет години во последните 15 години.

Само овие услови ги предвидува Уставот за претседател на државата. Други услови не се предвидени ниту со Изборниот законик и тој упатува на Уставот, велат од ДИК за МИА.

Согласно Член 7, став 1 од Изборниот законик, кандидат за претседател на Републиката може да биде лице кое ги исполнува условите за избор на претседател на Републиката утврдени со Уставот.

Во Уставот, изборот на претседател на Републиката се регулира со членот 80 кој гласи:

Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Македонија. За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Македонија најмалку десет години во последните 15 години, гласи членот 80 од Уставот.

Неколку часа откако актуелниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска ја потврди кандидатурата за претседател пред Државната изборна комисија, американскиот Стејт департмент соопшти дека поради вмешаноста во значителна корупција именува повеќе функционери од Западен Балкан на „црна листа“, меѓу кои и Јакимовски.

Како претседателски кандидат на ГРОМ денеска во ДИК Јакимовски ги предаде собраните 11.468 потписи за претседателски кандидат на претстојните избори. Тој упати благодарност до граѓаните кои ја потврдија неговата кандидатура за претседател и ги повика на претседателските избори да ја дадат својата поддршка за влез во вториот круг.

Поради вмешаност во значителна корупција американскиот Стејт департмент денеска именува повеќе функционери од Западен Балкан на „црна листа“, меѓу кои освен Јакимовски се најде и поранешната специјална главна обвинителка на Македонија, Катица Јанева.

Нивните постапки, се вели во соопштението од Стејт департментот, го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади.

The post ДИК објаснува дали Јакимовски може да биде кандидат за претседател на државата откако САД го стави на црната листа appeared first on Република.

]]>

Откако кандидатот за претседател на државата Стевчо Јакимовски денеска се најде на „црната листа“ на САД, Државната изборна комисија на прашање на МИА дали тоа ќе влијае врз неговата кандидатура истакна дека условите за избор на претседател се содржани во Уставот. Кандидат за претседател на Републиката согласно Изборниот законик може да биде лице кое ги исполнува условите за избор на претседател утврдени со Уставот, кој пак ги предвидува само следите услови - да биде државјанин на Република Македонија, да има најмалку 40 години и да бил жител на државата најмалку десет години во последните 15 години.
Само овие услови ги предвидува Уставот за претседател на државата. Други услови не се предвидени ниту со Изборниот законик и тој упатува на Уставот, велат од ДИК за МИА.
Согласно Член 7, став 1 од Изборниот законик, кандидат за претседател на Републиката може да биде лице кое ги исполнува условите за избор на претседател на Републиката утврдени со Уставот. Во Уставот, изборот на претседател на Републиката се регулира со членот 80 кој гласи:
Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Македонија. За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Македонија најмалку десет години во последните 15 години, гласи членот 80 од Уставот.
Неколку часа откако актуелниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска ја потврди кандидатурата за претседател пред Државната изборна комисија, американскиот Стејт департмент соопшти дека поради вмешаноста во значителна корупција именува повеќе функционери од Западен Балкан на „црна листа“, меѓу кои и Јакимовски. Како претседателски кандидат на ГРОМ денеска во ДИК Јакимовски ги предаде собраните 11.468 потписи за претседателски кандидат на претстојните избори. Тој упати благодарност до граѓаните кои ја потврдија неговата кандидатура за претседател и ги повика на претседателските избори да ја дадат својата поддршка за влез во вториот круг. Поради вмешаност во значителна корупција американскиот Стејт департмент денеска именува повеќе функционери од Западен Балкан на „црна листа“, меѓу кои освен Јакимовски се најде и поранешната специјална главна обвинителка на Македонија, Катица Јанева. Нивните постапки, се вели во соопштението од Стејт департментот, го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади.  

The post ДИК објаснува дали Јакимовски може да биде кандидат за претседател на државата откако САД го стави на црната листа appeared first on Република.

]]>
Јанева и Јакимовски се потврдени прекршители на правото и заштитени од криминализираните СДС и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janeva-i-jakimovski-se-potvrdeni-prekrshiteli-na-pravoto-i-zashtiteni-od-kriminaliziranite-sds-i-dui/ Mon, 18 Mar 2024 17:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=756023

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од одлуката на Стејт департментот со која Стевчо Јакимовски и Катица Јанева се ставени на Црната листа на САД заради криминали и корупција.

Именуваните како потврдени прекршители на правото и демократските принципи во Македонија се заштитени од криминализираните СДС и ДУИ и нивните правосудни инсталации.

Правните норми мора секаде да се почитуваат и со право се укажувањата од стратешкиот пртнер САД дека за ваквите потврдени криминали мора да се одговара.

Во целиот демократски свет е така и тоа мора да го разберат оние кои со закон се задолжени за санкционирање на криминалот, во спротивно стануваат нивни соучесници.

Социјалистичката партија на Македонија смета дека кандидатурата за претседател на државата на Стевчо Јакимовски е целосно искомпромитирана, со што тој е недостоен за функцијата која сака да ја врши.

Воедно и во неговиот случај, како и за струшкиот градоначалник Мерко, подеднакво е оправдано очекувањето за повлекување од функцијата градоначалник на Општина Карпош. Само на тој начин се покажува совестноста и етичноста, но и човечкото достоинство, се вели во соопштението на СПМ.

The post Јанева и Јакимовски се потврдени прекршители на правото и заштитени од криминализираните СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од одлуката на Стејт департментот со која Стевчо Јакимовски и Катица Јанева се ставени на Црната листа на САД заради криминали и корупција. Именуваните како потврдени прекршители на правото и демократските принципи во Македонија се заштитени од криминализираните СДС и ДУИ и нивните правосудни инсталации. Правните норми мора секаде да се почитуваат и со право се укажувањата од стратешкиот пртнер САД дека за ваквите потврдени криминали мора да се одговара. Во целиот демократски свет е така и тоа мора да го разберат оние кои со закон се задолжени за санкционирање на криминалот, во спротивно стануваат нивни соучесници. Социјалистичката партија на Македонија смета дека кандидатурата за претседател на државата на Стевчо Јакимовски е целосно искомпромитирана, со што тој е недостоен за функцијата која сака да ја врши.
Воедно и во неговиот случај, како и за струшкиот градоначалник Мерко, подеднакво е оправдано очекувањето за повлекување од функцијата градоначалник на Општина Карпош. Само на тој начин се покажува совестноста и етичноста, но и човечкото достоинство, се вели во соопштението на СПМ.
 
The post Јанева и Јакимовски се потврдени прекршители на правото и заштитени од криминализираните СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>
„Црната листа“ на САД ќе ни биде репер и основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsrnata-lista-na-sad-ke-ni-bide-reper-i-osnova-za-voveduvane-na-merki-od-drzhavata-vrz-litsa-i-firmi/ Fri, 12 Jan 2024 09:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=732273

Министерството за надворешни работи започнува јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Предлог измените, како што најави министерот Бујар Османи, предвидуваат и воведување на два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и и забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти.

„Црната листа“ на американскиот Стејт департмент минатата година се прошири со неколку звучни имиња од земјава. Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, Орце Камчев, Сергеј Самсоненко, Рамиз Мерко ... им се придружија на поранешнот премиер Никола Груевски и екс шефот на УБК Сашо Мијалков. По ова, Владата во ноември минатата година, најави дека работи на иницијатива за промени на законската регулатива во однос на третманот на лица коишто се на листа на санкции, така што ќе се прошири опфатот и освен ОН и ЕУ да бидат вклучени и санкциите, кои ги воведуваат САД.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, вчера на брифинг со новинари, појасни дека со предложените законски измени, освен проширување на основот за воведување на рестриктивни мерки се предлагаат и два важни инструменти, Јавното обвинителство законски се обврзува веднаш да почне постапка и доколку се подигне обвинение да настапи и времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука.

Прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-Како инструменти што ги има државата при воведување рестриктивни мерки се покрај ембарго за оружје, забрана за влез во Македонија за граѓани коишто не се државјани на Република Македонија, се разбира и финансиски мерки вклучувајќи конфискација на имот, меѓутоа се проширува Законот со уште еден опфат, а тоа е прво, од целите на Законот освен меѓународната безбедност, демократијата, се воведува и корупцијата, злоупотреба на службената должност и хибридните закани кон државата како цели коишто сакаме да ги постигнеме со измените на Законот за рестриктивни мерки, а се додаваат два важни инструменти, откако се задолжува институцијата предлагач да ги достави сите докази - материјални, нематеријални до Јавното обвинителство, а ЈО законски се обврзува веднаш да почне постапка, кривична постапка, вклучувајќи и конфискација на имот, и доколку заврши таа истрага со подигнување на обвинение тогаш се воведуваат два нови инструменти, а тоа е времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука, појасни Османи.

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, на крајот на декември на брифинг со медиумите, кажа дека Владата треба да создаде правни предуслови за тука, во земјава, во рамки на македонскиот правосуден систем, да се процесуираат лицата кои се ставени на црна листа во други држави.

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по ставањето на Кочо Анѓуше на листата, порача дека тоа е уште еден доказ дека САД ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во земјава и најави дека ќе следуваат повеќе назначувања. Таа тогаш кажа дека „ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени“.

Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес. Што се однесува до Врховниот суд, во надлежност на Судскио

Ваквите законски измени Османи ги најави, откако завчера на средба со неговиот партиски лидер Али Ахмети,  холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп упати остра порака дека „посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава“.

Холандската амбасада завчера информираше за средба меѓу холандскиот амбасадор и лидерот на ДУИ Али Ахмети на која, како што стои во објавата од Амбасадата, амбасадорот ја пренел пораката дека посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава“, како и дека „неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд“.

Од ДУИ пак информираа дека владеењето на правото и проверката за сите судии и обвинители биле дел од разговорот меѓу Ахмети и амбасадорот Дирк Јан Коп.

-  Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес, повикувајќи се на примерот со Република Албанија. Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека  во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите. Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без било каков внатрешен или надворешен притисок, се вели во соопштението од ДУИ.

И шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска одговарајќи на новинарско прашање за средбата рече дека веројатно ДУИ е една од оние кои најмногу зборуваат за борбата против корупцијата и дека затоа се бара поддршка од неа.

Премиерот Димитар Ковачевски, смета дека ставот на холандскиот амбасадор е оправдан, но дека треба да каже со име и презиме кој вршел притисок во Врховниот суд.

ППремиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

-Во ред ставот на амбасадорот, но ако има притисок, треба да се каже со име и презиме. Јас би ве упатил на тие кои што се задолжени за владеењето на правото, изјави Ковачевски, по вчерашната посета на Универзитетска клиника за ортопедски болести.

Единствена алтернатива на нашата држава, според Ковачевски, е зачленување во Европската Унија, а се друго, како што рече, е утопија и популизам, и порача дека се добредојдени сите кои се за европска интеграција на државата.

Коментирајќи ја средбата меѓу холандскиот амбасадор и лидерот на ДУИ Али Ахмети, вчера лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека холандскиот амбасадор го кажал она што ВМРО-ДПМНЕ подолго време го зборува за судството.

Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

- Амбасадорот на Холандија го потврди тоа што ние го зборуваме со години наназад, дека не владее правото, дека е партизирано и октроирано судството, се вршат притисоци врз судии, се избираат партиски судии и во Судски совет, обвинители се бираат. Сега повторно имаме таков оглас каде набрзина се прават притисоци да се изберат нови судии и обвинители пред одење за да можат на тој начин овие криминалци во Владата да бидат заштитени или барем така мислат дека, ако си постават свои судии и обвинители набрзина дека сето она кое идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне тие практично ќе го опструираат во процесот на истраги, судски предмети или пак пресуди во конечен случај, изјави Мицкоски.

Според него, ова е само потврда за сето она што се случува во изминатите години.

Претседателот на Демократско движење, Изет Меџити, вчера пак оцени дека Европската Унија преку холандскиот амбасадор информирала дека Демократска унија за интеграција, како што рече „стана главната кочница за интеграцијата на земјата во ЕУ“.

-Вчерашниот состанок на амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп, и Али Ахмети, како и пораката пренесена на овој состанок од страна на амбасадорот, уште еднаш даде до знаење пред пошироката јавност дека ДУИ е вистинската пречка за интеграција на земјата во Европска Унија со сите нивни анти-европски и анти-демократски дејствија, и нивните секојдневни коруптивни скандали, изјави Меџити.

The post „Црната листа“ на САД ќе ни биде репер и основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи започнува јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Предлог измените, како што најави министерот Бујар Османи, предвидуваат и воведување на два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и и забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти. „Црната листа“ на американскиот Стејт департмент минатата година се прошири со неколку звучни имиња од земјава. Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, Орце Камчев, Сергеј Самсоненко, Рамиз Мерко ... им се придружија на поранешнот премиер Никола Груевски и екс шефот на УБК Сашо Мијалков. По ова, Владата во ноември минатата година, најави дека работи на иницијатива за промени на законската регулатива во однос на третманот на лица коишто се на листа на санкции, така што ќе се прошири опфатот и освен ОН и ЕУ да бидат вклучени и санкциите, кои ги воведуваат САД. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, вчера на брифинг со новинари, појасни дека со предложените законски измени, освен проширување на основот за воведување на рестриктивни мерки се предлагаат и два важни инструменти, Јавното обвинителство законски се обврзува веднаш да почне постапка и доколку се подигне обвинение да настапи и времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука. Прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
-Како инструменти што ги има државата при воведување рестриктивни мерки се покрај ембарго за оружје, забрана за влез во Македонија за граѓани коишто не се државјани на Република Македонија, се разбира и финансиски мерки вклучувајќи конфискација на имот, меѓутоа се проширува Законот со уште еден опфат, а тоа е прво, од целите на Законот освен меѓународната безбедност, демократијата, се воведува и корупцијата, злоупотреба на службената должност и хибридните закани кон државата како цели коишто сакаме да ги постигнеме со измените на Законот за рестриктивни мерки, а се додаваат два важни инструменти, откако се задолжува институцијата предлагач да ги достави сите докази - материјални, нематеријални до Јавното обвинителство, а ЈО законски се обврзува веднаш да почне постапка, кривична постапка, вклучувајќи и конфискација на имот, и доколку заврши таа истрага со подигнување на обвинение тогаш се воведуваат два нови инструменти, а тоа е времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука, појасни Османи.
Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, на крајот на декември на брифинг со медиумите, кажа дека Владата треба да создаде правни предуслови за тука, во земјава, во рамки на македонскиот правосуден систем, да се процесуираат лицата кои се ставени на црна листа во други држави. Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по ставањето на Кочо Анѓуше на листата, порача дека тоа е уште еден доказ дека САД ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во земјава и најави дека ќе следуваат повеќе назначувања. Таа тогаш кажа дека „ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени“. Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес. Што се однесува до Врховниот суд, во надлежност на Судскио Ваквите законски измени Османи ги најави, откако завчера на средба со неговиот партиски лидер Али Ахмети,  холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп упати остра порака дека „посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава“. Холандската амбасада завчера информираше за средба меѓу холандскиот амбасадор и лидерот на ДУИ Али Ахмети на која, како што стои во објавата од Амбасадата, амбасадорот ја пренел пораката дека посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава“, како и дека „неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд“. Од ДУИ пак информираа дека владеењето на правото и проверката за сите судии и обвинители биле дел од разговорот меѓу Ахмети и амбасадорот Дирк Јан Коп.
-  Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес, повикувајќи се на примерот со Република Албанија. Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека  во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите. Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без било каков внатрешен или надворешен притисок, се вели во соопштението од ДУИ.
И шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска одговарајќи на новинарско прашање за средбата рече дека веројатно ДУИ е една од оние кои најмногу зборуваат за борбата против корупцијата и дека затоа се бара поддршка од неа. Премиерот Димитар Ковачевски, смета дека ставот на холандскиот амбасадор е оправдан, но дека треба да каже со име и презиме кој вршел притисок во Врховниот суд. ППремиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства. -Во ред ставот на амбасадорот, но ако има притисок, треба да се каже со име и презиме. Јас би ве упатил на тие кои што се задолжени за владеењето на правото, изјави Ковачевски, по вчерашната посета на Универзитетска клиника за ортопедски болести. Единствена алтернатива на нашата држава, според Ковачевски, е зачленување во Европската Унија, а се друго, како што рече, е утопија и популизам, и порача дека се добредојдени сите кои се за европска интеграција на државата. Коментирајќи ја средбата меѓу холандскиот амбасадор и лидерот на ДУИ Али Ахмети, вчера лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека холандскиот амбасадор го кажал она што ВМРО-ДПМНЕ подолго време го зборува за судството. Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ - Амбасадорот на Холандија го потврди тоа што ние го зборуваме со години наназад, дека не владее правото, дека е партизирано и октроирано судството, се вршат притисоци врз судии, се избираат партиски судии и во Судски совет, обвинители се бираат. Сега повторно имаме таков оглас каде набрзина се прават притисоци да се изберат нови судии и обвинители пред одење за да можат на тој начин овие криминалци во Владата да бидат заштитени или барем така мислат дека, ако си постават свои судии и обвинители набрзина дека сето она кое идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне тие практично ќе го опструираат во процесот на истраги, судски предмети или пак пресуди во конечен случај, изјави Мицкоски. Според него, ова е само потврда за сето она што се случува во изминатите години. Претседателот на Демократско движење, Изет Меџити, вчера пак оцени дека Европската Унија преку холандскиот амбасадор информирала дека Демократска унија за интеграција, како што рече „стана главната кочница за интеграцијата на земјата во ЕУ“. -Вчерашниот состанок на амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп, и Али Ахмети, како и пораката пренесена на овој состанок од страна на амбасадорот, уште еднаш даде до знаење пред пошироката јавност дека ДУИ е вистинската пречка за интеграција на земјата во Европска Унија со сите нивни анти-европски и анти-демократски дејствија, и нивните секојдневни коруптивни скандали, изјави Меџити.

The post „Црната листа“ на САД ќе ни биде репер и основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми appeared first on Република.

]]>
Пендаровски не е изненаден од изгледот на аамериканската „црна листа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ne-e-iznenaden-od-izgledot-na-aamerikanskata-tsrna-lista/ Thu, 21 Dec 2023 21:20:28 +0000 https://republika.mk/?p=725457

Потребно е да постои „име и презиме“ за одговорност, прочистување на судството и законски измени со кои на лицата кои се на „црната листа“ на САД ќе им се забрани да се занимаваат со политика или да бидат на јавни функции, смета претседателот Стево Пендаровски.

Во вечерашното гоствање во „Само интервју“ на ТВ Канал 5, Пендаровски кажа дека не е изненаден од составот на „црната листа“ бидејќи имал некакви индиции за тоа од разговорите  со американски преставници.

Откри дека има најава за ставање на листата на најмалку уште едно лице во наредните неколку месеци.

Зборувајќи за состојбата во судството, шефот на државата потсети дека пред неколку години го поддржал ставот на ЕУ дека не треба да има комплетен ветинг на судиите, имајќи го предвид примерот на Албанија каде преку тој процес поминале само 40 отсто од судиите и обвинителите. Но, вели, од денешен аспект, се покажало дека Македонија не успеа да ги имплементира реформите во правосудниот систем и затоа е неопходно прочистување на судството.

- Кога гледам дека немаме напредок велам можеби е подобро да имаме 40% судии со образ и да немаме целосно составени органи – да ги досоставуваме, да ги допополнуваме со судии и со обвинители, отколку да имаме судство и обвинителство за кои гледате какви се ефектите, за кои велат дека се канцер на општеството. Процесот на прочистување на судии и обвинители ќе ни земе минимум три до четири години, ќе не остави со половина судии помалку, но можеби и тоа е некаков почеток бидејќи сите други варијанти – имаме нов Кривичен законик, па реформи, па нови реформи, па реформи на реформите, не доведоа до овде, истакна Пендаровски.

За утрешната седница на Судскиот совет на која ќе се расправа за разрешување на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, тој смета дека таквиот потег е за осуда, бидејќи се создава впечаток оти постапката е почната откако таа даде изјава дека трпи политички притисоци.са/хс/

The post Пендаровски не е изненаден од изгледот на аамериканската „црна листа“ appeared first on Република.

]]>

Потребно е да постои „име и презиме“ за одговорност, прочистување на судството и законски измени со кои на лицата кои се на „црната листа“ на САД ќе им се забрани да се занимаваат со политика или да бидат на јавни функции, смета претседателот Стево Пендаровски. Во вечерашното гоствање во „Само интервју“ на ТВ Канал 5, Пендаровски кажа дека не е изненаден од составот на „црната листа“ бидејќи имал некакви индиции за тоа од разговорите  со американски преставници. Откри дека има најава за ставање на листата на најмалку уште едно лице во наредните неколку месеци. Зборувајќи за состојбата во судството, шефот на државата потсети дека пред неколку години го поддржал ставот на ЕУ дека не треба да има комплетен ветинг на судиите, имајќи го предвид примерот на Албанија каде преку тој процес поминале само 40 отсто од судиите и обвинителите. Но, вели, од денешен аспект, се покажало дека Македонија не успеа да ги имплементира реформите во правосудниот систем и затоа е неопходно прочистување на судството.
- Кога гледам дека немаме напредок велам можеби е подобро да имаме 40% судии со образ и да немаме целосно составени органи – да ги досоставуваме, да ги допополнуваме со судии и со обвинители, отколку да имаме судство и обвинителство за кои гледате какви се ефектите, за кои велат дека се канцер на општеството. Процесот на прочистување на судии и обвинители ќе ни земе минимум три до четири години, ќе не остави со половина судии помалку, но можеби и тоа е некаков почеток бидејќи сите други варијанти – имаме нов Кривичен законик, па реформи, па нови реформи, па реформи на реформите, не доведоа до овде, истакна Пендаровски.
За утрешната седница на Судскиот совет на која ќе се расправа за разрешување на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, тој смета дека таквиот потег е за осуда, бидејќи се создава впечаток оти постапката е почната откако таа даде изјава дека трпи политички притисоци.са/хс/

The post Пендаровски не е изненаден од изгледот на аамериканската „црна листа“ appeared first on Република.

]]>
Кочо Анѓушев на црната листа на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kocho-angushev-na-tsrnata-lista-na-sad/ Tue, 05 Dec 2023 14:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=719971

Соединетите Американски Држави го ставија бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев на нивната црна листа. Тој се смета како генерално неподобен за влез во Америка, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија од Стејт Департментот преку официјално соопштение.

Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси. Денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ, се вели во соопштението на Стејт Департментот.

Департментот исто така, ја определува сопругата на Анѓушев, Елизабета, и децата, Ангел и Огнен, како генерално неподобни за влез во САД.

Анѓушев беше вицепремиер од 2017 до 2020 година, во владата предводена од тогашниот премиер Зоран Заев. Тој e сопственик и извршен директор на групацијата Феро Инвест и фабриката Брако.

The post Кочо Анѓушев на црната листа на САД appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави го ставија бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев на нивната црна листа. Тој се смета како генерално неподобен за влез во Америка, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија од Стејт Департментот преку официјално соопштение.
Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси. Денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ, се вели во соопштението на Стејт Департментот.
Департментот исто така, ја определува сопругата на Анѓушев, Елизабета, и децата, Ангел и Огнен, како генерално неподобни за влез во САД. Анѓушев беше вицепремиер од 2017 до 2020 година, во владата предводена од тогашниот премиер Зоран Заев. Тој e сопственик и извршен директор на групацијата Феро Инвест и фабриката Брако.  

The post Кочо Анѓушев на црната листа на САД appeared first on Република.

]]>
Грковска бара со закон да се забранат функции за лица од „црната листа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-bara-so-zakon-da-se-zabranat-funktsii-za-litsa-od-tsrnata-lista/ Fri, 24 Nov 2023 08:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=715729

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, најави дека покренала иницијатива во Владата да се пристапи кон законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, на Европската Унија и на Обединетите Нации да бидат на каква било позиција или да се вработат во администрацијата.

Во вчерашното гостување на Сител, Грковска истакна дека се неопходни измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, кој што во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине.

Затоа што однесувањето како ништо да не се случило, после изрекувањето на таквите санкции ја урива довербата во институциите и не придонесува кон градење на систем во кој што граѓаните можат да имаат доверба. А корупцијата ќе ја намалиме драстично во оној момент кога ќе се види дека системот функционира непристрасно и има казнивост и санкции за сите оние кои прекршиле етички и морални норми, рече Грковска.

Во таа насока, паралелно со зајакнување на критериумите за носителите на функциите, подготвиле и Предлог за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, со кој, покрај правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност на ОН и правните акти на ЕУ, ќе се додадат и мерките на САД, како основ за законски рестриктивни мерки.

Вицепремиеркатаа Грковска истакна дека целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека со санкционирањето на вакви лица, корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекале на незаконски начин ќе биде одземен во законска процедура и ќе биде вратен назад на граѓаните.

Таа додаде дека преку овој закон, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка, во граѓанска постапка да може да се санкционираат лица кои имаат драстична разлика во она што го заработиле, од официјално пријавените приходи.

Со ова законско решение ја надополнуваме онаа празнина кога за вакви лица, кога нема кривична постапка, нема кривично дело за кое може да се побара конфискација на незаконски стекнат имот, да побара од лицето да каже како го стекнал имотот и доколку не може да докаже, во законска процедура да му биде одземен имотот, појасни вицепремиерката.

На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот.

Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции, појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.

The post Грковска бара со закон да се забранат функции за лица од „црната листа“ appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, најави дека покренала иницијатива во Владата да се пристапи кон законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, на Европската Унија и на Обединетите Нации да бидат на каква било позиција или да се вработат во администрацијата. Во вчерашното гостување на Сител, Грковска истакна дека се неопходни измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, кој што во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине.
Затоа што однесувањето како ништо да не се случило, после изрекувањето на таквите санкции ја урива довербата во институциите и не придонесува кон градење на систем во кој што граѓаните можат да имаат доверба. А корупцијата ќе ја намалиме драстично во оној момент кога ќе се види дека системот функционира непристрасно и има казнивост и санкции за сите оние кои прекршиле етички и морални норми, рече Грковска.
Во таа насока, паралелно со зајакнување на критериумите за носителите на функциите, подготвиле и Предлог за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, со кој, покрај правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност на ОН и правните акти на ЕУ, ќе се додадат и мерките на САД, како основ за законски рестриктивни мерки. Вицепремиеркатаа Грковска истакна дека целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека со санкционирањето на вакви лица, корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекале на незаконски начин ќе биде одземен во законска процедура и ќе биде вратен назад на граѓаните. Таа додаде дека преку овој закон, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка, во граѓанска постапка да може да се санкционираат лица кои имаат драстична разлика во она што го заработиле, од официјално пријавените приходи.
Со ова законско решение ја надополнуваме онаа празнина кога за вакви лица, кога нема кривична постапка, нема кривично дело за кое може да се побара конфискација на незаконски стекнат имот, да побара од лицето да каже како го стекнал имотот и доколку не може да докаже, во законска процедура да му биде одземен имотот, појасни вицепремиерката.
На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот.
Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции, појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.
 
The post Грковска бара со закон да се забранат функции за лица од „црната листа“ appeared first on Република.

]]>
Со закон да се забрани лица од „црните листи“ на САД, ЕУ и ООН да бидат носители на функции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-zakon-da-se-zabrani-litsa-od-tsrnite-listi-na-sad-eu-i-oon-da-bidat-nositeli-na-funktsii/ Thu, 23 Nov 2023 20:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=715650

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, најави дека покренала иницијатива во Владата да се пристапи кон законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, на Европската Унија и на Обединетите Нации да бидат на каква било позиција или да се вработат во администрацијата.

Во вечерашното гостување на Сител, Грковска истакна дека се неопходни измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, кој што во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине.

– Затоа што однесувањето како ништо да не се случило, после изрекувањето на таквите санкции ја урива довербата во институциите и не придонесува кон градење на систем во кој што граѓаните можат да имаат доверба. А корупцијата ќе ја намалиме драстично во оној момент кога ќе се види дека системот функционира непристрасно и има казнивост и санкции за сите оние кои прекршиле етички и морални норми – рече Грковска.

Во таа насока, паралелно со зајакнување на критериумите за носителите на функциите, подготвиле и Предлог за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, со кој, покрај правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност на ОН и правните акти на ЕУ, ќе се додадат и мерките на САД, како основ за законски рестриктивни мерки.

Вицепремиеркатаа Грковска истакна дека целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека со санкционирањето на вакви лица, корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекале на незаконски начин ќе биде одземен во законска процедура и ќе биде вратен назад на граѓаните.

Таа додаде дека преку овој закон, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка, во граѓанска постапка да може да се санкционираат лица кои имаат драстична разлика во она што го заработиле, од официјално пријавените приходи.

– Со ова законско решение ја надополнуваме онаа празнина кога за вакви лица, кога нема кривична постапка, нема кривично дело за кое може да се побара конфискација на незаконски стекнат имот, да побара од лицето да каже како го стекнал имотот и доколку не може да докаже, во законска процедура да му биде одземен имотот – појасни вицепремиерката.

На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот.

– Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции – појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.

Во Клубот на пратеници утре ќе биде одржана јавна расправа за предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. Предвидено е обраќања да имаат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за правда Кренар Лога и Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

По презентацијата на предлог законот и на меѓународните стандарди и компаративни искуства, ќе следи отворена дискусија за предложеното законско решение, на која стручната фела ќе има можност да ги сподели своите предлози и сугестии, соопшти владината прес-служба.

The post Со закон да се забрани лица од „црните листи“ на САД, ЕУ и ООН да бидат носители на функции appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, најави дека покренала иницијатива во Владата да се пристапи кон законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, на Европската Унија и на Обединетите Нации да бидат на каква било позиција или да се вработат во администрацијата. Во вечерашното гостување на Сител, Грковска истакна дека се неопходни измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, кој што во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине.
– Затоа што однесувањето како ништо да не се случило, после изрекувањето на таквите санкции ја урива довербата во институциите и не придонесува кон градење на систем во кој што граѓаните можат да имаат доверба. А корупцијата ќе ја намалиме драстично во оној момент кога ќе се види дека системот функционира непристрасно и има казнивост и санкции за сите оние кои прекршиле етички и морални норми – рече Грковска.
Во таа насока, паралелно со зајакнување на критериумите за носителите на функциите, подготвиле и Предлог за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, со кој, покрај правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност на ОН и правните акти на ЕУ, ќе се додадат и мерките на САД, како основ за законски рестриктивни мерки. Вицепремиеркатаа Грковска истакна дека целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека со санкционирањето на вакви лица, корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекале на незаконски начин ќе биде одземен во законска процедура и ќе биде вратен назад на граѓаните. Таа додаде дека преку овој закон, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка, во граѓанска постапка да може да се санкционираат лица кои имаат драстична разлика во она што го заработиле, од официјално пријавените приходи.
– Со ова законско решение ја надополнуваме онаа празнина кога за вакви лица, кога нема кривична постапка, нема кривично дело за кое може да се побара конфискација на незаконски стекнат имот, да побара од лицето да каже како го стекнал имотот и доколку не може да докаже, во законска процедура да му биде одземен имотот – појасни вицепремиерката.
На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот.
– Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции – појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.
Во Клубот на пратеници утре ќе биде одржана јавна расправа за предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. Предвидено е обраќања да имаат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за правда Кренар Лога и Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. По презентацијата на предлог законот и на меѓународните стандарди и компаративни искуства, ќе следи отворена дискусија за предложеното законско решение, на која стручната фела ќе има можност да ги сподели своите предлози и сугестии, соопшти владината прес-служба.

The post Со закон да се забрани лица од „црните листи“ на САД, ЕУ и ООН да бидат носители на функции appeared first on Република.

]]>
Николоски: Соопштението на САД дека го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-soopshtenieto-na-sad-deka-go-stavaat-na-tsrnata-lista-miodrag-daka-davidovik-za-mene-e-eden-jasen-signal-deka-ona-shto-sme-go-zboruvale-bilo-vistina/ Sat, 18 Nov 2023 11:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=702870

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиумите дадена по повод состанокот на Генералното Собрание на подмладокот на Европската Народна Партија – „Обединувајќи ја иднината, новата генерација и Западниот Балкан“, беше запрашан како го коментира тоа дека бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ е ставен на црната листа на САД. Црногорскиот бизнисмен беше поврзуван со бизнис активности во Македонија и конекција со Владата, а токму овој скандал го објави Николоски.

-Да ја потсетам македонската јавност дека оваа влада на СДСМ и ДУИ беше формирана на 30 август 2020 година, веќе на 31 август, утредента Советот на општина Тетово во тоа време со градоначалник од ДУИ, Теута Арифи усвои спорен детален урбанистички план кој што проценката беше дека треба да вреди некаде околу 200 милиони евра, на земјиште кое што претходно припаѓаше на комбинатот „Шик Јелак“ кое што во спорни и сомнителни околности во меѓувреме го стекна бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ. Во тоа време презентирав докази дека се работи за пари од сомнителен капитал кои што можеби потекнуваат и од војните во поранешна Југославија кои што Македонија стигнуваа преку офшор компании од Панама, сето тоа го презентирав во јавноста, рече потпретседателот Николоски.

Николоски во врска со овој случај посочи дека обвинителство до денес го нема испитано целиот овој случај.

-За жал до денес обвинителство не смогна сили да го испита целиот овој случај. Се сеќавате дека во тоа време излегоа и одредени податоци во јавност дека има можна вмешаност на владини функционери и можна корупција. И сето тоа се нотира во она што е соопштение на САД кое што го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ што за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина, но во исто време е и добра порака за целиот регион, тој е од Црна Гора и е една порака дека и таму треба да се демократизираат работите, кажа тој.

Потпретседателот Николоски порача дека време е Македонија да се чисти од корупција.

-Сакам исто така и да потсетам, можеби и како една лична сатисфакција дека во тоа време добивав и директни закани да престанам со таа работа и да не продолжам да ги објавувам деталите. Јас тоа го изнесов во јавност и продолжив да ги објавувам деталите и како и досега што сум го правел за многу корупциски афери ќе продолжам и тоа и во иднина, секогаш кога имам сознанија, затоа што мислам дека е време Македонија да се чисти од корупција. Овие млади луѓе кои што се денеска тука на конференција сакаат и Македонија и регионот и Европа да ја видат подобро од она што ние ја гледаме денес, порача Николоски.

The post Николоски: Соопштението на САД дека го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиумите дадена по повод состанокот на Генералното Собрание на подмладокот на Европската Народна Партија – „Обединувајќи ја иднината, новата генерација и Западниот Балкан“, беше запрашан како го коментира тоа дека бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ е ставен на црната листа на САД. Црногорскиот бизнисмен беше поврзуван со бизнис активности во Македонија и конекција со Владата, а токму овој скандал го објави Николоски.
-Да ја потсетам македонската јавност дека оваа влада на СДСМ и ДУИ беше формирана на 30 август 2020 година, веќе на 31 август, утредента Советот на општина Тетово во тоа време со градоначалник од ДУИ, Теута Арифи усвои спорен детален урбанистички план кој што проценката беше дека треба да вреди некаде околу 200 милиони евра, на земјиште кое што претходно припаѓаше на комбинатот „Шик Јелак“ кое што во спорни и сомнителни околности во меѓувреме го стекна бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ. Во тоа време презентирав докази дека се работи за пари од сомнителен капитал кои што можеби потекнуваат и од војните во поранешна Југославија кои што Македонија стигнуваа преку офшор компании од Панама, сето тоа го презентирав во јавноста, рече потпретседателот Николоски. Николоски во врска со овој случај посочи дека обвинителство до денес го нема испитано целиот овој случај. -За жал до денес обвинителство не смогна сили да го испита целиот овој случај. Се сеќавате дека во тоа време излегоа и одредени податоци во јавност дека има можна вмешаност на владини функционери и можна корупција. И сето тоа се нотира во она што е соопштение на САД кое што го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ што за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина, но во исто време е и добра порака за целиот регион, тој е од Црна Гора и е една порака дека и таму треба да се демократизираат работите, кажа тој. Потпретседателот Николоски порача дека време е Македонија да се чисти од корупција. -Сакам исто така и да потсетам, можеби и како една лична сатисфакција дека во тоа време добивав и директни закани да престанам со таа работа и да не продолжам да ги објавувам деталите. Јас тоа го изнесов во јавност и продолжив да ги објавувам деталите и како и досега што сум го правел за многу корупциски афери ќе продолжам и тоа и во иднина, секогаш кога имам сознанија, затоа што мислам дека е време Македонија да се чисти од корупција. Овие млади луѓе кои што се денеска тука на конференција сакаат и Македонија и регионот и Европа да ја видат подобро од она што ние ја гледаме денес, порача Николоски.

The post Николоски: Соопштението на САД дека го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина appeared first on Република.

]]>
Ќе има нови имиња на црната листа на САД, најави Ескобар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-ima-novi-imina-na-tsrnata-lista-na-sad-najavi-eskobar/ Sat, 26 Aug 2023 10:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=675976

Американскиот заменик-помошник државен секретар, Габриел Ескобар во интервју за 360 степени отворено најави дека ќе има нови имиња од Македонија на црната листа на САД.

Дозволете ми само да кажам дека оваа администрација, администрацијата на Бајден, е посветена на борбата против корупцијата. Бидејќи корупцијата толку ги нагризува општествата. Не можеме да дадеме најава на санкции, но бидете сигурни дека ќе ги има, рече Ескобар.

Тој додаде дека за целиот регион, корупцијата е огромен проблем, и е срќен што пристапниот процес кон ЕУ му дава централно место на владеењето на правото како услов за влез.

The post Ќе има нови имиња на црната листа на САД, најави Ескобар appeared first on Република.

Рамиз, Љубе, Џевад и Мендух: Ова е покерот на власта кој е на црната листа на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ramiz-lube-dhevad-i-menduh-ova-e-pokerot-na-vlasta-koj-e-na-tsrnata-lista-na-sad/ Fri, 23 Jun 2023 08:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=654324

Четворица од власта во моментов се наоѓаат на црната листа на САД. На веќе актуелните Љубе Бошковски, Мендух Тачи и Џевад Асани им се приклучи и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Мендух Тачи со ДПА е во коалиција со СДСМ и ДУИ, исто и Обединети за Македонија на порашешниот министер за внатрешни работи иако е нејасно дали оваа партија се уште постои или егзистира само на хартија.

Покрај овие, и лидерот на ВМРО-народна Љубчо Георгиевски со години не можеше да патува во САД и имаше забрана што е еден вид на црна листа.

Сепак, овие лица народски кажано „топ не ги бие“ и имаат бизниси во Македонија и регионот а тоа што се на црната листа не ги спречува да партицицираат во власта и политиката.

На црната листа на САД се и Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени.

Од поранешната власт, на црнта листа се и Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Што е црна листа на САД

Црната листа се всушност санкции што се однесуваат на дела од висока корупција, стекнување поголема материјална корист, поврзаноста со власта . Најчесто на листата се  сегашни и поранешни владинислужбеници од целиот свет, но и компании со кои тие се поврзани, нивни блиски соработници одговорни за или се соучесници во висока корупција.

The post Рамиз, Љубе, Џевад и Мендух: Ова е покерот на власта кој е на црната листа на САД appeared first on Република.

]]>

Четворица од власта во моментов се наоѓаат на црната листа на САД. На веќе актуелните Љубе Бошковски, Мендух Тачи и Џевад Асани им се приклучи и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Мендух Тачи со ДПА е во коалиција со СДСМ и ДУИ, исто и Обединети за Македонија на порашешниот министер за внатрешни работи иако е нејасно дали оваа партија се уште постои или егзистира само на хартија. Покрај овие, и лидерот на ВМРО-народна Љубчо Георгиевски со години не можеше да патува во САД и имаше забрана што е еден вид на црна листа. Сепак, овие лица народски кажано „топ не ги бие“ и имаат бизниси во Македонија и регионот а тоа што се на црната листа не ги спречува да партицицираат во власта и политиката. На црната листа на САД се и Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени. Од поранешната власт, на црнта листа се и Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Што е црна листа на САД

Црната листа се всушност санкции што се однесуваат на дела од висока корупција, стекнување поголема материјална корист, поврзаноста со власта . Најчесто на листата се  сегашни и поранешни владинислужбеници од целиот свет, но и компании со кои тие се поврзани, нивни блиски соработници одговорни за или се соучесници во висока корупција.

The post Рамиз, Љубе, Џевад и Мендух: Ова е покерот на власта кој е на црната листа на САД appeared first on Република.

]]>
„Советот на амбасадори“ го поздрави ставањето на црна листа на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-ambasadori-go-pozdravi-stavaneto-na-tsrna-lista-na-sad/ Thu, 22 Jun 2023 14:02:39 +0000 https://republika.mk/?p=654112

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ ја поздравува одлуката на американскиот Стејт Департмент да го прогласи Рамиз Мерко, градоначалникот на општина Струга, за неподобен за влез во САД поради неговата вмешаност во значителна корупција додека ја извршувал актуелната функција.

Како што се наведува во соопштението, Советот на амбасадори смета дека институциите на нашиот правосуден систем за борба против корупција и организираниот криминал треба веднаш да отворат соодветна истрага за случаите кои што го предизвикале Стејт Департментот да постапи на овој начин, а притоа користејќи ги механизмите за меѓународна соработка и меѓународна правна помош, како во случајот на Рамиз Мерко, така и за останатите високи функционери за кои што постои сомневање дека ги злоупотребиле своите функции за лични цели.

Советот на амбасадори смета и дека Европската Унија треба да создаде слични механизми за забрана на влез во ЕУ (или во Шенгенскиот простор) за високите должносници на земјите-кандидати од Западниот Балкан кои се вклучени во корупција или во мрежите на организираниот криминал.

-Се разбира, ништо не е замена за работата на домашното правосудство кое што, за жал, сè уште не е на висината на задачата кое што доликува на една земја членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија. Борбата против корупцијата и организираниот криминал останува една од клучните точки кои што треба драматично да се подобрат за реализација на целите на македонската надворешна политика, но и за повисок економски, социјален и демократски развој на земјата, се наведува во соопштението.

The post „Советот на амбасадори“ го поздрави ставањето на црна листа на САД appeared first on Република.

]]>

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ ја поздравува одлуката на американскиот Стејт Департмент да го прогласи Рамиз Мерко, градоначалникот на општина Струга, за неподобен за влез во САД поради неговата вмешаност во значителна корупција додека ја извршувал актуелната функција. Како што се наведува во соопштението, Советот на амбасадори смета дека институциите на нашиот правосуден систем за борба против корупција и организираниот криминал треба веднаш да отворат соодветна истрага за случаите кои што го предизвикале Стејт Департментот да постапи на овој начин, а притоа користејќи ги механизмите за меѓународна соработка и меѓународна правна помош, како во случајот на Рамиз Мерко, така и за останатите високи функционери за кои што постои сомневање дека ги злоупотребиле своите функции за лични цели. Советот на амбасадори смета и дека Европската Унија треба да создаде слични механизми за забрана на влез во ЕУ (или во Шенгенскиот простор) за високите должносници на земјите-кандидати од Западниот Балкан кои се вклучени во корупција или во мрежите на организираниот криминал.
-Се разбира, ништо не е замена за работата на домашното правосудство кое што, за жал, сè уште не е на висината на задачата кое што доликува на една земја членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија. Борбата против корупцијата и организираниот криминал останува една од клучните точки кои што треба драматично да се подобрат за реализација на целите на македонската надворешна политика, но и за повисок економски, социјален и демократски развој на земјата, се наведува во соопштението.

The post „Советот на амбасадори“ го поздрави ставањето на црна листа на САД appeared first on Република.

]]>
ДУИ на втори јули ќе бира шеф на огранокот во Струга-единствен кандидат е Мерко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-na-vtori-juli-ke-bira-shef-na-ogranokot-vo-struga-edinstven-kandidat-e-merko/ Thu, 22 Jun 2023 11:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=654039

ДУИ на втори јули ќе бира шеф на огранокот во Струга. Оваа информација нема да биде значајна доколку не се случеше ставањето на црната листа на САД на градоначалникот на Струга.

Но, за главен на огранокот на Струга единствен кандидат е токку Мерко, дознава „Република“ од партиски извори.

Останува да се види дали ДУИ ќе се откаже од Мерко или пак градоначалникот ќе се повлече од партиските функции.

Инаку Мерко, покрај градоначалник  е и член на Централното претседателстово на ДУИ и шеф на огранокот во Струга.

Покрај Мерко, уште еден член на ДУИ и на централното претседател е на црната листа на САД, а тоа е поранешниот пратеник Џевад Адеми.

The post ДУИ на втори јули ќе бира шеф на огранокот во Струга-единствен кандидат е Мерко appeared first on Република.

]]>

ДУИ на втори јули ќе бира шеф на огранокот во Струга. Оваа информација нема да биде значајна доколку не се случеше ставањето на црната листа на САД на градоначалникот на Струга. Но, за главен на огранокот на Струга единствен кандидат е токку Мерко, дознава „Република“ од партиски извори. Останува да се види дали ДУИ ќе се откаже од Мерко или пак градоначалникот ќе се повлече од партиските функции. Инаку Мерко, покрај градоначалник  е и член на Централното претседателстово на ДУИ и шеф на огранокот во Струга. Покрај Мерко, уште еден член на ДУИ и на централното претседател е на црната листа на САД, а тоа е поранешниот пратеник Џевад Адеми.  

The post ДУИ на втори јули ќе бира шеф на огранокот во Струга-единствен кандидат е Мерко appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска: Уште пред четири години укажувавме за Мерко, но никој не нѐ слушаше https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-ushte-pred-chetiri-godini-ukazhuvavme-za-merko-no-nikoj-ne-n-slushashe/ Thu, 22 Jun 2023 10:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=654001

Ова не е воопшто изненадување, но е изненадување тоа што повторно нашите институции сега се разбрануваат откако некој однадвор ќе укаже за одредени состојби што ние веќе сме ги констатирале, изјави Владимир Георгиев, член на Антикорупциската комисија, во врска со ставањето на „црна листа“ на градоначалникот Рамиз Мерко од страна на Стејт департментот.

На новинарско прашање за коментар за случајот, Георгиев рече дека не ни се случува првпат некој однадвор да ни укаже за одредени состојби или личности, како што е конкретниот случај Стејт департментот да го стави на „црна листа“ актуелниот градоначалник на Струга, како што рече - „од аспект на негова вмешаност во корупција и влијание во правосудството“.

Најави дека Државната комисија за спречување корупција утре ќе има прес-конференција токму за Рамиз Мерко за кој, како што рече, „уште во 2019 година утврдивме низа злоупотреби  во неговото работење како градоначалник“.

-Наводите што ги најдовме беа поткрепени со извештаи од Државниот завод за ревизија, меѓутоа ништо не беше преземено, истакна Георгиев, одговарајќи на новинарско прашање на презентација на резултати од истражување за корупција во високото образование.

Додаде и дека во извештајот за ставовите на самите судии и обвинители за корупција во правосудството, кој ДКСК го изготви заедно со ОБСЕ и беше презентиран минатата недела, еден од главните показатели е дека самото правосудство е под влијание и на извршната власт, но и од страна на повисоки судии и претседатели на судови.

The post Антикорупциска: Уште пред четири години укажувавме за Мерко, но никој не нѐ слушаше appeared first on Република.

]]>

Ова не е воопшто изненадување, но е изненадување тоа што повторно нашите институции сега се разбрануваат откако некој однадвор ќе укаже за одредени состојби што ние веќе сме ги констатирале, изјави Владимир Георгиев, член на Антикорупциската комисија, во врска со ставањето на „црна листа“ на градоначалникот Рамиз Мерко од страна на Стејт департментот. На новинарско прашање за коментар за случајот, Георгиев рече дека не ни се случува првпат некој однадвор да ни укаже за одредени состојби или личности, како што е конкретниот случај Стејт департментот да го стави на „црна листа“ актуелниот градоначалник на Струга, како што рече - „од аспект на негова вмешаност во корупција и влијание во правосудството“. Најави дека Државната комисија за спречување корупција утре ќе има прес-конференција токму за Рамиз Мерко за кој, како што рече, „уште во 2019 година утврдивме низа злоупотреби  во неговото работење како градоначалник“.  
-Наводите што ги најдовме беа поткрепени со извештаи од Државниот завод за ревизија, меѓутоа ништо не беше преземено, истакна Георгиев, одговарајќи на новинарско прашање на презентација на резултати од истражување за корупција во високото образование.
Додаде и дека во извештајот за ставовите на самите судии и обвинители за корупција во правосудството, кој ДКСК го изготви заедно со ОБСЕ и беше презентиран минатата недела, еден од главните показатели е дека самото правосудство е под влијание и на извршната власт, но и од страна на повисоки судии и претседатели на судови.

The post Антикорупциска: Уште пред четири години укажувавме за Мерко, но никој не нѐ слушаше appeared first on Република.

]]>
Koвачевски за Мерко: Кога би се нашол на црна листа на САД не само што би поднел оставка, туку би го сметал за најголем пораз во кариерата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-merko-koga-bi-se-nashol-na-tsrna-lista-na-sad-ne-samo-shto-bi-podnel-ostavka-tuku-bi-go-smetal-za-najgolem-poraz-vo-karierata/ Thu, 22 Jun 2023 10:13:18 +0000 https://republika.mk/?p=653983

Доколку премиерот Ковачевски би се нашол на црната листа на САД, тој тоа би го сметал за најголем пораз во неговата кариера, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски запрашан за коментар откако името на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, се појави на црната листа на САД.

„Јас да се најдам на црната листа на САД, како човек којшто дел од своето образование го завршил во САД, не што ќе си дадам оставка, јас тоа ќе го сметам за најголем пораз во мојата лична и професионална кариера“, рече Ковачевски.

The post Koвачевски за Мерко: Кога би се нашол на црна листа на САД не само што би поднел оставка, туку би го сметал за најголем пораз во кариерата appeared first on Република.

Имал итна работа: Откако го ставија на црна листа, Мерко откажува настани во општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/imal-itna-rabota-otkako-go-stavija-na-tsrna-lista-merko-otkazhuva-nastani-vo-opshtinata/ Wed, 21 Jun 2023 17:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=653796

Денот на езерото кој традиционално се одбележува на денешен ден со градоначалниците на Охрид ,Струга Поградец и Дебарца е откажан. Ова е прв настан што е откажан откако градоначлникот на Струга Рамиз Мерко е ставен на црна листа на САД.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vednash-da-podnesat-ostavki-sudiite-i-obvinitelite-vmeshani-vo-koruptsiskoto-samovolie-na-ramiz-merko/

Настанот е откажан бидјеќи градоначалникот имаше друга итна работа- велат од кабинетот на градоначалникот Мерко за медиумите.

Засега без став е и неговата мтична партија ДУИ.

The post Имал итна работа: Откако го ставија на црна листа, Мерко откажува настани во општината appeared first on Република.

]]>

Денот на езерото кој традиционално се одбележува на денешен ден со градоначалниците на Охрид ,Струга Поградец и Дебарца е откажан. Ова е прв настан што е откажан откако градоначлникот на Струга Рамиз Мерко е ставен на црна листа на САД. https://republika.mk/vesti/makedonija/vednash-da-podnesat-ostavki-sudiite-i-obvinitelite-vmeshani-vo-koruptsiskoto-samovolie-na-ramiz-merko/  