Трпе Деаноски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trpe-deanoski/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Jun 2023 16:09:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Трпе Деаноски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trpe-deanoski/ 32 32 Деаноски: Има поместување од мртвата точка, в понеделник нов состанок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deanoski-ima-pomestuvane-od-mrtvata-tochka-v-ponedelnik-nov-sostanok/ Thu, 29 Jun 2023 15:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=656510

Има поместување од „мртва точка“, но во понеделник ќе се одржи нов состанок на кој ќе се направи уште еден обид за доближување на ставовите. Ова е исходот од денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) на која синдикалните претставници повторија дека нема да отстапат од барањата. Она што им било понудено, за нив, како што изјавија, не е прифатливо.

- Направивме поместување од „мртва точка“. За понеделник договоривме нов состанок, во 10 часот. Дотогаш се договоривме пресметките што ги направија синдикатите во однос на предлогот на Владата да ги доставиме до нив. Тие во понеделник да достават уште еден предлог, симулација нова, за да видиме дали ќе можеме да ги доближиме ставовите. Она што беше понудено, за нас не беше прифатливо. Ќе видиме во понеделник дали ќе има понова математика од страна на Владата по она што го зборевме денеска внатре, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски по седницата на ЕСС.

Според него, покачување од страна на Владата не било понудено.

-Она што го разговаравме и она што може Буџетот да го издржи и она што беше изјавата на ММФ во текот на вчерашниот ден. Во тие насоки се водеа разговорите денеска. Но, ние не отстапуваме од она што го бараме, дека мора да биде поврзано со просечната плата. Имаше одредено намалување на тој транзициски период што го вика Владата, од неколку години се намали уште малку, ќе видиме дали ќе бидат прифатени нашите пресметки што ќе бидат пуштени во текот на денешниот или утрешниот ден до Владата и во понеделник можеби ќе имаме друга информација, истакна Деаноски.

Разликата во пресметките на синдикатите и Владата, како што напомена, не е мала.

-Намален е транзицискиот период, не е за година и пол да добиеме она што го бараме, но за тие година и пол процентот е за нас премал, дополни претседателот на Синдикатот на УПОЗ.

Синдикатите сметаат дека новата методологија што ја предлага Владата за платите во јавниот сектор може да биде трајно решение, но велат дека е предолг периодот од пет години за усогласување на Општиот колективен договор, како што е предложено во неа. Пред почетокот на денешната седница  на ЕСС, тие порачаа дека нема да ги прифатат предлозите што им ги нуди Владата за зголемување на платите во јавниот сектор за годинава.

-Нашите барања ние јавно веќе ги презентиравме и доставивме и до Владата и до Министерството за труд и социјална политика - моделот минимална плата помножено со коефициент на сложеност на работни места. Предлогот на Владата е просечна плата помножена со соодветен коефициент на сложеност на работни места што значи тука сме некаде. Меѓутоа, она што е сламка на спрепнување, тоа е долгиот, предолгиот период на усогласување на плативе, тоа е нивниот предлог од пет години. Дефинитивно ова за нас како СОНК и како Конфедерација на слободни синдикати е неприфатлив, изјави Јаким Неделков, претседателот на СОНК пред почетокот на седницата на ЕСС.

Деаноски, пак, порача дека нема да прифатат ништо на денешната седница на ЕСС и посочи дека долго време го истакнуваат нивното барање методологијата да биде иста како што имаат функционерите - просечна плата со коефициент.

The post Деаноски: Има поместување од мртвата точка, в понеделник нов состанок appeared first on Република.

]]>

Не клатат врата сите административци: Судскиот курир носи пошта за тешки кривични дела, а го плукаат за плата од 18.300 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-klatat-vrata-site-administrativtsi-sudskiot-kurir-nosi-poshta-za-teshki-krivichni-dela-a-go-plukaat-za-plata-od-18-300-denari/ Tue, 21 Mar 2023 13:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=622063

Во јавниот сектор има ниски плати, најголем дел имаат основана плата околу минималната, а постои и огромно генерализирање дека сите во јавниот сектор не работат, што не е точно, потенцираше претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски во разговор за „Утрински печат“.

Има и министри кои велат дека вработени во јавен сектор замаат плата и клатат врата. Тоа е погубно да го кажуваат. Тие се тие што треба да ја организираат работата – вели Деаноски.

Тој потенцира дека во јавниот сектор има примери за многу одговорни професии, а каде платите се недостоинствени.

Еве, како пример да го земеме судскиот доставувач. Тој ниту има униформа, ниту ознака дека е судски доставувач, носи судска пошта за тешки кривични дела, за разни прекршоци, цел ден му довикуваат, го плукаат. Работи од 9 до 17 часот, без никаква заштита од судската власт и има плата 18.300 денари – револтирано кажа Деаноски.

Тој нагласи дека почна да се работи на нов Општ колективен договор за јавниот сектор и нагласи дека е недопустливо тоа што последниот бил поттпишан уште во 2008 година.

The post Не клатат врата сите административци: Судскиот курир носи пошта за тешки кривични дела, а го плукаат за плата од 18.300 денари appeared first on Република.

Деаноски: Предлог-закон за општиот колективен договор и Предлог-законот за плати се неприфатливи за синдикатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deanoski-predlog-zakon-za-opshtiot-kolektiven-dogovor-i-predlog-zakonot-za-plati-se-neprifatlivi-za-sindikatite/ Mon, 20 Mar 2023 20:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=621794

Трпе Деаноски од УПОЗ во емисијата 24 анализа во рече дека имале тракалезна маса пред неколку недели инициран од Синдикатот на самостојните клинички центри во врска со законското решение за општиот колективен договор и законот за плати.

Сите синдикати од јавниот сектор заклучивме дека остро се спротивставуваме на овој закон, не се согласуваме со тоа и бараме повлекување на овој предлог текст и итен почеток на нов предлог текст. За нас ваквиот предлог текст е неприфатлив, рече Деаноски.

Тој рече дека на Социјално економскиот совет имало две точки, општиот колективниот договор и законот за плати во јавен сектор.

Се договоривме во петок да се формираат работни групи и тоа ќе биде утре на седница на Влада. Тие ќе формираат работна група, ни ќе номинираме наши членови и во петок ќе почнеме на работа на општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор. Ќе видиме која е намерата на Владата и ќе работиме на прелог за колективен договор предложен од ССМ во 2021 година. Сега ситуацијата е драсточно променета и ако ги видиме законските решенија оттогаш до сега, ништо не е исто. Очекувавме Владата да даде некои предлози во која насока ќе оди тоа, особено за платите, рече Деаноски.

The post Деаноски: Предлог-закон за општиот колективен договор и Предлог-законот за плати се неприфатливи за синдикатите appeared first on Република.

Битиќи му одговори на Деаноски: Препораките за штедење се совети за сите, не се насочени кон УПОЗ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitikji-mu-odgovori-na-deanoski-preporakite-za-shtedenje-se-soveti-za-site-ne-se-nasocheni-kon-upoz/ Thu, 13 Oct 2022 09:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=560455

Владините мерки и препораки за намалување на расходите на буџетските корисници не се насочени кон УПОЗ, ниту се однесуваат кон некого лично. Во нив се дадени совети што треба да направат институциите од централната и локалната власт, јавните претпријатија и акционерските друштва, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Одговорајќи на новинарско прашање за документот што го објавија синоќа претставници на УПОЗ во телевизиско гостување, Битиќи нагласи дека сега, во услови на криза, не треба да се калкулира.

https://republika.mk/vesti/makedonija/deanoski-nitu-edno-nashe-baranje-ne-beshe-na-dneven-red-na-ekonomsko-socijalniot-sovet/

Тоа е за сите, за цел јавен сектор. Во период на криза не е период на калкулации. Таму има дадени совети што треба да направат и на централна власт и на локална власт и јавни претпријатија и акционерски друштва. Не е насочено лично кон никого. Се е начин на заштеда во овој период. Тоа не е документ и не е насочен кон УПОЗ, тоа оди во насока на креирање на методологијата и на законот за плати, така да, сеопфатно ќе се дадат резултатите, рече Битиќи.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски синоќа покажа, како што рече, дел од мерките и препораките на Владата за намалување на расходите на буџетските корисници во кои, освен намалување за 10 отсто на платата, има уште неколку точки меѓу кои и намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во Агенцијата за разузнување, како и работа од дома со ротации. За синдикалците се спорни, како што беше нагласено, и намерите на Владата за суспензија или укинување на колективните договори.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prinuden-odmor-ili-rabota-od-doma-za-javnata-administracija/

The post Битиќи му одговори на Деаноски: Препораките за штедење се совети за сите, не се насочени кон УПОЗ appeared first on Република.

]]>

Владините мерки и препораки за намалување на расходите на буџетските корисници не се насочени кон УПОЗ, ниту се однесуваат кон некого лично. Во нив се дадени совети што треба да направат институциите од централната и локалната власт, јавните претпријатија и акционерските друштва, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Одговорајќи на новинарско прашање за документот што го објавија синоќа претставници на УПОЗ во телевизиско гостување, Битиќи нагласи дека сега, во услови на криза, не треба да се калкулира. https://republika.mk/vesti/makedonija/deanoski-nitu-edno-nashe-baranje-ne-beshe-na-dneven-red-na-ekonomsko-socijalniot-sovet/
Тоа е за сите, за цел јавен сектор. Во период на криза не е период на калкулации. Таму има дадени совети што треба да направат и на централна власт и на локална власт и јавни претпријатија и акционерски друштва. Не е насочено лично кон никого. Се е начин на заштеда во овој период. Тоа не е документ и не е насочен кон УПОЗ, тоа оди во насока на креирање на методологијата и на законот за плати, така да, сеопфатно ќе се дадат резултатите, рече Битиќи.
Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски синоќа покажа, како што рече, дел од мерките и препораките на Владата за намалување на расходите на буџетските корисници во кои, освен намалување за 10 отсто на платата, има уште неколку точки меѓу кои и намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во Агенцијата за разузнување, како и работа од дома со ротации. За синдикалците се спорни, како што беше нагласено, и намерите на Владата за суспензија или укинување на колективните договори. https://republika.mk/vesti/makedonija/prinuden-odmor-ili-rabota-od-doma-za-javnata-administracija/

The post Битиќи му одговори на Деаноски: Препораките за штедење се совети за сите, не се насочени кон УПОЗ appeared first on Република.

]]>
Деаноски: Ниту едно наше барање не беше на дневен ред на Економско социјалниот совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deanoski-nitu-edno-nashe-baranje-ne-beshe-na-dneven-red-na-ekonomsko-socijalniot-sovet/ Wed, 12 Oct 2022 20:39:10 +0000 https://republika.mk/?p=560315

Со дневен ред од пет точки, меѓу кои ги немаше барањата на синдикатите од изминатиот период, мина денешната седница на Економско-социјалниот совет која на крајот беше прекината, без конкретни мерки како што беше најавувано, рече Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на работниицте од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.

Шест месеци, посочи Деаноски, немаше седница на Економско-социјалниот совет, во време на најголема финансиска криза во државата, во време на најголема инфлација.

Нема методологија на плати која беше помпезно најавувана и сè уште се најавува, нема за фискални импликации, нема за потпишување на нови колективни договори. Меѓу точките на дневниот ред немаше ниту едно од нашите барања од изминатиот период, изјави Деаноски.

Од Министерството за труд и социјална политика претходно преку соопштение информираа дека во фокусот на седницата биле антикризните мерки на Владата.

На седницата на ЕСС, освен членовите на ЕСС учествуваа и претставници на нерепрезентативните синдикати и бизнис конфедерацијата на Македонија. Покрај редовните точки од дневниот ред, во фокусот на седницата беа антикризните мерки на Владата, како и предлог мерките од страна на социјалните партнери, кои понатаму по нивно допрецизирање, по заклучок на ЕСС ќе бидат доставени на разгледување од страна на Владата, наведе МТСП во соопштение.

Социјалните партнери, според соопштението, разговарале за даночната реформа, годишниот Извештај за работата и функционирањето на Економско-социјалниот совет за 2021 година, иницијатива за ратификација на три конвенции на МОТ за БЗР во три сектори – рударство К176, градежништво К167 и земјоделство К184 и барањето за надминување на последиците предизвикани од високите сметки за електрична енергија во компаниите.

Со оглед на актуелните состојби во државата, претседателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на членовите на Советот им изразила уверување дека седниците на ЕСС во периодот кој доаѓа ќе се реализираат зачестено.

The post Деаноски: Ниту едно наше барање не беше на дневен ред на Економско социјалниот совет appeared first on Република.

]]>

Со дневен ред од пет точки, меѓу кои ги немаше барањата на синдикатите од изминатиот период, мина денешната седница на Економско-социјалниот совет која на крајот беше прекината, без конкретни мерки како што беше најавувано, рече Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на работниицте од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ. Шест месеци, посочи Деаноски, немаше седница на Економско-социјалниот совет, во време на најголема финансиска криза во државата, во време на најголема инфлација.
Нема методологија на плати која беше помпезно најавувана и сè уште се најавува, нема за фискални импликации, нема за потпишување на нови колективни договори. Меѓу точките на дневниот ред немаше ниту едно од нашите барања од изминатиот период, изјави Деаноски.
Од Министерството за труд и социјална политика претходно преку соопштение информираа дека во фокусот на седницата биле антикризните мерки на Владата.
На седницата на ЕСС, освен членовите на ЕСС учествуваа и претставници на нерепрезентативните синдикати и бизнис конфедерацијата на Македонија. Покрај редовните точки од дневниот ред, во фокусот на седницата беа антикризните мерки на Владата, како и предлог мерките од страна на социјалните партнери, кои понатаму по нивно допрецизирање, по заклучок на ЕСС ќе бидат доставени на разгледување од страна на Владата, наведе МТСП во соопштение.
Социјалните партнери, според соопштението, разговарале за даночната реформа, годишниот Извештај за работата и функционирањето на Економско-социјалниот совет за 2021 година, иницијатива за ратификација на три конвенции на МОТ за БЗР во три сектори – рударство К176, градежништво К167 и земјоделство К184 и барањето за надминување на последиците предизвикани од високите сметки за електрична енергија во компаниите. Со оглед на актуелните состојби во државата, претседателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на членовите на Советот им изразила уверување дека седниците на ЕСС во периодот кој доаѓа ќе се реализираат зачестено.

The post Деаноски: Ниту едно наше барање не беше на дневен ред на Економско социјалниот совет appeared first on Република.

]]>
Покачување на платите под 7 или 8 илјади денари нема да заврши работа во моментов, вели Деаноски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pokachuvanje-na-platite-pod-7-ili-8-iljadi-denari-nema-da-zavrshi-rabota-vo-momentov-veli-deanoski/ Tue, 20 Sep 2022 19:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=552719

Претседател на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски порача дека селективното покачување на платите во јавниот сектор веќе ќе изрази револт.

-Најавени се штрајкови во неколку институции поради тоа селективно покачување. Имавме и на почетокот на кризата, одредени приватни големи компании кои беа на принуден одмор, но платите не беа намалени воопшто, бидејќи знаат стопанствениците дека доколку се намалат платите, работниците ќе напуштат и ќе заминат во Западна Европа. Втората работа е дека државата да сакаше сега ќе имавме редовни средби на економско-социјалниот совет. Оваа криза е најголема од независноста на земјата, рече Деаноски.

Според него, сите мерки што ги носи Владата ги прави сама.

Бараме средба и со Владата и со министри. Треба да направат проекција на Буџетот, треба да направат колку процентуално да се зголеми платата со пораст на минималната, но тоа не го направија. Ние баравме солидарно решение од 2806 денари за сите. Во приватен сектор работодавачите го сфатија и дури дадоа повеќе, а Владата не го сфати. Сега тие 2806 не вредат ни 1200 денари со инфлацијата и тој предлог веќе не е на маса. Ако правиме напори за зголемување на плата, мораме да имаме некаков вид на покачување на плати, а тој вид сега под 7,8, 9000 денари нема да ни заврши работа, објасни Деаноски во емисијата „24 отворено“.

The post Покачување на платите под 7 или 8 илјади денари нема да заврши работа во моментов, вели Деаноски appeared first on Република.

Деаноски: Да сум премиер, би ги разрешил сите министри што не исплатија минимална плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deanoski-da-sum-premier-bi-gi-razreshil-site-ministri-shto-ne-isplatija-minimalna-plata/ Fri, 08 Apr 2022 20:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=485595

Задоволни сме од одзивот во прекинот на работата. Станува збор за околу 13 до 14 илјади вработени. Денеска немаше притисоци, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски во однос на предупредувачкиот прекин на работата на вработените во администрацијата и правосудството.

Според него, ова се црвените линии под која нема долу.

2.806 денари е разликата од минатата вредност на минималната плата со сегашната вредност на минималната. Премала е, но испраќаме порака до владата дека сме кооперативни за да седнеме на маса. Бараме за сите оние што не се усогласи платата. Не го сфаќам односот на владата кон вработените и не можам да го разберам објаснувањето. Не ни треба измена на законот за администрација за да може да се добие износот на минимална плата. МИОА даде допис дека мора сите да исплатат согласно закон за минимална плата. Зошто МФ и другите министерства не постапуваат како МИОА и не исплаќаат минимална плата година дена, а еве и сега? Зошто другите не го почитуваат законот? Денеска ме прашаа новинарите, им кажав: Јас да сум премиер, сите тие министри што не исплатија минимална плата, би ги разрешил за пет минути, вели Деаноски во емисијата „360“.

The post Деаноски: Да сум премиер, би ги разрешил сите министри што не исплатија минимална плата appeared first on Република.

]]>

Задоволни сме од одзивот во прекинот на работата. Станува збор за околу 13 до 14 илјади вработени. Денеска немаше притисоци, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски во однос на предупредувачкиот прекин на работата на вработените во администрацијата и правосудството. Според него, ова се црвените линии под која нема долу.