Триглав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/triglav/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Apr 2024 12:23:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Триглав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/triglav/ 32 32 Двајца планинари загинаа на Триглав https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dvajtsa-planinari-zaginaa-na-triglav/ Wed, 03 Apr 2024 12:23:44 +0000 https://republika.mk/?p=761688

Словенечката полиција соопшти дека на подрачјето на планината Триглав на Јулиските Алпи пронашла тела на двајца мажи кои се државјани на Србија. Нивните тела се пронајдени при претрес на теренот со полициски хеликоптери, по исчезнувањето на планинарите во саботата, пишува словенечки Дело.

Како што јави словенечката агенција СТА, станува збор за 33-годишен и 42-годишен маж кои во саботата наутро тргнале на планинарење, но паднале на надморска височина од 1.600 метри и починале на лице место.

Според словенечко „Делo“, во спасувачката акција учествувала и Планинарската спасувачка служба на Словенија.

Потрагата по двајцата планинари започна во саботата, но траеше многу време бидејќи екипите мораа да пребаруваат голема површина, бидејќи не знаеја каде отишле планинарите.

Словенечката полиција наведува дека ја продолжува истрагата како дошло до несреќата.

 

The post Двајца планинари загинаа на Триглав appeared first on Република.

]]>

Словенечката полиција соопшти дека на подрачјето на планината Триглав на Јулиските Алпи пронашла тела на двајца мажи кои се државјани на Србија. Нивните тела се пронајдени при претрес на теренот со полициски хеликоптери, по исчезнувањето на планинарите во саботата, пишува словенечки Дело. Како што јави словенечката агенција СТА, станува збор за 33-годишен и 42-годишен маж кои во саботата наутро тргнале на планинарење, но паднале на надморска височина од 1.600 метри и починале на лице место. Според словенечко „Делo“, во спасувачката акција учествувала и Планинарската спасувачка служба на Словенија. Потрагата по двајцата планинари започна во саботата, но траеше многу време бидејќи екипите мораа да пребаруваат голема површина, бидејќи не знаеја каде отишле планинарите. Словенечката полиција наведува дека ја продолжува истрагата како дошло до несреќата.  

The post Двајца планинари загинаа на Триглав appeared first on Република.

]]>
Удар на гром на Триглав повредил 18 планинари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/udar-na-grom-na-triglav-povredil-18-planinari/ Sat, 16 Jul 2022 06:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=529636

Од удар на гром на Мал Триглав во Словенија биле повредени 18 планинари, од кои двајца потешко, информираат од полициската управа во Крањ.

Како што пренесува „Глас Истре“, во 20 часот и 30 минути полициски хеликоптер и спасувачи префрлиле двајца тешко повредени планинари од Кредарица до КБЦ Љубљана. Според првичните информации, нивните животи не се во опасност.

Останатите планинари се полесно повредени и тие остануваат во Кредарица под лекарски надзор.

Според извештаите, гром удрил неколку пати во областа каде што биле планинарите. Инцидентот се случил кога група од 18 планинари се враќале од Триглав кон Мал Триглав и Кредарица.

Екипата пристигнала во областа Триглав со полициски хеликоптер при нормално време. Во меѓувреме ситуацијата многу се влошила, па хеликоптерот морал да слета пониско. Спасувачкиот тим потоа почнал со класично спасување.

The post Удар на гром на Триглав повредил 18 планинари appeared first on Република.

]]>

Од удар на гром на Мал Триглав во Словенија биле повредени 18 планинари, од кои двајца потешко, информираат од полициската управа во Крањ. Како што пренесува „Глас Истре“, во 20 часот и 30 минути полициски хеликоптер и спасувачи префрлиле двајца тешко повредени планинари од Кредарица до КБЦ Љубљана. Според првичните информации, нивните животи не се во опасност. Останатите планинари се полесно повредени и тие остануваат во Кредарица под лекарски надзор. Според извештаите, гром удрил неколку пати во областа каде што биле планинарите. Инцидентот се случил кога група од 18 планинари се враќале од Триглав кон Мал Триглав и Кредарица. Екипата пристигнала во областа Триглав со полициски хеликоптер при нормално време. Во меѓувреме ситуацијата многу се влошила, па хеликоптерот морал да слета пониско. Спасувачкиот тим потоа почнал со класично спасување.

The post Удар на гром на Триглав повредил 18 планинари appeared first on Република.

]]>