Трпејца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trpejca/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 10:23:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Трпејца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trpejca/ 32 32 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини, 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца и додатна помош за земјоделците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/53-milioni-denari-za-vodovodi-i-kanalizatsii-vo-poveke-opshtini-68-milioni-denari-za-izgradba-na-kolektorot-trpejtsa-i-dodatna-pomosh-za-zemjodeltsite/ Wed, 04 Sep 2024 10:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=813026

Владата на Република Македонија денеска ја одржа 17тата седница, на која ги донесе следните одлуки.

Владата ја усвои информацијата за финансиски средства за реализација на проектот: Изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид.

Проценетата инвестициона вредност на проектот за изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид е 68 милиони денари со вклучен ДДВ и средствата ќе бидат обезбедувани во Буџетот на Министерството за транспорт. Рокот за изведба на планираниот проект би изнесувал околу 8 календарски месеци.

Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини.

The post 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини, 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца и додатна помош за земјоделците appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија денеска ја одржа 17тата седница, на која ги донесе следните одлуки. Владата ја усвои информацијата за финансиски средства за реализација на проектот: Изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид. Проценетата инвестициона вредност на проектот за изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид е 68 милиони денари со вклучен ДДВ и средствата ќе бидат обезбедувани во Буџетот на Министерството за транспорт. Рокот за изведба на планираниот проект би изнесувал околу 8 календарски месеци. Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини.

The post 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини, 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца и додатна помош за земјоделците appeared first on Република.

]]>
Обезбедени 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца, 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obezbedeni-68-milioni-denari-za-izgradba-na-kolektorot-trpejtsa-53-milioni-denari-za-vodovodi-i-kanalizatsii-vo-poveke-opshtini/ Tue, 03 Sep 2024 16:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=812848

Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини, соопшти валдината прс-служба по денешната седница на Владата на која се одобрени и 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца.

Владата на предлог на Министерството за транспорт донела и одлука за давање на право на трајно користење на државно градежно земјиште на општина Велес за изградба на нова катна гаража за потребите на жителите на оваа општина.

Проценетата инвестициска вредност на проектот за изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид е 68 милиони денари со вклучен ДДВ и средствата ќе бидат обезбедувани во Буџетот на Министерството за транспорт. Рокот за изведба на планираниот проект би изнесувал околу осум календарски месеци.

Од Владата информираат дека обезбедени се 21 милион денари за изградба на атмосферска канализација на дел од улиците „Илија Алексов“, „крак на улица 8“, „улица 8“, „улица 9“ во УБ15, општина Радовиш. Планирано е набавката за реализација да започне месецов.

Дваесет и еден милион денари ќе бидат инвестирани во изградба на фекална канализација на дел од ул. „Кленоец“ и изградба на атмосферска канализација на дел од ул. „Кленоец“, општина Охрид, а набавката за реализација треба да почн следниот месец.

За реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на мешовита канализациона мрежа на ул. „11 Март“, ул. „Панде Николов“, ул. „Козара“ и ул. „Чеде Филиповски Даме“, општина Битола Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства се оебзедени 11,1 милиони денари, а набавката за реализација треба да започне месецов.

The post Обезбедени 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца, 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини, соопшти валдината прс-служба по денешната седница на Владата на која се одобрени и 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца. Владата на предлог на Министерството за транспорт донела и одлука за давање на право на трајно користење на државно градежно земјиште на општина Велес за изградба на нова катна гаража за потребите на жителите на оваа општина. Проценетата инвестициска вредност на проектот за изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид е 68 милиони денари со вклучен ДДВ и средствата ќе бидат обезбедувани во Буџетот на Министерството за транспорт. Рокот за изведба на планираниот проект би изнесувал околу осум календарски месеци. Од Владата информираат дека обезбедени се 21 милион денари за изградба на атмосферска канализација на дел од улиците „Илија Алексов“, „крак на улица 8“, „улица 8“, „улица 9“ во УБ15, општина Радовиш. Планирано е набавката за реализација да започне месецов. Дваесет и еден милион денари ќе бидат инвестирани во изградба на фекална канализација на дел од ул. „Кленоец“ и изградба на атмосферска канализација на дел од ул. „Кленоец“, општина Охрид, а набавката за реализација треба да почн следниот месец. За реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на мешовита канализациона мрежа на ул. „11 Март“, ул. „Панде Николов“, ул. „Козара“ и ул. „Чеде Филиповски Даме“, општина Битола Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства се оебзедени 11,1 милиони денари, а набавката за реализација треба да започне месецов.

The post Обезбедени 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца, 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини appeared first on Република.

]]>
Трпејца од вечерва во знакот на културно – забавното лето „На зајдисонце“ https://arhiva3.republika.mk/scena/trpejtsa-od-vecherva-vo-znakot-na-kulturno-zabavnoto-leto-na-zajdisontse/ Sat, 20 Jul 2024 08:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=798674

Од вечерва до  28 јули ( недела) во Трпејца по 13 пат ќе се одржува културно – забавното лето „На зајдисонце“.

Организаторот на летото Здружението „За Трпејца со љубов“ ветува интересна програма во која до израз ќе дојде креативноста на младите  но и промоција на Трпејца од историски, културен и спортски аспект.

Публиката на отворената сцена под ведро небо „Кај бунарот“ во наредниве девет дена ќе може да ја проследи проекцијата на документарниот филм: „Кино Охридско Езеро“ од Љупчо Паункоски. Ќе биде промовирана монографијата за селото „Трпејца – Трпеза со духовна благодат “ од авторот Игор Никовски, а младиот историчар Петар Симоноски ќе презентира факти за Трпејца во 16 век. Планирани се настапи на драмското студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска со претставата „Ќерките на  Фроса“ , концерт на млади музички надежи. Во текот  на организираното лето Креативни Боб техники со заинтересираните заедно ќе учат и ќе се забавуваат младите туристи  со инструкторите Валентина и Ангела Кузманоски. Во Трпејца  првпат  настап ќе има и новиот женски хор при Црвен крст – Охрид „ACordis“ под раководство на диригент Биљана Николоска.

И годинава нема да изостане популарната Трка со куфери по скалилата  во Трпејца, Фото конкурсот за најдобра фотографија  од Трпејца направена со мобилен и денот посветен на Кајакарскиот клуб   „Рибар“ и неговиот основач и тренер Номче Митрески.

Свеченото отворање на манифестацијата „На зајдисонце “ е вечерва од 20. 30 часот со мини изложба од ланската Меѓународна колонија одржана во Трпејца и со мини концертот на Влатко Броз и ДЏ Марама.

Во име на покровителот на летото Општина Охрид се очекува пред присутните туристи и мештани да се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.

 

The post Трпејца од вечерва во знакот на културно – забавното лето „На зајдисонце“ appeared first on Република.

]]>

Од вечерва до  28 јули ( недела) во Трпејца по 13 пат ќе се одржува културно – забавното лето „На зајдисонце“. Организаторот на летото Здружението „За Трпејца со љубов“ ветува интересна програма во која до израз ќе дојде креативноста на младите  но и промоција на Трпејца од историски, културен и спортски аспект. Публиката на отворената сцена под ведро небо „Кај бунарот“ во наредниве девет дена ќе може да ја проследи проекцијата на документарниот филм: „Кино Охридско Езеро“ од Љупчо Паункоски. Ќе биде промовирана монографијата за селото „Трпејца – Трпеза со духовна благодат “ од авторот Игор Никовски, а младиот историчар Петар Симоноски ќе презентира факти за Трпејца во 16 век. Планирани се настапи на драмското студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска со претставата „Ќерките на  Фроса“ , концерт на млади музички надежи. Во текот  на организираното лето Креативни Боб техники со заинтересираните заедно ќе учат и ќе се забавуваат младите туристи  со инструкторите Валентина и Ангела Кузманоски. Во Трпејца  првпат  настап ќе има и новиот женски хор при Црвен крст – Охрид „ACordis“ под раководство на диригент Биљана Николоска. И годинава нема да изостане популарната Трка со куфери по скалилата  во Трпејца, Фото конкурсот за најдобра фотографија  од Трпејца направена со мобилен и денот посветен на Кајакарскиот клуб   „Рибар“ и неговиот основач и тренер Номче Митрески. Свеченото отворање на манифестацијата „На зајдисонце “ е вечерва од 20. 30 часот со мини изложба од ланската Меѓународна колонија одржана во Трпејца и со мини концертот на Влатко Броз и ДЏ Марама. Во име на покровителот на летото Општина Охрид се очекува пред присутните туристи и мештани да се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.  

The post Трпејца од вечерва во знакот на културно – забавното лето „На зајдисонце“ appeared first on Република.

]]>
Заврши 6. издание на Меѓунарона уметничка колонија во Трпејца https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-6-izdanie-na-megunarona-umetnichka-kolonija-vo-trpejtsa/ Mon, 11 Sep 2023 07:57:47 +0000 https://republika.mk/?p=680755

По четири дневна работа вчера беше заокружено шестото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2023“.


Во кругот на подрачното ООУ „Свети Наум Охридски“ во Трпејца заедно твореа шест уметници: Наташа Попоска – Карче, Ѓоко Симјаноски, Елена Ѓурѓиноска, Хава Реџепи и гостите од соседен Поградец – Албанија, браќата Петрит и Кастриот Лараку.
Свој придонес со една своја изработка и неколку карактеристични минијатури даде и канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос.
И годинава главна инспирација на уметниците во сликањето им беше околината на преубавата Трпејца сместена меѓу синото езеро и планината Галичица.


Во изминативе шест години на колонијата се изработени околу 100 слики во разни техники од кои половината се во сопственост на организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“.


Меѓународната уметничка колонија во Трпејца се одржа под покровителство на Општина Охрид а во знак на благодарност за досегашните учества уметникот Петрит Лараку на Подрачното училиште во Трпејца му подари едно свое дело.

 

The post Заврши 6. издание на Меѓунарона уметничка колонија во Трпејца appeared first on Република.

]]>

По четири дневна работа вчера беше заокружено шестото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2023“. Во кругот на подрачното ООУ „Свети Наум Охридски“ во Трпејца заедно твореа шест уметници: Наташа Попоска – Карче, Ѓоко Симјаноски, Елена Ѓурѓиноска, Хава Реџепи и гостите од соседен Поградец – Албанија, браќата Петрит и Кастриот Лараку. Свој придонес со една своја изработка и неколку карактеристични минијатури даде и канадскиот уметник со македонски корени Мајкл Клос. И годинава главна инспирација на уметниците во сликањето им беше околината на преубавата Трпејца сместена меѓу синото езеро и планината Галичица. Во изминативе шест години на колонијата се изработени околу 100 слики во разни техники од кои половината се во сопственост на организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“. Меѓународната уметничка колонија во Трпејца се одржа под покровителство на Општина Охрид а во знак на благодарност за досегашните учества уметникот Петрит Лараку на Подрачното училиште во Трпејца му подари едно свое дело.  

The post Заврши 6. издание на Меѓунарона уметничка колонија во Трпејца appeared first on Република.

]]>
Заврши 12. Културно – забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-12-kulturno-zabavno-leto-na-zajdisontse-vo-trpejtsa/ Sat, 29 Jul 2023 12:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=666623

Со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“ од познатиот охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски синоќа во Трпејца беше затворено 12. Издание на манифестацијата „На зајдисонце“.

Публиката покажа интерес за портретите на 32 омилени актери ( по 16 машки и женски ) , ѕвезди од минатиот век од златното време на Холивуд чии филмски улоги се паметат и денес.

Тоа се нови портрети кои Симјаноски ги изработил во техниката графика со молив и значат враќање на неговите почетоци во уметноста од времето на средното училиште.

-Изложбата е резултат на големата љубов што ја имам кон филмот,а како круна на она што се занимавам со сликарството, па споив една целина. По изложбата во Охрид,  среќен сум што портретите на редица филмски легенди, како на пример: Џон Вејн и Мерлин Монро стигнаа и пред  публиката во Трпејца, рече Симјаноски.

Паралено со изложбата публиката уживаше и во музичките парчиња од култните  филмови: „Продавачка на темјанушки“, „Казабланка“, „Рио Браво“, „Некои тоа го сакаат жешко“ и „ Однесено од виорот“.

Синоќа беа доделени и наградите за најдобри фотографии од конкурсот „Трпејца низ објективот на туристите“. Наградени се Марјан Ангеловски и Весна Константинова од Скопје.

Угостителот Марјан Митрески – Мац, член на Здружението – организатор на летото ги покажа и своите актерски афинитети сврзани со слатките маки на трпејчани среде сезоната.

Во овој завршен преглед на културното лето во Трпејца потсетуваме дека во понеделникот на 24 јули публиката имаше убава журка со бендот 3.0 ( три промили ).

Следниот ден беше резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Во вторникот вечерта се одржа прошетката „Со кајче по езерото“.

Посебно атрактивна за гостите и мештаните беше трката со куфери по скалинадата во Трпејца и интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од  културното лето во Трпејца беше резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери на радост на бројната публика маестрално ја одиграа претставата „Пепелашка од Охрид“.

И годинава манифестацијата беше во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ под покровителство на општина Охрид потпомогната од  спонзори од Трпејца, Охрид и Скопје.

The post Заврши 12. Културно – забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца appeared first on Република.

]]>

Со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“ од познатиот охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски синоќа во Трпејца беше затворено 12. Издание на манифестацијата „На зајдисонце“. Публиката покажа интерес за портретите на 32 омилени актери ( по 16 машки и женски ) , ѕвезди од минатиот век од златното време на Холивуд чии филмски улоги се паметат и денес. Тоа се нови портрети кои Симјаноски ги изработил во техниката графика со молив и значат враќање на неговите почетоци во уметноста од времето на средното училиште. -Изложбата е резултат на големата љубов што ја имам кон филмот,а како круна на она што се занимавам со сликарството, па споив една целина. По изложбата во Охрид,  среќен сум што портретите на редица филмски легенди, како на пример: Џон Вејн и Мерлин Монро стигнаа и пред  публиката во Трпејца, рече Симјаноски. Паралено со изложбата публиката уживаше и во музичките парчиња од култните  филмови: „Продавачка на темјанушки“, „Казабланка“, „Рио Браво“, „Некои тоа го сакаат жешко“ и „ Однесено од виорот“. Синоќа беа доделени и наградите за најдобри фотографии од конкурсот „Трпејца низ објективот на туристите“. Наградени се Марјан Ангеловски и Весна Константинова од Скопје. Угостителот Марјан Митрески – Мац, член на Здружението – организатор на летото ги покажа и своите актерски афинитети сврзани со слатките маки на трпејчани среде сезоната. Во овој завршен преглед на културното лето во Трпејца потсетуваме дека во понеделникот на 24 јули публиката имаше убава журка со бендот 3.0 ( три промили ). Следниот ден беше резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање. Во вторникот вечерта се одржа прошетката „Со кајче по езерото“. Посебно атрактивна за гостите и мештаните беше трката со куфери по скалинадата во Трпејца и интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца. Претпоследната вечер од  културното лето во Трпејца беше резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери на радост на бројната публика маестрално ја одиграа претставата „Пепелашка од Охрид“. И годинава манифестацијата беше во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ под покровителство на општина Охрид потпомогната од  спонзори од Трпејца, Охрид и Скопје.

The post Заврши 12. Културно – забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца appeared first on Република.

]]>
Во Трпејца на диво си доградил на куќата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-trpejtsa-na-divo-si-dogradil-na-kukata/ Thu, 27 Jul 2023 16:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=665976

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(63) од охридското село Трпејца.

При вонреден инспекциски надзор, извршен на 05.06.2023, било констатирано дека тој извршил доградба на куќа од тврда градба во селото без да поседува одобрение за доградба, издадена од надлежен државен орган.

The post Во Трпејца на диво си доградил на куќата appeared first on Република.

]]>

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(63) од охридското село Трпејца. При вонреден инспекциски надзор, извршен на 05.06.2023, било констатирано дека тој извршил доградба на куќа од тврда градба во селото без да поседува одобрение за доградба, издадена од надлежен државен орган.

The post Во Трпејца на диво си доградил на куќата appeared first on Република.

]]>
Трпејца пулсира во ритамот на културно – забавното лето “На зајдисонце“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/trpejtsa-pulsira-vo-ritamot-na-kulturno-zabavnoto-leto-na-zajdisontse/ Mon, 24 Jul 2023 15:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=664805

По свеченото отворање трпејчани и гостите во петокот вечерта го проследија интересното предавање на студентот по историја Петар Симоноски за тврдината Осој која потекнува од VI век .

Осој се наоѓа југоисточно од Трпејца, на источниот брег на Охридско Езеро и се издига на ридот Осој, со надморска височина од 1.006 м. На јужната падина на врвот се гледаат остатоци од тврдина. Утврдувањето е изведено со два паралелни ѕида, оддалечени еден од друг околу 40 м. Ширината на ѕидовите варира од 1,50 до 2,40 м. На неколку места од внатрешниот (горниот) ѕид се наоѓаат остатоци од кули

Младиот Симоноски  се осврна општо на историската димензија на овој уште докрај неистражен простор а преку фотографии ја зголеми љубопитноста на гледачите за локалитетот.

Вечерта со интерпретација на грст стихови од македонски автори посветени на Трпејца, езерото и Охрид присутните со аплауз ја поздравија изведбата на познатата македонска актерка Марија Кондовска, која домаќините одамна ја сметаат за натурализирана трпејчанка. Вечерта беше заокружена со настапот на младиот гитарист Мухамед Асан од Охрид.

Викендот, резервиран за прокеција на два документарни филмови. Во саботата  „Трпејца на дланка“ од авторот Милчо Јованоски а во режија на Томе Љушев и „Шпанец продукција“.  Свој кус но ефектен настап имаа  D ANGELS .  Синоќа беше прикажан “Охридските пливачки легенди“ од авторот и вљубеник во документаристиката Љупчо Паункоски од Охрид. Филмот зборува за подемите и падовите на Охридскиот пливачки маратон низ призмата на неколкумината маратонски пливачки асови од Охрид и Струга и нивните успеси по светот.

Со громогласен аплауз публиката го поздрави присуството на живата пливачка легенда Димитар Дики Бојаџи кој со нескриена радост и возбуда зборуваше пред присутните за своите нои за подвизите на неговата покојна сестра Атина Бојаџи и останатите пливачи – маратонци: Климе Савин, Нико Нестор...

Претпладнето домаќините и туристите заедно по традиција ја пропешачија патеката Чоколско која минува низ живописна природа и е со неодолив поглед кон езерото.

Вечерва, 24 јули во Трпејца ќе гостува бендот 3.0 ( три промили ) утре – денот е резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

Во среда на 26 јули од 19:30 часот посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе можат да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.

Час подоцна ќе следи интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од  фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од  културното лето во Трпејца е резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од  дванаесеттото издание на „зајдисонцето“ охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

 

 

 

The post Трпејца пулсира во ритамот на културно – забавното лето “На зајдисонце“ appeared first on Република.

]]>

По свеченото отворање трпејчани и гостите во петокот вечерта го проследија интересното предавање на студентот по историја Петар Симоноски за тврдината Осој која потекнува од VI век . Осој се наоѓа југоисточно од Трпејца, на источниот брег на Охридско Езеро и се издига на ридот Осој, со надморска височина од 1.006 м. На јужната падина на врвот се гледаат остатоци од тврдина. Утврдувањето е изведено со два паралелни ѕида, оддалечени еден од друг околу 40 м. Ширината на ѕидовите варира од 1,50 до 2,40 м. На неколку места од внатрешниот (горниот) ѕид се наоѓаат остатоци од кули Младиот Симоноски  се осврна општо на историската димензија на овој уште докрај неистражен простор а преку фотографии ја зголеми љубопитноста на гледачите за локалитетот. Вечерта со интерпретација на грст стихови од македонски автори посветени на Трпејца, езерото и Охрид присутните со аплауз ја поздравија изведбата на познатата македонска актерка Марија Кондовска, која домаќините одамна ја сметаат за натурализирана трпејчанка. Вечерта беше заокружена со настапот на младиот гитарист Мухамед Асан од Охрид. Викендот, резервиран за прокеција на два документарни филмови. Во саботата  „Трпејца на дланка“ од авторот Милчо Јованоски а во режија на Томе Љушев и „Шпанец продукција“.  Свој кус но ефектен настап имаа  D ANGELS .  Синоќа беше прикажан “Охридските пливачки легенди“ од авторот и вљубеник во документаристиката Љупчо Паункоски од Охрид. Филмот зборува за подемите и падовите на Охридскиот пливачки маратон низ призмата на неколкумината маратонски пливачки асови од Охрид и Струга и нивните успеси по светот. Со громогласен аплауз публиката го поздрави присуството на живата пливачка легенда Димитар Дики Бојаџи кој со нескриена радост и возбуда зборуваше пред присутните за своите нои за подвизите на неговата покојна сестра Атина Бојаџи и останатите пливачи – маратонци: Климе Савин, Нико Нестор... Претпладнето домаќините и туристите заедно по традиција ја пропешачија патеката Чоколско која минува низ живописна природа и е со неодолив поглед кон езерото. Вечерва, 24 јули во Трпејца ќе гостува бендот 3.0 ( три промили ) утре – денот е резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“. Во среда на 26 јули од 19:30 часот посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе можат да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца. Час подоцна ќе следи интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од  фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца. Претпоследната вечер од  културното лето во Трпејца е резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“. На крајот од  дванаесеттото издание на „зајдисонцето“ охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.      

The post Трпејца пулсира во ритамот на културно – забавното лето “На зајдисонце“ appeared first on Република.

]]>
Километарски колони крај езерото: Сообраќајка кај Градиште го блокира сообраќајот од Трпејца кон Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kilometarski-koloni-kraj-ezeroto-soobrakajka-kaj-gradishte-go-blokira-soobrakajot-od-trpejtsa-kon-ohrid/ Sat, 15 Jul 2023 19:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=661777

Поради тешка сообраќајна несреќа има голем застој на патот од Трпејца кон Охрид.

Според непотврдени информации од лице место, станува збор за сообраќајка што се случила во реонот на Градиште.

Формирана е огромна колона од возила, коишто воопшто или сосема малку се движат по патот кон Охрид.

Повеќе информации во следниот период.

The post Километарски колони крај езерото: Сообраќајка кај Градиште го блокира сообраќајот од Трпејца кон Охрид appeared first on Република.

]]>

Поради тешка сообраќајна несреќа има голем застој на патот од Трпејца кон Охрид. Според непотврдени информации од лице место, станува збор за сообраќајка што се случила во реонот на Градиште. Формирана е огромна колона од возила, коишто воопшто или сосема малку се движат по патот кон Охрид. Повеќе информации во следниот период.

The post Километарски колони крај езерото: Сообраќајка кај Градиште го блокира сообраќајот од Трпејца кон Охрид appeared first on Република.

]]>
Судир на патот кон Трпејца, тројца повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudir-na-patot-kon-trpejtsa-trojtsa-povredeni/ Thu, 13 Jul 2023 11:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=660865

Вчера  во 16.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, помеѓу Заливот на коските и с.Трпејца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(36) од с.Трпејца и патничко возило „шкода октавија“ со германски национални ознаки, управувано од В.Т.(33) од Р.Германија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „шкода октавија“, Ј.Л.(66) од Република Србија, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.Р. и уште една малолетна сопатничка од возилото „шкода октавија“ констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 

The post Судир на патот кон Трпејца, тројца повредени appeared first on Република.

]]>

Вчера  во 16.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, помеѓу Заливот на коските и с.Трпејца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(36) од с.Трпејца и патничко возило „шкода октавија“ со германски национални ознаки, управувано од В.Т.(33) од Р.Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „шкода октавија“, Ј.Л.(66) од Република Србија, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.Р. и уште една малолетна сопатничка од возилото „шкода октавија“ констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.  

The post Судир на патот кон Трпејца, тројца повредени appeared first on Република.

]]>
Заврши Меѓународна уметничка колонија „Трпејца 2022“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-megjunarodna-umetnichka-kolonija-trpejca-2022/ Thu, 08 Sep 2022 19:37:52 +0000 https://republika.mk/?p=548817

Во живописната Трпејца на колонијата која се одржа по петти пат, цели четири дена твореа уметниците: Мајкл Клос од Канада, Владисав Богичевиќ од Србија, Петрит Лараку од Албанија и Елена Ѓурѓиноска, Наташа Попоска – Карче, Хава Рецепи , Ѓоко Симјаноски сите од Охрид.

Во понеделникот уметниците им ги откриваа тајните на уметноста на учениците од подрачното ООУ „Наум Охридски“  во Трпејца а имаа средба и со трпејчани и туристи кои овие септемвриски денови се на одмор во селото.

На завршниот ден од колонијата на дружба со уметниците беа и претставнички на Локалниот клуб „Деници“ од Охрид Марија Попоска и Марија Филева - Стоев .

Новата претседателка  Марија Филева – Стоев пред присутните рече: Од мое лично име како годинашен Претседател на Лајонс клуб ,,Деници" - Охрид го изразувам нашето задоволство што ја имавме можноста да бидеме поддржувачи на едно вакво културно збиднување. Честитки до организаторот за посветеноста и ентузијазмот да организира и успешно да реализира една ваква ликовна колонија петта година по ред. Честитки и до уметниците присутни  од земјава ,но и од надвор од границите ,без кои овој настан не би можел да се реализира. Продолжете со Вашето творештво, нека се негуваат уметноста,културата и традицијата,нека дишат преку Вас,бидејќи само така ќе продолжи да дише и нашиот Охрид ! ", рече Филева Стоев.

На завршната средба присуствуваа и вд. директорката на ООУ „Наум Охридски“ од Пештани, Валетнина Рубаноска и одделенската наставничка Ана Пупиноска – Стојкоска.

Во пријатен амбиент со традиционалното трпејчко ѓомлезе уметниците изразија благодарност за поканата  со идеја дел од веќе етаблираната колекција на слики од петте изданија на колонијата наскоро да ги видат и граѓаните на Охрид, Поградец и Ниш.

Колонијата е во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“  и по традиција е под покровителство на општина Охрид.

 

 

 

 

The post Заврши Меѓународна уметничка колонија „Трпејца 2022“ appeared first on Република.

]]>

Во живописната Трпејца на колонијата која се одржа по петти пат, цели четири дена твореа уметниците: Мајкл Клос од Канада, Владисав Богичевиќ од Србија, Петрит Лараку од Албанија и Елена Ѓурѓиноска, Наташа Попоска – Карче, Хава Рецепи , Ѓоко Симјаноски сите од Охрид. Во понеделникот уметниците им ги откриваа тајните на уметноста на учениците од подрачното ООУ „Наум Охридски“  во Трпејца а имаа средба и со трпејчани и туристи кои овие септемвриски денови се на одмор во селото. На завршниот ден од колонијата на дружба со уметниците беа и претставнички на Локалниот клуб „Деници“ од Охрид Марија Попоска и Марија Филева - Стоев . Новата претседателка  Марија Филева – Стоев пред присутните рече: Од мое лично име како годинашен Претседател на Лајонс клуб ,,Деници" - Охрид го изразувам нашето задоволство што ја имавме можноста да бидеме поддржувачи на едно вакво културно збиднување. Честитки до организаторот за посветеноста и ентузијазмот да организира и успешно да реализира една ваква ликовна колонија петта година по ред. Честитки и до уметниците присутни  од земјава ,но и од надвор од границите ,без кои овој настан не би можел да се реализира. Продолжете со Вашето творештво, нека се негуваат уметноста,културата и традицијата,нека дишат преку Вас,бидејќи само така ќе продолжи да дише и нашиот Охрид ! ", рече Филева Стоев. На завршната средба присуствуваа и вд. директорката на ООУ „Наум Охридски“ од Пештани, Валетнина Рубаноска и одделенската наставничка Ана Пупиноска – Стојкоска. Во пријатен амбиент со традиционалното трпејчко ѓомлезе уметниците изразија благодарност за поканата  со идеја дел од веќе етаблираната колекција на слики од петте изданија на колонијата наскоро да ги видат и граѓаните на Охрид, Поградец и Ниш. Колонијата е во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“  и по традиција е под покровителство на општина Охрид.        

The post Заврши Меѓународна уметничка колонија „Трпејца 2022“ appeared first on Република.

]]>
5. издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2022“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/5-izdanie-na-megjunarodnata-umetnichka-kolonija-trpejca-2022/ Mon, 05 Sep 2022 07:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=547481

Од викендов до утре 6 септември во Трпејца се одржува петтото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2022“.

На колонијата творат уметниците: Мајкал Клос од Канада. Владисав Богичевиќ од Ниш - Србија, Петрит Лараку од Поградец - Албанија и  Наташа Попоска - Карче, Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски од Охрид.

Сликарите творат во дворот и околината на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците  и со мештаните.

Организатор на колонијата е Здружението „За Трпејца со љубов“  а покровител е Општина Охрид.

The post 5. издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2022“ appeared first on Република.

]]>

Од викендов до утре 6 септември во Трпејца се одржува петтото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2022“. На колонијата творат уметниците: Мајкал Клос од Канада. Владисав Богичевиќ од Ниш - Србија, Петрит Лараку од Поградец - Албанија и  Наташа Попоска - Карче, Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски од Охрид. Сликарите творат во дворот и околината на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците  и со мештаните. Организатор на колонијата е Здружението „За Трпејца со љубов“  а покровител е Општина Охрид.

The post 5. издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2022“ appeared first on Република.

]]>
„На зајдисонце“ е локален културен бренд од Трпејца https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-zajdisonce-e-lokalen-kulturen-brend-od-trpejca/ Fri, 29 Jul 2022 14:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=534722

По девет дена дружба со туристите и мештаните во Трпејца синоќа беше затворено 11. Издание на културно – забавното лето„На зајдисонце“.

Честа да ја затвори манифестацијата му припадна на композиторот и хармоникашот д-р Гоце Џуклески. Тој заедно со пријателите – естрадниот уметник Мирко Вретовски и градскиот мешан хор Vox Lychnidos музички ја разубавија вечерта. Публиката слушна грст негови композиции кои се потпираат на чистата македонска музичка традиција.

Инаку, манифестацијата и годинава  вообичаено донесе десеттина настани од областа на уметноста, поезијата, музиката, спортот и забавата.

-И покрај општата финансиска криза и вечниот недостиг на средства не се откажуваме.Благодарни сме на поддршката на општина Охрид и спонзорите.Ние како организатори сме среќни што успеавме да ги реализираме сите најавени програмски содржини. Се потрудивме да внесеме и две новини за комуникацијата и поврзаноста со гледачите да стане поблиска и поцврста. За среќа тие се покажаа како полн погодок и беа одлично прифатени. Ја воведовме трката со куфери по скалинадата – скалилата во Трпејца а го имавме и конкурсот за најдобра фотографија снимена со мобилен а инспирирана од природната убавина на  Трпејца. Свесни сме дека над една деценија градиме локален културен бренд внимавајќи да не ја изгуби душата и спонтаноста, наспроти масовноста и комерцијализацијата, вели Милчо Јованоски од Здружението „За Трпејца со љубов“.

Во Трпејца на сцената под ведро небо беа отворени изложбата на канадскиот уметник со македонски корени  Мајкал Клос и изложбата на дела од минатогодишната Уметничка колонија одржана во Трпејца. Гостуваа младите од охридскиот Црвен крст со поетско – музички перформанс, поетесите – хуманитарки Вера М Самарјанин и Марика Тапанџиева, придружувани од Драган Мијалковски и Живко Поповски – Цветин. Публиката го гледаше филмот „Мирно лето“ преку три презентации  присутните се запознаа со богатството на Охридското Езеро, со новото време на роботите и минатото на Трпејца  а предавачи беа д-р Орхидеја Тасевска,д-р Анис Сефиданис и Петар Симоноски.  Публиката уживаше и во настапите на бендот  „8balls“, дуото  Black Moon“, Оркестарот и пејачката група на ФА „Ѓердан од бисери“, младите надежи Ива Чанова – флејта , Димитар Аслимоски и групата „Dancin Angels“.

Традиционално се одржаа и кајакарската регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање поддржани од асоцијацијата „Спорт за сите“ и Спортското друштво „Македонија“ од Швајцарија.

 

 

The post „На зајдисонце“ е локален културен бренд од Трпејца appeared first on Република.

]]>

По девет дена дружба со туристите и мештаните во Трпејца синоќа беше затворено 11. Издание на културно – забавното лето„На зајдисонце“. Честа да ја затвори манифестацијата му припадна на композиторот и хармоникашот д-р Гоце Џуклески. Тој заедно со пријателите – естрадниот уметник Мирко Вретовски и градскиот мешан хор Vox Lychnidos музички ја разубавија вечерта. Публиката слушна грст негови композиции кои се потпираат на чистата македонска музичка традиција. Инаку, манифестацијата и годинава  вообичаено донесе десеттина настани од областа на уметноста, поезијата, музиката, спортот и забавата. -И покрај општата финансиска криза и вечниот недостиг на средства не се откажуваме.Благодарни сме на поддршката на општина Охрид и спонзорите.Ние како организатори сме среќни што успеавме да ги реализираме сите најавени програмски содржини. Се потрудивме да внесеме и две новини за комуникацијата и поврзаноста со гледачите да стане поблиска и поцврста. За среќа тие се покажаа како полн погодок и беа одлично прифатени. Ја воведовме трката со куфери по скалинадата – скалилата во Трпејца а го имавме и конкурсот за најдобра фотографија снимена со мобилен а инспирирана од природната убавина на  Трпејца. Свесни сме дека над една деценија градиме локален културен бренд внимавајќи да не ја изгуби душата и спонтаноста, наспроти масовноста и комерцијализацијата, вели Милчо Јованоски од Здружението „За Трпејца со љубов“. Во Трпејца на сцената под ведро небо беа отворени изложбата на канадскиот уметник со македонски корени  Мајкал Клос и изложбата на дела од минатогодишната Уметничка колонија одржана во Трпејца. Гостуваа младите од охридскиот Црвен крст со поетско – музички перформанс, поетесите – хуманитарки Вера М Самарјанин и Марика Тапанџиева, придружувани од Драган Мијалковски и Живко Поповски – Цветин. Публиката го гледаше филмот „Мирно лето“ преку три презентации  присутните се запознаа со богатството на Охридското Езеро, со новото време на роботите и минатото на Трпејца  а предавачи беа д-р Орхидеја Тасевска,д-р Анис Сефиданис и Петар Симоноски.  Публиката уживаше и во настапите на бендот  „8balls“, дуото  Black Moon“, Оркестарот и пејачката група на ФА „Ѓердан од бисери“, младите надежи Ива Чанова – флејта , Димитар Аслимоски и групата „Dancin Angels“. Традиционално се одржаа и кајакарската регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање поддржани од асоцијацијата „Спорт за сите“ и Спортското друштво „Македонија“ од Швајцарија.    

The post „На зајдисонце“ е локален културен бренд од Трпејца appeared first on Република.

]]>
Отворено 11. издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-11-izdanie-na-kulturno-zabavnoto-leto-na-zajdisonce-vo-trpejca/ Thu, 21 Jul 2022 09:09:37 +0000 https://republika.mk/?p=531714

Синоќа на свечен начин во присуство на голем број посетители – туристи и мештани во Трпејца беше отворено единаесеттото по ред издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ 2022.

Манифестацијата во името на покровителот Општина Охрид ја отвори Перчо Божиноски, советник во советот на општина Охрид и претседател на Комисијата за одбележување на празници и манифестации.

Ми причинува особено задоволство што вечерва сум тука со Вас и што имам чест во името на Локалната самоуправа да го означам почетокот на оваа традиционална манифестација, која 11 години по ред го разубавува летото во Трпејца. Престојот овде, во овој живописен амбиент на брегот на Охридското Езеро, што плени со најпрекрасните пејсажи кои природата секојдневно ги подарува, носи едно неописливо чувство на мир и хармонија, рече Божиноски.

Тој упати честитки и благодарност до организаторите за трудот и посветеноста, со надеж дека оваа манифестација ќе продолжи да се одржува и во иднина и кажа дека општина Охрид секогаш е подготвена да даде поддршка на вакви проекти кои се во насока на збогатување на културните содржини и промоција на туристичките потенцијали.

Со сета своја уникатност, оваа крајбрежна населба е своевидна атракција, која незапирливо го привлекува вниманието на гостите и туристите, а ваквите настани само ја надополнуваат и ја збогатуваат туристичката понуда. Сигурен сум дека и оваа година културно-забавното лето во Трпејца ќе понуди сплет од креативна сценска програма, со уметнички, спортски и едукативни содржини, кои ќе привлечат многубројна публика, рече Божиноски.

Првата вечер од манифестацијата на присутните им понуди ретка можност за средба со уметникот Мајкл Клос и неговата сопруга Менка кои живеат и творат во Канада.

Клос е познат канадски и светски уметник, дизајнер и филмски лик  со македонско потекло. Во 2015 година Клос имаше своја изложба во Трпејца и  на неколку години, тој настојува да биде во Охрид и да се дружи на ликовни колонии со нашите уметници и да ја шири неговата уметност која има и непрекината хуманитарна димензија.

Присутните на отворањето уживаа во настапот на бендот „8 Баллс“ од Охрид.

Вечерва од 20:30 часот следи гостувањето на Младите од Црвен крст Охрид со поетско- музичкиот перформанс „Треба да бидеме подобри“ .

Избор поезија од македонски автори со која се покажува борбата на човекот со различни искушенија. Перформансот нѐ води низ безнадежноста, очајот и рамнодушноста, но и човековата борба сепак да се исплива и да се биде подобар човек.

Учествуваат: Димитар Назифовски, Теа Петковска, Ангел Карали, Адела Абас, Мелани Котоска, Петар Алчески и Филипа Мијалкова. Избор на стихови и режија: Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц.

Терминот во петок 22 јули во Трпејца  е резервиран за поетесите – сестрите  Вера М Самарјанин, Марика Тапанџиева кои во јавноста се познати и по своите хуманитарни дела а со нив ќе настапи и познатиот пејач Драган Мијалковски.

The post Отворено 11. издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца appeared first on Република.

]]>

Синоќа на свечен начин во присуство на голем број посетители – туристи и мештани во Трпејца беше отворено единаесеттото по ред издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ 2022. Манифестацијата во името на покровителот Општина Охрид ја отвори Перчо Божиноски, советник во советот на општина Охрид и претседател на Комисијата за одбележување на празници и манифестации.
Ми причинува особено задоволство што вечерва сум тука со Вас и што имам чест во името на Локалната самоуправа да го означам почетокот на оваа традиционална манифестација, која 11 години по ред го разубавува летото во Трпејца. Престојот овде, во овој живописен амбиент на брегот на Охридското Езеро, што плени со најпрекрасните пејсажи кои природата секојдневно ги подарува, носи едно неописливо чувство на мир и хармонија, рече Божиноски.
Тој упати честитки и благодарност до организаторите за трудот и посветеноста, со надеж дека оваа манифестација ќе продолжи да се одржува и во иднина и кажа дека општина Охрид секогаш е подготвена да даде поддршка на вакви проекти кои се во насока на збогатување на културните содржини и промоција на туристичките потенцијали.
Со сета своја уникатност, оваа крајбрежна населба е своевидна атракција, која незапирливо го привлекува вниманието на гостите и туристите, а ваквите настани само ја надополнуваат и ја збогатуваат туристичката понуда. Сигурен сум дека и оваа година културно-забавното лето во Трпејца ќе понуди сплет од креативна сценска програма, со уметнички, спортски и едукативни содржини, кои ќе привлечат многубројна публика, рече Божиноски.
Првата вечер од манифестацијата на присутните им понуди ретка можност за средба со уметникот Мајкл Клос и неговата сопруга Менка кои живеат и творат во Канада. Клос е познат канадски и светски уметник, дизајнер и филмски лик  со македонско потекло. Во 2015 година Клос имаше своја изложба во Трпејца и  на неколку години, тој настојува да биде во Охрид и да се дружи на ликовни колонии со нашите уметници и да ја шири неговата уметност која има и непрекината хуманитарна димензија. Присутните на отворањето уживаа во настапот на бендот „8 Баллс“ од Охрид. Вечерва од 20:30 часот следи гостувањето на Младите од Црвен крст Охрид со поетско- музичкиот перформанс „Треба да бидеме подобри“ . Избор поезија од македонски автори со која се покажува борбата на човекот со различни искушенија. Перформансот нѐ води низ безнадежноста, очајот и рамнодушноста, но и човековата борба сепак да се исплива и да се биде подобар човек. Учествуваат: Димитар Назифовски, Теа Петковска, Ангел Карали, Адела Абас, Мелани Котоска, Петар Алчески и Филипа Мијалкова. Избор на стихови и режија: Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц. Терминот во петок 22 јули во Трпејца  е резервиран за поетесите – сестрите  Вера М Самарјанин, Марика Тапанџиева кои во јавноста се познати и по своите хуманитарни дела а со нив ќе настапи и познатиот пејач Драган Мијалковски.

The post Отворено 11. издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца appeared first on Република.

]]>
Буквално си пливаме во канализација во македонското Сент Тропе https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/bukvalno-si-plivame-vo-kanalizacija-vo-makedonskoto-sent-trope/ Sat, 12 Mar 2022 11:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=471684

Познатиот биолог Кирил Пржо, преку објава на Фејсбук, сподели податоци за загадувањето на Охридското езеро.

Ова лето кога ќе ги слушате оние патетични приказни за недопрената македонска природа и Охрид – бисерот на Македонија нека ви текне на овој графикон, од истражување на Хидробиолошки Завод. Погледнете го присуството на колиформни бактерии во водата во Охридско кај Трпејца – македонското Сент Тропе. Буквално си пливаме во фекалии. Жива канализација! – констатира тој во својата објава.

The post Буквално си пливаме во канализација во македонското Сент Тропе appeared first on Република.

]]>

Познатиот биолог Кирил Пржо, преку објава на Фејсбук, сподели податоци за загадувањето на Охридското езеро.
Ова лето кога ќе ги слушате оние патетични приказни за недопрената македонска природа и Охрид – бисерот на Македонија нека ви текне на овој графикон, од истражување на Хидробиолошки Завод. Погледнете го присуството на колиформни бактерии во водата во Охридско кај Трпејца – македонското Сент Тропе. Буквално си пливаме во фекалии. Жива канализација! – констатира тој во својата објава.

The post Буквално си пливаме во канализација во македонското Сент Тропе appeared first on Република.

]]>