црква Света Петка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tsrkva-sveta-petka/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Sep 2024 13:21:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црква Света Петка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tsrkva-sveta-petka/ 32 32 Одбележан 100-годишниот јубилеј на црквата „Света Петка” во Црниче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbelezhan-100-godishniot-jubilej-na-tsrkvata-sveta-petka-vo-tsrniche/ Sun, 29 Sep 2024 13:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=820746

Со Божествена литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот Oхридски и Mакедонски г.г. Стефан и македонското свештенство, денеска се одбележа еден век од осветувањето на црквата „Света Петка“ во скопската населба Црниче, која неодамна беше реновирана.

На  прослвата присуствуваа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски  кој, како што соопшти општинската прес-служба, порача дека храмот на одбележувањето на стогодишнината е реконструиран, партерно уреден и со освежена фасада.

- Секогаш, колку што се моите можности ќе помагам и ќе се залагам за нашите македонски храмови, бидејќи токму во нив е мирот и сплотеноста на нашиот народ, рече Ѓорѓиевски.

Камен темелникот за храмот е поставен во 1904 година и како што посочи Ѓорѓиевски овој прекрасен Божји дом бил изграден за 20 години.

- Постои камен плоча на која може да се прочита дека храмот бил довршен и осветен на 3 септември 1923 година. Живописот и иконописот му биле доверени на последниот и најдобар зограф на тоа време Димитар Андонов Папрадишки. Во 1924 година, комплетно го завршил зографирањето и иконографијата на храмот. Црквата  е молитвен дом на многу православни христијани кои преку верата во Бога и молитвите на Света Петка добиваат исцеление на многу душевни и телесни болести. Денес, 100 години подоцна, сведочиме на еден прекрасен јубилеј. Нека е за многу години и нека таму, во Божјите храмови се шири љубов и сплотува нашиот народ, изјави Ѓорѓиевски.

The post Одбележан 100-годишниот јубилеј на црквата „Света Петка” во Црниче appeared first on Република.

]]>

Во Црниче викендов се слават 100 години храм „Света Петка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-tsrniche-vikendov-se-slavat-100-godini-hram-sveta-petka/ Sat, 28 Sep 2024 07:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=820462

Храмот „Св. Петка” во скопско Црниче викендов свечено ќе го одбележи 100-годишниот јубилеј.

Скопската епархија на МПЦ-ОА соопшти дека свеченоста ќе започне денеска со Вечерна богослужба во 17:30 часот.

Централната прослава, пак, ќе биде во недела со Божествената литургија со почеток во 09:00 часот.

The post Во Црниче викендов се слават 100 години храм „Света Петка“ appeared first on Република.

]]>

Храмот „Св. Петка” во скопско Црниче викендов свечено ќе го одбележи 100-годишниот јубилеј. Скопската епархија на МПЦ-ОА соопшти дека свеченоста ќе започне денеска со Вечерна богослужба во 17:30 часот. Централната прослава, пак, ќе биде во недела со Божествената литургија со почеток во 09:00 часот.

The post Во Црниче викендов се слават 100 години храм „Света Петка“ appeared first on Република.

]]>
Политички лешинари преку црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии, што е доказ за предупредувањата за дестабилизација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-politichki-leshinari-preku-tsrkvata-vo-galate-predizvikuvaat-meguetnichki-tenzii-shto-e-dokaz-za-predupreduvanata-za-destabilizatsija/ Wed, 11 Sep 2024 11:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=815337

Министерот за внатрешни работи во интервју за ТВ Телма оценува дека постојат политички „лешинари“ кои преку проблемот со црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии што според него е доказ за наводите за дестабилизација за што новата влада и премиерот предупредуваа. Неуспешен е нивниот обид, а МВР ќе преземе мерки за целосно спречување на било какви обиди за ширење на меѓуетнички тензии, вели Тошковски.

За расчистувањето на околината на црквата во Галате во општина Врапчиште, немале информации ниту во МПЦ, тврди министерот.

Сето она што настана, согласно она што го видов, барем на јавно објавените снимки, не е ништо друго туку само еден неуспешен, слободно можам да кажам, обид, за погревање на меѓуетнички тензии. Обидот на одредени политички лешинари во текот на вчерашниот ден да подгреваат, да хушкаат, да извртуваат фактичка состојба во насока на меѓуетнички тензии. Ако ова не е доказ дека она што сме го говореле изминатиот период, од аспект на тоа дека ќе има обиди во овој временски период, во насока (на дестабилизација) тогаш не знам што би било, вели министерот Тошковски во интервјуто за ТВ Телма.

The post Политички лешинари преку црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии, што е доказ за предупредувањата за дестабилизација appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи во интервју за ТВ Телма оценува дека постојат политички „лешинари“ кои преку проблемот со црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии што според него е доказ за наводите за дестабилизација за што новата влада и премиерот предупредуваа. Неуспешен е нивниот обид, а МВР ќе преземе мерки за целосно спречување на било какви обиди за ширење на меѓуетнички тензии, вели Тошковски. За расчистувањето на околината на црквата во Галате во општина Врапчиште, немале информации ниту во МПЦ, тврди министерот.
Сето она што настана, согласно она што го видов, барем на јавно објавените снимки, не е ништо друго туку само еден неуспешен, слободно можам да кажам, обид, за погревање на меѓуетнички тензии. Обидот на одредени политички лешинари во текот на вчерашниот ден да подгреваат, да хушкаат, да извртуваат фактичка состојба во насока на меѓуетнички тензии. Ако ова не е доказ дека она што сме го говореле изминатиот период, од аспект на тоа дека ќе има обиди во овој временски период, во насока (на дестабилизација) тогаш не знам што би било, вели министерот Тошковски во интервјуто за ТВ Телма.

The post Политички лешинари преку црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии, што е доказ за предупредувањата за дестабилизација appeared first on Република.

]]>
Ова е дел од оној фолклор да се сее етничка нетрпеливост, ќе има уште вакви инциденти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ova-e-del-od-onoj-folklor-da-se-see-etnichka-netrpelivost-ke-ima-ushte-vakvi-intsidenti/ Wed, 11 Sep 2024 09:00:02 +0000 https://republika.mk/?p=815207

Ова се изолирани инциденти, и ќе има уште вакви, рече денеска премиерот Христијан Мицкоскиза инцидентите отккако почна расчистувањето околу црквата Света Петка во селото Галате.

Вие ја слушнавте изјавата на Владиката, кој се оградува од ваквите од инциденти, жителите на село Галате исто така се оградуваат, а она што е интересно на социјалните мрежи излегоа слики на некои лица кои се во друштво на политички активни ликови. Ако се земе предвид поддршката политичка во Врапчиште, но и полициската структура во СВР Гостивар, тоа е дел од оној фолклор да се сее етничка нетрпеливост, ваков тип на инциденти ќе има, затоа што не можеме ние како влада, имајќи ги во предвид последните промени во Законот за полиција, не може да се случат промените во раководните структури. Ќе мора за следните 2-3 месеци да се случи измена на тој Закон, и да има измена во тие раководни структури, за да можеме реално да ја имаме ситуацијата под контрола. Немајте дилема дека криминалните стурктури во минатото, ќе прават вакви инциденти во блиска иднина. Самите жители на Галате го отфрлија ова, самиот Владика го отфрли сево ова, апелирам сега кога државата оди во нагорна линија, граѓаните да не наседнуваат на вакви провокации, рече Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-predupreduva-ke-ima-krivichen-progon-za-podgrevane-na-meguetnichki-i-megureligiski-tenzii/

The post Ова е дел од оној фолклор да се сее етничка нетрпеливост, ќе има уште вакви инциденти appeared first on Република.

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhitelite-na-galate-baraat-mirno-reshenie-na-sluchajot-i-se-ograduvaat-od-nastanite/ Wed, 11 Sep 2024 08:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=815202

По тензиите кои настанаа околу состојбата со уредувањето на земјиштето околу црквата Св. Петка во атарот на селото Галате, жителите синоќа одржаа состанок. Во известувањето тие посочуваат дека се оградуваат од настаните и ќе продолжат да комуницираат со општината и останатите институции за да се реши случајот.

По состанокот бил донесен заклучок кој треба да води во насока решавање во соработка со надлежните институции и во законска постапка. Тие сметаат дека единственото решение за надминување на проблемите кои настанаа со акцијата за уредување на дворот и земјиштето околу црквата Св. Петка, во месноста „топли извори“ во атарот на Галате.

Населението од Галате се оградува од настанатата ситуација во врска со црквата Св. Петка. Во Галате и општина Врапчиште како месно население нема да дозволиме меѓуетнички тензии и верска омраза затоа што досега ниту имало нешто такво, ниту ќе има во иднина. Сите несогласувања и проблеми треба да се решаваат на мирен и законски начин, без поттикнување на омраза и тензии, се наведува во кусата информација до јавноста која ја дадоа по телефон за дописникот на МИА.

Тие уште еднаш повикаа на смиреност и да не се шират невистини кои, како што велат, на ваков начин им штетат на соживотот и соработката со локалната самоуправа.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-predupreduva-ke-ima-krivichen-progon-za-podgrevane-na-meguetnichki-i-megureligiski-tenzii/

The post Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните appeared first on Република.

]]>

По тензиите кои настанаа околу состојбата со уредувањето на земјиштето околу црквата Св. Петка во атарот на селото Галате, жителите синоќа одржаа состанок. Во известувањето тие посочуваат дека се оградуваат од настаните и ќе продолжат да комуницираат со општината и останатите институции за да се реши случајот. По состанокот бил донесен заклучок кој треба да води во насока решавање во соработка со надлежните институции и во законска постапка. Тие сметаат дека единственото решение за надминување на проблемите кои настанаа со акцијата за уредување на дворот и земјиштето околу црквата Св. Петка, во месноста „топли извори“ во атарот на Галате.
Населението од Галате се оградува од настанатата ситуација во врска со црквата Св. Петка. Во Галате и општина Врапчиште како месно население нема да дозволиме меѓуетнички тензии и верска омраза затоа што досега ниту имало нешто такво, ниту ќе има во иднина. Сите несогласувања и проблеми треба да се решаваат на мирен и законски начин, без поттикнување на омраза и тензии, се наведува во кусата информација до јавноста која ја дадоа по телефон за дописникот на МИА.
Тие уште еднаш повикаа на смиреност и да не се шират невистини кои, како што велат, на ваков начин им штетат на соживотот и соработката со локалната самоуправа. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-predupreduva-ke-ima-krivichen-progon-za-podgrevane-na-meguetnichki-i-megureligiski-tenzii/

The post Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните appeared first on Република.

]]>
МВР предупредува: Ќе има кривичен прогон за подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-predupreduva-ke-ima-krivichen-progon-za-podgrevane-na-meguetnichki-i-megureligiski-tenzii/ Wed, 11 Sep 2024 08:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=815166

Министерството за внатрешни работи предупреду дека најстрого ќе ги санкционира објавите на социјалните мрежи што ќе разгоруваат меѓуетничка и меѓрелигиска тензија, по последните инциденти со реставрирањето на црквата Света Петка во Галате, општина Врапчиште.

МВР апелира за воздржување од било какви тензии по однос на овој настан. Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон, се наведува во вчерашното соопштение на македонската полиција.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-detali-za-intsidentot-pred-opshtinata-vo-vrapchishte-i-tsrkvata-sveta-petka-vo-galate/

Инаку вчера пред општина Врапчиште протестираа граѓани од населеното место Галате кои самоиницијативно ја реставрираат црквата, по што десеттици луѓе влегле во општината а откако одбиле да излезат, двајца од присутните биле приведени, а по неколку часа и пуштени од полициската станица.

The post МВР предупредува: Ќе има кривичен прогон за подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи предупреду дека најстрого ќе ги санкционира објавите на социјалните мрежи што ќе разгоруваат меѓуетничка и меѓрелигиска тензија, по последните инциденти со реставрирањето на црквата Света Петка во Галате, општина Врапчиште.
МВР апелира за воздржување од било какви тензии по однос на овој настан. Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон, се наведува во вчерашното соопштение на македонската полиција.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-detali-za-intsidentot-pred-opshtinata-vo-vrapchishte-i-tsrkvata-sveta-petka-vo-galate/ Инаку вчера пред општина Врапчиште протестираа граѓани од населеното место Галате кои самоиницијативно ја реставрираат црквата, по што десеттици луѓе влегле во општината а откако одбиле да излезат, двајца од присутните биле приведени, а по неколку часа и пуштени од полициската станица.

The post МВР предупредува: Ќе има кривичен прогон за подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии appeared first on Република.

]]>
МВР со детали за инцидентот пред општината во Врапчиште и црквата Света Петка во Галате https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-detali-za-intsidentot-pred-opshtinata-vo-vrapchishte-i-tsrkvata-sveta-petka-vo-galate/ Tue, 10 Sep 2024 20:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=815112

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска во 10 часот од страна на полициски службеници од НККР Гостивар, градежен инспектор од општина Врапчиште и ангажирана геодетска фирма извршен е увид на локацијата каде се наоѓа црквата во атарот на с. Галате. Увидот е извршен по претходно отворена пријава на 09.09.2024 од страна на инспектор за урбанизам при општина Врапчиште за бесправна градба на оваа локација, а по завршување на увидот, од страна на градежниот инспектор местото е околчено со арматури и трака.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pushteni-privedenite-gragani-koi-baraa-sredba-so-gradonachalnikot-od-dui-da-im-objasni-zoshto-ne-mozhat-da-ja-obnovat-tsrkvata-sveta-petka/

Околу 15 часот од страна на лицето Д.П., во присуство на неколку граѓани, отстранета е арматурата и траката, по што групата граѓани се упатиле пред општина Врапчиште, каде се одржал мирен протест. Од страна на Д.П. и уште две лица, дел од траката е залепена преку влезната врата на општината, а по извесно време Д.П. со група од околу 10 луѓе влегува во објектот на општината, со цел да бидат примени од страна на градоначалникот Исен Шабани. По извесно време, градоначалникот се согласил да ги прими, но со услов разговорот да не се снима со приватни телефони. Групата граѓани одбиле да го направат тоа и градоначалникот побарал да го напуштат објектот. Откако не го напуштиле, градоначалникот побарал од полициските службеници да го испразнат објектот, по што од страна на полициските службеници при ПС ОН Гостивар на групата граѓани им е дадена наредба да го напуштат објектот на општината, нешто кое Д.П. и уште едно лице одбиле да го направат и пружиле активен отпор на полициските службеници. Двете лица се приведени во просториите на ПС Гостивар и по извршен службен разговор со нив и направена консултација со јавен обвинител, истите се пуштени да си одат, соопшти МВР.

МВР апелира за воздржување од било какви тензии по однос на овој настан.

Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон од страна на МВР. Македонското општество е засновано на меѓусебна почит и толеранција, а нашите темелни уставни вредности се гарант дека никој нема право да ги користи верските прашања во дневно-политички цели. МВР во текот на утрешниот ден ќе направи средби со сите чинители кои можат да придонесат за расчистување на овој настан, велат од МВР.

The post МВР со детали за инцидентот пред општината во Врапчиште и црквата Света Петка во Галате appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска во 10 часот од страна на полициски службеници од НККР Гостивар, градежен инспектор од општина Врапчиште и ангажирана геодетска фирма извршен е увид на локацијата каде се наоѓа црквата во атарот на с. Галате. Увидот е извршен по претходно отворена пријава на 09.09.2024 од страна на инспектор за урбанизам при општина Врапчиште за бесправна градба на оваа локација, а по завршување на увидот, од страна на градежниот инспектор местото е околчено со арматури и трака. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pushteni-privedenite-gragani-koi-baraa-sredba-so-gradonachalnikot-od-dui-da-im-objasni-zoshto-ne-mozhat-da-ja-obnovat-tsrkvata-sveta-petka/

Околу 15 часот од страна на лицето Д.П., во присуство на неколку граѓани, отстранета е арматурата и траката, по што групата граѓани се упатиле пред општина Врапчиште, каде се одржал мирен протест. Од страна на Д.П. и уште две лица, дел од траката е залепена преку влезната врата на општината, а по извесно време Д.П. со група од околу 10 луѓе влегува во објектот на општината, со цел да бидат примени од страна на градоначалникот Исен Шабани. По извесно време, градоначалникот се согласил да ги прими, но со услов разговорот да не се снима со приватни телефони. Групата граѓани одбиле да го направат тоа и градоначалникот побарал да го напуштат објектот. Откако не го напуштиле, градоначалникот побарал од полициските службеници да го испразнат објектот, по што од страна на полициските службеници при ПС ОН Гостивар на групата граѓани им е дадена наредба да го напуштат објектот на општината, нешто кое Д.П. и уште едно лице одбиле да го направат и пружиле активен отпор на полициските службеници. Двете лица се приведени во просториите на ПС Гостивар и по извршен службен разговор со нив и направена консултација со јавен обвинител, истите се пуштени да си одат, соопшти МВР.

МВР апелира за воздржување од било какви тензии по однос на овој настан.
Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон од страна на МВР. Македонското општество е засновано на меѓусебна почит и толеранција, а нашите темелни уставни вредности се гарант дека никој нема право да ги користи верските прашања во дневно-политички цели. МВР во текот на утрешниот ден ќе направи средби со сите чинители кои можат да придонесат за расчистување на овој настан, велат од МВР.

The post МВР со детали за инцидентот пред општината во Врапчиште и црквата Света Петка во Галате appeared first on Република.

]]>
Пуштени приведените граѓани кои бараа средба со градоначалникот од Врапчиште за црквата Света Петка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pushteni-privedenite-gragani-koi-baraa-sredba-so-gradonachalnikot-od-vrapchishte-za-tsrkvata-sveta-petka/ Tue, 10 Sep 2024 19:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=815103

По обидот на десетина граѓани да се сретнат со општинските власти во Врапчиште и да добијат објаснување околу прекинот на работите на уредувањето на дворот околу црквата Св. Петка, полицијата презела мерки и привела две лица. По извршениот разговор во полициската станица, еден од приведените објави фотографија дека околу 20:30 е пуштен на слобода.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информираше дека попладнево околу 18 часот денес во просториите на Општина Врапчиште, каде била присутна поголема група граѓани, две лица се приведени.

Тие се приведени заради тоа што не почитувале наредба од овластено службено лице и агресивно однесување кон полициски службеници. Од страна на СВР Тетово се преземаат мерки за расчистување на случајот, рече за МИА, портпаролот Реџепи.

Тензиите кои се подигнаа околу уредувањето на дворот и околината на црквата Св. Петка која се наоѓа на регионалниот пат што минува низ општина Врапчиште не се смирија и попладнево. Вчера, жители на селото Галате кои иницираа акција за уредување на просторот околу црквата која беше оштетена од пожар во 2001 година, се пожалија дека полицијата по налог на локалната самоуправа ги попречува во намерата и преку полициска интервенција им врши притисок.

Министерството за внатрешни работи, информираше дека вчера постапувајќи по претходна пријава од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направен е увид на месноста наречена „топли извори“ (меѓу селата Топлица и Врапчиште) на локацијата на црквата „Света Петка“, каде што, според пријавата се изведувале незаконски градежни работи на црквата.

При увидот полициските службеници разговарале со затекнатите граѓани коишто го чистеле црковниот двор и околината на самиот објект. Притоа не се одземени никакви предмети од затекнатите граѓани, ниту пак е извршено некакво приведување. За настанот е известен надлежен ОЈО, наведува портпаролот Реџепи.

Попладнево, група граѓани ги отстрани лентите кои ги поставил градежниот инспектор и бараа прием кај градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани, но до средба не дојде.

The post Пуштени приведените граѓани кои бараа средба со градоначалникот од Врапчиште за црквата Света Петка appeared first on Република.

]]>

По обидот на десетина граѓани да се сретнат со општинските власти во Врапчиште и да добијат објаснување околу прекинот на работите на уредувањето на дворот околу црквата Св. Петка, полицијата презела мерки и привела две лица. По извршениот разговор во полициската станица, еден од приведените објави фотографија дека околу 20:30 е пуштен на слобода. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информираше дека попладнево околу 18 часот денес во просториите на Општина Врапчиште, каде била присутна поголема група граѓани, две лица се приведени.
Тие се приведени заради тоа што не почитувале наредба од овластено службено лице и агресивно однесување кон полициски службеници. Од страна на СВР Тетово се преземаат мерки за расчистување на случајот, рече за МИА, портпаролот Реџепи.
Тензиите кои се подигнаа околу уредувањето на дворот и околината на црквата Св. Петка која се наоѓа на регионалниот пат што минува низ општина Врапчиште не се смирија и попладнево. Вчера, жители на селото Галате кои иницираа акција за уредување на просторот околу црквата која беше оштетена од пожар во 2001 година, се пожалија дека полицијата по налог на локалната самоуправа ги попречува во намерата и преку полициска интервенција им врши притисок. Министерството за внатрешни работи, информираше дека вчера постапувајќи по претходна пријава од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направен е увид на месноста наречена „топли извори“ (меѓу селата Топлица и Врапчиште) на локацијата на црквата „Света Петка“, каде што, според пријавата се изведувале незаконски градежни работи на црквата.