Центар за телентирани ученици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tsentar-za-telentirani-uchenitsi/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 11:49:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Центар за телентирани ученици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tsentar-za-telentirani-uchenitsi/ 32 32 Отворен Центар за талентирани ученици во ОУ „Димитар Миладинов“ за ученици од Кисела Вода, Карпош и Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/otvoren-tsentar-za-talentirani-uchenitsi-vo-ou-dimitar-miladinov-za-uchenitsi-od-kisela-voda-karposh-i-tsentar/ Thu, 05 Oct 2023 11:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=688172

Центар за талентирани ученици се отвора денеска во ОУ „ Димитар Миладинов“ во општина Центар. Станува збор за меѓуопштинска соработка меѓу Центар, Карпош и Кисела Вода.

Центарот располага со површина од 120 м2 и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, биохемиска лабораторија и лабораторија за уметности. Просторот е со посебен влез, физички одвоен од влезот во училиштето. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека оваа меѓуопштинска соработка може да биде корисна и перспективна за талентираните ученици од трите општини.

Покрај социјално-инклузивните, инфраструктурните, еколошките проекти, од големо значење е инвестицијата во талентираните деца кои се нашата иднина и на кои треба да им обезбедиме услови за напредок и развој за да и возвратат со интелект, вештини и просперитет на нашата земја, за да ги задржиме во Македонија да не се одлеат како кадрова сила, туку да ги мотивираме да станат движечка општествена сила, која е рамо до рамо со светските таленти.
Овој проект освен што е иновативен, има регионален карактер бидејќи обединува три општини, Центар, Кисела Вода и Карпош, истовремено е и инклузивен затоа што талентирани се е и децата од социјално загрозени семејства кои треба да имаат рамноправна шанса за надградба, стимул и развој на својот талент, вели Јане Мицевски, директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион.

Проектот е спроведен преку програмата за рамномерен регионален развој БРР/МЛС, а неговата реализација се одвиваше во три фази:

- Изработена е проектна документација
- Направена е целосна реконструкција на објектот
- Набавена стока за опрема на кабинети

Вкупната вредност на проектот за трите фази изнесува 5.526.318 мкд. Од кои со сопствено учество учествуваат трите општини партнери во проектот (Центар, Карпош и К.Вода) во вкупен износ од 600.000,00 мкд (по 200.000,00 мкд од општина).

Опремени се кабинети по следните наставни предмети: биологија, хемија, уметност, музичко, физика со висококвалитетна опрема и канцелариски материјали.

Општа цел на овој проект е подобрување на квалитетот на образованието преку поддршка на талентираните деца за да го достигнат својот потенцијал на едукативно и социјално ниво преку обезбедување релевантни и интересни предизвици засновани на способност и интерес на учениците. Посакуваме успешни генерации на идни врвни биолози, хемичари, музички виртуози, научници, да бидат гордост на Република Македонија, вели Мицевски.

The post Отворен Центар за талентирани ученици во ОУ „Димитар Миладинов“ за ученици од Кисела Вода, Карпош и Центар appeared first on Република.

]]>

Центар за талентирани ученици се отвора денеска во ОУ „ Димитар Миладинов“ во општина Центар. Станува збор за меѓуопштинска соработка меѓу Центар, Карпош и Кисела Вода. Центарот располага со површина од 120 м2 и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, биохемиска лабораторија и лабораторија за уметности. Просторот е со посебен влез, физички одвоен од влезот во училиштето. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека оваа меѓуопштинска соработка може да биде корисна и перспективна за талентираните ученици од трите општини. Покрај социјално-инклузивните, инфраструктурните, еколошките проекти, од големо значење е инвестицијата во талентираните деца кои се нашата иднина и на кои треба да им обезбедиме услови за напредок и развој за да и возвратат со интелект, вештини и просперитет на нашата земја, за да ги задржиме во Македонија да не се одлеат како кадрова сила, туку да ги мотивираме да станат движечка општествена сила, која е рамо до рамо со светските таленти. Овој проект освен што е иновативен, има регионален карактер бидејќи обединува три општини, Центар, Кисела Вода и Карпош, истовремено е и инклузивен затоа што талентирани се е и децата од социјално загрозени семејства кои треба да имаат рамноправна шанса за надградба, стимул и развој на својот талент, вели Јане Мицевски, директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион. Проектот е спроведен преку програмата за рамномерен регионален развој БРР/МЛС, а неговата реализација се одвиваше во три фази: - Изработена е проектна документација - Направена е целосна реконструкција на објектот - Набавена стока за опрема на кабинети Вкупната вредност на проектот за трите фази изнесува 5.526.318 мкд. Од кои со сопствено учество учествуваат трите општини партнери во проектот (Центар, Карпош и К.Вода) во вкупен износ од 600.000,00 мкд (по 200.000,00 мкд од општина). Опремени се кабинети по следните наставни предмети: биологија, хемија, уметност, музичко, физика со висококвалитетна опрема и канцелариски материјали.
Општа цел на овој проект е подобрување на квалитетот на образованието преку поддршка на талентираните деца за да го достигнат својот потенцијал на едукативно и социјално ниво преку обезбедување релевантни и интересни предизвици засновани на способност и интерес на учениците. Посакуваме успешни генерации на идни врвни биолози, хемичари, музички виртуози, научници, да бидат гордост на Република Македонија, вели Мицевски.

The post Отворен Центар за талентирани ученици во ОУ „Димитар Миладинов“ за ученици од Кисела Вода, Карпош и Центар appeared first on Република.

]]>