тријажен ургентен центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trijazhen-urgenten-tsentar/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Mar 2023 16:04:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тријажен ургентен центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/trijazhen-urgenten-tsentar/ 32 32 Тријажен ургентен центар во близина на Интерните клиники, најави новиот министер за здравство Фатмир Меџити https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/trijazhen-urgenten-tsentar-vo-blizina-na-internite-kliniki-najavi-noviot-minister-za-zdravstvo-fatmir-medhiti/ Wed, 08 Mar 2023 16:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=617407

Тријажен ургентен интерклинички центар кој би бил во близина на Интерните клиники на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ најави новиот министер за здравство Фатмир Меџити на првиот брифинг со новинарите.

Недозволиво е пациентите да се шетаат од една на друга Клиника, во колички, по дожд, снег. Ќе се формира патека на движење на пациентите. Со овој тријажен центар ќе се реши деценскиот проблем за пациенти кои доаѓаат на итна интервенција, вели Меџити, додавајќи дека веќе се размислува и за воведување на втора смена кај медицинскиот персонал.

Меџити најави дека средувањето на сообраќајниот хаос на Клиниките ќе биде еден од приоритетите на неговиот тим, а најави и дека по 10 години, ќе се промени позитивната листа на лекови.

„Мој термин“ е одличен, но може да се направи и ажурирање на системот во корист на пациентите, вели Меџити.

Клиниките за неврологија, дерматовенерологија, ендокринологија и очни болести ќе добијат нови директори, кажа новиот министер за здравство, а нови организациски директори ќе добијат клиниките за онколошки болести и гинекологија и акушерство.

Смената на директорите е дел од договорот на власта со Алијансата за Албанците за влез во владината коалиција.

Меѓу приоритетите е да се најде заедничко решение за зголемување на платите на здравствените работници.

The post Тријажен ургентен центар во близина на Интерните клиники, најави новиот министер за здравство Фатмир Меџити appeared first on Република.

]]>

Тријажен ургентен интерклинички центар кој би бил во близина на Интерните клиники на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ најави новиот министер за здравство Фатмир Меџити на првиот брифинг со новинарите.
Недозволиво е пациентите да се шетаат од една на друга Клиника, во колички, по дожд, снег. Ќе се формира патека на движење на пациентите. Со овој тријажен центар ќе се реши деценскиот проблем за пациенти кои доаѓаат на итна интервенција, вели Меџити, додавајќи дека веќе се размислува и за воведување на втора смена кај медицинскиот персонал.
Меџити најави дека средувањето на сообраќајниот хаос на Клиниките ќе биде еден од приоритетите на неговиот тим, а најави и дека по 10 години, ќе се промени позитивната листа на лекови.
„Мој термин“ е одличен, но може да се направи и ажурирање на системот во корист на пациентите, вели Меџити.
Клиниките за неврологија, дерматовенерологија, ендокринологија и очни болести ќе добијат нови директори, кажа новиот министер за здравство, а нови организациски директори ќе добијат клиниките за онколошки болести и гинекологија и акушерство. Смената на директорите е дел од договорот на власта со Алијансата за Албанците за влез во владината коалиција. Меѓу приоритетите е да се најде заедничко решение за зголемување на платите на здравствените работници.

The post Тријажен ургентен центар во близина на Интерните клиники, најави новиот министер за здравство Фатмир Меџити appeared first on Република.

]]>