трибини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tribini/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Dec 2023 07:58:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трибини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tribini/ 32 32 Денеска две книжевни трибини во КИЦ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deneska-dve-knizhevni-tribini-vo-kits-vo-skopje/ Wed, 06 Dec 2023 07:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=720151

Во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје денеска ќе се одржат две книжевни трибини. Во 12 часот е закажана „Книжевната сцена во современиот културен контекст“ , а во 13,30 ќе се разговара на тема „Детска книжевна продукција“.

Говорници на првата дебата се авторот Петар Андоновски, Живко Грозданоски, автор и книжевен преведувач, Јулијана Величковска, авторка, уредничка во „ПНВ Публикации“, директорка на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмска директорка на „Поетска ноќ во Велестово“ и Владимир Јанковски, автор и уредник во издавачката куќа „Готен“.

Говорници на втората се проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Ника Гавровска, авторка и уредничка во издавачка куќа „Гаврош“ и Бистра Георгиева, авторка.

Трибината „Детска книжевна продукција“, проект на Ана Јовковска, докторанд на културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ е тематско продолжение на панел-дикусијата „Книжевната сцена во современиот културен контекст“.

Фокусот е на литературата за деца, акцентирање на важноста од едукативната компонента, педагошката функција на литературата и уметноста, развивање на креативноста кај децата и поттикнување на љубопитството преку читање во правец на развивање на критичко, иновативно размислување, како и следењето на современите светски текови на детската продукција во рамки на литературата и илустрацијата, соопшти Културно-информативниот центар - Скопје.

Модераторка на двете е Ана Јовковска, авторка и новинарка која ја организира дебатата во рамките на програмата за литературна дејност „Македонски книжевни текови“ на КИЦ.

The post Денеска две книжевни трибини во КИЦ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје денеска ќе се одржат две книжевни трибини. Во 12 часот е закажана „Книжевната сцена во современиот културен контекст“ , а во 13,30 ќе се разговара на тема „Детска книжевна продукција“. Говорници на првата дебата се авторот Петар Андоновски, Живко Грозданоски, автор и книжевен преведувач, Јулијана Величковска, авторка, уредничка во „ПНВ Публикации“, директорка на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмска директорка на „Поетска ноќ во Велестово“ и Владимир Јанковски, автор и уредник во издавачката куќа „Готен“. Говорници на втората се проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Ника Гавровска, авторка и уредничка во издавачка куќа „Гаврош“ и Бистра Георгиева, авторка. Трибината „Детска книжевна продукција“, проект на Ана Јовковска, докторанд на културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ е тематско продолжение на панел-дикусијата „Книжевната сцена во современиот културен контекст“.