Триглав осигурување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/triglav-osiguruvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jul 2023 15:38:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Триглав осигурување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/triglav-osiguruvanje/ 32 32 Ѓорѓе Војновиќ со уште еден мандат во одборот на директори на Триглав осигурување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gorge-vojnovik-so-ushte-eden-mandat-vo-odborot-na-direktori-na-triglav-osiguruvane/ Fri, 14 Jul 2023 16:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=661447

Ѓорѓе Војновиќ е реизбран за член на Одборот на директори на Триглав осигурување АДСкопје. Новиот четиригодишен мандат почнува на 29 септември годинава.

Оваа одлука е донесена на 61 седница на Собранието на акционери на Триглав осигурување АД, одржана денес, а е објавена преку Македонската берза.

Останатите членови на Одборот на директори продолжуваат со работата со постојниот мандат, наведено е во одлуката.

Војновиќ како главен извршен директор подолго време успешно менаџира со Триглав осигурување Скопје. Оваа осигурителна компанија е лидер во исплатата на штети на пазарот на неживотното осигурување во Македонија, што укажува и на нејзината финансиска стабилност.

The post Ѓорѓе Војновиќ со уште еден мандат во одборот на директори на Триглав осигурување appeared first on Република.

]]>

Ѓорѓе Војновиќ е реизбран за член на Одборот на директори на Триглав осигурување АДСкопје. Новиот четиригодишен мандат почнува на 29 септември годинава. Оваа одлука е донесена на 61 седница на Собранието на акционери на Триглав осигурување АД, одржана денес, а е објавена преку Македонската берза. Останатите членови на Одборот на директори продолжуваат со работата со постојниот мандат, наведено е во одлуката. Војновиќ како главен извршен директор подолго време успешно менаџира со Триглав осигурување Скопје. Оваа осигурителна компанија е лидер во исплатата на штети на пазарот на неживотното осигурување во Македонија, што укажува и на нејзината финансиска стабилност.

The post Ѓорѓе Војновиќ со уште еден мандат во одборот на директори на Триглав осигурување appeared first on Република.

]]>
Нова поволност за клиентите на Триглав каско осигурување – бесплатно електрично заменско возило https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nova-povolnost-za-klientite-na-triglav-kasko-osiguruvanje-besplatno-elektrichno-zamensko-vozilo/ Thu, 05 May 2022 11:48:02 +0000 https://republika.mk/?p=498016

Триглав Осигурување, во соработка со Avant Car, воведе нова поволност за клиентите на каско осигурување – бесплатно користење на електрично заменско возило во период од 48 часа, додека нивното возило е на сервис.

Триглав Осигурување започна соработка со Avant Car Macedonia, меѓународно етаблиран бренд за мобилност по светски стандарди, со цел да обезбеди уште една корисна придобивка за своите клиенти, бесплатно користење на електрично заменско возило, што ќе придонесе да функционираат непречено и во вонредни услови, кога своето возило треба да го остават на сервис.

Детали за промоцијата. Поволноста можат да ја користат сите клиенти, кои ќе склучат, или ќе го обноват своето Триглав каско осигурување во промотивниот период од 05/05/2022 – 30/09/2022 година. Заменското електрично возило клиентите ќе можат да го користат по пријава на штета по каско осигурување,бесплатно во времетраење од 48 часа, а возилото ќе им биде доставено од страна на Avant Car во сервис на територија на град Скопје, со кој што Триглав има договор за соработка и каде што ќе биде задржано нивното возило на поправка. Клиентот, пред да го остави возилото на сервис, единствено треба да го контактира Центарот за грижа за клиенти на Триглав на бројот 0800 02222, кој што потоа ја презема организацијата на достава на заменското електрично возило за клиентот.

Доколку навистина сакаме да обезбедиме исклучително корисничко искуство, што е наша стратешка амбиција, мораме да пружиме врвна услуга, квалитетен производ и унифицирано искуство на нашите клиенти со компанијата. Сакаме да бидеме нивен партнер, кој им помага тогаш кога им е тоа потребно, финансиски, но и со услуги, кои ќе им понудат решение и олеснување во дадениот момент, и ќе им помогнат да ги пребродат сите предизвици. Токму таква услуга е бесплатното користење на електрично заменско возило, кое што го обезбедуваме за нашите каско клиенти, со цел да им помогнеме животот да продолжи да им се одвива непречено, без оглед на околностите. Одбравме тоа да го правиме совесно, користејќи единствено електрични возила, бидејќи одржливоста во работењето и високата еколошка свест и одговорност кон средината во која што работиме и живееме се уште една стратешка амбиција, која што ни е исклучително важна. Целта ни беше да понудиме квалитетна поддршка за нашите клиенти, имајќи ја притоа предвид заштитата на нашата средина и убеден сум дека успеавме во тоа, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Oсигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.


Повеќе детали за промоцијата можат да се најдат на овој линк.

The post Нова поволност за клиентите на Триглав каско осигурување – бесплатно електрично заменско возило appeared first on Република.

]]>

Триглав Осигурување, во соработка со Avant Car, воведе нова поволност за клиентите на каско осигурување – бесплатно користење на електрично заменско возило во период од 48 часа, додека нивното возило е на сервис. Триглав Осигурување започна соработка со Avant Car Macedonia, меѓународно етаблиран бренд за мобилност по светски стандарди, со цел да обезбеди уште една корисна придобивка за своите клиенти, бесплатно користење на електрично заменско возило, што ќе придонесе да функционираат непречено и во вонредни услови, кога своето возило треба да го остават на сервис. Детали за промоцијата. Поволноста можат да ја користат сите клиенти, кои ќе склучат, или ќе го обноват своето Триглав каско осигурување во промотивниот период од 05/05/2022 – 30/09/2022 година. Заменското електрично возило клиентите ќе можат да го користат по пријава на штета по каско осигурување,бесплатно во времетраење од 48 часа, а возилото ќе им биде доставено од страна на Avant Car во сервис на територија на град Скопје, со кој што Триглав има договор за соработка и каде што ќе биде задржано нивното возило на поправка. Клиентот, пред да го остави возилото на сервис, единствено треба да го контактира Центарот за грижа за клиенти на Триглав на бројот 0800 02222, кој што потоа ја презема организацијата на достава на заменското електрично возило за клиентот. Доколку навистина сакаме да обезбедиме исклучително корисничко искуство, што е наша стратешка амбиција, мораме да пружиме врвна услуга, квалитетен производ и унифицирано искуство на нашите клиенти со компанијата. Сакаме да бидеме нивен партнер, кој им помага тогаш кога им е тоа потребно, финансиски, но и со услуги, кои ќе им понудат решение и олеснување во дадениот момент, и ќе им помогнат да ги пребродат сите предизвици. Токму таква услуга е бесплатното користење на електрично заменско возило, кое што го обезбедуваме за нашите каско клиенти, со цел да им помогнеме животот да продолжи да им се одвива непречено, без оглед на околностите. Одбравме тоа да го правиме совесно, користејќи единствено електрични возила, бидејќи одржливоста во работењето и високата еколошка свест и одговорност кон средината во која што работиме и живееме се уште една стратешка амбиција, која што ни е исклучително важна. Целта ни беше да понудиме квалитетна поддршка за нашите клиенти, имајќи ја притоа предвид заштитата на нашата средина и убеден сум дека успеавме во тоа, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Oсигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.
Повеќе детали за промоцијата можат да се најдат на овој линк.

The post Нова поволност за клиентите на Триглав каско осигурување – бесплатно електрично заменско возило appeared first on Република.

]]>