трница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trnica/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Aug 2022 11:07:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trnica/ 32 32 Стоилковски: Зајкова е должна да каже дали е легализиран објект изграден вон законскиот рок? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-zajkova-e-dolzna-da-kaze-dali-e-legaliziran-objekt-izgraden-von-zakonskiot-rok/ Mon, 29 Aug 2022 11:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=545233

Моника Зајкова, пратеник во Собранието што слепо ги поддржува сите штетни и антимакедонски политики, два дена не дава одговор на многу едноставно прашање – кога и е изградена семејната вила од речиси 120 м2 на државно земјиште на Маврово, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Вилата во Трница, во популарно нареченото „Зајково маало“ е легализирана во 2018-та година. Услов за легализација според Законот, е објектот да е изграден пред 3-ти март 2011-та година. ОВА Е решението за легализација. Поднесено на 26-ти март 2018 година. Со барањето таткото на Зајкова поднел геодетски елаборат изработен во март 2018 година, копија од лична карта и изјава дадена на нотар исто во март 2018 година. Според Законот се дава ваква изјава, со која што се потврдува односно се дава точна и прецизна информација кога е изградена дивоградбата што се бара да се легализира односно дека таа е изградена пред 3-ти март 2011-та година. Оттука, по поднесувањето на барањето во одделението за урбанизам, комунални дејности, ЛЕР и заштита на животна средина на општина Маврово и Ростуше во мај 2018 година прави записник од лице место, па дава урбанистичка согласност на 19-ти јуни и експресно, на 25-ти мај 2018 година објектот е легализиран. Потписникот е пуленот на СДСМ, градоначалникот Медат Куртовски! Пратеничката Зајкова мора да објасни зошто некој којшто имал вила изградена пред 2011-та година и сакал да ја легализира согласно Законот донесен 2011-та година би чекал цели седум години за да поднесе барање за легализација? Зајкова мора да објасни зошто е сета документација за легализација на вилата вадена во 2018-та година, од март за до јуни за експресна легализација? Прашање до државните органи е што виделе тимот на Куртовски при наведениот увид на лице место, каде што наместо шума има цело ново „Зајково маало“? Зад мене се сателитски фотографии токму од „Зајково маало“ во Трница, Маврово, првата фотографија е од јуни 2014-та година, кога јасно се гледа дека станува збор за шума! Ниту постоела куќа, ниту имало некаков објект! Шума! Следната фотографија под неа е од јуни 2017-та година, каде што фотографијата покажува не само куќа, вилата на Зајкови, туку цело т.н. „Зајково маало“! Моника Зајкова во својот анкетен лист покажува семеен имот, имот на семејна заедница во којашто живее, имот којшто е легализиран иако е изграден во период од 2015-та до 2017 година, односно цели пет години по периодот што го опфаќа законот за легализација. Како е возможно да е легализиран објект изграден цели 5 години по носење на Законот, којшто јасно дава јасни временски рамки? Моника Зајкова како пратеник е должна јавно јасно да каже кога е изградена семејната вила, дали е легализиран објект изграден вон законскиот рок и најважно, дали на ова се должи слепата послушност на Зајкова при гласање на штетните антимакедонски политики во Парламентот? праша Стоилковски.

Ова мора да има крај! Неказнивоста и криминалот на власта ја доведоа Македонија на просјачки стап. Ова мора да има крај! Додаде тој.

https://youtu.be/qsvPkyEXfuo

The post Стоилковски: Зајкова е должна да каже дали е легализиран објект изграден вон законскиот рок? appeared first on Република.

]]>

Ова мора да има крај! Неказнивоста и криминалот на власта ја доведоа Македонија на просјачки стап. Ова мора да има крај! Додаде тој. https://youtu.be/qsvPkyEXfuo

The post Стоилковски: Зајкова е должна да каже дали е легализиран објект изграден вон законскиот рок? appeared first on Република.

]]>
Зајкова: Лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-lazni-se-obvinuvanjata-na-vmro-dpmne/ Sat, 27 Aug 2022 19:33:08 +0000 https://republika.mk/?p=544797

За жал ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на политички артикулирана агенда и програма, која би била во интерес на граѓаните и на напредокот на нашата држава, продолжува со обидите преку политички дискредитации да добие некој политички поен, вели пратеничката од СДСМ Моника Зајкова.

Денешните напади од страна на Стоилковски против мене лично за имот кој не е моја сопственост и за кој немам никаков придонес, а притоа јасно се гледа дека е стекнат во периодот кога не сум била на избрана политичка функција, зборува само за очајноста на ДПМНЕ.

Преку лажни обвинувања кон мене, партијата чие седиште е во дивоградба и е се уште симбол за криминал односно ги штити криминогените структури кои ја вратија нашата држава со децении наназад, се обидува да ги оцрни сите прогресивни структури, кои прават се за оваа држава конечно да тргне напред и на нашата младина и на нашите граѓани да им понуди поубава и поперспективна иднина.

Почнаа со мизогени кампањи против нас жените, преку нивните ботови не напаѓаа и навредуваа на сексистичка основа, за сега да продолжат со изјави со цел заштита на сопствените редови.

Сакам да му порачам на колегата од ВМРО-ДПМНЕ, само продолжете со ваквите прес-конференции, тоа нема да не обесхрабри, напротив ќе не мотивира уште повеќе да работиме за европската перспектива на нашата држава.

Продолжете да тонете во вашата безидејност и понекогаш ѕирнете што се имате во вашите политички редови. Ве охрабрувам сите во вашите анкетни листови да ги пријавите имотите на вашите родители, но и имотот кој го стекнавте на грбот на граѓаните, а го запишувате под туѓи имиња, напиша Зајкова на Фејсбук.

На прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, повикувајќи се на новинарско истражување, рече дека објектот кој што стои на имотниот лист на Моника Зајкова бил изграден по донесувањето на законот за легализација и со тоа е без основа за легализација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-imotot-na-pratenichkata-zajkova-e-legaliziran-so-lazna-izjava/

The post Зајкова: Лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

За жал ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на политички артикулирана агенда и програма, која би била во интерес на граѓаните и на напредокот на нашата држава, продолжува со обидите преку политички дискредитации да добие некој политички поен, вели пратеничката од СДСМ Моника Зајкова.
Денешните напади од страна на Стоилковски против мене лично за имот кој не е моја сопственост и за кој немам никаков придонес, а притоа јасно се гледа дека е стекнат во периодот кога не сум била на избрана политичка функција, зборува само за очајноста на ДПМНЕ. Преку лажни обвинувања кон мене, партијата чие седиште е во дивоградба и е се уште симбол за криминал односно ги штити криминогените структури кои ја вратија нашата држава со децении наназад, се обидува да ги оцрни сите прогресивни структури, кои прават се за оваа држава конечно да тргне напред и на нашата младина и на нашите граѓани да им понуди поубава и поперспективна иднина. Почнаа со мизогени кампањи против нас жените, преку нивните ботови не напаѓаа и навредуваа на сексистичка основа, за сега да продолжат со изјави со цел заштита на сопствените редови. Сакам да му порачам на колегата од ВМРО-ДПМНЕ, само продолжете со ваквите прес-конференции, тоа нема да не обесхрабри, напротив ќе не мотивира уште повеќе да работиме за европската перспектива на нашата држава. Продолжете да тонете во вашата безидејност и понекогаш ѕирнете што се имате во вашите политички редови. Ве охрабрувам сите во вашите анкетни листови да ги пријавите имотите на вашите родители, но и имотот кој го стекнавте на грбот на граѓаните, а го запишувате под туѓи имиња, напиша Зајкова на Фејсбук.
На прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, повикувајќи се на новинарско истражување, рече дека објектот кој што стои на имотниот лист на Моника Зајкова бил изграден по донесувањето на законот за легализација и со тоа е без основа за легализација. https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-imotot-na-pratenichkata-zajkova-e-legaliziran-so-lazna-izjava/

The post Зајкова: Лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>