„Триоги Рејсинг“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/triogi-rejsing/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Apr 2022 08:14:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Триоги Рејсинг“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/triogi-rejsing/ 32 32 По пауза од две години триатлонот се враќа во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/po-pauza-od-dve-godini-triatlonot-se-vrakja-vo-skopje/ Tue, 19 Apr 2022 08:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=490349

Во организација на триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ на 14 мај во Скопје ќе се одржи второто натпреварување „Стопанска Триоги 2022“.

Првото триатлон натпреварување беше одржано во 2019 години и претставува најмасовен триатлон натпревар во нашата држава со преку 150 учесници. Поради пандемијата со коронавирусот, натпреварувањето не се одржа во 2020 и 2021 година.

На 14 мај со сопствена судиска екипа и техничка поддршка од страна на Триатлон федерацијата на Македонија ќе се одржи второто натпреварување во триатлон.

Се очекува да учествуваат преку 200 натпреварувачи, а досега потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија и од Црна Гора.

Крајниот рок за пријавување на „Стопанска Триоги 2022“ е 7 мај.

Оваа година натпреварувачите ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција и тоа:

-Деца 1, родени 2013 г. и помали
-Деца 2, родени од 2012 г. до 2010 г.
-Кадети, родени од 2009 г. до 2007 г.
-Јуниори, родени од 2006 г. до 2003 г.
-Елитна група, родени пред 2002 г.(кои ќе се борат за титулата Државен првак на Македонија)
-Мастерс група или ентузијасти родени после 2002 г.

Триатлон натпреварот ќе се одржи на следните локации: во делот од пливањето на базенот СРЦ „Борис Трајковски“, во делот на велосипедизмот – долж булеварот Илинден од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон „Скопје Сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“.

The post По пауза од две години триатлонот се враќа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во организација на триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ на 14 мај во Скопје ќе се одржи второто натпреварување „Стопанска Триоги 2022“. Првото триатлон натпреварување беше одржано во 2019 години и претставува најмасовен триатлон натпревар во нашата држава со преку 150 учесници. Поради пандемијата со коронавирусот, натпреварувањето не се одржа во 2020 и 2021 година. На 14 мај со сопствена судиска екипа и техничка поддршка од страна на Триатлон федерацијата на Македонија ќе се одржи второто натпреварување во триатлон. Се очекува да учествуваат преку 200 натпреварувачи, а досега потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија и од Црна Гора. Крајниот рок за пријавување на „Стопанска Триоги 2022“ е 7 мај. Оваа година натпреварувачите ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција и тоа: -Деца 1, родени 2013 г. и помали -Деца 2, родени од 2012 г. до 2010 г. -Кадети, родени од 2009 г. до 2007 г. -Јуниори, родени од 2006 г. до 2003 г. -Елитна група, родени пред 2002 г.(кои ќе се борат за титулата Државен првак на Македонија) -Мастерс група или ентузијасти родени после 2002 г. Триатлон натпреварот ќе се одржи на следните локации: во делот од пливањето на базенот СРЦ „Борис Трајковски“, во делот на велосипедизмот – долж булеварот Илинден од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон „Скопје Сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“.

The post По пауза од две години триатлонот се враќа во Скопје appeared first on Република.

]]>