тројца уапсени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trojca-uapseni/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Apr 2022 21:11:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тројца уапсени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trojca-uapseni/ 32 32 Три лица се уапсени за смртта на хрватскиот ракометар https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/tri-lica-se-uapseni-za-smrtta-na-hrvatskiot-rakometar/ Fri, 08 Apr 2022 21:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=485612

Вечерва се уапсени три лица поврзани со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, неофицијално дознава „Нетпрес“ од полициски извори. Меѓу уапсените се две девојки.

Поради многу неразјаснетите околности за смртта на Тот, во медиумите се ширеа различни верзии, но никоја не беше официјално потврдена. МВР излезе со многу штури информации, меѓу кои што беше потенцирано дека на теллото на младиот ракометар немало траги на насилство. Тоа го потврдија и од Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување КАРИЛ.

Сепак, вечерва во медиумите излезе информација дека попладнево полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“, каде што точно се гледало што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар.

На снимките се гледало како дечко и девојка излегуваат од дискотеката „Привилиџ“ и влегуваат во такси возило, а по нив тргнал и Тот и им се обратил, но на снимките не може да се чуе што им кажал. Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото. Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.

 

The post Три лица се уапсени за смртта на хрватскиот ракометар appeared first on Република.

]]>

Вечерва се уапсени три лица поврзани со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, неофицијално дознава „Нетпрес“ од полициски извори. Меѓу уапсените се две девојки. Поради многу неразјаснетите околности за смртта на Тот, во медиумите се ширеа различни верзии, но никоја не беше официјално потврдена. МВР излезе со многу штури информации, меѓу кои што беше потенцирано дека на теллото на младиот ракометар немало траги на насилство. Тоа го потврдија и од Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување КАРИЛ. Сепак, вечерва во медиумите излезе информација дека попладнево полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“, каде што точно се гледало што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар. На снимките се гледало како дечко и девојка излегуваат од дискотеката „Привилиџ“ и влегуваат во такси возило, а по нив тргнал и Тот и им се обратил, но на снимките не може да се чуе што им кажал. Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото. Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.  

The post Три лица се уапсени за смртта на хрватскиот ракометар appeared first on Република.

]]>