црковен хор Света Петка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tsrkoven-hor-sveta-petka/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Aug 2024 13:59:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црковен хор Света Петка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tsrkoven-hor-sveta-petka/ 32 32 Настап на црковниот хор „Св. Петка“ на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука https://arhiva3.republika.mk/vesti/nastap-na-tsrkovniot-hor-sv-petka-na-arheoloshkiot-lokalitet-vrbjanska-chuka/ Sun, 25 Aug 2024 13:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=810031

Во рамки на Прилепски џез викенд, вечер од 18.30 чсот концерт ќе има Црковниот хор „Св. Петка“ од Прилеп, кој ќе изведе вокална програма од средновековни и модерни композитори на духовна музика.

Концертот се организира во соработка со Центарот за истражување на предисторијата и ќе се одржи на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија каде што се при крај годинашните истражувања.

Како што информираат од Центарот, целта е со концертот што го организираат да се афирмира овој локалитет - неолитска населба, кој се истражува во изминатите девет години.

Годинашните истражувања, кои се одвиваат веќе деветта година, беа особено плодни и реултираа со бројни нови откритија што ги надополнија сознанијата за оваа неолитска населба формирана пред повеќе од 8000 години. При ископувањата се откри цела нова градба, во која има масивна печка и систем на помали сандачиња за чување и обработка на житарици. Освен овие фасцинатни архитектонски остатоци, исто така беа пронајдени сликани садови, фигурини, жртвеници, антропоморфни модели, камени орудија и садови, што укажува на богатиот опус на материјална култура користена при секојдневните активности и обредите, соопшти Центарот за истражување на предисторијата.

Истражувањата се мултидисциплинарни и во соработка меѓу стручњаци и студенти од Центарот за истражување на предисторијата, Завод и музеј – Прилеп, Германскиот археолошки институт и Универзитетот во Базел.

Црковниот хор „Света Петка“ од Прилеп е формиран во 2015 година од протопсалт м-р Гоце Секулоски, за потребите на новоизградениот истоимен храм на „Света преподобна маченица Параскева – Петка“.

Покрај учеството во молитвено-литургискиот живот на црквата во Прилеп, заедно со својот скратен состав ансамбл „Пелагонитиса“, организирал хуманитарни концерти и настапува на неколку културни манифестации во државава.

The post Настап на црковниот хор „Св. Петка“ на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Прилепски џез викенд, вечер од 18.30 чсот концерт ќе има Црковниот хор „Св. Петка“ од Прилеп, кој ќе изведе вокална програма од средновековни и модерни композитори на духовна музика. Концертот се организира во соработка со Центарот за истражување на предисторијата и ќе се одржи на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија каде што се при крај годинашните истражувања. Како што информираат од Центарот, целта е со концертот што го организираат да се афирмира овој локалитет - неолитска населба, кој се истражува во изминатите девет години.
Годинашните истражувања, кои се одвиваат веќе деветта година, беа особено плодни и реултираа со бројни нови откритија што ги надополнија сознанијата за оваа неолитска населба формирана пред повеќе од 8000 години. При ископувањата се откри цела нова градба, во која има масивна печка и систем на помали сандачиња за чување и обработка на житарици. Освен овие фасцинатни архитектонски остатоци, исто така беа пронајдени сликани садови, фигурини, жртвеници, антропоморфни модели, камени орудија и садови, што укажува на богатиот опус на материјална култура користена при секојдневните активности и обредите, соопшти Центарот за истражување на предисторијата.
Истражувањата се мултидисциплинарни и во соработка меѓу стручњаци и студенти од Центарот за истражување на предисторијата, Завод и музеј – Прилеп, Германскиот археолошки институт и Универзитетот во Базел. Црковниот хор „Света Петка“ од Прилеп е формиран во 2015 година од протопсалт м-р Гоце Секулоски, за потребите на новоизградениот истоимен храм на „Света преподобна маченица Параскева – Петка“. Покрај учеството во молитвено-литургискиот живот на црквата во Прилеп, заедно со својот скратен состав ансамбл „Пелагонитиса“, организирал хуманитарни концерти и настапува на неколку културни манифестации во државава.

The post Настап на црковниот хор „Св. Петка“ на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука appeared first on Република.

]]>