труд и социјала политика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trud-i-sotsijala-politika/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 19:41:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png труд и социјала политика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trud-i-sotsijala-politika/ 32 32 Велковски: Потврдивме дека констатираните неправилности во системот за исплата на социјална помош излегуваат на виделина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-potvrdivme-deka-konstatiranite-nepravilnosti-vo-sistemot-za-isplata-na-sotsijalna-pomosh-izleguvaat-na-videlina/ Sun, 24 Mar 2024 19:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=758302

„Ова што го откривме пред една недела е само еден сегмент од како системот не треба да функционира во една држава и како да ги заштедиме парите кои што не треба да бидат исплаќани незаконски кон корисниците“, рече техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски за детектираната злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на средства за над 2200 корисници.

Во однос на критиките од страна на заменик министерката Тренчевска за детектираните системски нерегуларности, Велковски во гостување во Дневникот на ТВ Сител категорично тврди дека овие бројки се реални и истите неправилности биле детектирани и од дел од директорите и вработените во центрите за социјална работа во градовите низ Македонија.

„Имав прилика да посетам повеќе центри за социјална работа во градовите низ Македонија, разговарав и со директорите и со вработените и самите тие го детектираа и пријавија она што јас веќе го изјавив дека се исплаќани средства односно парична социјална помош и социјална пензија месеци наназад. Се работи во моментов, се коригираат бројките и тоа ќе се забележи и во следната исплата во месец април каде што детектиравме системски слабости“, дополнува Велковски.

По изборите на 8 мај, тој најави системски решенија и за проблемите на пензионерите и работниците кои имаат минимална плата, пред се со изготвување на детална анализа каде и што треба да биде усогласено и исполнување на веќе поставените барања бидејќи како што истакнува тој, дополнителните 5% или 1000 денари за пензионерите не го решаваат проблемот, ниту пак одбивањето да се поддржи Членот 8 од законот за минимални плати.

„Доаѓам од работничко семејство и секогаш ќе бидам на страната на работниците и ќе ги поддржувам. На Економско-социјалниот совет настана една ситуација каде што синдикатите побараа да биде поддржан членот 8 од законот за минимални плати којшто се однесува на оние кои што со колективните договори не им е усогласено согласно тој член. Јас дадов легитимна поддршка. За жал не помина таа одлука бидејќи другите претставници од Владата не дадоа да се толкува тој закон, да се испочитува истиот член 8. По 8 мај по изборите ќе влеземе во сериозна анализа и дебата што треба да биде усогласено и кога“, смета тој.

The post Велковски: Потврдивме дека констатираните неправилности во системот за исплата на социјална помош излегуваат на виделина appeared first on Република.

]]>