Труција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trucija/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Apr 2024 16:17:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Труција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trucija/ 32 32 По средбата со Ханија, Ердоган повика на единство на Палестинците https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-sredbata-so-hanija-erdogan-povika-na-edinstvo-na-palestintsite/ Sat, 20 Apr 2024 16:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=768533

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во саботата, на крајот од средбата со лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во Истанбул, ги повика Палестинците „на единство“ против Израел.

„Клучно е Палестинците да дејствуваат обединети во овој процес. Најсилниот одговор на Израел и патот до победата е преку единство и интегритет“, рече Ердоган.

По тензијата меѓу Израел и Иран со меѓусебните удари, Ердоган посочи дека „она што се случи неодамна не треба да резултира со јакнење на Израел“. Рече и дека „важно е да се дејствува на таков начин што фокусот да остане на Газа“, се вели во соопштението на турското претседателство.

На крајот, турскиот претседател истакнал дека Турција „ќе продолжи со хуманитарната помош за Палестина со цел колку што е можно да ги олесни страдањата“ на жителите на Газа, се вели во соопштението.

Турција е една од земјите кои од почетокот на конфликтот испраќаат помош за населението на палестинската територија. Досега веќе испрати 45.000 тони храна и лекови во регионот.

Ердоган, исто така, потсети дека неговата земја воведе „низа санкции против Израел, вклучително и трговски ограничувања“. Трговските ограничувања се во сила од 9-ти април.

Ханија пристигна во Истанбул во петокот вечерта предводејќи ја делегацијата на неговото движење.

Турската метрпола, инаку е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, Ханија официјално бил таму само еднаш, во јануари.

Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор. Во сабота Фидан ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.

Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана настрана во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.

Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога како посредник во разговорите за прекин на огнот и ослободување на израелските заложници.

 

The post По средбата со Ханија, Ердоган повика на единство на Палестинците appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во саботата, на крајот од средбата со лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во Истанбул, ги повика Палестинците „на единство“ против Израел. „Клучно е Палестинците да дејствуваат обединети во овој процес. Најсилниот одговор на Израел и патот до победата е преку единство и интегритет“, рече Ердоган. По тензијата меѓу Израел и Иран со меѓусебните удари, Ердоган посочи дека „она што се случи неодамна не треба да резултира со јакнење на Израел“. Рече и дека „важно е да се дејствува на таков начин што фокусот да остане на Газа“, се вели во соопштението на турското претседателство. На крајот, турскиот претседател истакнал дека Турција „ќе продолжи со хуманитарната помош за Палестина со цел колку што е можно да ги олесни страдањата“ на жителите на Газа, се вели во соопштението. Турција е една од земјите кои од почетокот на конфликтот испраќаат помош за населението на палестинската територија. Досега веќе испрати 45.000 тони храна и лекови во регионот. Ердоган, исто така, потсети дека неговата земја воведе „низа санкции против Израел, вклучително и трговски ограничувања“. Трговските ограничувања се во сила од 9-ти април. Ханија пристигна во Истанбул во петокот вечерта предводејќи ја делегацијата на неговото движење. Турската метрпола, инаку е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, Ханија официјално бил таму само еднаш, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор. Во сабота Фидан ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри. Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана настрана во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење. Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога како посредник во разговорите за прекин на огнот и ослободување на израелските заложници.  

The post По средбата со Ханија, Ердоган повика на единство на Палестинците appeared first on Република.

]]>
Добри вести за Никола: Болницата во Турција изготвила протокол за негово лекување https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dobri-vesti-za-nikola-bolnitsata-vo-turtsija-izgotvila-protokol-za-negovo-lekuvane/ Wed, 12 Apr 2023 07:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=630051

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски завчера на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција, каде што треба да се лекува од канцер.

Стефковски информира дека болницата во Турција преземала обврска за негово лекување и првиот третман за терапија е закажан за 24 април.

Објавувам дека се закажува голем хуманитарен концерт за 19.04.2023 година (среда) под мотото 'Подај рака за Никола' на кој покровител сум јас, пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба. Потребните средства за лекувањето на Никола не се собрани и затоа е потребно сите да се обединиме во хуманоста, информира градоначалникот на општина Гази Баба.

The post Добри вести за Никола: Болницата во Турција изготвила протокол за негово лекување appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски завчера на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција, каде што треба да се лекува од канцер. Стефковски информира дека болницата во Турција преземала обврска за негово лекување и првиот третман за терапија е закажан за 24 април.
Објавувам дека се закажува голем хуманитарен концерт за 19.04.2023 година (среда) под мотото 'Подај рака за Никола' на кој покровител сум јас, пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба. Потребните средства за лекувањето на Никола не се собрани и затоа е потребно сите да се обединиме во хуманоста, информира градоначалникот на општина Гази Баба.

The post Добри вести за Никола: Болницата во Турција изготвила протокол за негово лекување appeared first on Република.

]]>
Струмичките пожарникари стигнаа во Адана, се вклучија во пребарувањето на жртви од земјотресот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/strumichkite-pozharnikari-stignaa-vo-adana-se-vkluchija-vo-prebaruvaneto-na-zhrtvi-od-zemjotresot/ Thu, 09 Feb 2023 10:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=606816

Тимот од осум пожарникари и еден преведувач, по поминати 2.200 километри, во раните утрински часови стигнал во Адана, Турција, каде веднаш се вклучил во пребарувањето на жртвите од катастрофалниот земјотрес.

Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, тие пристигнале безбедно и веќе работат на пребарување во урнатините.

Заедно со припадниците на AFAD, Република Турција,во градот Адана, кој е речиси целосно уништен, работат на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе. Ќе се продолжи со напорите се додека постои и најмала надеж за спасување на барем еден човечки живот, изјави Гудев.

Тимот на струмичките пожарникари-спасители, специјално обучени за пребарување и спасување, кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при дирекцијата за заштита и спасување, треба да остане таму во наредните десет денови.

Инаку, според информациите од Адана, град кој има околу 270 илјади жители, бил скоро целосно разурнат од катастрофалниот земјотрес. рт/цр

The post Струмичките пожарникари стигнаа во Адана, се вклучија во пребарувањето на жртви од земјотресот appeared first on Република.

]]>

Тимот од осум пожарникари и еден преведувач, по поминати 2.200 километри, во раните утрински часови стигнал во Адана, Турција, каде веднаш се вклучил во пребарувањето на жртвите од катастрофалниот земјотрес. Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, тие пристигнале безбедно и веќе работат на пребарување во урнатините. Заедно со припадниците на AFAD, Република Турција,во градот Адана, кој е речиси целосно уништен, работат на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе. Ќе се продолжи со напорите се додека постои и најмала надеж за спасување на барем еден човечки живот, изјави Гудев. Тимот на струмичките пожарникари-спасители, специјално обучени за пребарување и спасување, кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при дирекцијата за заштита и спасување, треба да остане таму во наредните десет денови. Инаку, според информациите од Адана, град кој има околу 270 илјади жители, бил скоро целосно разурнат од катастрофалниот земјотрес. рт/цр

The post Струмичките пожарникари стигнаа во Адана, се вклучија во пребарувањето на жртви од земјотресот appeared first on Република.

]]>
Во септември најмногу туристи имало од Турција, Србија, Полска и Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-septemvri-najmnogu-turisti-imalo-od-turcija-srbija-polska-i-germanija/ Fri, 11 Nov 2022 14:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=572804

Бројот на туристите во септември годинава изнесува 103 787, од кои 32,9 проценти се домашни, а 67,1 процент се странски. Во септември официјално се регистрирани 221 927 ноќевања, од кои 36,9 проценти од домашни туристи, а 63,1 процент од странските, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од вкупно евидентираните 69 633 странски туристи, најбројни се од Турција. 11 187, по што следат тие од Србија, 7 617, од Полска, 4 647, Германија, 4 314, Бугарија, 2 900, Грција, 2 485…

Во септември годинава, езерските места ги посетиле 46 594 туристи, во Скопје се регистрирани 35 729, планинските места 4 649, бањските 3 276, а други места посетиле над 13 000 туристи. Хотелско сместување користеле 85 498 туристи, од кои 24 114 одбрале хотели со пет ѕвезди. Во куќи, станови за одмор и соби за издавање се сместиме 12 183, а по околу илјада туристи користеле кампови, преноќишта и бањски лекувалишта.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 37 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 4,3 проценти, а кај странските зголемувањето е за 88,2 проценти.

Во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 21,3 проценти, кај домашните туристи има зголемување за 2,4 проценти, а кај странските зголемувањето е за 76,2 проценти.

 

The post Во септември најмногу туристи имало од Турција, Србија, Полска и Германија appeared first on Република.

]]>

Бројот на туристите во септември годинава изнесува 103 787, од кои 32,9 проценти се домашни, а 67,1 процент се странски. Во септември официјално се регистрирани 221 927 ноќевања, од кои 36,9 проценти од домашни туристи, а 63,1 процент од странските, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Од вкупно евидентираните 69 633 странски туристи, најбројни се од Турција. 11 187, по што следат тие од Србија, 7 617, од Полска, 4 647, Германија, 4 314, Бугарија, 2 900, Грција, 2 485… Во септември годинава, езерските места ги посетиле 46 594 туристи, во Скопје се регистрирани 35 729, планинските места 4 649, бањските 3 276, а други места посетиле над 13 000 туристи. Хотелско сместување користеле 85 498 туристи, од кои 24 114 одбрале хотели со пет ѕвезди. Во куќи, станови за одмор и соби за издавање се сместиме 12 183, а по околу илјада туристи користеле кампови, преноќишта и бањски лекувалишта. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 37 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 4,3 проценти, а кај странските зголемувањето е за 88,2 проценти. Во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 21,3 проценти, кај домашните туристи има зголемување за 2,4 проценти, а кај странските зголемувањето е за 76,2 проценти.  

The post Во септември најмногу туристи имало од Турција, Србија, Полска и Германија appeared first on Република.

]]>
Средба Лавров, Кулеба и Чавушоглу на дипломатскиот форум во Турција на крајот на неделата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sredba-lavrov-kuleba-i-chavushoglu-na-diplomatskiot-forum-vo-turcija-na-krajot-na-nedelata/ Mon, 07 Mar 2022 18:42:11 +0000 https://republika.mk/?p=469118

Русија денеска потврди дека нејзиниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се сретне со својот украински колега Дмитриј Кулеба и со првиот човек на турскиот дипломат Мевлут Чавушоглу на дипломатскиот форум во Турција на крајот на неделата.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека договор за тристраната средба е постигнат за време на телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „на иницијатива на турскиот лидер“.

Претходно, турскиот МНР Мевлут Чавушоглу, објави дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и неговиот руски колега Сергеј Лавров се договориле да се сретнат за време на дипломатскиот форум во Анталија, Турција.

Чавушоглу, во изјава за турските медиуми, рече дека тој ќе присустува на средбата закажана за четврток.

The post Средба Лавров, Кулеба и Чавушоглу на дипломатскиот форум во Турција на крајот на неделата appeared first on Република.

]]>

Русија денеска потврди дека нејзиниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се сретне со својот украински колега Дмитриј Кулеба и со првиот човек на турскиот дипломат Мевлут Чавушоглу на дипломатскиот форум во Турција на крајот на неделата.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека договор за тристраната средба е постигнат за време на телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „на иницијатива на турскиот лидер“.
Претходно, турскиот МНР Мевлут Чавушоглу, објави дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и неговиот руски колега Сергеј Лавров се договориле да се сретнат за време на дипломатскиот форум во Анталија, Турција.
Чавушоглу, во изјава за турските медиуми, рече дека тој ќе присустува на средбата закажана за четврток.

The post Средба Лавров, Кулеба и Чавушоглу на дипломатскиот форум во Турција на крајот на неделата appeared first on Република.

]]>