црна горса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tsrna-gorsa/ За подобро да се разбереме Thu, 18 May 2023 17:40:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црна горса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tsrna-gorsa/ 32 32 На инаугурацијата на Милатовиќ во сабота во Подгорица ќе дојдат сите лидери од Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-inauguratsijata-na-milatovik-vo-sabota-vo-podgoritsa-ke-dojdat-site-lideri-od-zapaden-balkan/ Thu, 18 May 2023 18:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=642412

Новоизбраниот црногорски претседател, Јаков Милатовиќ, по втората средба со шефот на државата во заминување, Мило Ѓукановиќ, најави дека на неговата инаугурација во сабота во Собранието на Црна Гора во Подгорица ќе присуствуваат сите лидери на Западен Балкан.

Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и новоизбраниот Јаков Милатовиќ одржаа втор состанок во рамки на примопредавањето на власта, по што беше соопштено дека покажале дека се посветени на државната функција и дека Ѓукановиќ ќе присуствува на инаугурацијата на Милатовиќ.

Милатовиќ кажа дека двата разговори со Ѓукановиќ биле „конструктивни и засновани на потребите“ на надворешната и внатрешната политика на земјата.

Мислам дека разговорите се добар пример за демократска транзиција на власта. Му благодарам на Ѓукановиќ за конструктивниот разговор. Знаете дека сме различни, но покажавме дека сме посветени на оваа функција, изјави Милатовиќ и додаде дека Ѓукановиќ ќе присуствува и на инаугурацијата со што ќе се заокружи процесот на примопредавање на должностите.

Ѓукановиќ на Милатовиќ му посакал успешен мандат и дека од таа позиција ќе придонесе за остварување на најважните национални интереси на државата.

Разговорите беа интересни, разговаравме за регионалната, европската и глобалната политичка рамка, за многу аспекти на внатрешната политика... Се согласивме дека има многу предизвици и дека е важно Црна Гора да воспостави внатрешна политичка стабилност и напредок кон својата цел - до Европската унија (ЕУ), изјави Ѓукановиќ.

Тој на прес конференцијата по средбата кажа дека средбата, како практика е добредојдена и фрла светлина врз растечкиот демократски капацитет на земјата.

Првата средба Ѓукановиќ и Милатовиќ ја одржаа на 12 мај.

The post На инаугурацијата на Милатовиќ во сабота во Подгорица ќе дојдат сите лидери од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот црногорски претседател, Јаков Милатовиќ, по втората средба со шефот на државата во заминување, Мило Ѓукановиќ, најави дека на неговата инаугурација во сабота во Собранието на Црна Гора во Подгорица ќе присуствуваат сите лидери на Западен Балкан. Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и новоизбраниот Јаков Милатовиќ одржаа втор состанок во рамки на примопредавањето на власта, по што беше соопштено дека покажале дека се посветени на државната функција и дека Ѓукановиќ ќе присуствува на инаугурацијата на Милатовиќ. Милатовиќ кажа дека двата разговори со Ѓукановиќ биле „конструктивни и засновани на потребите“ на надворешната и внатрешната политика на земјата.
Мислам дека разговорите се добар пример за демократска транзиција на власта. Му благодарам на Ѓукановиќ за конструктивниот разговор. Знаете дека сме различни, но покажавме дека сме посветени на оваа функција, изјави Милатовиќ и додаде дека Ѓукановиќ ќе присуствува и на инаугурацијата со што ќе се заокружи процесот на примопредавање на должностите.
Ѓукановиќ на Милатовиќ му посакал успешен мандат и дека од таа позиција ќе придонесе за остварување на најважните национални интереси на државата.
Разговорите беа интересни, разговаравме за регионалната, европската и глобалната политичка рамка, за многу аспекти на внатрешната политика... Се согласивме дека има многу предизвици и дека е важно Црна Гора да воспостави внатрешна политичка стабилност и напредок кон својата цел - до Европската унија (ЕУ), изјави Ѓукановиќ.
Тој на прес конференцијата по средбата кажа дека средбата, како практика е добредојдена и фрла светлина врз растечкиот демократски капацитет на земјата. Првата средба Ѓукановиќ и Милатовиќ ја одржаа на 12 мај.

The post На инаугурацијата на Милатовиќ во сабота во Подгорица ќе дојдат сите лидери од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>