трошоци на живот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/troshoci-na-zivot/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 11:30:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трошоци на живот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/troshoci-na-zivot/ 32 32 Есенската кошница даде резултати: Трошоците на живот во октомври пониски од септемврските https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esenskata-koshnitsa-dade-rezultati-troshotsite-na-zhivot-vo-oktomvri-poniski-od-septemvrskite/ Thu, 07 Nov 2024 11:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=835123

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на септември годинава, бележи намалување од 0,7, а цените на мало за 0,1 отсто.

Во споредба, пак, со отомври 2023 година, трошоците на животот се зголемени за 3,5, додека цените на мало за 3,9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Намалувањето на инфлацијата во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 2,2 %, Ресторани ихотели за 1,5 %, Рекреација и култура за 0,9 %.

Во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, зголемување на трошоците на животот е забележаново следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,4 %, Облека и обувки за 1,4 %, Транспорт за 0,7 %,Здравје за 0,3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0,2 %, Мебел, покуќнинаи одржување на домаќинствата и комуникации за 0,1 %.

Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

The post Есенската кошница даде резултати: Трошоците на живот во октомври пониски од септемврските appeared first on Република.

]]>

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на септември годинава, бележи намалување од 0,7, а цените на мало за 0,1 отсто. Во споредба, пак, со отомври 2023 година, трошоците на животот се зголемени за 3,5, додека цените на мало за 3,9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Намалувањето на инфлацијата во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 2,2 %, Ресторани ихотели за 1,5 %, Рекреација и култура за 0,9 %. Во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, зголемување на трошоците на животот е забележаново следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,4 %, Облека и обувки за 1,4 %, Транспорт за 0,7 %,Здравје за 0,3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0,2 %, Мебел, покуќнинаи одржување на домаќинствата и комуникации за 0,1 %. Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

The post Есенската кошница даде резултати: Трошоците на живот во октомври пониски од септемврските appeared first on Република.

]]>
Левица: Потрошувачката кошница расте, а реалната нето-плата и животниот стандард продолжуваат да опаѓаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/levitsa-potroshuvachkata-koshnitsa-raste-a-realnata-neto-plata-i-zhivotniot-standard-prodolzhuvaat-da-opagaat/ Wed, 22 Feb 2023 16:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=612014

Државниот завод за статистика денес објави дека просечната исплатена нето-плата по вработен за декември 2022 година, изнесува 34.364 денари. И покрај тврдењата на СДС дека го остварила клучното ветување за раст на просечната плата до 34.000 денари, реалната плата е многу пониска, поради инфлаторните движења, реагираат од Левица.

Оттаму посочуваат дека иако е зголемена за 14,8 отсто во споредба со претходната година, поради инфлацијата во декември која изнесува 18,7 отсто, реалната нето-плата е пониска за 3,9 отсто, односно изнесува 33.012 денари.

Најниска плата во износ од 21.310 денари исплатена е во дејноста - Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата, а највисока во Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности во износ од 88.192 денари. Разликата меѓу највисоката и најниската просечна исплатена нето плата изнесува 66.882 денари.

 

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за декември, 2022 година изнесува 51.235 денари, што значи дека е повисока за 48,95% од просечната плата. Во оваа кошница не се вклучени трошоците за рекреација, образование, хотели и ресторани, семејни прослави, не затоа што не се потребни, туку затоа што во кошницата се пресметуваат само неопходните трошоци.

 

Околу 80 отсто од вработените земаат плата пониска од просечната, што значи дека оваа плата воопшто не ги отсликува вистинските просечни приходи на работоспособното населенеие, напротив, се добива погрешна претстава дека животниот стандард е висок.

 

Левица се залага за воведување на нова методологија и пресметка на средна плата, со која покрај примањата, ќе се земе предвид и процентот на вработени кои земаат определена сума. Само со пресметка на средна или медијална плата ќе се утврди реалната куповна моќ на 50 отсто од вработените, се наведува во реакцијата на Левица.

The post Левица: Потрошувачката кошница расте, а реалната нето-плата и животниот стандард продолжуваат да опаѓаат appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика денес објави дека просечната исплатена нето-плата по вработен за декември 2022 година, изнесува 34.364 денари. И покрај тврдењата на СДС дека го остварила клучното ветување за раст на просечната плата до 34.000 денари, реалната плата е многу пониска, поради инфлаторните движења, реагираат од Левица. Оттаму посочуваат дека иако е зголемена за 14,8 отсто во споредба со претходната година, поради инфлацијата во декември која изнесува 18,7 отсто, реалната нето-плата е пониска за 3,9 отсто, односно изнесува 33.012 денари.
Најниска плата во износ од 21.310 денари исплатена е во дејноста - Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата, а највисока во Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности во износ од 88.192 денари. Разликата меѓу највисоката и најниската просечна исплатена нето плата изнесува 66.882 денари.   Вредноста на Синдикалната минимална кошница за декември, 2022 година изнесува 51.235 денари, што значи дека е повисока за 48,95% од просечната плата. Во оваа кошница не се вклучени трошоците за рекреација, образование, хотели и ресторани, семејни прослави, не затоа што не се потребни, туку затоа што во кошницата се пресметуваат само неопходните трошоци.   Околу 80 отсто од вработените земаат плата пониска од просечната, што значи дека оваа плата воопшто не ги отсликува вистинските просечни приходи на работоспособното населенеие, напротив, се добива погрешна претстава дека животниот стандард е висок.   Левица се залага за воведување на нова методологија и пресметка на средна плата, со која покрај примањата, ќе се земе предвид и процентот на вработени кои земаат определена сума. Само со пресметка на средна или медијална плата ќе се утврди реалната куповна моќ на 50 отсто од вработените, се наведува во реакцијата на Левица.

The post Левица: Потрошувачката кошница расте, а реалната нето-плата и животниот стандард продолжуваат да опаѓаат appeared first on Република.

]]>
Храната во земјава за една година поскапела за 32% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/hranata-vo-zemjava-za-edna-godina-poskapela-za-32/ Tue, 08 Nov 2022 06:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=570991

Трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври лани, бележат зголемување од 19.8 %, а цените на мало од 15.4 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во однос на септември годинава, пак, трошоците на животот се поголеми за 1.4, а цените на мало за 0.6 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.3 %, млекото за 5.9 %, сирењето и урдата за 5.7 %, месото за 3.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3.2 %, рибата и морските плодови за 2.8 %, лебот и житата за 1.8 %, кафето, чајот, какаото за 1.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1 %, виното за 0.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.5 %, пивото за 0.4 % и жестоките пијалаци за 0.3 %.

Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4.6 %, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3.7 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.4 %, парамедицинските услуги за 1.8 %, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.7 %, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1.6 %, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4 %, медицинските услуги за 1.3.%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %.

Малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни поскапеле за 0.9 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.8 %, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0.7 %, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0.6 %, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0.5 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 3.6 % и маслото и маснотиите за 0.8 %.

Во октомври, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 12.4 %, туристичките аранжмани за 10.4 %, теписите и другите подни покривки за 4.5 %, воздухопловниот патнички транспорт за 1.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.1 %, моторните возила за 0.7 %

The post Храната во земјава за една година поскапела за 32% appeared first on Република.

]]>

Трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври лани, бележат зголемување од 19.8 %, а цените на мало од 15.4 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во однос на септември годинава, пак, трошоците на животот се поголеми за 1.4, а цените на мало за 0.6 проценти. Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.3 %, млекото за 5.9 %, сирењето и урдата за 5.7 %, месото за 3.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3.2 %, рибата и морските плодови за 2.8 %, лебот и житата за 1.8 %, кафето, чајот, какаото за 1.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1 %, виното за 0.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.5 %, пивото за 0.4 % и жестоките пијалаци за 0.3 %. Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4.6 %, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3.7 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.4 %, парамедицинските услуги за 1.8 %, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.7 %, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1.6 %, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4 %, медицинските услуги за 1.3.%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %. Малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни поскапеле за 0.9 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.8 %, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0.7 %, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0.6 %, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0.5 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0.2 %. Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 3.6 % и маслото и маснотиите за 0.8 %. Во октомври, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 12.4 %, туристичките аранжмани за 10.4 %, теписите и другите подни покривки за 4.5 %, воздухопловниот патнички транспорт за 1.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.1 %, моторните возила за 0.7 %

The post Храната во земјава за една година поскапела за 32% appeared first on Република.

]]>
Една просечна и една минимална плата не се доволни: Минималните животни трошоци во јули 47.042 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/edna-prosechna-i-edna-minimalna-plata-ne-se-dovolni-minimalnite-zivotni-troshoci-vo-juli-47-042-denari/ Tue, 09 Aug 2022 08:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=538241

Минималните трошоци на едно семејство за јули изнесуваат 47.042 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според Синдикатот, оваа сума не е доволна ниту за семејства каде има двајца вработени кои имаат примања од една просечна и една минимална плата.

Истовремено, имајќи во предвид дека инфлацијата од 16 проценти ја обезвреднува вредноста на платите и од тука износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата во Македонија има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната нето плата од 31.525 денари има реална вредност од 26.481 денари со што значително е осиромашен македонскиот работник и граѓанин, велат од ССМ.

Посочуваат дека владините политики за само пет месеци од зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари повторно ја вратиле нејзината вредност на нивото пред март годинава, односно со една минимална плата работниците да можат да купат само исхрана и пијалоци, колку што им биле потребни во јули (17.842,91 денар).

На работниците им се потребни итни усогласувања на платите за амортизирање на инфлаторниот удар, а тоа значи Владата да ги усогласи платите за 18,4 проценти до септември согласно Законот, а во спротивно како што ги казнува Владата работниците, така работниците ќе ја казнат Владата, а истото се однесува и на работодавачите, укажуваат од ССМ.

The post Една просечна и една минимална плата не се доволни: Минималните животни трошоци во јули 47.042 денари appeared first on Република.

]]>

Минималните трошоци на едно семејство за јули изнесуваат 47.042 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според Синдикатот, оваа сума не е доволна ниту за семејства каде има двајца вработени кои имаат примања од една просечна и една минимална плата. Истовремено, имајќи во предвид дека инфлацијата од 16 проценти ја обезвреднува вредноста на платите и од тука износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата во Македонија има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната нето плата од 31.525 денари има реална вредност од 26.481 денари со што значително е осиромашен македонскиот работник и граѓанин, велат од ССМ. Посочуваат дека владините политики за само пет месеци од зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари повторно ја вратиле нејзината вредност на нивото пред март годинава, односно со една минимална плата работниците да можат да купат само исхрана и пијалоци, колку што им биле потребни во јули (17.842,91 денар). На работниците им се потребни итни усогласувања на платите за амортизирање на инфлаторниот удар, а тоа значи Владата да ги усогласи платите за 18,4 проценти до септември согласно Законот, а во спротивно како што ги казнува Владата работниците, така работниците ќе ја казнат Владата, а истото се однесува и на работодавачите, укажуваат од ССМ.

The post Една просечна и една минимална плата не се доволни: Минималните животни трошоци во јули 47.042 денари appeared first on Република.

]]>
Синдикалната минимална кошничка во јуни зголемена за 3.400 денари во однос на јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sindikalnata-minimalna-koshnichka-vo-juni-zgolemena-za-3-400-denari-vo-odnos-na-januari/ Thu, 07 Jul 2022 13:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=525400

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесуваат 39.710 денари и во однос на јануари се зголемени за 3.399 денари или за 9,49 проценти.

Од Сојузот на синдикати на Македонија, каде на месечно ниво ја прават синдикалната потрошувачка кошничка, информираат дека за една година синдикалната кошничка е зголемена за 5.498 денари или за 16 проценти.

Порастот на цените и растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема за месец јуни изнесува 14,5 проценти и влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население, оценуваат од ССМ.

Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради порастот на цените. Најголемо зголемување во јуни има кај храната и пијалоците.

ССМ бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат причина веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и истите да се зголемат платите за најмалку 2806,00 денари во нето на секој работник во јавен сектор, велат од ССМ.

The post Синдикалната минимална кошничка во јуни зголемена за 3.400 денари во однос на јануари appeared first on Република.

]]>

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесуваат 39.710 денари и во однос на јануари се зголемени за 3.399 денари или за 9,49 проценти. Од Сојузот на синдикати на Македонија, каде на месечно ниво ја прават синдикалната потрошувачка кошничка, информираат дека за една година синдикалната кошничка е зголемена за 5.498 денари или за 16 проценти. Порастот на цените и растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема за месец јуни изнесува 14,5 проценти и влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население, оценуваат од ССМ. Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради порастот на цените. Најголемо зголемување во јуни има кај храната и пијалоците. ССМ бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат причина веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и истите да се зголемат платите за најмалку 2806,00 денари во нето на секој работник во јавен сектор, велат од ССМ.

The post Синдикалната минимална кошничка во јуни зголемена за 3.400 денари во однос на јануари appeared first on Република.

]]>
Трошоците на живот лани зголемени за 3,2%, цените за 4,3% во споредба со 2020 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/troshocite-na-zivot-lano-zgolemeni-za-3-2-cenite-za-4-3-vo-sporedba-so-2020-godina/ Mon, 10 Jan 2022 12:53:09 +0000 https://republika.mk/?p=442590

Трошоците на живот во декември биле поголеми за 0,4 проценти во однос на ноември, а цените на мало за 0,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во споредба со 2020 година, трошоците на живот бележат пораст од 3,2 проценти, додека цените на мало се зголемени за 4,3 проценти.

Пораст е забележан во групите: Транспорт за 9,9 проценти, Ресторани и хотели за 5,9 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,8 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 3,1 процент, Здравје за 2,9 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Рекреација и култура за 2,7 проценти, Разновидни стоки и услуги за 1,4 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1 процент и Облека и обувки за 0,2 проценти.

Намалување на индексите имало кај комуникациите за 0,5 проценти, а образование е на исто ниво како претходната година.

The post Трошоците на живот лани зголемени за 3,2%, цените за 4,3% во споредба со 2020 година appeared first on Република.

]]>

Трошоците на живот во декември биле поголеми за 0,4 проценти во однос на ноември, а цените на мало за 0,9 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во споредба со 2020 година, трошоците на живот бележат пораст од 3,2 проценти, додека цените на мало се зголемени за 4,3 проценти. Пораст е забележан во групите: Транспорт за 9,9 проценти, Ресторани и хотели за 5,9 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,8 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 3,1 процент, Здравје за 2,9 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Рекреација и култура за 2,7 проценти, Разновидни стоки и услуги за 1,4 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1 процент и Облека и обувки за 0,2 проценти. Намалување на индексите имало кај комуникациите за 0,5 проценти, а образование е на исто ниво како претходната година.

The post Трошоците на живот лани зголемени за 3,2%, цените за 4,3% во споредба со 2020 година appeared first on Република.

]]>