тропска бура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tropska-bura/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 17:15:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тропска бура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tropska-bura/ 32 32 Силна тропска бура се приближува кон Хаваите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/silna-tropska-bura-se-priblizhuva-kon-havaite/ Sat, 24 Aug 2024 18:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=809798

Тропската бура Хоне, проследена со силен ветер, обилни дождови и поплави викендов се приближува кон јужниот дел на Хаваи.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за тропска бура за округот Хаваи, кој го опфаќа целиот Голем остров, како и предупредување со црвено знаме за островите на архипелагот.

Ветер рано утрината дуваше со брзина на ветер од 105 километри на час. Според Националниот центар за урагани во Мајами, бурата Хоне најверојатно ќе се засили во ураган од прва категорија додека минува близу или јужно од Големиот остров во текот на ноќта.

Управата за туризам на Хаваите соопшти дека сè уште е безбедно патниците да ги посетат островите, а на другите луѓе им препорача да ги одложат активностите на отворено.

The post Силна тропска бура се приближува кон Хаваите appeared first on Република.

]]>

Тропската бура Хоне, проследена со силен ветер, обилни дождови и поплави викендов се приближува кон јужниот дел на Хаваи. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за тропска бура за округот Хаваи, кој го опфаќа целиот Голем остров, како и предупредување со црвено знаме за островите на архипелагот. Ветер рано утрината дуваше со брзина на ветер од 105 километри на час. Според Националниот центар за урагани во Мајами, бурата Хоне најверојатно ќе се засили во ураган од прва категорија додека минува близу или јужно од Големиот остров во текот на ноќта. Управата за туризам на Хаваите соопшти дека сè уште е безбедно патниците да ги посетат островите, а на другите луѓе им препорача да ги одложат активностите на отворено.

The post Силна тропска бура се приближува кон Хаваите appeared first on Република.

]]>
Тропска бура ја погоди Австралија, десетици илјади луѓе без струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tropska-bura-ja-pogodi-avstralija-desetitsi-iljadi-luge-bez-struja/ Sat, 27 Jan 2024 15:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=737543

Десетици илјади луѓе во австралиската држава Квинсленд денеска останаа без струја, два дена откако тропски циклон донесе разорни ветрови и пороен дожд.

Тропскиот циклон Кирили, бура од втора категорија, падна на брегот што се граничи со Големиот корален гребен во близина на туристичкиот град Таунсвил, оставајќи околу 66.000 луѓе без струја.

Кирили беше вториот тропски циклон што ја погоди областа откако Џаспер предизвика широка регионална штета во декември

Портпаролката на Ергон Енерџи Ема Оливери изјави дека околу 48.700 луѓе останале без струја поради циклонот.

Целта е до крајот на утрешниот ден да им се врати струјата на што повеќе корисници“, рече Оливери.

Ќе има подолги чекања во некои оддалечени области“, рече таа, додавајќи дека повеќето прекини на електричната енергија се предизвикани од дрвја и големи гранки на далноводи.

Премиерот Ентони Албанесе вчера изјави дека војниците се во подготвеност за да помогнат во расчистувањето на областа.

The post Тропска бура ја погоди Австралија, десетици илјади луѓе без струја appeared first on Република.

]]>

Десетици илјади луѓе во австралиската држава Квинсленд денеска останаа без струја, два дена откако тропски циклон донесе разорни ветрови и пороен дожд. Тропскиот циклон Кирили, бура од втора категорија, падна на брегот што се граничи со Големиот корален гребен во близина на туристичкиот град Таунсвил, оставајќи околу 66.000 луѓе без струја. Кирили беше вториот тропски циклон што ја погоди областа откако Џаспер предизвика широка регионална штета во декември Портпаролката на Ергон Енерџи Ема Оливери изјави дека околу 48.700 луѓе останале без струја поради циклонот. Целта е до крајот на утрешниот ден да им се врати струјата на што повеќе корисници“, рече Оливери.
Ќе има подолги чекања во некои оддалечени области“, рече таа, додавајќи дека повеќето прекини на електричната енергија се предизвикани од дрвја и големи гранки на далноводи.
Премиерот Ентони Албанесе вчера изјави дека војниците се во подготвеност за да помогнат во расчистувањето на областа.

The post Тропска бура ја погоди Австралија, десетици илјади луѓе без струја appeared first on Република.

]]>
Тропската бура „Филип“ се заканува да ги поплави Заветринските острови на Карибите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tropskata-bura-filip-se-zakanuva-da-gi-poplavi-zavetrinskite-ostrovi-na-karibite/ Mon, 02 Oct 2023 11:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=687091

Тропската бура „Филип“ се очекува денеска да ги погоди Заветринските острови во Карипското Море, носејќи им обилни дождови и поплави по што ќе помине во Атлантскиот Океан, каде ќе се претвори во ураган, според најавите од синоптичарите.

Американскиот национален центар за урагани во Мајами денеска соопшти дека бурата „Филип“ се наоѓа на околу 200 километри југоисточно од островот Барбуда. Најсилниот ветер бил со брзина од 85 километри на час, а „Филип“ се движел кон северозапад со малку зголемена брзина од 11 километри на час.

Количините врнежи кои се очекуваат до вторник се 10,1 до 15,2 сантиметри за Барбуда и Антигва и 5 до 10,1 сантиметар за остатокот од Заветринските острови, соопшти Центарот за урагани.

Обилните врнежи од бурата „Филип“ може да доведат до поројни поплави низ Барбуда и Антигва до вторник, се вели во соопштението.

Синоптичарите очекуваат дека променливите услови би можеле да доведат до тоа бурата во текот на неделата да стане ураган, додека се движи кон централниот дел на Атлантикот.

The post Тропската бура „Филип“ се заканува да ги поплави Заветринските острови на Карибите appeared first on Република.

]]>

Тропската бура „Филип“ се очекува денеска да ги погоди Заветринските острови во Карипското Море, носејќи им обилни дождови и поплави по што ќе помине во Атлантскиот Океан, каде ќе се претвори во ураган, според најавите од синоптичарите. Американскиот национален центар за урагани во Мајами денеска соопшти дека бурата „Филип“ се наоѓа на околу 200 километри југоисточно од островот Барбуда. Најсилниот ветер бил со брзина од 85 километри на час, а „Филип“ се движел кон северозапад со малку зголемена брзина од 11 километри на час. Количините врнежи кои се очекуваат до вторник се 10,1 до 15,2 сантиметри за Барбуда и Антигва и 5 до 10,1 сантиметар за остатокот од Заветринските острови, соопшти Центарот за урагани. Обилните врнежи од бурата „Филип“ може да доведат до поројни поплави низ Барбуда и Антигва до вторник, се вели во соопштението. Синоптичарите очекуваат дека променливите услови би можеле да доведат до тоа бурата во текот на неделата да стане ураган, додека се движи кон централниот дел на Атлантикот.

The post Тропската бура „Филип“ се заканува да ги поплави Заветринските острови на Карибите appeared first on Република.

]]>
На Флорида прогласена вонредна состојба поради тропската бура https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-florida-proglasena-vonredna-sostojba-poradi-tropskata-bura/ Sun, 27 Aug 2023 09:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=676248

Вонредна состојба е прогласена во поголемиот дел од Флорида поради најавата на метеоролозите дека тропска бура наскоро би можела да го зафати тоа подрачје.

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис прогласи вонредна состојба на брегот на Мексиканскиот залив од Форт Мајерс до Панама Сити, пренесува Си-Ен-Ен.

Има 70 отсто можност до утре да се формира тропска бура, соопшти Националниот центар за урагани.

The post На Флорида прогласена вонредна состојба поради тропската бура appeared first on Република.

]]>

Вонредна состојба е прогласена во поголемиот дел од Флорида поради најавата на метеоролозите дека тропска бура наскоро би можела да го зафати тоа подрачје. Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис прогласи вонредна состојба на брегот на Мексиканскиот залив од Форт Мајерс до Панама Сити, пренесува Си-Ен-Ен. Има 70 отсто можност до утре да се формира тропска бура, соопшти Националниот центар за урагани.

The post На Флорида прогласена вонредна состојба поради тропската бура appeared first on Република.

]]>
Најмалку 156 лица загинале во бурата Налге на Филипините, погодени од невремето над 4,5 милиони луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-156-lica-zaginale-vo-burata-nalge-na-filipinite-pogodeni-od-nevremeto-nad-4-5-milioni-lugje/ Sun, 06 Nov 2022 09:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=570289

Повеќе од 4.620.000 луѓе, на еден или друг начин, се погодени од налетот на тропската бура „Налге“ низ Филипините, јави ТАСС, повикувајќи се на објавениот извештај на филипинските власти.

Во извештајот се наведува дека во невремето загинале 156 лица, а 141 се повредени. Вкупно 37 се водат за исчезнати.

Над еден милион луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови и моментално се наоѓаат во 954 центри за евакуација.

Невремето оштетило 31.500 станбени згради, а целосно уништи 3.100.

Штетата на 722 инфраструктурни објекти е проценета на 73.880.000 американски долари.

Оштетени се 508 патишта и 120 мостови. Проблеми со електричната мрежа има во 359 градови.

Бурата „Налге“ минатата недела погоди делови од Филипините, а најголем дел од штетите и жртвите се забележани во автономната област „Бангаморо“.

The post Најмалку 156 лица загинале во бурата Налге на Филипините, погодени од невремето над 4,5 милиони луѓе appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 4.620.000 луѓе, на еден или друг начин, се погодени од налетот на тропската бура „Налге“ низ Филипините, јави ТАСС, повикувајќи се на објавениот извештај на филипинските власти. Во извештајот се наведува дека во невремето загинале 156 лица, а 141 се повредени. Вкупно 37 се водат за исчезнати. Над еден милион луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови и моментално се наоѓаат во 954 центри за евакуација. Невремето оштетило 31.500 станбени згради, а целосно уништи 3.100. Штетата на 722 инфраструктурни објекти е проценета на 73.880.000 американски долари. Оштетени се 508 патишта и 120 мостови. Проблеми со електричната мрежа има во 359 градови. Бурата „Налге“ минатата недела погоди делови од Филипините, а најголем дел од штетите и жртвите се забележани во автономната област „Бангаморо“.

The post Најмалку 156 лица загинале во бурата Налге на Филипините, погодени од невремето над 4,5 милиони луѓе appeared first on Република.

]]>