центри за мигранти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tsentri-za-migranti/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Oct 2024 16:53:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png центри за мигранти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tsentri-za-migranti/ 32 32 Во Албанија отворени се двата центри за мигранти од Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-albanija-otvoreni-se-dvata-tsentri-za-migranti-od-italija/ Sat, 12 Oct 2024 16:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=825961

Во реонот на Лежа, Албанија отворени се два центра за мигранти од Италија, врз основа на договорот потпишан на 6 ноември минатата година помеѓу двете земји за регулирање на илегалната миграција во Европска Унија. Предвидено е првите мигранти во Албанија да пристигнат деновиве.

Според договорот меѓу Рим и Тирана, илегалните мигранти кои пристигнуваат во Италија ќе бидат транспортирани со брод до пристаништето Шенѓин, каде ќе им се утврдува идентитетот и ќе им се прави првиот здравствен преглед, по што ќе бидат префрлени во блискиот град Ѓадр, поранешна воена база, каде што ќе бидат сместени и ќе го чекаат одговорот на барањето за азил.

Ова е прв пример на земја која не е членка на ЕУ да прима мигранти во име на земја-членка на Унијата.

Овој пример беше поттик од Албанија да го побара истото и од Велика Британија, по неуспешниот план за депортација во Руанда, но Рама го отфрли барањето велејќи дека тоа е „ексклузивно само за Италија“.

Центрите се финансирани од Италија, а во нив же бидат сместени луѓето спасени од италијанските бродови во Средоземно Море, а не и тие кои пристигнале на италијанска територија.

Албанија, една од најсиромашните европски земји, исто така е кандидат за членство во ЕУ. Во центрите можат да престојуваат до 3.000 мигранти месечно или 36.000 годишно.

Договорот е со петгодишна важност, со можност за продолжување. Изградбата на центрите, сите потребни придружни простории, се изградени со средства на италијанската Влада. Таа ќе ги сноси и трошоците за престој на мигрантите а и обезбедувањето и персоналот ќе пристигнат од Италија, која сето ова, за пет години, ќе ја чини најмалку 670 милиони евра.

Првично беше најавено центрите да профункционираат во мај, па во август и септември, но поради доцнење на работите во Ѓадр тоа не беше реализирано.

Инаку, на италијанските брегови во 2023 година пристигнале повеќе од 145.000 мигранти, наспроти околу 88.000 во 2022 година.

The post Во Албанија отворени се двата центри за мигранти од Италија appeared first on Република.

]]>

Во реонот на Лежа, Албанија отворени се два центра за мигранти од Италија, врз основа на договорот потпишан на 6 ноември минатата година помеѓу двете земји за регулирање на илегалната миграција во Европска Унија. Предвидено е првите мигранти во Албанија да пристигнат деновиве. Според договорот меѓу Рим и Тирана, илегалните мигранти кои пристигнуваат во Италија ќе бидат транспортирани со брод до пристаништето Шенѓин, каде ќе им се утврдува идентитетот и ќе им се прави првиот здравствен преглед, по што ќе бидат префрлени во блискиот град Ѓадр, поранешна воена база, каде што ќе бидат сместени и ќе го чекаат одговорот на барањето за азил. Ова е прв пример на земја која не е членка на ЕУ да прима мигранти во име на земја-членка на Унијата. Овој пример беше поттик од Албанија да го побара истото и од Велика Британија, по неуспешниот план за депортација во Руанда, но Рама го отфрли барањето велејќи дека тоа е „ексклузивно само за Италија“. Центрите се финансирани од Италија, а во нив же бидат сместени луѓето спасени од италијанските бродови во Средоземно Море, а не и тие кои пристигнале на италијанска територија. Албанија, една од најсиромашните европски земји, исто така е кандидат за членство во ЕУ. Во центрите можат да престојуваат до 3.000 мигранти месечно или 36.000 годишно. Договорот е со петгодишна важност, со можност за продолжување. Изградбата на центрите, сите потребни придружни простории, се изградени со средства на италијанската Влада. Таа ќе ги сноси и трошоците за престој на мигрантите а и обезбедувањето и персоналот ќе пристигнат од Италија, која сето ова, за пет години, ќе ја чини најмалку 670 милиони евра. Првично беше најавено центрите да профункционираат во мај, па во август и септември, но поради доцнење на работите во Ѓадр тоа не беше реализирано. Инаку, на италијанските брегови во 2023 година пристигнале повеќе од 145.000 мигранти, наспроти околу 88.000 во 2022 година.

The post Во Албанија отворени се двата центри за мигранти од Италија appeared first on Република.

]]>