тридневна жалост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tridnevna-zalost/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 15:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тридневна жалост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tridnevna-zalost/ 32 32 Шпанската влада прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskata-vlada-proglasi-tridnevna-natsionalna-zhalost-za-zhrtvite-od-poplavite/ Wed, 30 Oct 2024 15:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=832497

Шпанската влада денеска прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите во јужните и источните делови на земјата, кои веќе достигнаа 64 лица, пренесоа француските медиуми.

Тридневната жалост ќе започне утре, 31 октомври и ќе трае до сабота, 2 ноември, изјави за новинарите министерот за територијална политика Анхел Виктор Торес, додавајќи дека премиерот Педро Санчез утре ќе ги посети погодените области.

The post Шпанската влада прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите appeared first on Република.

]]>

Тридневна жалост во Бразил по паѓањето на патнички авион https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tridnevna-zhalost-vo-brazil-po-paganeto-na-patnichki-avion/ Sat, 10 Aug 2024 08:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=805104

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа 61 лице.

Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионската несреќа“, се вели во соопштението на Лула да Силва објавено на мрежата Х.

Патнички авион со 61 патник и членови на екипажот се урна вчера во местото Вињедо, во близина на Сао Паоло, и нема преживеани. Според информациите на превозникот „Voepass Linhas Aéreas“ се работи за турбо-лесен авион АТР-72 што се урнал меѓу Каскавел и Гуаруљос.

The post Тридневна жалост во Бразил по паѓањето на патнички авион appeared first on Република.

Тридневна жалост во Мароко, над две илјади луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tridnevna-zhalost-vo-maroko-nad-dve-iljadi-luge-zaginaa-vo-katastrofalniot-zemjotres/ Sun, 10 Sep 2023 06:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=680435

Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.012 лица, јави рано утринава мароканската државна телевизија, повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи. Бројот на повредени се искачи на 2.059, вклучувајќи 1.404 лица кои се во критична состојба, се додава во соопштението.

Билансот се очекува да се зголеми со оглед на тоа дека спасувачките тимови вчера имаа тешкотии да се пробијат по патиштата врз кои имал одрони и паднати дрвја, а со цел да стигнат во тешко достапните планински региони, кои беа најмногу погодени од земјотресот.

Портпаролот на Детскиот фонд при ОН (УНИЦЕФ) Џо Инглиш изјави за Си-Ен-Ен дека се уште постои надеж дека ќе се најдат преживеани.

„Првите 72 часа во однос на потрагата и спасувањето се апсолутно критични... Тие го нарекуваат „златен период“ затоа што ако сакате да одите под урнатините, ова е моментот кога тоа треба да се направи и понекогаш гледаме чуда, рече тој.

Освен во Маракеш, земјотресот бил почувствуван и во главниот град Рабат, Казабланка, Агаир и Есауира, предизвикувајќи паника кај населението. Голем дел од луѓето од погодените области ноќта ја минаа на отворено, стравувајќи од нов земјотрес.

Кралот на Мароко, Мохамед Шести, по земјотресот што ја погоди земјата, прогласи тридневна национална жалост за време на која знамињата на јавните згради ќе бидат спуштени на половина копје.

Покрај тоа, кралот ја задолжи владата да формира министерски комитет за програма за обнова на домовите уништени од земјотресот.

Во меѓувреме, владите во светот изразија солидарност и понудија помош. Турција, каде во февруари во силните земјотреси загинаа повеќе од 50.000 луѓе, соопшти дека е подготвена да даде поддршка. Алжир, кој ги прекина врските со соседен Мароко во 2021 година, бидејќи тензиите меѓу нив ескалираа поради конфликтот во Западна Сахара, информираше дека ќе го отвори својот воздушен простор за хуманитарни и медицински летови.

Маракеш треба да биде домаќин на годишните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка на почетокот на октомври. Портпаролот на ММФ го коментираше закажаниот настан со зборовите „Сега нашиот единствен фокус е на народот на Мароко и властите кои се справуваат со оваа трагедија“.

Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во Мароко во петокот, нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.

The post Тридневна жалост во Мароко, над две илјади луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.012 лица, јави рано утринава мароканската државна телевизија, повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи. Бројот на повредени се искачи на 2.059, вклучувајќи 1.404 лица кои се во критична состојба, се додава во соопштението. Билансот се очекува да се зголеми со оглед на тоа дека спасувачките тимови вчера имаа тешкотии да се пробијат по патиштата врз кои имал одрони и паднати дрвја, а со цел да стигнат во тешко достапните планински региони, кои беа најмногу погодени од земјотресот. Портпаролот на Детскиот фонд при ОН (УНИЦЕФ) Џо Инглиш изјави за Си-Ен-Ен дека се уште постои надеж дека ќе се најдат преживеани. „Првите 72 часа во однос на потрагата и спасувањето се апсолутно критични... Тие го нарекуваат „златен период“ затоа што ако сакате да одите под урнатините, ова е моментот кога тоа треба да се направи и понекогаш гледаме чуда, рече тој. Освен во Маракеш, земјотресот бил почувствуван и во главниот град Рабат, Казабланка, Агаир и Есауира, предизвикувајќи паника кај населението. Голем дел од луѓето од погодените области ноќта ја минаа на отворено, стравувајќи од нов земјотрес. Кралот на Мароко, Мохамед Шести, по земјотресот што ја погоди земјата, прогласи тридневна национална жалост за време на која знамињата на јавните згради ќе бидат спуштени на половина копје. Покрај тоа, кралот ја задолжи владата да формира министерски комитет за програма за обнова на домовите уништени од земјотресот. Во меѓувреме, владите во светот изразија солидарност и понудија помош. Турција, каде во февруари во силните земјотреси загинаа повеќе од 50.000 луѓе, соопшти дека е подготвена да даде поддршка. Алжир, кој ги прекина врските со соседен Мароко во 2021 година, бидејќи тензиите меѓу нив ескалираа поради конфликтот во Западна Сахара, информираше дека ќе го отвори својот воздушен простор за хуманитарни и медицински летови. Маракеш треба да биде домаќин на годишните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка на почетокот на октомври. Портпаролот на ММФ го коментираше закажаниот настан со зборовите „Сега нашиот единствен фокус е на народот на Мароко и властите кои се справуваат со оваа трагедија“. Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во Мароко во петокот, нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.

The post Тридневна жалост во Мароко, над две илјади луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес appeared first on Република.

]]>
Тридневна жалост во Македонска Каменица поради трагичната смрт на двајца млади каменичани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tridnevna-zhalost-vo-makedonska-kamenitsa-poradi-tragichnata-smrt-na-dvajtsa-mladi-kamenichani/ Mon, 10 Apr 2023 19:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=629596

Советот на општина Македонска Каменица вечерва прогласи тридневна жалост, поради трагичниот настан кој вчера се случи во областа Пиемонт, Италија, каде во сообраќајна несреќа животот го загубија двајца жители од Македонска Каменица.

Одлуката за прогласување на тридневна жалост во Општина Македонска Каменица беше донесена едногласно на вечерашната итна Седница на Советот на Општина Македонска Каменица.

Македонска Каменица е завиена во црно. Македонска Каменица е во жалост. Згаснаа млади животи. Почитувани сограѓани, Советот на Општина Македонска Каменица изразува искрено и длабоко сочувство до фамилиите на трагично загинатите млади момчиња. Денес, Советот на Општина Македонска Каменица на Вонредна седница едногласно донесе одлука да прогласи тридневна жалост во деновите 11, 12 и 13 април 2023 година, вторник, среда и четврток. Момчиња почивајте во мир, нека Ви е светол патот во вечноста. Секогаш ќе се сеќаваме на Вас, се вели во соопштението од каменичкиот Совет по повод прогласувањето на Тридневната жалост.

Оттаму додадоа дека по дополнителни консултации со службите во Општината ќе ја разгледаат можноста за одобрување на финансиски средства за семејствата на загинатите во трагичниот настан.

Во сообраќајната несреќа која синоќа се случи во близина на италијанскиот град Асти, како што претходно потврдија од Министерството за надворешни работи, животот го загубија тројца македонските државјани З.С. - 33 години од Македонска Каменица, А.К. - 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко

The post Тридневна жалост во Македонска Каменица поради трагичната смрт на двајца млади каменичани appeared first on Република.

]]>

Советот на општина Македонска Каменица вечерва прогласи тридневна жалост, поради трагичниот настан кој вчера се случи во областа Пиемонт, Италија, каде во сообраќајна несреќа животот го загубија двајца жители од Македонска Каменица. Одлуката за прогласување на тридневна жалост во Општина Македонска Каменица беше донесена едногласно на вечерашната итна Седница на Советот на Општина Македонска Каменица.
Македонска Каменица е завиена во црно. Македонска Каменица е во жалост. Згаснаа млади животи. Почитувани сограѓани, Советот на Општина Македонска Каменица изразува искрено и длабоко сочувство до фамилиите на трагично загинатите млади момчиња. Денес, Советот на Општина Македонска Каменица на Вонредна седница едногласно донесе одлука да прогласи тридневна жалост во деновите 11, 12 и 13 април 2023 година, вторник, среда и четврток. Момчиња почивајте во мир, нека Ви е светол патот во вечноста. Секогаш ќе се сеќаваме на Вас, се вели во соопштението од каменичкиот Совет по повод прогласувањето на Тридневната жалост.
Оттаму додадоа дека по дополнителни консултации со службите во Општината ќе ја разгледаат можноста за одобрување на финансиски средства за семејствата на загинатите во трагичниот настан. Во сообраќајната несреќа која синоќа се случи во близина на италијанскиот град Асти, како што претходно потврдија од Министерството за надворешни работи, животот го загубија тројца македонските државјани З.С. - 33 години од Македонска Каменица, А.К. - 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко

The post Тридневна жалост во Македонска Каменица поради трагичната смрт на двајца млади каменичани appeared first on Република.

]]>
Тридневна жалост во Грција по железничката несреќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tridnevna-zhalost-vo-grtsija-po-zheleznichkata-nesreka-2/ Wed, 01 Mar 2023 09:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=614550

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа кај Лариса во која најмалку 32 лица го загубија животот.

Знамињата на сите јавни објекти ќе бидат на половина копје и одложени се сите јавни настани.

Паралелно, Мицотакис заминува за Лариса.

Несреќата се случи кусо пред полноќ, кога од засега непознати причини, се судрија товарен и патнички воз.

The post Тридневна жалост во Грција по железничката несреќа appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа кај Лариса во која најмалку 32 лица го загубија животот. Знамињата на сите јавни објекти ќе бидат на половина копје и одложени се сите јавни настани. Паралелно, Мицотакис заминува за Лариса. Несреќата се случи кусо пред полноќ, кога од засега непознати причини, се судрија товарен и патнички воз.

The post Тридневна жалост во Грција по железничката несреќа appeared first on Република.

]]>
Тридневна жалост во Македонска Каменица, откако го сообраќајка загина 13-годишно момче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tridnevna-zalost-vo-makedonska-kamenica-otkako-go-soobrakjajka-zagina-13-godishno-momche/ Sat, 27 Aug 2022 10:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=544666

Општина Македонска Каменица ги откажа сите концертни настани од манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“, поради трагичниот настан што се случи вчера, кога во сообраќајна несреќа животот го загуби млад жител на оваа општина.

Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, кој изрази сочувство до ожалостеното семејство, напоменувајќи дека поради трагичниот настан Општина Македонска Каменица воведува тридневна жалост.

Почитувани сограѓани, дозволете во свое лично име и во име на Општина Македонска Каменица да изразам искрено и длабоко сочувство до семејството Стојковски кои денес загубија дете, брат, внуче. Денес целиот град сочувствува со нивната болка и загуба за прерано згаснатиот живот. Со оглед на огромната загуба за целиот град, ве известувам дека манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“ која беше закажана за период од 26 до 28 август, се откажува во целост, и Општина Македонска Каменица прогласува тридневна жалост, рече Атанасовски.

Поради трагичниот настан свикана е вонредна Седница на Советот на Општината на која ќе биде потврдена Одлуката за тридневна жалост во Општина Македонска Каменица.

The post Тридневна жалост во Македонска Каменица, откако го сообраќајка загина 13-годишно момче appeared first on Република.

]]>

Општина Македонска Каменица ги откажа сите концертни настани од манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“, поради трагичниот настан што се случи вчера, кога во сообраќајна несреќа животот го загуби млад жител на оваа општина. Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, кој изрази сочувство до ожалостеното семејство, напоменувајќи дека поради трагичниот настан Општина Македонска Каменица воведува тридневна жалост.