Трудо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trudo/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Sep 2023 09:54:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Трудо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trudo/ 32 32 Трудо вознемирен поради поздравувањето на поранешен припадник на СС во парламентот на Канада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trudo-voznemiren-poradi-pozdravuvaneto-na-poraneshen-pripadnik-na-ss-vo-parlamentot-na-kanada/ Tue, 26 Sep 2023 09:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=685227

Канадскиот премиер Џастин Трудо на прес за новинарите синоќа изјави дека е „многу вознемирен од ситуацијата“ со поздравувањето во парламентот на Канада на украински ветеран од Втората светска војна, кој беше претставен како херој од војната на Украина против Русите, но всушност бил припадник на германска СС дивизија.

Трудо кажа дека спикерот на парламентот Ентони Рот, чиј кабинет го поканил воениот ветеран, „ја призна својата грешка и се извини“. Поради инцидентот Полска побара извинување од канадското МНР. Русија испрати протестна нота.

Мислам дека е најважно да настапиме против руската пропаганда, руската дезинформација и да продолжиме со нашата цврста и безусловна подршка за Украина, рече канадскиот премиер.

Скандалот со поканата во канадскиот Парламент на Јарослав Хунке, кој за време на Втората светска војна служел во составот на дивизијата „Галиција“ на СС се случи во петокот за време на заседание на парламентот во присуство на украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој се обрати на заседанието. Спикерот Рот го претстави Хунке како „херој во борбата против Русите“ при што присутните, меѓу кои и Зеленски, неговата сопруга и Трудо, му укажаа чест со стоечко ракоплескање.

https://republika.mk/vesti/svet/ukrainets-koj-se-borel-protiv-rusite-vo-natsistichka-ss-divizija-dobi-priznanie-i-ovatsii-vo-kanadskiot-parlament/

По реакција на неколку еврејски организации меѓу кои и Пријатели на центарот Симон Византел за изучување на Холокаустот Симон Византел од Канада дека Хунке всушност е бивш припадник на СС, спикерот ја призна грешката и веднаш испрати извинување.

Трудо посочи дека ниту тој ниту делегацијата на Зеленски не знаеле за поканата во парламанетот на поранешен член на СС.

Амбасадата на Русија испрати до МНР на Канада протестна нота. Полска побара од канадските власти извинување. Ситуацијата исто така ја осудија и ОН.

Дивизијата на СС учествувала во репресивните операции во југоситочна Полска и во дистрикт Галиција. Од есента 1943 година делови од дивизијата се користеле за воени операции против партизаните на територијата на источна Европа.

Од центарот Византел укажаа дека Првата дивизија на СС „Галиција“ „беше одговорна за масовните убиства на невини цивили со таква бруталност и злоба кои не можат да се замислат“.

The post Трудо вознемирен поради поздравувањето на поранешен припадник на СС во парламентот на Канада appeared first on Република.

]]>

Канадскиот премиер Џастин Трудо на прес за новинарите синоќа изјави дека е „многу вознемирен од ситуацијата“ со поздравувањето во парламентот на Канада на украински ветеран од Втората светска војна, кој беше претставен како херој од војната на Украина против Русите, но всушност бил припадник на германска СС дивизија. Трудо кажа дека спикерот на парламентот Ентони Рот, чиј кабинет го поканил воениот ветеран, „ја призна својата грешка и се извини“. Поради инцидентот Полска побара извинување од канадското МНР. Русија испрати протестна нота.
Мислам дека е најважно да настапиме против руската пропаганда, руската дезинформација и да продолжиме со нашата цврста и безусловна подршка за Украина, рече канадскиот премиер.
Скандалот со поканата во канадскиот Парламент на Јарослав Хунке, кој за време на Втората светска војна служел во составот на дивизијата „Галиција“ на СС се случи во петокот за време на заседание на парламентот во присуство на украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој се обрати на заседанието. Спикерот Рот го претстави Хунке како „херој во борбата против Русите“ при што присутните, меѓу кои и Зеленски, неговата сопруга и Трудо, му укажаа чест со стоечко ракоплескање. https://republika.mk/vesti/svet/ukrainets-koj-se-borel-protiv-rusite-vo-natsistichka-ss-divizija-dobi-priznanie-i-ovatsii-vo-kanadskiot-parlament/ По реакција на неколку еврејски организации меѓу кои и Пријатели на центарот Симон Византел за изучување на Холокаустот Симон Византел од Канада дека Хунке всушност е бивш припадник на СС, спикерот ја призна грешката и веднаш испрати извинување. Трудо посочи дека ниту тој ниту делегацијата на Зеленски не знаеле за поканата во парламанетот на поранешен член на СС. Амбасадата на Русија испрати до МНР на Канада протестна нота. Полска побара од канадските власти извинување. Ситуацијата исто така ја осудија и ОН. Дивизијата на СС учествувала во репресивните операции во југоситочна Полска и во дистрикт Галиција. Од есента 1943 година делови од дивизијата се користеле за воени операции против партизаните на територијата на источна Европа. Од центарот Византел укажаа дека Првата дивизија на СС „Галиција“ „беше одговорна за масовните убиства на невини цивили со таква бруталност и злоба кои не можат да се замислат“.

The post Трудо вознемирен поради поздравувањето на поранешен припадник на СС во парламентот на Канада appeared first on Република.

]]>
По пожарите во Канада, Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-pozharite-vo-kanada-trudo-go-obvini-fejsbuk-deka-go-stava-profitot-nad-bezbednosta-na-lugeto/ Tue, 22 Aug 2023 12:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=674622

Канадскиот премиер Џастин Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето за време на вонредната состојба предизвикана од невидената сезона на шумски пожари во Канада.

Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, претходно ова лето објави дека ќе го исполни ветувањето дека ќе ја блокира информативната содржина од Канада на своите платформи поради новиот закон кој бара од технолошкиот гигант да им плаќа на издавачите чии линкови ги користи или на друг начин ги пренаменува нивните содржини на интернет.

Шумските пожари кои беснеат низ Канада принудија десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови и се доближија близу градовите како Јелоунајф, главниот град на северозападните територии, додека околу 30.000 луѓе во провинцијата Британска Колумбија добија наредба да се евакуираат.

„Во моментов, во вонредна ситуација каде што ажурираните локални информации се поважни од кога било, Фејсбук ги става корпоративните профити пред безбедноста на луѓето“, рече Трудо на прес-конференција во Корнвол, островот Принц Едвард.

The post По пожарите во Канада, Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето appeared first on Република.

]]>

Канадскиот премиер Џастин Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето за време на вонредната состојба предизвикана од невидената сезона на шумски пожари во Канада. Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, претходно ова лето објави дека ќе го исполни ветувањето дека ќе ја блокира информативната содржина од Канада на своите платформи поради новиот закон кој бара од технолошкиот гигант да им плаќа на издавачите чии линкови ги користи или на друг начин ги пренаменува нивните содржини на интернет. Шумските пожари кои беснеат низ Канада принудија десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови и се доближија близу градовите како Јелоунајф, главниот град на северозападните територии, додека околу 30.000 луѓе во провинцијата Британска Колумбија добија наредба да се евакуираат. „Во моментов, во вонредна ситуација каде што ажурираните локални информации се поважни од кога било, Фејсбук ги става корпоративните профити пред безбедноста на луѓето“, рече Трудо на прес-конференција во Корнвол, островот Принц Едвард.

The post По пожарите во Канада, Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето appeared first on Република.

]]>
Трудо објави фотографија „Барби“ со синот по веста за разводот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/trudo-objavi-fotografija-barbi-so-sinot-po-vesta-za-razvodot/ Wed, 09 Aug 2023 09:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=670287

Неодамна, откако Џастин Трудо (51) и неговата сопруга Софи (48) објавија дека се разделуваат, канадскиот премиер сподели фотографија на која тој и неговиот син, облечени во розово, одат да го гледаат филмот „Барби“.

На некои не им се допадна таа објава, па го нападнаа во коментарите.

- Горд сум што конечно реши да излезеш од плакарот и да живееш автентично; Затоа жена ти те остави; Значи повеќе сакаш мажи? – напишаа на Твитер.

Да потсетиме, Џастин на социјалните мрежи сподели дека се разделува од сопругата по осумнаесет години брак. Во објава на Инстаграм напиша дека тој и Софи „по многу тешки разговори“ донеле одлука да се разделат.

The post Трудо објави фотографија „Барби“ со синот по веста за разводот appeared first on Република.

]]>

Неодамна, откако Џастин Трудо (51) и неговата сопруга Софи (48) објавија дека се разделуваат, канадскиот премиер сподели фотографија на која тој и неговиот син, облечени во розово, одат да го гледаат филмот „Барби“. На некои не им се допадна таа објава, па го нападнаа во коментарите. - Горд сум што конечно реши да излезеш од плакарот и да живееш автентично; Затоа жена ти те остави; Значи повеќе сакаш мажи? – напишаа на Твитер. Да потсетиме, Џастин на социјалните мрежи сподели дека се разделува од сопругата по осумнаесет години брак. Во објава на Инстаграм напиша дека тој и Софи „по многу тешки разговори“ донеле одлука да се разделат.

The post Трудо објави фотографија „Барби“ со синот по веста за разводот appeared first on Република.

]]>
Трудо од Брисел: Политиката на Путин е закана за Европа и светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trudo-od-brisel-politikata-na-putin-e-zakana-za-evropa-i-svetot/ Wed, 23 Mar 2022 22:36:34 +0000 https://republika.mk/?p=477413

Не смееме да ја изневериме Украина. Тие сметаат на нас. Да ги искористиме сите инструменти што ни стојат на располагање“, рече канадскиот премиер во обраќањето пред европратениците во Брисел, додавајќи дека „Нападот на Путин врз Украина е напад врз основните вредности на сите демократии“.

Канада, Европската унија и другите сојузници „се соочуваат со клучен момент и не смееме да бидеме поразени“, рече Трудо, „не само за нашата земја, туку и за нашите заеднички демократски принципи“, рече тој.

Невидените санкции против рускиот претседател Владимир Путин и неговите помошници во Русија и Белорусија треба да продолжат за да покажат дека „одлуката за инвазија на суверена и независна држава е голема стратешка грешка со катастрофална цена“, рече канадскиот премиер.

Трудо тврдеше дека рускиот напад врз Украина на 24 февруари, спротивно на очекувањата на Москва, го зајакна единството на земјите од ЕУ и НАТО. „Путин мислеше дека демократијата е слаба, тој ги гледаше нашите дебати и разлики како слабост, но тој не разбираше дека демократските општества ги прават таквите дебати посилни“, рече Трудо.

„Путин мислеше дека сме поделени и дека може да ги ослаби ЕУ и НАТО, но погреши и сега тоа му се одмаздува. НАТО и ЕУ сега се порешителни и обединети од кога било“, рече тој. „Европејците и нашите сојузници на исток можат да сметаат на Канада“, рече тој, додавајќи дека она што е важно за безбедноста е важно и за безбедноста на Канада.

Во својот говор на пленарната седница на Европскиот парламент, тој потсети дека канадските војници се распоредени во Литванија како дел од силите на НАТО, а Канада најави дека ќе го удвои нивниот број. Канадскиот премиер ја истакна и важноста на соработката меѓу Канада и ЕУ во борбата против климатските промени, велејќи дека е неопходно „да се забрза транзицијата кон зелени технологии и енергии“.

The post Трудо од Брисел: Политиката на Путин е закана за Европа и светот appeared first on Република.

]]>

Не смееме да ја изневериме Украина. Тие сметаат на нас. Да ги искористиме сите инструменти што ни стојат на располагање“, рече канадскиот премиер во обраќањето пред европратениците во Брисел, додавајќи дека „Нападот на Путин врз Украина е напад врз основните вредности на сите демократии“. Канада, Европската унија и другите сојузници „се соочуваат со клучен момент и не смееме да бидеме поразени“, рече Трудо, „не само за нашата земја, туку и за нашите заеднички демократски принципи“, рече тој. Невидените санкции против рускиот претседател Владимир Путин и неговите помошници во Русија и Белорусија треба да продолжат за да покажат дека „одлуката за инвазија на суверена и независна држава е голема стратешка грешка со катастрофална цена“, рече канадскиот премиер. Трудо тврдеше дека рускиот напад врз Украина на 24 февруари, спротивно на очекувањата на Москва, го зајакна единството на земјите од ЕУ и НАТО. „Путин мислеше дека демократијата е слаба, тој ги гледаше нашите дебати и разлики како слабост, но тој не разбираше дека демократските општества ги прават таквите дебати посилни“, рече Трудо. „Путин мислеше дека сме поделени и дека може да ги ослаби ЕУ и НАТО, но погреши и сега тоа му се одмаздува. НАТО и ЕУ сега се порешителни и обединети од кога било“, рече тој. „Европејците и нашите сојузници на исток можат да сметаат на Канада“, рече тој, додавајќи дека она што е важно за безбедноста е важно и за безбедноста на Канада. Во својот говор на пленарната седница на Европскиот парламент, тој потсети дека канадските војници се распоредени во Литванија како дел од силите на НАТО, а Канада најави дека ќе го удвои нивниот број. Канадскиот премиер ја истакна и важноста на соработката меѓу Канада и ЕУ во борбата против климатските промени, велејќи дека е неопходно „да се забрза транзицијата кон зелени технологии и енергии“.

The post Трудо од Брисел: Политиката на Путин е закана за Европа и светот appeared first on Република.

]]>
Трудо презеде чекор без преседан, најавувајќи замрзнување на личните банкарски сметки на демонстрантите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trudo-prezede-chekor-bez-presedan-najavuvajkji-zamrznuvanje-na-lichnite-bankarski-smetki-na-demonstrantite/ Tue, 15 Feb 2022 07:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=458629

Канадскиот премиер Џастин Трудо презеде чекор без преседан, најавувајќи замрзнување на личните банкарски сметки на демонстрантите кои се противат на епидемиските мерки поврзани со Ковид-19.

Трудо се повика на Законот за вонредни ситуации, наведувајќи дека опсегот на овие мерки ќе биде „временски ограничен“, „разумен и пропорционален“ и дека армијата нема да биде распоредена, јавува Би-Би-Си.

Според новите мерки, банките ќе можат да ги замрзнат личните сметки на сите вклучени во протестите, без потреба од судски налог.

 

The post Трудо презеде чекор без преседан, најавувајќи замрзнување на личните банкарски сметки на демонстрантите appeared first on Република.

]]>

Канадскиот премиер Џастин Трудо презеде чекор без преседан, најавувајќи замрзнување на личните банкарски сметки на демонстрантите кои се противат на епидемиските мерки поврзани со Ковид-19. Трудо се повика на Законот за вонредни ситуации, наведувајќи дека опсегот на овие мерки ќе биде „временски ограничен“, „разумен и пропорционален“ и дека армијата нема да биде распоредена, јавува Би-Би-Си. Според новите мерки, банките ќе можат да ги замрзнат личните сметки на сите вклучени во протестите, без потреба од судски налог.  

The post Трудо презеде чекор без преседан, најавувајќи замрзнување на личните банкарски сметки на демонстрантите appeared first on Република.

]]>