трка халк еко скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trka-halk-eko-skopje/ За подобро да се разбереме Sat, 06 May 2023 08:13:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трка халк еко скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trka-halk-eko-skopje/ 32 32 Дел од автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат со изменет режим https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/del-od-avtobusite-na-jsp-utre-ke-soobrakaat-so-izmenet-rezhim/ Sat, 06 May 2023 08:13:16 +0000 https://republika.mk/?p=637543

Поради одржување на улична трка „Халк Еко Скопје трча 10 км“ утре во периодот од 08 до 11:30 часот повеќе линии од јавниот градски превоз ќе имаат изменет режим на движење.

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека по изменета траса од вообичаената ќе сообраќаат линиите 2, 4, 7, 8, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А, 59 и 60.

Трасата на движење на линиите: 2, 4, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А и 60 во правец кон Ѓорче Петров ќе биде од ТЦ „Сити мол“ лево по улицата „Московска“, па десно по улицата „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи да сообраќа по својата вообичаена траса. Во обратна насока линиите ќе сообраќаат по својата вообичаена траса.

https://republika.mk/vesti/skopje/vo-nedela-po-sedmi-pat-ke-se-odrzhi-halkeko-skopje-trcha-10km/

Линијата 8 од мостот „Гоце Делчев“ по булеварот „ВМРО“ ќе продолжува по булеварот „Партизански одреди“ се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по ул. „Московска“, па десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжи кон своето почетно стојалиште. Во обратна насока се до Соборниот храм ќе сообраќа по бул. „Партизански одреди“, па по бул. „ВМРО“, преку мостот Гоце Делчев и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 кон а Центар, ќе сообраќаат по ул. „Карпошово востание“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15. Линиите 15, 15А и 19 за терминал во Карпош ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.

The post Дел од автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат со изменет режим appeared first on Република.

]]>

Поради одржување на улична трка „Халк Еко Скопје трча 10 км“ утре во периодот од 08 до 11:30 часот повеќе линии од јавниот градски превоз ќе имаат изменет режим на движење. Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека по изменета траса од вообичаената ќе сообраќаат линиите 2, 4, 7, 8, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А, 59 и 60. Трасата на движење на линиите: 2, 4, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А и 60 во правец кон Ѓорче Петров ќе биде од ТЦ „Сити мол“ лево по улицата „Московска“, па десно по улицата „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи да сообраќа по својата вообичаена траса. Во обратна насока линиите ќе сообраќаат по својата вообичаена траса. https://republika.mk/vesti/skopje/vo-nedela-po-sedmi-pat-ke-se-odrzhi-halkeko-skopje-trcha-10km/ Линијата 8 од мостот „Гоце Делчев“ по булеварот „ВМРО“ ќе продолжува по булеварот „Партизански одреди“ се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по ул. „Московска“, па десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжи кон своето почетно стојалиште. Во обратна насока се до Соборниот храм ќе сообраќа по бул. „Партизански одреди“, па по бул. „ВМРО“, преку мостот Гоце Делчев и ќе продолжува по својата вообичаена траса. Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 кон а Центар, ќе сообраќаат по ул. „Карпошово востание“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжува по својата вообичаена траса. Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15. Линиите 15, 15А и 19 за терминал во Карпош ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.

The post Дел од автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат со изменет режим appeared first on Република.

]]>
В недела по седми пат ќе се одржи ХалкЕко Скопје трча 10км! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-nedela-po-sedmi-pat-ke-se-odrzhi-halkeko-skopje-trcha-10km/ Fri, 05 May 2023 08:03:35 +0000 https://republika.mk/?p=637175

Уличната трка, која од локална, прерасна во меѓународна со сертификат од Светска Атлетика и АИМС, ХалкЕко Скопје трча 10км, ќе се одржи на 7ми мај, во недела, со почеток во 09:00 часот. Стартот и целта ќе бидат исти како и минатите години, на булеварот „Илинден“ кај фонтаната „Лотос“.

Организатор на трката  е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Работнички и Триатлон федерација на Македонија,  главен партнер е Халкбанк АД Скопје, додека покровители на трката се Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт.

Натпреварувачите, пред самиот старт на трката ќе бидат сместени во пет стратни бокса, според времето кое тие го одбрале и ќе трчаат еден круг по дел од булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“.

Трката е од натпреварувачки карактер, за првите 5 места во машка и женска конкуренција, ќе има парични награди. Со дипломи и пехари ќе бидат наградени и најбрзите во следните возрасни категории: од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и над 55 години. Церемонијата на доделување на награди ќе започне по завршувањето на трката.

Пријавените тркачи своите  стартни пакети ќе можат да ги подигнат на 5ти и 6ти мај (петок и сабота), од 11 до 19 часот, во СЦ Борис Трајковски, кај влезот спроти лизгалиштето. При подигнување на стартниот број, тркачите треба да прикажат документ за идентификација или потврда на нивната електронска адреса од организаторот за пријава на самата трка.

На самиот ден на трката, недела, низ улиците на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Улици и булевари кои ќе бидат затворени од 08:00 часот до 11:00 часот на 7 мај:

 

Затворени улици

- булевар „Илинден“ ( во двете насоки) од раскрсницата со булевар „Климент Охридски“ до раскрсница со улица „Никола Парапунов“

- улица „Никола Парапунов“ од раскрсница со булевар „Илинден“ до раскрсница со булевар „Партизански одреди“

- булевар „Партизански одреди“ (во правец кон Ѓорче Петров) од раскрсница со улица „Љубљанска“ до раскрсница со Ангел Динев (мост Влајко)

 

Временски затворени улици

- булевар „8 Септември“ од раскрсница со булевар „Партизански одреди“ до улица „Скупи“ (кај Хубо маркет)

- улица „Бледски договор“

Сите улици кои се вкрстуваат со булевар „Илинден“ ќе бидат затворени за влез кон булевар „Илинден“.

Организаторите на трката на сите учесници им посакуваат добри резулатати и да уживаат во ова 7. издание на ХалкЕко Скопје трча 10км. Истовремено ги повикуваат Скопјани да излезат на булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“  да ги поддржат сите натпреварувачи.

 

The post В недела по седми пат ќе се одржи ХалкЕко Скопје трча 10км! appeared first on Република.

]]>

Уличната трка, која од локална, прерасна во меѓународна со сертификат од Светска Атлетика и АИМС, ХалкЕко Скопје трча 10км, ќе се одржи на 7ми мај, во недела, со почеток во 09:00 часот. Стартот и целта ќе бидат исти како и минатите години, на булеварот „Илинден“ кај фонтаната „Лотос“. Организатор на трката  е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Работнички и Триатлон федерација на Македонија,  главен партнер е Халкбанк АД Скопје, додека покровители на трката се Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт. Натпреварувачите, пред самиот старт на трката ќе бидат сместени во пет стратни бокса, според времето кое тие го одбрале и ќе трчаат еден круг по дел од булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“. Трката е од натпреварувачки карактер, за првите 5 места во машка и женска конкуренција, ќе има парични награди. Со дипломи и пехари ќе бидат наградени и најбрзите во следните возрасни категории: од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и над 55 години. Церемонијата на доделување на награди ќе започне по завршувањето на трката. Пријавените тркачи своите  стартни пакети ќе можат да ги подигнат на 5ти и 6ти мај (петок и сабота), од 11 до 19 часот, во СЦ Борис Трајковски, кај влезот спроти лизгалиштето. При подигнување на стартниот број, тркачите треба да прикажат документ за идентификација или потврда на нивната електронска адреса од организаторот за пријава на самата трка. На самиот ден на трката, недела, низ улиците на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Улици и булевари кои ќе бидат затворени од 08:00 часот до 11:00 часот на 7 мај:   Затворени улици - булевар „Илинден“ ( во двете насоки) од раскрсницата со булевар „Климент Охридски“ до раскрсница со улица „Никола Парапунов“ - улица „Никола Парапунов“ од раскрсница со булевар „Илинден“ до раскрсница со булевар „Партизански одреди“ - булевар „Партизански одреди“ (во правец кон Ѓорче Петров) од раскрсница со улица „Љубљанска“ до раскрсница со Ангел Динев (мост Влајко)   Временски затворени улици - булевар „8 Септември“ од раскрсница со булевар „Партизански одреди“ до улица „Скупи“ (кај Хубо маркет) - улица „Бледски договор“ Сите улици кои се вкрстуваат со булевар „Илинден“ ќе бидат затворени за влез кон булевар „Илинден“. Организаторите на трката на сите учесници им посакуваат добри резулатати и да уживаат во ова 7. издание на ХалкЕко Скопје трча 10км. Истовремено ги повикуваат Скопјани да излезат на булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“  да ги поддржат сите натпреварувачи.  

The post В недела по седми пат ќе се одржи ХалкЕко Скопје трча 10км! appeared first on Република.

]]>