тркалезна маса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trkalezna-masa/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 11:55:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тркалезна маса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trkalezna-masa/ 32 32 Крсте Петков Мисирков ни остави национална програма како се сака и се почитува татковината, мајчиниот јазик, каков однос треба да имаме кон сето она што не прави нас Македонци, различни од другите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/krste-petkov-misirkov-ni-ostavi-natsionalna-programa-kako-se-saka-i-se-pochituva-tatkovinata-majchiniot-jazik-kakov-odnos-treba-da-imame-kon-seto-ona-shto-ne-pravi-nas-makedontsi-razlichni-od-drugite/ Mon, 18 Nov 2024 11:55:10 +0000 https://republika.mk/?p=839139

Мисирков не е само македонски лингвист, тој е и европски лингвист и е нашиот цивилизациски влог во развојот на филолошката, на лингвистичката мисла од тој период. Тој ни оставил национална програма како се сака и се почитува татковината и мајчиниот јазик. Афирмацијата на неговото дело и академски профил е потребна и денес особено кога од некои соседи, за жал, се уште се оспорува посебноста на македонскиот идентитет и јазик.

Ова беше истакнато по повод денешното одбележување на 150 години од раѓањето на Крсте Мисирков со Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков“ што се одржа на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во заедничка организација со Институт за национална историја, Институт за фолклор „Марко Цепенков“ и Институт за македонска литература.

Професор др. Лилјана Гушевска од Институтот за национална историјa ќе нагласи дека за Мисирков е секогаш важно да се зборува, и никогаш не е доволно она што е кажано.

Досега се напишани илјадници страници, и од домашни и од странски истражувачи, и не само што ние Македонците со голем пиетет се однесуваме кон неговото дело, туку импозантно е кога ги читаме странските лингвисти, историчари, проучувачи на делото на Мисирков со каква почит зборуваат за него. Навистина Мисирков оставил едно огромно наследство. Тоа наследство не може да се брои со страниците што ги испишал, затоа што секој збор е извонредно значаен, затоа што Мисирков, едноставно, ни оставил една национална програма, и во книгата „За македонските работи“, но и со севкупното негово дело. Ни оставил национална програма како се сака и се почитува татковината, како се сака и се почитува мајчиниот јазик, каков однос треба да имаме кон сето она што не прави нас Македонци, различни од другите. Тој секогаш бил со почит кон другите, секогаш бил да ги почитува културата историјата, идентитетот на другите народи, на другите луѓе. Но затоа и барал и нам Македонците да ни се признае правото како оделен народ со свој јазик и свој идентитет, и целиот свој живот тој доследно го работел тоа како македонски интелектуалец, посочува професорката Гушевска.

Прашана во однос на местото на Мисирков во славистичката наука денес, проф. Гушевска ќе каже дека има многу убави статитии и прилози напишани за Мисирков од странските лингвисти каде тој се цени дури и како предвесник на некои научни дисциплини што тогаш не постоеле.

-Уште во 70-те години хрватскиот лингвист академик Далибор Брозович има кажано дека Мисирков и неговото дело не можат секогаш да се мерат со параметрите и терминологијата на времето во кое дејствувал. Тој вели, е предвесник на некои научни дисциплини како што е социолингвистиката, што се јавиле 50-тина, 60-тина години по излегувањето на книгата „За македонските работи“. Така што Мисирков не е само македонски лингвист, тој е и европски лингвист. Тој е нашиот цивилизациски влог во развојот на филолошката, на лингвистичката мисла од тој период, вели проф. Гушевска.

Нејзината колешка професор др. Билјана Ристовска-Јосифовска од Институтот за национална историја истакна дека идеја да се организира оваа тркалезна маса не е само поради фактот што одбележуваме 150 годишнина од раѓањето на овој голем македонски деец, Крсте Мисирков, туку и затоа што е ова време можеби погодно да се истакне неговата улога, не само она што го направил, туку и да се афирмира академскиот профил на Крсте Мисирков.

Понекогаш се запоставува тој аспект и особено е жално што своевремено кога тој живеел во својата современост, не бил доволно афирмиран од низа околности во коишто живеел и коишто ја засегнувала, пред се Македонија. Тоа е време на крајот на 19 век и почетокот на 20 век, време кога славистичката наука и не само славистичката наука, туку и политиката, имено, се занимава со Македонија и Македонците обидувајќи се да ја проучи Македонија, но притоа многупати негирајќи го македонскиот идентитет. Во такви услови се раѓа делото на Крсте Мисирков и токму како и многумина и неговото дело не е доволно и во неговата современост афирмирано. Да се надеваме дека на овој начин уште еднаш ќе поттикне натамошни истражувања на Мисирков, зашто тие заслужуваат и неговите истражувања, но и нашите на Мисирков, вели Ристовска-Јосифовска.

Таа потенцира дека во неговите истражувања може да се најдат одговори на сите прашања коишто биле горливи и тогаш, а за жал се горливи и денеска.

Сметаме дека и натаму треба да продолжиме со неговите истражувања бидејќи во неговите истражувања може да се најдат одговори на сите прашања коишто биле горливи и тогаш, а за жал се горливи и денеска. Па, имаме проблеми со докажување на нашето право на името, јазикот, идентитетот, фолклорот, традицијата, „позајмувањата“ од страна на соседите на делови од нашата историја итн. За жал, истите проблеми се провлекуваат ако ги читате неговите трудови со денешните состојби. Да се надеваме дека ќе се промени тоа, вели проф. Ристовска - Јосифовска.

Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова - Грујовска вели, важно е, прво да си го честитаме денешниот ден на кој што одбележуваме 150 години од раѓањето на нашиот великан Крсте Мисирков, не случајно најголемиот Македонец на 20 век, затоа што всушност тој ги поставува основите на кодифицираниот, на стандардниот македонски јазик. Прашањата што се поставувале тогаш, вели таа, еден дел се одговорени, меѓутоа еден дел, дел од нашите соседи, се уште сакаат да ги негираат.

Постоењето на македонската држава е факт, македонскиот јазик како литературен јазик е факт, прифатен во светот, и прзинат во највисоките лингвистички кругови и во највисоките славистички кругови. И од тие причини денеска ние всушност само треба да се потсетиме на тоа што ни го остави Крсте Мисирков како аманет, и само треба да ја продолжиме неговата борба. Ако тој во време на непризнавање на македонскиот народ, на непостоење македонска држава, целиот свој работен и животен век го посвети на македонското прашање и на признавањето и созадавањето на македонскиот јзаик, ние сме должни, тоа е наш патриотски чин да го истражуваме македонскиот јазик, да го проучуваме, и секако да се потсетуваме на делото на Крсте Мисирков, вели Јованова - Грујовска.

По повод 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков, Македонски пошти издадоа поштенска марка со номинална вредност од 36 денари и тираж од 6000 примероци. Дизајнер на марката е Лоран Куфало.

The post Крсте Петков Мисирков ни остави национална програма како се сака и се почитува татковината, мајчиниот јазик, каков однос треба да имаме кон сето она што не прави нас Македонци, различни од другите appeared first on Република.

]]>

Мисирков не е само македонски лингвист, тој е и европски лингвист и е нашиот цивилизациски влог во развојот на филолошката, на лингвистичката мисла од тој период. Тој ни оставил национална програма како се сака и се почитува татковината и мајчиниот јазик. Афирмацијата на неговото дело и академски профил е потребна и денес особено кога од некои соседи, за жал, се уште се оспорува посебноста на македонскиот идентитет и јазик. Ова беше истакнато по повод денешното одбележување на 150 години од раѓањето на Крсте Мисирков со Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков“ што се одржа на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во заедничка организација со Институт за национална историја, Институт за фолклор „Марко Цепенков“ и Институт за македонска литература. Професор др. Лилјана Гушевска од Институтот за национална историјa ќе нагласи дека за Мисирков е секогаш важно да се зборува, и никогаш не е доволно она што е кажано.
Досега се напишани илјадници страници, и од домашни и од странски истражувачи, и не само што ние Македонците со голем пиетет се однесуваме кон неговото дело, туку импозантно е кога ги читаме странските лингвисти, историчари, проучувачи на делото на Мисирков со каква почит зборуваат за него. Навистина Мисирков оставил едно огромно наследство. Тоа наследство не може да се брои со страниците што ги испишал, затоа што секој збор е извонредно значаен, затоа што Мисирков, едноставно, ни оставил една национална програма, и во книгата „За македонските работи“, но и со севкупното негово дело. Ни оставил национална програма како се сака и се почитува татковината, како се сака и се почитува мајчиниот јазик, каков однос треба да имаме кон сето она што не прави нас Македонци, различни од другите. Тој секогаш бил со почит кон другите, секогаш бил да ги почитува културата историјата, идентитетот на другите народи, на другите луѓе. Но затоа и барал и нам Македонците да ни се признае правото како оделен народ со свој јазик и свој идентитет, и целиот свој живот тој доследно го работел тоа како македонски интелектуалец, посочува професорката Гушевска.
Прашана во однос на местото на Мисирков во славистичката наука денес, проф. Гушевска ќе каже дека има многу убави статитии и прилози напишани за Мисирков од странските лингвисти каде тој се цени дури и како предвесник на некои научни дисциплини што тогаш не постоеле.
-Уште во 70-те години хрватскиот лингвист академик Далибор Брозович има кажано дека Мисирков и неговото дело не можат секогаш да се мерат со параметрите и терминологијата на времето во кое дејствувал. Тој вели, е предвесник на некои научни дисциплини како што е социолингвистиката, што се јавиле 50-тина, 60-тина години по излегувањето на книгата „За македонските работи“. Така што Мисирков не е само македонски лингвист, тој е и европски лингвист. Тој е нашиот цивилизациски влог во развојот на филолошката, на лингвистичката мисла од тој период, вели проф. Гушевска.
Нејзината колешка професор др. Билјана Ристовска-Јосифовска од Институтот за национална историја истакна дека идеја да се организира оваа тркалезна маса не е само поради фактот што одбележуваме 150 годишнина од раѓањето на овој голем македонски деец, Крсте Мисирков, туку и затоа што е ова време можеби погодно да се истакне неговата улога, не само она што го направил, туку и да се афирмира академскиот профил на Крсте Мисирков.
Понекогаш се запоставува тој аспект и особено е жално што своевремено кога тој живеел во својата современост, не бил доволно афирмиран од низа околности во коишто живеел и коишто ја засегнувала, пред се Македонија. Тоа е време на крајот на 19 век и почетокот на 20 век, време кога славистичката наука и не само славистичката наука, туку и политиката, имено, се занимава со Македонија и Македонците обидувајќи се да ја проучи Македонија, но притоа многупати негирајќи го македонскиот идентитет. Во такви услови се раѓа делото на Крсте Мисирков и токму како и многумина и неговото дело не е доволно и во неговата современост афирмирано. Да се надеваме дека на овој начин уште еднаш ќе поттикне натамошни истражувања на Мисирков, зашто тие заслужуваат и неговите истражувања, но и нашите на Мисирков, вели Ристовска-Јосифовска.
Таа потенцира дека во неговите истражувања може да се најдат одговори на сите прашања коишто биле горливи и тогаш, а за жал се горливи и денеска.
Сметаме дека и натаму треба да продолжиме со неговите истражувања бидејќи во неговите истражувања може да се најдат одговори на сите прашања коишто биле горливи и тогаш, а за жал се горливи и денеска. Па, имаме проблеми со докажување на нашето право на името, јазикот, идентитетот, фолклорот, традицијата, „позајмувањата“ од страна на соседите на делови од нашата историја итн. За жал, истите проблеми се провлекуваат ако ги читате неговите трудови со денешните состојби. Да се надеваме дека ќе се промени тоа, вели проф. Ристовска - Јосифовска.
Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова - Грујовска вели, важно е, прво да си го честитаме денешниот ден на кој што одбележуваме 150 години од раѓањето на нашиот великан Крсте Мисирков, не случајно најголемиот Македонец на 20 век, затоа што всушност тој ги поставува основите на кодифицираниот, на стандардниот македонски јазик. Прашањата што се поставувале тогаш, вели таа, еден дел се одговорени, меѓутоа еден дел, дел од нашите соседи, се уште сакаат да ги негираат.
Постоењето на македонската држава е факт, македонскиот јазик како литературен јазик е факт, прифатен во светот, и прзинат во највисоките лингвистички кругови и во највисоките славистички кругови. И од тие причини денеска ние всушност само треба да се потсетиме на тоа што ни го остави Крсте Мисирков како аманет, и само треба да ја продолжиме неговата борба. Ако тој во време на непризнавање на македонскиот народ, на непостоење македонска држава, целиот свој работен и животен век го посвети на македонското прашање и на признавањето и созадавањето на македонскиот јзаик, ние сме должни, тоа е наш патриотски чин да го истражуваме македонскиот јазик, да го проучуваме, и секако да се потсетуваме на делото на Крсте Мисирков, вели Јованова - Грујовска.
По повод 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков, Македонски пошти издадоа поштенска марка со номинална вредност од 36 денари и тираж од 6000 примероци. Дизајнер на марката е Лоран Куфало.  

The post Крсте Петков Мисирков ни остави национална програма како се сака и се почитува татковината, мајчиниот јазик, каков однос треба да имаме кон сето она што не прави нас Македонци, различни од другите appeared first on Република.

]]>
Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/uchilishtata-treba-da-prerasnat-vo-sredini-koi-pottiknuvaat-pozitiven-pristap-kon-mentalnoto-zdravje/ Fri, 04 Oct 2024 11:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=822641

Постои добра основа за создавање системска поддршка за младите, која ќе ги поттикне да се грижат за себе и своето ментално здравје.

Потребен е систематизиран и координиран пристап за справување со менталните здравствени проблеми, преку вмрежување на знаењата и ресурсите.

Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје. Важна е континуираната обука на наставниот кадар и воведувањето на нови методологии за работа со младите.

Ова се главните заклучоци кои беа донесени на тркалезната маса која вчера се одржа во Скопје на тема „Ментално здравје и благосостојба кај средношколците“. Настанот беше дел од пошироката кампања, „Твоја приказна, наша поддршка“ организиран со цел да ги обедини релевантните чинители и носителите на одлуки за заедничка дискусија и креирање системски решенија за подобрување на менталната здравствена поддршка во училиштата.

На настанот учество зедоа повеќе релевантни чинители меѓу кои: Министерката за образование Весна Јаневска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, претставници од ХЕРА, претседателот на Сојузот на средношколци Берин Мухамед, Александра Филипова – програмски менаџер во Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), како и претставници од Фондацијата за демократија на Вестминстер, Бирото за развој на образованието и Колективот на стручни соработници предводени од психологот Ана Попризова.

Во своето обраќање, министерката за образование Весна Јаневска истакна дека државата веќе обезбедува поддршка за менталното здравје на учениците преку Програма за психосоцијална поддршка во основните и средните училишта.

Постојат стручни тимови на психолози и педагози во училиштата кои заедно со наставниците посетуваат обуки од оваа област. Исто така, училиштата имаат годишни програми кои предвидуваат активности посветени на менталното здравје на учениците,“рече Јаневска.

Таа додаде дека Министерството моментално води јавна дебата за нови законски решенија, меѓу кои и законите за основно и средно образование.

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, ја потенцира важноста на интегрираниот пристап кон менталното здравје кај младите.

Потребно е институциите заеднички да делуваат со цел да создадеме здрава и поддржувачка средина за младите. Мораме да ги зајакнеме ресурсите и да воведеме иновации кои ќе овозможат училишните психолози, како и останатите стручни лица, да работат ефикасно со учениците, изјави Велковски.

Филип Ивковски, програмски координатор во „Младите можат“, додаде:

Целта на тркалезната маса беше да ги обединиме сите чинители кои работат на полето на ментално здравје и благосостојба на младите за да поттикнеме вмрежување и создавање системски решенија. Важно е што институциите веќе покажуваат свесност за темата и веруваме дека заедно ќе успееме да изградиме училишта кои активно ќе се грижат за менталното здравје на младите.

На настанот беше нагласено дека е потребно преминување од дискусија кон акција, со цел младите да добијат конкретни ресурси за поддршка на нивното ментално здравје.

Настанот беше организиран со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер, ХЕРА и Фондот за население на ООН.

The post Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје appeared first on Република.

]]>

Постои добра основа за создавање системска поддршка за младите, која ќе ги поттикне да се грижат за себе и своето ментално здравје. Потребен е систематизиран и координиран пристап за справување со менталните здравствени проблеми, преку вмрежување на знаењата и ресурсите. Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје. Важна е континуираната обука на наставниот кадар и воведувањето на нови методологии за работа со младите. Ова се главните заклучоци кои беа донесени на тркалезната маса која вчера се одржа во Скопје на тема „Ментално здравје и благосостојба кај средношколците“. Настанот беше дел од пошироката кампања, „Твоја приказна, наша поддршка“ организиран со цел да ги обедини релевантните чинители и носителите на одлуки за заедничка дискусија и креирање системски решенија за подобрување на менталната здравствена поддршка во училиштата. На настанот учество зедоа повеќе релевантни чинители меѓу кои: Министерката за образование Весна Јаневска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, претставници од ХЕРА, претседателот на Сојузот на средношколци Берин Мухамед, Александра Филипова – програмски менаџер во Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), како и претставници од Фондацијата за демократија на Вестминстер, Бирото за развој на образованието и Колективот на стручни соработници предводени од психологот Ана Попризова. Во своето обраќање, министерката за образование Весна Јаневска истакна дека државата веќе обезбедува поддршка за менталното здравје на учениците преку Програма за психосоцијална поддршка во основните и средните училишта.
Постојат стручни тимови на психолози и педагози во училиштата кои заедно со наставниците посетуваат обуки од оваа област. Исто така, училиштата имаат годишни програми кои предвидуваат активности посветени на менталното здравје на учениците,“рече Јаневска.
Таа додаде дека Министерството моментално води јавна дебата за нови законски решенија, меѓу кои и законите за основно и средно образование. Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, ја потенцира важноста на интегрираниот пристап кон менталното здравје кај младите.
Потребно е институциите заеднички да делуваат со цел да создадеме здрава и поддржувачка средина за младите. Мораме да ги зајакнеме ресурсите и да воведеме иновации кои ќе овозможат училишните психолози, како и останатите стручни лица, да работат ефикасно со учениците, изјави Велковски.
Филип Ивковски, програмски координатор во „Младите можат“, додаде:
Целта на тркалезната маса беше да ги обединиме сите чинители кои работат на полето на ментално здравје и благосостојба на младите за да поттикнеме вмрежување и создавање системски решенија. Важно е што институциите веќе покажуваат свесност за темата и веруваме дека заедно ќе успееме да изградиме училишта кои активно ќе се грижат за менталното здравје на младите.
На настанот беше нагласено дека е потребно преминување од дискусија кон акција, со цел младите да добијат конкретни ресурси за поддршка на нивното ментално здравје. Настанот беше организиран со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер, ХЕРА и Фондот за население на ООН.

The post Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје appeared first on Република.

]]>
Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/trkalezna-masa-na-pro-za-balkan-zhanrot-na-21-vek-e-distopija-duri-i-kako-fantazija/ Tue, 17 Sep 2024 09:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=817003

Тркалезна маса на „ПРО-ЗА Балкан“: Како писатели можеме да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија

Како дистопијата ја победи утопијата во современиот свет? Каква е улогата на литературата денес како вечна форма на отпор чија смисла е да ги менува нештата? И колку вербата дека можете да ги менувате нештата ќе ве доведат до крајната цел? Ова се дел од размислите на писателите што синоќа учествуваа на тркалезната маса „Литературата како форма на отпор“ што се одржа во рамките на 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во просториите на Јуроп хаус во Скопје. На дискусијата учествуваа лауреатот на фестивалот, српскиот писател Владимир Пиштало, хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија, Мајк Дауни од Велика Британија и нашиот новинар и во последните години писател, Ѕвездан Георгиевски. Поради болест Рене Карабаш и Виолета Танчева-Златева не учествуваа на тркалезната маса, но присутни беа гостите од 11. Скопје фелоушип програма.

Увод во дебатата даде Дејан Трајкоски, идеен творец и директор на фестивалот кој цитираше дел од говорот на писателот Миљенко Јерговиќ пред две и пол недели на фестивал во Словенија:

'Судејќи по тоа што сме живи, ние сме потомци на убијци, а не на нивните жртви. Ви благодарам што ме доведовте на ова место и нема да ме убиете како јас што ве убивав вас.' Овие зборови за смрт, убиство и простување не се искажани од автор од третиот свет, туку од автор што живее во земја-членка на ЕУ и добива награда во друга земја-членка на ЕУ. Во овие две реченици од генијалниот говор е скриена најголемата тајна кажана низ поетска, метафорична форма. Ако се разложат, тие се тотално антиничеански, зашто Ниче се борел за отфрлање на афектот на вината, а тука имаме тотална спротивност кога авторот ја признал вината што можеби не ја ни сторил? Зошто?! Дали е тоа негова Гандиевско-теолошка порака дека во ова време сите треба да истапиме на радикален начин како форма на отпор кон сè што се случуваше во минатото и на овие простори, а се случуваат и денес – рече Трајкоски.

На неговите зборови се надоврза модераторот Владимир Јанковски, и самиот наградуван писател кој ја конципираше темата на тркалезната маса. Предност му даде на лауреатот Пиштало, цитирајќи го: „Книгите се место на смислата и вистината. Смислата грее, вистината оживува...“ На прашањето дали чинот на пишување во суштина е радикален и револуционерен чин на несогласување со светот, Пиштало е дециден дека на почетокот клучна е таа улога на незадоволство.

Кога си млад, сите те нервираат. Како во песната I Don’t Like Mondays (Не ми се допаѓаат понеделниците н.з.). Тоа незадоволство и нелагодност ми се многу познати. Во комунизмот секогаш зборуваа за еден термин – анархосиндикализам. Не ги разбирав, што зборувате луѓе? Ајде да веруваме во тоа што зборуваме и да почнеме да ги разбираме нештата. Поезијата е доказ колку зборовите можат да бидат вистинити. Јазикот може да биде стварен. Најважна работа е да се користат вистински зборови кои го оживуваат нештото – вели Пиштало.

Јанковски направи споредба помеѓу жанровите утопија и дистопија, првиот да создава алтернативен свет, вториот како модел преку кој авторите често се обидуваат да разобличат тоталистаристички општества. Дежуловиќ се надоврза велејќи дека утопија беше романтичниот жанр на минатиот век.

[caption id="attachment_817014" align="alignnone" width="750"] Борис Дежуловиќ: Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија / Фото: ПРО-За Балкан[/caption]

Комунизмот е прекрасна утопија. Невозможно е човечкото суштество да знае да дели. Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија. Пред многу години кога замислувавме како ќе биде после 2000-та, го замислувавме токму вака, како денес, свет со милион камери што постојано ве снимаат. Нè уверија дека ја сакаме оваа дистопија. Кина создаде таков свет за милиони луѓе. Трамп самиот по себе е дистопија. Да го замислевме интернетот пред 150 години ќе се ужасневме од самата помисла, денес го прифаќаме како нормален. Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија – рече Дежуловиќ, цитирајќи го Алдус Хаксли: „Не се плашам од општество во кое се книгите забранети, туку од општество каде никој не сака да чита.“

На него се надоврза Шапоња кој верува дека постои и друга алтернатива. Писателите пишуваат од отпор кон светот. Живеат во свет на стереотипи, но тие не припаѓаат на нивната душа.

За писателот е важно во просторот на јазикот да може да говори за својата душа. Тоа е мој став и веројатно поради тоа успевам да го игнорирам овој свет. Тоа не е единствен свет. Јас избирам да живеам во поинаков свет. Се разбира тоа има цена – цената на секојдневието која мораш да ја платиш. Но, имаме љубов, тоа се 10 отсто од нас кои живееме во овој свет. Нашиот проблем е што сме ограничени на 5 сетила и не ја перципираме стварноста. Борис зборува за дистопијата и тоа е систем, банален, тоа е баналноста која боли. Писателот е тука да се извлече од неа ако може. Оттаму ќе излеземе во реалност и ќе бидеме казнети. Но, што да правиме?! Ние живееме за тој миг – вели Шапоња.

Отпорот е клучeн за работата на Мајк Дауни и на полето на филмот и во литературата. Двете уметности се многу различни, зашто филмот е индустрија, фабрика, „стрејт“ работа во која се прават пари. Со литературата е понаку, а тоа особено се чувствува преку публиката. Но, и филмот и литературата имаат моќ да запалат искра, да покренат движење.

И правење графити е форма на отпор. Секогаш е отпор и секогаш иницира промена, без оглед дали се работи за поединец или за група – вели Дауни.

[caption id="attachment_817013" align="alignnone" width="750"] Мајда Корен од Словенија и Мајк Дауни од Велика Британија /фото: ПРО-За Балкан[/caption]

Како пример тој го посочи филмот што го продуцирал „Зелената граница“ на полската режисерка Агњешка Холанд кој влијаеше на политичките случувања во Полска.

Еден месец пред изборите во Полска, луѓе одеа да гледаат радикален филм кој направи мал, но важен импакт во исходот на изборите. Има смисла во овој ангажман, солидарност е во прашање и личниот придонес во политичките промени. Глобалниот капитализам создаде неодржлив систем, нездрав за луѓето. Мора да веруваме дека сме носители на промената. Не ми е грижа дали е така, сакам да верувам во тоа – вели Дауни.

Мајда Корен пишува за деца и за адолесценти. Таа смета дека многу е важно младите да читаат. Книгите за деца не се само неколку реченици и слики. Важно е што има помеѓу линиите.

Децата треба да размислуваат што читаат, не само да читаат – вели таа.

Ѕвездан Георгиевски, писател, колумнист и политички коментатор почнал да пишува пред неколку години. На прашањето каде го лоцира расчекорот помеѓу колумнистичката и прозната поетика, тој вели:

Новинарство е занает кој се однесува на сега и овде и треба да го менува светот. Литературата треба да биде нешто што ќе трае подолго – вели тој.

Низ дебатата Дауни потенцира дека стравува за иднината на отпорот како форма. Средната класа во општествата веќе не постои, а младите со потенцијал имаат родители кои не можат да ги финансираат. Пиштало раскажа интересна анегдота со познатиот поет Чарлс Симиќ, негов близок пријател, добитник на Пулицеровата награда, на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и на многу други. Симиќ, универзитетски прфесор во САД со години најавувал дека ќе замине во пензија.

[caption id="attachment_817016" align="alignnone" width="750"] Владимир Пиштало, годинашен добитник на наградата „Прозарт“ / Фото: ПРО-За Балкан[/caption]

Замина кога му се падна група постдипломци студенти каде никој не знаел кој е Џек Николсон – рече Пиштало.

Навраќајќи се на дистопијата што ја живееме Дежуловиќ се осврна на изборната трка во САД кога кандидади беа Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

Постои ли погенијален пример за дистопија – петмина „клинци“, некаде во Македонија, во подрум во Велес, масовно продуцураат лажни вести за американски сајтови и дистописката победа на некој идиот со портокалова коса во Америка!

Сличен пример со ширењето лажни вести за време на пандемијата раскажа и Шапоња. Дауни се надоврза дека за време на пандемијата многумина режисери почнале да пишуваат: Квентин Тарантино, браќата Коен, Оливер Стоун.

Сега писателите ќе почнат да снимаат филмови – заврши Дежуловиќ.

На програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало, а ќе бидат претставени и писателите Ненад Шапоња, Мајда Корен, Мајк Дауни и Виолета Танчева-Златкова.

[caption id="attachment_817012" align="alignnone" width="750"] На програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало / фото: ПРО-За Балкан[/caption]

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.

The post Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија appeared first on Република.

]]>

Тркалезна маса на „ПРО-ЗА Балкан“: Како писатели можеме да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија Како дистопијата ја победи утопијата во современиот свет? Каква е улогата на литературата денес како вечна форма на отпор чија смисла е да ги менува нештата? И колку вербата дека можете да ги менувате нештата ќе ве доведат до крајната цел? Ова се дел од размислите на писателите што синоќа учествуваа на тркалезната маса „Литературата како форма на отпор“ што се одржа во рамките на 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во просториите на Јуроп хаус во Скопје. На дискусијата учествуваа лауреатот на фестивалот, српскиот писател Владимир Пиштало, хрватскиот новинар и писател Борис Дежуловиќ, Ненад Шапоња од Србија, Мајда Корен од Словенија, Мајк Дауни од Велика Британија и нашиот новинар и во последните години писател, Ѕвездан Георгиевски. Поради болест Рене Карабаш и Виолета Танчева-Златева не учествуваа на тркалезната маса, но присутни беа гостите од 11. Скопје фелоушип програма. Увод во дебатата даде Дејан Трајкоски, идеен творец и директор на фестивалот кој цитираше дел од говорот на писателот Миљенко Јерговиќ пред две и пол недели на фестивал во Словенија:
'Судејќи по тоа што сме живи, ние сме потомци на убијци, а не на нивните жртви. Ви благодарам што ме доведовте на ова место и нема да ме убиете како јас што ве убивав вас.' Овие зборови за смрт, убиство и простување не се искажани од автор од третиот свет, туку од автор што живее во земја-членка на ЕУ и добива награда во друга земја-членка на ЕУ. Во овие две реченици од генијалниот говор е скриена најголемата тајна кажана низ поетска, метафорична форма. Ако се разложат, тие се тотално антиничеански, зашто Ниче се борел за отфрлање на афектот на вината, а тука имаме тотална спротивност кога авторот ја признал вината што можеби не ја ни сторил? Зошто?! Дали е тоа негова Гандиевско-теолошка порака дека во ова време сите треба да истапиме на радикален начин како форма на отпор кон сè што се случуваше во минатото и на овие простори, а се случуваат и денес – рече Трајкоски.
На неговите зборови се надоврза модераторот Владимир Јанковски, и самиот наградуван писател кој ја конципираше темата на тркалезната маса. Предност му даде на лауреатот Пиштало, цитирајќи го: „Книгите се место на смислата и вистината. Смислата грее, вистината оживува...“ На прашањето дали чинот на пишување во суштина е радикален и револуционерен чин на несогласување со светот, Пиштало е дециден дека на почетокот клучна е таа улога на незадоволство.
Кога си млад, сите те нервираат. Како во песната I Don’t Like Mondays (Не ми се допаѓаат понеделниците н.з.). Тоа незадоволство и нелагодност ми се многу познати. Во комунизмот секогаш зборуваа за еден термин – анархосиндикализам. Не ги разбирав, што зборувате луѓе? Ајде да веруваме во тоа што зборуваме и да почнеме да ги разбираме нештата. Поезијата е доказ колку зборовите можат да бидат вистинити. Јазикот може да биде стварен. Најважна работа е да се користат вистински зборови кои го оживуваат нештото – вели Пиштало.
Јанковски направи споредба помеѓу жанровите утопија и дистопија, првиот да создава алтернативен свет, вториот како модел преку кој авторите често се обидуваат да разобличат тоталистаристички општества. Дежуловиќ се надоврза велејќи дека утопија беше романтичниот жанр на минатиот век. [caption id="attachment_817014" align="alignnone" width="750"] Борис Дежуловиќ: Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија / Фото: ПРО-За Балкан[/caption]
Комунизмот е прекрасна утопија. Невозможно е човечкото суштество да знае да дели. Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија. Пред многу години кога замислувавме како ќе биде после 2000-та, го замислувавме токму вака, како денес, свет со милион камери што постојано ве снимаат. Нè уверија дека ја сакаме оваа дистопија. Кина создаде таков свет за милиони луѓе. Трамп самиот по себе е дистопија. Да го замислевме интернетот пред 150 години ќе се ужасневме од самата помисла, денес го прифаќаме како нормален. Тоа што можеме да го правиме како писатели е да ги освестуваме луѓето дека живееме во дистопија – рече Дежуловиќ, цитирајќи го Алдус Хаксли: „Не се плашам од општество во кое се книгите забранети, туку од општество каде никој не сака да чита.“
На него се надоврза Шапоња кој верува дека постои и друга алтернатива. Писателите пишуваат од отпор кон светот. Живеат во свет на стереотипи, но тие не припаѓаат на нивната душа.
За писателот е важно во просторот на јазикот да може да говори за својата душа. Тоа е мој став и веројатно поради тоа успевам да го игнорирам овој свет. Тоа не е единствен свет. Јас избирам да живеам во поинаков свет. Се разбира тоа има цена – цената на секојдневието која мораш да ја платиш. Но, имаме љубов, тоа се 10 отсто од нас кои живееме во овој свет. Нашиот проблем е што сме ограничени на 5 сетила и не ја перципираме стварноста. Борис зборува за дистопијата и тоа е систем, банален, тоа е баналноста која боли. Писателот е тука да се извлече од неа ако може. Оттаму ќе излеземе во реалност и ќе бидеме казнети. Но, што да правиме?! Ние живееме за тој миг – вели Шапоња.
Отпорот е клучeн за работата на Мајк Дауни и на полето на филмот и во литературата. Двете уметности се многу различни, зашто филмот е индустрија, фабрика, „стрејт“ работа во која се прават пари. Со литературата е понаку, а тоа особено се чувствува преку публиката. Но, и филмот и литературата имаат моќ да запалат искра, да покренат движење.
И правење графити е форма на отпор. Секогаш е отпор и секогаш иницира промена, без оглед дали се работи за поединец или за група – вели Дауни.
[caption id="attachment_817013" align="alignnone" width="750"] Мајда Корен од Словенија и Мајк Дауни од Велика Британија /фото: ПРО-За Балкан[/caption] Како пример тој го посочи филмот што го продуцирал „Зелената граница“ на полската режисерка Агњешка Холанд кој влијаеше на политичките случувања во Полска.
Еден месец пред изборите во Полска, луѓе одеа да гледаат радикален филм кој направи мал, но важен импакт во исходот на изборите. Има смисла во овој ангажман, солидарност е во прашање и личниот придонес во политичките промени. Глобалниот капитализам создаде неодржлив систем, нездрав за луѓето. Мора да веруваме дека сме носители на промената. Не ми е грижа дали е така, сакам да верувам во тоа – вели Дауни.
Мајда Корен пишува за деца и за адолесценти. Таа смета дека многу е важно младите да читаат. Книгите за деца не се само неколку реченици и слики. Важно е што има помеѓу линиите.
Децата треба да размислуваат што читаат, не само да читаат – вели таа.
Ѕвездан Георгиевски, писател, колумнист и политички коментатор почнал да пишува пред неколку години. На прашањето каде го лоцира расчекорот помеѓу колумнистичката и прозната поетика, тој вели:
Новинарство е занает кој се однесува на сега и овде и треба да го менува светот. Литературата треба да биде нешто што ќе трае подолго – вели тој.
Низ дебатата Дауни потенцира дека стравува за иднината на отпорот како форма. Средната класа во општествата веќе не постои, а младите со потенцијал имаат родители кои не можат да ги финансираат. Пиштало раскажа интересна анегдота со познатиот поет Чарлс Симиќ, негов близок пријател, добитник на Пулицеровата награда, на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и на многу други. Симиќ, универзитетски прфесор во САД со години најавувал дека ќе замине во пензија. [caption id="attachment_817016" align="alignnone" width="750"] Владимир Пиштало, годинашен добитник на наградата „Прозарт“ / Фото: ПРО-За Балкан[/caption]
Замина кога му се падна група постдипломци студенти каде никој не знаел кој е Џек Николсон – рече Пиштало.
Навраќајќи се на дистопијата што ја живееме Дежуловиќ се осврна на изборната трка во САД кога кандидади беа Хилари Клинтон и Доналд Трамп. Постои ли погенијален пример за дистопија – петмина „клинци“, некаде во Македонија, во подрум во Велес, масовно продуцураат лажни вести за американски сајтови и дистописката победа на некој идиот со портокалова коса во Америка! Сличен пример со ширењето лажни вести за време на пандемијата раскажа и Шапоња. Дауни се надоврза дека за време на пандемијата многумина режисери почнале да пишуваат: Квентин Тарантино, браќата Коен, Оливер Стоун.
Сега писателите ќе почнат да снимаат филмови – заврши Дежуловиќ.
На програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало, а ќе бидат претставени и писателите Ненад Шапоња, Мајда Корен, Мајк Дауни и Виолета Танчева-Златкова. [caption id="attachment_817012" align="alignnone" width="750"] На програмата на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало / фото: ПРО-За Балкан[/caption] Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“.  

The post Жанрот на 21 век е дистопија, дури и како фантазија appeared first on Република.

]]>
Тркалезна маса со студенти „Иднината на медицината во рацете на младината“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/trkalezna-masa-so-studenti-idninata-na-meditsinata-vo-ratsete-na-mladinata/ Sun, 07 Apr 2024 12:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=763446

Под покровителство на сопругата на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, г-а Елизабета Ѓоргиевска, а по повод Денот на здравјето, денеска се организираше тркалезна маса на која учествуваа д-р Милена Стевановиќ, г-а Елена Ковачевска и група млади студенти од областа на медицината.

Фокусот на дискусијата беше насочен кон иднината на медицината, со особено внимание на менталното здравје на младите, можности за младите доктори во нашата држава, како и предизвиците кои се пред нив.

Г-а Ѓоргиевска го истакна значењето на менталното здравје кај младите, посочувајќи дека темелното разбирање и интеграција на оваа компонента во медицинското образование е клучно за развојот на целосно подготвени здравствени професионалци. Таа ја нагласи важноста од промовирање на свесноста и поддршката за менталното здравје, особено во контекст на стресот и притисокот со кои се соочуваат младите луѓе во нивното образование и различни фази на кариерата.

Околу одлевањето на кадри и креирањето можности, г-а Ѓоргиевска посочи „Како професор и доктор, ја имам привилегијата секој ден да работам со талентирани и посветени студенти. Тоа ми овозможува да бидам дел од нивното образование и развој, што е исклучително инспиративно и исполнувачки. Сепак, се соочувам со сериозен предизвик – голем број од моите најдобри студенти си заминуваат во странство во барање на подобри можности. Ова е проблем со кој мораме активно да се бориме, ангажирајќи се да создадеме подобри услови за нив овде, дома.

Во мојата улога како координатор на Еразмус програмата, веќе неколку години се обидувам да обезбедам можности за нашите млади да искусат и учат од европските метрополи, со цел тие да ги пренесат своите стекнати знаења и вештини назад во нашата земја. Така исто, ги охрабрувам да ги искористат различните можности и стипендии што ги нудат Министерството за образование и наука и различни амбасади. Наша задача е да ги мотивираме да се вратат и да придонесат кон развојот на нашата заедница, осигурувајќи дека иднината на нашата земја е во сигурни раце."

Елена Ковачевска и Милена Стевановиќ придонесоа со свои перспективи за можностите и предизвиците со кои се соочуваат младите доктори во земјата, подвлекувајќи иницијативи и мерки кои треба да се преземат за подобрување на нивните услови и перспективи.

Младите студенти активно учествуваа во дискусијата, споделувајќи свои искуства и мислења за иднината на медицината и своето место во неа. Тие ја истакнаа потребата од поинклузивен пристап кон менталното здравје и подобрена поддршка во нивните образовни и професионални патеки.

Настанот заврши со заклучок дека соработката меѓу образовните институции, здравствените организации и младите професионалци е клучна за создавање на подобра иднина во медицината, каде што менталното здравје и благосостојбата на здравствените работници ќе бидат во преден план.

The post Тркалезна маса со студенти „Иднината на медицината во рацете на младината“ appeared first on Република.