Тримери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trimeri/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 14:25:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тримери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trimeri/ 32 32 Игор Џамбазов ќе биде водител на Главната карневалска вечер во Струмица https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/igor-dhambazov-ke-bide-voditel-na-glavnata-karnevalska-vecher-vo-strumitsa/ Mon, 11 Mar 2024 14:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=753694

Со предавањето на клучот на градот од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на карневалистите, задутре почнуваат годинашните карневалски празнувања кои ќе траат до 20 овој месец.

На денешната прес-конференција беше соопштена програмата на годинашното карневалско издание, а главната карневалска вечер со интернационалното дефиле ќе се одржи на 16 март, в сабота.

Во интернационалното карневалско дефиле ќе учествуваат 49 карневалски групи, од кои 20 се гости од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грција и Бугарија, а ќе учествуваат и групи од македонските градови Куманово, Пробиштип и Кавадарци. Имајќи во предвид дека во рамките на карневалските свечености ќе биде одбележан и јубилејот-30 години од приемот на Струмица во Федерацијата на европските карневалски градови-FECC, годинава на Струмичкиот карневал ќе има голем број гости од FECC од повеќе европски земји, рече претседателот на Организационот одбор на Струмикиот карнавел, Александар Цицимов.

Градоначалникот Костадинов го изрази задоволството од успешното негување на вековната карневалска традиција и притоа истакна дека Струмичкиот карневал е еден од најзначајните културни настани во државата.

Во деновите кога со градот ќе управуваат карневалистиет се надевам дека успешно ќе го менаџираат и ќе имаме што повеќе насмеани лица, повеќе песни, да имаме многу забава и се надевам дека ќе имаме многу гости, рече Костадинов.

На прес конференцијата беше и познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов, кој ќе биде водител на Главната карневалска вечер и Маскенбалот, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот.

The post Игор Џамбазов ќе биде водител на Главната карневалска вечер во Струмица appeared first on Република.

]]>

Со предавањето на клучот на градот од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на карневалистите, задутре почнуваат годинашните карневалски празнувања кои ќе траат до 20 овој месец. На денешната прес-конференција беше соопштена програмата на годинашното карневалско издание, а главната карневалска вечер со интернационалното дефиле ќе се одржи на 16 март, в сабота.