Трубадур Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trubadur/ За подобро да се разбереме Sat, 11 May 2024 06:29:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Трубадур Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trubadur/ 32 32 Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ во рамки на 52. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/verdievata-spektakularna-opera-trubadur-vo-ramki-na-52-izdanie-na-festivalot-majski-operski-vecheri/ Sat, 11 May 2024 06:29:10 +0000 https://republika.mk/?p=776953

Во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ вечер со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, информираат од Националната опера и балет.

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена.

Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

The post Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ во рамки на 52. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ вечер со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, информираат од Националната опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова. Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

The post Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ во рамки на 52. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ appeared first on Република.

]]>
Отворени 52. Мајски оперски вечери: Премиерата на „Трубадур“ од Верди во режија на Иван Поповски ја воодушеви публиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoreni-52-majski-operski-vecheri-premierata-na-trubadur-od-verdi-vo-rezhija-na-ivan-popovski-ja-voodushevi-publikata/ Fri, 10 May 2024 08:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=776633

Со премиера на операта „Трубадур“ на Џузепе Верди, во режија на Иван Поповски синоќа во Македонската опера и балет беа отворени 52. „Мајски оперски вечери“.

Пред изведбата, фестивалскиот оган го запали оперската певица Славица Галиќ-Петровска, со што официјално беше означен почетокот на празнување на месецот на оперската уметност кај нас, а холот на Македонската опера и балет беше претесен за да ги собере присутните љубители на оперската уметност. Политичари, актери, режисери, ликовни уметници и почитувачи на оперската уметност со љубопитство ја разгледуваа изложбата посветена на доајенот на оперската уметност кај нас, Милка Ефтимова поставена во холот на Операта, а потоа со воодушевување ја проследија изведбата на „Трубадур“ од Џузепе Верди.

Диригент на операта „Трубадур“ во четири чина беше Енрико Довико од Италија, сценографијата на Миодраг Табачки (Србија), костимограф е Марија Пупучевска, а кореограф Саша Евтимова.

Во насловната улога настапи тенорот Зоран Сотиров, а дел од кипата беа мецосопранот Сања Анастасија, Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, како и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

 

Прочуениот македонски режисер, Иван Поповски чии оперски поставки се наградувани во Русија и низ светот, а првпат режира опера во Македонија на публиката и се поклони со целата екипа вклучувајќи го и тимот на сценска техника, а публиката ги награди со голем аплауз и стоечки овации.

„Трубадур“ е 11-та опера што ја режира нашиот режисер со меѓународна кариера Иван Поповски, а прва што ја поставува во земјава. Поповски смета дека операта е врв на сценската уметност, а за музиката во ова Вердиево дело дека е генијална и космичка.

-Театарот пробува да објасни, приближи, да материјализира и да спушти на земја, а музиката лета и е неопиплива. И тоа е судир, тежок спој во кој операта е во опасност да умре уште пред да се роди. Многу ретко се случува двајцата лидери – диригентот и на режисерот, да се спојат во хармонија. Во последната деценија главен е режисерот кој не обраќа големо внимание на музиката и тоа е на штета на музиката која во ова дело на Верди е генијална и космичка, изјави Поповски. Она што него го инспирира тематски е, рече, борбата меѓу највозвишеното и најпримитивното.

Следната изведба на „Трубадур“ е на 11 мај со учество на солисти од Канада и Чиле, додека диригентот е Иван Еминовиќ.

На Мајските оперски вечери ќе се изведат и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија и операта „Валкира“ на Вагнер (18 мај), со која ќе гостува Софиската опера и балет, што ќе биде и прва изведба на ова дело на нашата сцена.

Во годината посветена на Џакомо Пучини ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, домашна екипа и со гости од Србија и Романија. Новина за овие Мајски оперски вечери е изведбата на камерна опера – современата а капела опера „Свадба“, со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ со Австријката Моника Медек во насловната улога и гости од Кина, Италија и Бугарија.

The post Отворени 52. Мајски оперски вечери: Премиерата на „Трубадур“ од Верди во режија на Иван Поповски ја воодушеви публиката appeared first on Република.

]]>

Со премиера на операта „Трубадур“ на Џузепе Верди, во режија на Иван Поповски синоќа во Македонската опера и балет беа отворени 52. „Мајски оперски вечери“. Пред изведбата, фестивалскиот оган го запали оперската певица Славица Галиќ-Петровска, со што официјално беше означен почетокот на празнување на месецот на оперската уметност кај нас, а холот на Македонската опера и балет беше претесен за да ги собере присутните љубители на оперската уметност. Политичари, актери, режисери, ликовни уметници и почитувачи на оперската уметност со љубопитство ја разгледуваа изложбата посветена на доајенот на оперската уметност кај нас, Милка Ефтимова поставена во холот на Операта, а потоа со воодушевување ја проследија изведбата на „Трубадур“ од Џузепе Верди. Диригент на операта „Трубадур“ во четири чина беше Енрико Довико од Италија, сценографијата на Миодраг Табачки (Србија), костимограф е Марија Пупучевска, а кореограф Саша Евтимова. Во насловната улога настапи тенорот Зоран Сотиров, а дел од кипата беа мецосопранот Сања Анастасија, Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, како и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.   Прочуениот македонски режисер, Иван Поповски чии оперски поставки се наградувани во Русија и низ светот, а првпат режира опера во Македонија на публиката и се поклони со целата екипа вклучувајќи го и тимот на сценска техника, а публиката ги награди со голем аплауз и стоечки овации. „Трубадур“ е 11-та опера што ја режира нашиот режисер со меѓународна кариера Иван Поповски, а прва што ја поставува во земјава. Поповски смета дека операта е врв на сценската уметност, а за музиката во ова Вердиево дело дека е генијална и космичка. -Театарот пробува да објасни, приближи, да материјализира и да спушти на земја, а музиката лета и е неопиплива. И тоа е судир, тежок спој во кој операта е во опасност да умре уште пред да се роди. Многу ретко се случува двајцата лидери – диригентот и на режисерот, да се спојат во хармонија. Во последната деценија главен е режисерот кој не обраќа големо внимание на музиката и тоа е на штета на музиката која во ова дело на Верди е генијална и космичка, изјави Поповски. Она што него го инспирира тематски е, рече, борбата меѓу највозвишеното и најпримитивното. Следната изведба на „Трубадур“ е на 11 мај со учество на солисти од Канада и Чиле, додека диригентот е Иван Еминовиќ. На Мајските оперски вечери ќе се изведат и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија и операта „Валкира“ на Вагнер (18 мај), со која ќе гостува Софиската опера и балет, што ќе биде и прва изведба на ова дело на нашата сцена. Во годината посветена на Џакомо Пучини ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, домашна екипа и со гости од Србија и Романија. Новина за овие Мајски оперски вечери е изведбата на камерна опера – современата а капела опера „Свадба“, со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана. Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ со Австријката Моника Медек во насловната улога и гости од Кина, Италија и Бугарија.

The post Отворени 52. Мајски оперски вечери: Премиерата на „Трубадур“ од Верди во режија на Иван Поповски ја воодушеви публиката appeared first on Република.

]]>
Распродадена е „Трубадур“, симфонијата на љубовта, одмаздата, судбината, со која вечерва започнуваат Мајските оперски вечери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rasprodadena-e-trubadur-simfonijata-na-lubovta-odmazdata-sudbinata-so-koja-vecherva-zapochnuvaat-majskite-operski-vecheri/ Thu, 09 May 2024 07:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=776122

Распродадена е премиера на операта во четири чина „Трубадур“ на Џузепе Верди, со која вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 52. Мајски оперски вечери. До крајот на месецот фестивалот ќе понуди програма во која покрај оперски дела ќе има и една балетска претстава.

Операта „Трубадур“, опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“, ја режира Иван Поповски, диригент е Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимограф е Марија Пупучевска и кореограф Саша Евтимова.

Во насловната улога ќе настапи тенорот Зоран Сотиров, ликот на Ацучена ќе го толкува мецосопранот Сања Анастасија од Србија. Покрај нив, ќе настапи екипа од домашни артисти: Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

[caption id="attachment_776125" align="alignnone" width="1638"] Национална оперра и белет / фото: Марко Угарковиќ[/caption]

„Трубадур“ репризно ќе биде изведена на 11 мај кога во екипата ќе има странски солисти (Канада и Чиле), а диригентот ќе биде домашен (Иван Еминовиќ).

Од НОБ на прес-конференција минатата недела соопштија дека подготвиле ексклузивна програма која, покрај премиерата и репризата на „Трубадур“, ги има и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија, операта „Валкира“ на Вагнер на 18 мај, со која ќе гостува Софиската опера и балет, што ќе биде и прва изведба на ова Вагнерово дело на нашата сцена.

Во годината посветена на Џакомо Пучини ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, домашна екипа и гости од Србија и Романија. Новина за овие „Мајски оперски вечери“ е изведбата на камерна опера - современа а капела опера „Свадба“ со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.

Традиционално, „Мајските оперски вечери“ ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ со солистката од Австрија Моника Медек во насловната улога и гости од Кина, Италија и Бугарија во екипата, во која е и нашиот бас Игор Дурловски. Диригент на „Аида“ ќе биде Нимрод Дејвид Фефер од Израел –диригент во престижната опера „Метрополитен“ во Њујорк.

 

The post Распродадена е „Трубадур“, симфонијата на љубовта, одмаздата, судбината, со која вечерва започнуваат Мајските оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Распродадена е премиера на операта во четири чина „Трубадур“ на Џузепе Верди, со која вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 52. Мајски оперски вечери. До крајот на месецот фестивалот ќе понуди програма во која покрај оперски дела ќе има и една балетска претстава. Операта „Трубадур“, опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“, ја режира Иван Поповски, диригент е Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимограф е Марија Пупучевска и кореограф Саша Евтимова. Во насловната улога ќе настапи тенорот Зоран Сотиров, ликот на Ацучена ќе го толкува мецосопранот Сања Анастасија од Србија. Покрај нив, ќе настапи екипа од домашни артисти: Марјан Јованоски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет. [caption id="attachment_776125" align="alignnone" width="1638"] Национална оперра и белет / фото: Марко Угарковиќ[/caption] „Трубадур“ репризно ќе биде изведена на 11 мај кога во екипата ќе има странски солисти (Канада и Чиле), а диригентот ќе биде домашен (Иван Еминовиќ). Од НОБ на прес-конференција минатата недела соопштија дека подготвиле ексклузивна програма која, покрај премиерата и репризата на „Трубадур“, ги има и балетот „Заспаната убавица“ на Чајковски (15 мај) со диригентот Најер Нагуи од Египет и солисти од Бугарија, операта „Валкира“ на Вагнер на 18 мај, со која ќе гостува Софиската опера и балет, што ќе биде и прва изведба на ова Вагнерово дело на нашата сцена. Во годината посветена на Џакомо Пучини ќе биде изведена операта „Тоска“ (23 мај) со Весна Ѓиновска-Илкова во насловната улога, домашна екипа и гости од Србија и Романија. Новина за овие „Мајски оперски вечери“ е изведбата на камерна опера - современа а капела опера „Свадба“ со која на 28 мај ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана. Традиционално, „Мајските оперски вечери“ ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ со солистката од Австрија Моника Медек во насловната улога и гости од Кина, Италија и Бугарија во екипата, во која е и нашиот бас Игор Дурловски. Диригент на „Аида“ ќе биде Нимрод Дејвид Фефер од Израел –диригент во престижната опера „Метрополитен“ во Њујорк.  

The post Распродадена е „Трубадур“, симфонијата на љубовта, одмаздата, судбината, со која вечерва започнуваат Мајските оперски вечери appeared first on Република.

]]>
Премиерата на грандиозната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди на 9 мај ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premierata-na-grandioznata-opera-trubadur-od-dhuzepe-verdi-na-9-maj-ke-gi-otvori-52-majski-operski-vecheri/ Fri, 26 Apr 2024 07:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=771223

Oд 9-31 мај  во Националната опера и балет, ќе се одржи 52. издание на „Мајски оперски вечери“. 52 години по ред во најубавиот месец на годината, мај во Скопjе се одржува единствениот и по содржина и по состав, меѓународен фестивал „MAJCKИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ“.

Традиционално со палењето на фестивалскиот оган во Националната опера и балет на 9 мај 2024, со почеток во 20.00 часот, ќе се отворат 52. „Мајски оперски вечери“ со премиерата на грандиозната опера „ТРУБАДУР“ од Џузепе Верди, втората изведба на операта „ТРУБАДУР“ е на 11 мај. 20.00 ч.

На 15 мај, 20.00 ч. ќе се изведе волшебната балетска бајка „ЗАСПАНАТА УБАВИЦА“ од П. И. Чајковски.

На 18 мај, 18.00 ч. за првпат на македонската сцена ќе се изведе опера од композиторот Рихард Вагнер, операта „ВАЛКИРА“ со гостување на Софиската опера и балет.
На 23 мај, 20.00 ч. ќе се изведе ремек-делото од Џакомо Пучини, операта „ТОСКА“ .
На 28 мај, 20.00 ч. ќе се изведе камерната опера „СВАДБА“ од Ана Соколовиќ, во изведба на Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.
Традиционално затворањето на фестивалот „Мајски оперски вечери“ е со величествената „АИДА“ од Џузепе Верди.
Во рамките на фестивалот во фоајето на Националната опера и балет од 9 мај ќе биде поставена изложба посветена на оперската примадона Милка Ефтимова со наслов „ОПЕРСКА ОДИСЕЈА“ – Наследството на Милка Ефтимова.
Изложбената експозиција ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија и фотографии и портрети кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.
Изложбата е резултат на меѓу институционалната соработка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност и НУ Национална опера и балет, Скопје.

The post Премиерата на грандиозната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди на 9 мај ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Oд 9-31 мај  во Националната опера и балет, ќе се одржи 52. издание на „Мајски оперски вечери“. 52 години по ред во најубавиот месец на годината, мај во Скопjе се одржува единствениот и по содржина и по состав, меѓународен фестивал „MAJCKИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ“.

Традиционално со палењето на фестивалскиот оган во Националната опера и балет на 9 мај 2024, со почеток во 20.00 часот, ќе се отворат 52. „Мајски оперски вечери“ со премиерата на грандиозната опера „ТРУБАДУР“ од Џузепе Верди, втората изведба на операта „ТРУБАДУР“ е на 11 мај. 20.00 ч.

На 15 мај, 20.00 ч. ќе се изведе волшебната балетска бајка „ЗАСПАНАТА УБАВИЦА“ од П. И. Чајковски.
На 18 мај, 18.00 ч. за првпат на македонската сцена ќе се изведе опера од композиторот Рихард Вагнер, операта „ВАЛКИРА“ со гостување на Софиската опера и балет.
На 23 мај, 20.00 ч. ќе се изведе ремек-делото од Џакомо Пучини, операта „ТОСКА“ .
На 28 мај, 20.00 ч. ќе се изведе камерната опера „СВАДБА“ од Ана Соколовиќ, во изведба на Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана.
Традиционално затворањето на фестивалот „Мајски оперски вечери“ е со величествената „АИДА“ од Џузепе Верди.
Во рамките на фестивалот во фоајето на Националната опера и балет од 9 мај ќе биде поставена изложба посветена на оперската примадона Милка Ефтимова со наслов „ОПЕРСКА ОДИСЕЈА“ – Наследството на Милка Ефтимова.
Изложбената експозиција ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија и фотографии и портрети кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.
Изложбата е резултат на меѓу институционалната соработка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност и НУ Национална опера и балет, Скопје.

The post Премиерата на грандиозната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди на 9 мај ќе ги отвори 52. Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>