триатлон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/triatlon/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 10:10:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png триатлон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/triatlon/ 32 32 Прво место за Малински и второ за Брезовски на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/prvo-mesto-za-malinski-i-vtoro-za-brezovski-na-balkanskoto-triatlon-prvenstvo-vo-kadetska-kategorija/ Tue, 08 Oct 2024 10:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=824116

Македонскиот триатлон доживеа голем успех на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија, што викендов се одржа во Изворани, Романија. Јосиф Малински (15) освои прво место во балканска конкуренција и второ во апсолутна, а Марио Брезовски (14) беше втор во балканска конкуренција и трет во апсолутна. И двајцата се членови на скопскиот ТК „Триоги рејсинг“.

Од Триатлон федерацијата им честитаат за успехот и им посакуваат уште многу успеси и мотивација за понатамошната работа и вложување.

Ова е голем успех за нашите триатлонци. Работиме напорно, се трудиме да го донесеме триатлонот рамо до рамо барем со балканските земји, гледајќи перспективно и подалеку. Патот не е едноставен, ресурсите се многу ограничени, но ентузијазмот е тој што не држи на оваа патека. Имаме генерации младинци што можат многу да постигнат, ние, а и државата треба да им помогнеме да го остварат тоа – вели Данчо Ѓорѓијевски, селектор на триатлон репрезентацијата и основач на клубот „Триоги рејсинг“.

Македонската репрезентација на Балканското првенство успешно ја претставија и: Бобан Јаневски, Филип Здравев, Варвара Атанасовска (Триоги рејсинг - Скопје) Матео Мачоски и Тија Кукунешоска (3Disciplines од Струга) и Стефан Делев (ТК „Софка“).

 

The post Прво место за Малински и второ за Брезовски на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот триатлон доживеа голем успех на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија, што викендов се одржа во Изворани, Романија. Јосиф Малински (15) освои прво место во балканска конкуренција и второ во апсолутна, а Марио Брезовски (14) беше втор во балканска конкуренција и трет во апсолутна. И двајцата се членови на скопскиот ТК „Триоги рејсинг“. Од Триатлон федерацијата им честитаат за успехот и им посакуваат уште многу успеси и мотивација за понатамошната работа и вложување.
Ова е голем успех за нашите триатлонци. Работиме напорно, се трудиме да го донесеме триатлонот рамо до рамо барем со балканските земји, гледајќи перспективно и подалеку. Патот не е едноставен, ресурсите се многу ограничени, но ентузијазмот е тој што не држи на оваа патека. Имаме генерации младинци што можат многу да постигнат, ние, а и државата треба да им помогнеме да го остварат тоа – вели Данчо Ѓорѓијевски, селектор на триатлон репрезентацијата и основач на клубот „Триоги рејсинг“.
Македонската репрезентација на Балканското првенство успешно ја претставија и: Бобан Јаневски, Филип Здравев, Варвара Атанасовска (Триоги рејсинг - Скопје) Матео Мачоски и Тија Кукунешоска (3Disciplines од Струга) и Стефан Делев (ТК „Софка“).  

The post Прво место за Малински и второ за Брезовски на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија appeared first on Република.

]]>
Закачија инфекција: Гнасните води на Сена прерано го завршија олимпискиот сон за двајца триатлонци од Швајцарија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zakachija-infektsija-gnasnite-vodi-na-sena-prerano-go-zavrshija-olimpiskiot-son-za-dvajtsa-triatlontsi-od-shvajtsarija/ Mon, 05 Aug 2024 06:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=803358

Швајцарските триатлонци Адриен Брифо и Сајмон Вестерман нема да учествуваат во мешаната штафета на Олимписките игри во Париз поради цревна инфекција, соопшти прес-службата на швајцарскиот олимписки комитет.

Првично, Брифо кој беше 49-ти во поединечна конкуренција, беше пријавен за трката, но поради здравствени проблеми беше заменет од Вестерман. Но, подоцна и Вестерман пријавил цревна инфекција и се откажал од натпреварот.

Натпреварите во триатлон на Олимпијадата започнаа на 31 јули. Поради квалитетот на водата во Сена, беа одложени неколку тренинзи. По првиот тренинг пливање, двајца учесници повраќаа. Канаѓанецот Тајлер Миславчук и репрезентативката на Казахстан Екатерина Шабалина се чувствуваа лошо, додека шведската триатлонка Тилда Монсон, пак, се пожали на бојата и „одвратниот мирис“ на водата во Сена.

На 3 август, тренинзите за пливање на триатлонците беа повторно откажани на Олимпијадата во Париз. Претпладнево треба да се одржи мешаната штафета.

The post Закачија инфекција: Гнасните води на Сена прерано го завршија олимпискиот сон за двајца триатлонци од Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Швајцарските триатлонци Адриен Брифо и Сајмон Вестерман нема да учествуваат во мешаната штафета на Олимписките игри во Париз поради цревна инфекција, соопшти прес-службата на швајцарскиот олимписки комитет. Првично, Брифо кој беше 49-ти во поединечна конкуренција, беше пријавен за трката, но поради здравствени проблеми беше заменет од Вестерман. Но, подоцна и Вестерман пријавил цревна инфекција и се откажал од натпреварот. Натпреварите во триатлон на Олимпијадата започнаа на 31 јули. Поради квалитетот на водата во Сена, беа одложени неколку тренинзи. По првиот тренинг пливање, двајца учесници повраќаа. Канаѓанецот Тајлер Миславчук и репрезентативката на Казахстан Екатерина Шабалина се чувствуваа лошо, додека шведската триатлонка Тилда Монсон, пак, се пожали на бојата и „одвратниот мирис“ на водата во Сена. На 3 август, тренинзите за пливање на триатлонците беа повторно откажани на Олимпијадата во Париз. Претпладнево треба да се одржи мешаната штафета.

The post Закачија инфекција: Гнасните води на Сена прерано го завршија олимпискиот сон за двајца триатлонци од Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/stopanska-triogi-triatlon-trka-vo-skopje-utre-ke-ima-poseben-rezhim-na-soobrakajot/ Sat, 18 May 2024 09:21:48 +0000 https://republika.mk/?p=779432

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги триатлон трка што ќе се одржува утре во Скопје. Триатлонот ќе почне во 8.15 часот на базенот „Борис Трајковски“. Сениори, мастерси, јуниори и рекреативци први ќе испливаат 750 метри, ќе возат 20 километри велосипед, по што ќе следува трчањето на пет километри.

Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот „Борис Трајковски“, за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот „Илинден“, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.

За непречено одржување на триатлонот, од 8.15 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“, од крстосницата со булеварот „8 Септември“ до крстосницата со улицата „Никола Парапунов“. Ќе биде затворена и улицата околу СЦ „Борис Трајковски“. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Како што информираат организаторите од клубот „Триоги рејсинг“ - Скопје, ќе се натпреваруваат триатлонци во следните категории: Сениори (2004 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Јуниори (2005-2008): 750 метри пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Кадети (2009-20011): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање. - Деца 2 (2012-2014): 175 метри пливање, 4 километри велосипед, 1 километар трчање, Деца 1 (2015 и помлади - рекреативна категорија): 75 метри пливање, 2 километра велосипед и 500 метра трчање; - Мастерс 1 (1994-1985): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; Мастерс 2 (1984-1975): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Мастерс 3 (1974 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 члена (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање.

Стопанска Триоги триатлон се реализира со техничка соработка со македонската Триатлон федерација.

The post Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот appeared first on Република.

]]>

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги триатлон трка што ќе се одржува утре во Скопје. Триатлонот ќе почне во 8.15 часот на базенот „Борис Трајковски“. Сениори, мастерси, јуниори и рекреативци први ќе испливаат 750 метри, ќе возат 20 километри велосипед, по што ќе следува трчањето на пет километри. Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот „Борис Трајковски“, за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот „Илинден“, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар. За непречено одржување на триатлонот, од 8.15 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“, од крстосницата со булеварот „8 Септември“ до крстосницата со улицата „Никола Парапунов“. Ќе биде затворена и улицата околу СЦ „Борис Трајковски“. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Како што информираат организаторите од клубот „Триоги рејсинг“ - Скопје, ќе се натпреваруваат триатлонци во следните категории: Сениори (2004 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Јуниори (2005-2008): 750 метри пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Кадети (2009-20011): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање. - Деца 2 (2012-2014): 175 метри пливање, 4 километри велосипед, 1 километар трчање, Деца 1 (2015 и помлади - рекреативна категорија): 75 метри пливање, 2 километра велосипед и 500 метра трчање; - Мастерс 1 (1994-1985): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; Мастерс 2 (1984-1975): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Мастерс 3 (1974 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 члена (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање. Стопанска Триоги триатлон се реализира со техничка соработка со македонската Триатлон федерација.

The post Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот appeared first on Република.

]]>
Скопје по четврти пат ќе биде домаќин на градски триатлон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/skopje-po-chetvrti-pat-ke-bide-domakin-na-gradski-triatlon/ Fri, 29 Mar 2024 11:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=760110

Четвртиот градски триатлон - спринт дистанца Стопанска Триоги триатлин 2024 ќе се одржи на 19 мај 2024 година во Скопје. Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во Спортскиот центар „Борис Трајковски". Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот „Борис Трајковски", за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.

Ова е настан на кој може да учествуваат натпреварувачи од сите можни возрасти и нуди идеални услови за почетници и професионалци од овој спорт.

И оваа година ветуваме трка со која Скопје и спортската јавност ќе се гордее. Очекуваме и годинава да го достигнеме максималниот број учесници што условите ни го овозможуваат - 300 и се надеваме дека Скопје сè повеќе гордо ќе стои на мапата на европски триатлон градови. Во овие тешки времиња за спортот, благодарни сме на сите поединци и општествено-освестени компании што ни помагаат да го организираме настанот, особено нашиот главен спонзор Стопанска лизинг - вели Данчо Ѓорѓијевски, организатор на трката од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје.

Настанот се реализира со техничка поддршка на Триатлон федерација на Македонија.
Пријавувањето ќе биде отворено до 9 мај 2024 или до пополнување на максималниот број на учесници.

Kaтегории:
- Сениори (2004 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Јуниори (2005-2008): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Кадети (2009-20011): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.
- Деца 2 (2012-2014): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;
- Деца 1 (2015 и помлади - рекреативна категорија): 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање;
- Мастерс 1 (1994-1985): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Мастерс 2 (1984-1975): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Мастерс 3 (1974 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
- Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 члена (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање.

Минималната возраст за велосипед сегмент и за трчањето е 16 години, а за пливањето е над 10 години со изјава од родител.

 

 

The post Скопје по четврти пат ќе биде домаќин на градски триатлон appeared first on Република.

]]>

Четвртиот градски триатлон - спринт дистанца Стопанска Триоги триатлин 2024 ќе се одржи на 19 мај 2024 година во Скопје. Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во Спортскиот центар „Борис Трајковски". Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот „Борис Трајковски", за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар. Ова е настан на кој може да учествуваат натпреварувачи од сите можни возрасти и нуди идеални услови за почетници и професионалци од овој спорт.
И оваа година ветуваме трка со која Скопје и спортската јавност ќе се гордее. Очекуваме и годинава да го достигнеме максималниот број учесници што условите ни го овозможуваат - 300 и се надеваме дека Скопје сè повеќе гордо ќе стои на мапата на европски триатлон градови. Во овие тешки времиња за спортот, благодарни сме на сите поединци и општествено-освестени компании што ни помагаат да го организираме настанот, особено нашиот главен спонзор Стопанска лизинг - вели Данчо Ѓорѓијевски, организатор на трката од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје.
Настанот се реализира со техничка поддршка на Триатлон федерација на Македонија. Пријавувањето ќе биде отворено до 9 мај 2024 или до пополнување на максималниот број на учесници. Kaтегории: - Сениори (2004 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Јуниори (2005-2008): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Кадети (2009-20011): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање. - Деца 2 (2012-2014): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање; - Деца 1 (2015 и помлади - рекреативна категорија): 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање; - Мастерс 1 (1994-1985): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Мастерс 2 (1984-1975): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Мастерс 3 (1974 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање; - Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 члена (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање. Минималната возраст за велосипед сегмент и за трчањето е 16 години, а за пливањето е над 10 години со изјава од родител.    

The post Скопје по четврти пат ќе биде домаќин на градски триатлон appeared first on Република.

]]>
Трет триатлон натпревар „Стопанска Триоги“ на 14 мај во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/tret-triatlon-natprevar-stopanska-triogi-na-14-maj-vo-skopje/ Tue, 14 Mar 2023 09:31:27 +0000 https://republika.mk/?p=619447

Триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ во соработка со Триатлон федерацијата на Македонија на 14 мај во Скопје ќе го организира третиот триатлон натпревар „Stopanska Triogy Triathlon“.

Главниот град повторно ќе биде место каде што ќе се слави триатлонот – спорт кој е брзорастечки во светот, а и кај нас добива сè поголемо внимание. Оваа година очекуваме преку 250 натпреварувачи, а потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија, Koсово и од Црна Гора, соопштија организаторите на трката.

Данчо Ѓорѓијевски, основач на клубот Триоги Рејсинг верува дека ова натпреварување ќе стане традиционално.

Подготвени сме со техничка поддршка од страна на Триатлон федерацијата на Македонија и сопствена судиска екипа да обезбедиме трка на која секој натпреварувач би сакал да учествува и веруваме дека овој натпревар ќе прерасне во традиционален натпревар кој ќе им овозможи на македонските триатлонци да се натпреваруваат на домашен терен. Се радуваме што интересот почна да расте, после ланската многу успешна година кога имаме меѓународен карактер, истакна Ѓорѓијевски.

Пријавувањето за „Stopanska Triogy Triatlon“ е до 7 мај, на следниот линк.

Оваа година натпреварувачи кои ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција.

 

The post Трет триатлон натпревар „Стопанска Триоги“ на 14 мај во Скопје appeared first on Република.

]]>

Триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ во соработка со Триатлон федерацијата на Македонија на 14 мај во Скопје ќе го организира третиот триатлон натпревар „Stopanska Triogy Triathlon“.
Главниот град повторно ќе биде место каде што ќе се слави триатлонот – спорт кој е брзорастечки во светот, а и кај нас добива сè поголемо внимание. Оваа година очекуваме преку 250 натпреварувачи, а потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија, Koсово и од Црна Гора, соопштија организаторите на трката.
Данчо Ѓорѓијевски, основач на клубот Триоги Рејсинг верува дека ова натпреварување ќе стане традиционално.
Подготвени сме со техничка поддршка од страна на Триатлон федерацијата на Македонија и сопствена судиска екипа да обезбедиме трка на која секој натпреварувач би сакал да учествува и веруваме дека овој натпревар ќе прерасне во традиционален натпревар кој ќе им овозможи на македонските триатлонци да се натпреваруваат на домашен терен. Се радуваме што интересот почна да расте, после ланската многу успешна година кога имаме меѓународен карактер, истакна Ѓорѓијевски.
Пријавувањето за „Stopanska Triogy Triatlon“ е до 7 мај, на следниот линк. Оваа година натпреварувачи кои ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција.  

The post Трет триатлон натпревар „Стопанска Триоги“ на 14 мај во Скопје appeared first on Република.

]]>
Борислав Палашев и Магдалена Станковска се апсолутни победници на Триатлонот што се одржа викендов во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/borislav-palashev-i-magdalena-stankovska-se-apsolutni-pobednici-na-triatlonot-shto-se-odrza-vikendov-vo-skopje/ Mon, 16 May 2022 07:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=502755

Сениорот Борислав Палашев од триатлонскиот клуб „Палашев“ од Пазарџик и јуниорката Магдалена Станковска од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје се победници на Stopanska Triogy Triathlon што се одржа во саботата во Скопје. Трката од 750 метри пливање, 19 км возење велосипед и 5 км трчање, Палашев ја заврши за 55:31, а Станковска – 1:04:54.

Вториот триатлон натпревар што се одржува во Скопје, по првиот во 2019 година, во организација на клубот „Триоги рејсинг“ помина во најдобар ред и со пофални зборови за организаторите. Технички организатор на настанот беше Триатлон Федерацијата на Македонија.

Повеќе од 220 учесници од четири земји (Бугарија, Србија, Косово и од Македонија) го направија Скопје повторно град за триатлон. Настанот се одржа во комплексот на СЦ „Борис Трајковски“, а возењето велосипед се реализира на дел од булеварот Илинден.

Ова се најдобрите натпреварувачи на трката:

Мажи

  1. Борис Палашев – апсолутен победник
  2. место Иван Трпчевски (Триоги рејсинг)
  3. место Иво Јован Димоски (Триоги рејсинг)

Жени

 

1.Магдалена Станковска – апсолутна победничка

2.Анастасија Пејчева – СК „Палашев“ – Пазарџик, Бугарија

3.Лана Гавриловиќ – СК „Сава СМ“ – Сремска Митровица, Србија

 

Најдобри по категории

 

Сениори мажи

1.Борислав Палашев – Бугарија

2.Иван Трпчевски – „Триоги рејсинг“

  1. Евгениј Поп Ацев – „Софка“

Сениори жени

  1. Анастасија Пејчева – „Палашев“, Бугарија
  2. Александра Танасоска – „Триоги рејсинг“

 

Јуниори мажи

1.Иво Јован Димовски - „Триоги рејсинг“

  1. Александар Тодоров – СК „Палашев“, Бугарија
  2. Димитар Јованоски – 3DISCIPLINES, Струга

 

 

Јуниори жени

1.Магдалена Станковска – Триоги рејсинг

  1. Лана Гавриловиќ – ТК Сава – Сремска Митровица, Србија
  2. Миона Бошковиќ – ТК Сава – Сремска Митровица, Србија

Кадети – момчиња

1.Јосиф Малински – Триоги рејсинг

  1. Алексеј Митевски – Вардар 2018
  2. Димитрије Пејчиќ – Спортикус триатлон

Кадети – девојчиња

1.Милица Вуковиќ – ТК Сава

  1. Александра Личева – 3Extreme – Бугарија
  2. Вера Црноглавац, Sporticus triathlon, Србија

 

Мастерс1 - мажи

1.Ицко Димитриевски, Македонија

  1. Мартин Гавриловиќ, Македонија
  2. Томислав Боцески, „Софка“, Македонија

Мастерс1  - жени

1.Даниела Камбурова, 3Extreme, Бугарија

2.Јасмина Антиќ, Triology Active Team

3.Љубица Матевска, „Софка“ Скопје

Мастерс 2мажи

1.Александар Здравев – Триоги рејсинг

  1. Бошко Тодоровски – Triology Active Team

Мастерс 2 – жени

1.Антонија Брезовска, 091RUNCrW, Скопје

2.Дафина Богеска

3.Ана Мирковска Гаврилов

Мастерс3 – мажи

1.Блаже ЦоневBottom of Form

Деца 2 - момчиња

1.Красимир Георгиев, СК „Палашев“, Бугарија

  1. Марио Брезовски – „Триоги рејсинг“
  2. Кристијан Колев, СК „Палашев“

Деца 2 - девојчиња

1. Милица Крупниковиќ – Sporticus triathlon, Србија
2. Деа Ковачева - 3Extreme, Бугарија
3. Дуња Тодовиќ –ТК Сава – Сремска Митровица, Србија

Категоријата Деца 1 беше ревијална и не беа доделени медали.

Штафета

1. Triogy Racing
2. Fit hub
3. Cake SOS

The post Борислав Палашев и Магдалена Станковска се апсолутни победници на Триатлонот што се одржа викендов во Скопје appeared first on Република.

]]>

Сениорот Борислав Палашев од триатлонскиот клуб „Палашев“ од Пазарџик и јуниорката Магдалена Станковска од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје се победници на Stopanska Triogy Triathlon што се одржа во саботата во Скопје. Трката од 750 метри пливање, 19 км возење велосипед и 5 км трчање, Палашев ја заврши за 55:31, а Станковска – 1:04:54. Вториот триатлон натпревар што се одржува во Скопје, по првиот во 2019 година, во организација на клубот „Триоги рејсинг“ помина во најдобар ред и со пофални зборови за организаторите. Технички организатор на настанот беше Триатлон Федерацијата на Македонија. Повеќе од 220 учесници од четири земји (Бугарија, Србија, Косово и од Македонија) го направија Скопје повторно град за триатлон. Настанот се одржа во комплексот на СЦ „Борис Трајковски“, а возењето велосипед се реализира на дел од булеварот Илинден. Ова се најдобрите натпреварувачи на трката: Мажи
  1. Борис Палашев – апсолутен победник
  2. место Иван Трпчевски (Триоги рејсинг)
  3. место Иво Јован Димоски (Триоги рејсинг)
Жени   1.Магдалена Станковска – апсолутна победничка 2.Анастасија Пејчева – СК „Палашев“ – Пазарџик, Бугарија 3.Лана Гавриловиќ – СК „Сава СМ“ – Сремска Митровица, Србија   Најдобри по категории   Сениори мажи 1.Борислав Палашев – Бугарија 2.Иван Трпчевски – „Триоги рејсинг“
  1. Евгениј Поп Ацев – „Софка“
Сениори жени
  1. Анастасија Пејчева – „Палашев“, Бугарија
  2. Александра Танасоска – „Триоги рејсинг“
  Јуниори мажи 1.Иво Јован Димовски - „Триоги рејсинг“
  1. Александар Тодоров – СК „Палашев“, Бугарија
  2. Димитар Јованоски – 3DISCIPLINES, Струга
    Јуниори жени 1.Магдалена Станковска – Триоги рејсинг
  1. Лана Гавриловиќ – ТК Сава – Сремска Митровица, Србија
  2. Миона Бошковиќ – ТК Сава – Сремска Митровица, Србија
Кадети – момчиња 1.Јосиф Малински – Триоги рејсинг
  1. Алексеј Митевски – Вардар 2018
  2. Димитрије Пејчиќ – Спортикус триатлон
Кадети – девојчиња 1.Милица Вуковиќ – ТК Сава
  1. Александра Личева – 3Extreme – Бугарија
  2. Вера Црноглавац, Sporticus triathlon, Србија
  Мастерс1 - мажи 1.Ицко Димитриевски, Македонија
  1. Мартин Гавриловиќ, Македонија
  2. Томислав Боцески, „Софка“, Македонија
Мастерс1  - жени 1.Даниела Камбурова, 3Extreme, Бугарија 2.Јасмина Антиќ, Triology Active Team 3.Љубица Матевска, „Софка“ Скопје Мастерс 2мажи 1.Александар Здравев – Триоги рејсинг
  1. Бошко Тодоровски – Triology Active Team
Мастерс 2 – жени 1.Антонија Брезовска, 091RUNCrW, Скопје 2.Дафина Богеска 3.Ана Мирковска Гаврилов Мастерс3 – мажи 1.Блаже ЦоневBottom of Form Деца 2 - момчиња 1.Красимир Георгиев, СК „Палашев“, Бугарија
  1. Марио Брезовски – „Триоги рејсинг“
  2. Кристијан Колев, СК „Палашев“
Деца 2 - девојчиња 1. Милица Крупниковиќ – Sporticus triathlon, Србија 2. Деа Ковачева - 3Extreme, Бугарија 3. Дуња Тодовиќ –ТК Сава – Сремска Митровица, Србија Категоријата Деца 1 беше ревијална и не беа доделени медали. Штафета 1. Triogy Racing 2. Fit hub 3. Cake SOS

The post Борислав Палашев и Магдалена Станковска се апсолутни победници на Триатлонот што се одржа викендов во Скопје appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија и од Косово ќе учестуваат на триатлон натпреварот во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/povekje-od-200-natprevaruvachi-od-makedonija-bugarija-srbija-i-od-kosovo-kje-uchestuvaat-na-triatlon-natprevarot-vo-skopje/ Fri, 13 May 2022 07:35:50 +0000 https://republika.mk/?p=501723

Триатлон натпреварот Stopanska Triogy Triathlon 2022 ќе се одржи утре во Скопје. Централно место за реализација на натпреварот е СЦ „Борис Трајковски“, каде ќе биде стартот и целта, а на базенот ќе се реализира пливањето. Возењето велосипед ќе се реализира на булеварот „Илинден“ сè до исклучувањето кон „Скопје Сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“. Поради тоа, тој дел на булеварот „Илинден“ во периодот од 8.30 до 13.30 часот ќе биде затворен за сообраќај.

Организатор на натпреварот е триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ заедно со техничкиот организатор Триатлон Федерацијата на Македонија. Главниот град повторно ќе биде место каде што ќе се слави триатлонот – спорт кој е брзорастечки во светот, а и кај нас добива сè поголемо внимание.

Повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија и од Косово ќе учествуваат и на голема радост квотата што може да се реализира во базенот „Борис Трајковски“ беше исполнета неколку дена пред крајот на рокот за пријавување.

Радосни сме што интересот за триатлонот расте и кај нас, а за тоа зборува и интересот да се учествува на ваква трка. Скопје заслужува да има триатлонска трка и се надеваме дека нашиот ентузијазам ќе биде мотивација за приватниот сектор и за институциите да го поддржуваат реализирањето на ваков тип натпревари, вели Данчо Ѓорѓијевски, основач на „Триоги Рејсинг“.

Натпреварот ќе се бодува и ќе биде дел од државното триатлон првенство.

The post Повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија и од Косово ќе учестуваат на триатлон натпреварот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Триатлон натпреварот Stopanska Triogy Triathlon 2022 ќе се одржи утре во Скопје. Централно место за реализација на натпреварот е СЦ „Борис Трајковски“, каде ќе биде стартот и целта, а на базенот ќе се реализира пливањето. Возењето велосипед ќе се реализира на булеварот „Илинден“ сè до исклучувањето кон „Скопје Сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“. Поради тоа, тој дел на булеварот „Илинден“ во периодот од 8.30 до 13.30 часот ќе биде затворен за сообраќај. Организатор на натпреварот е триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ заедно со техничкиот организатор Триатлон Федерацијата на Македонија. Главниот град повторно ќе биде место каде што ќе се слави триатлонот – спорт кој е брзорастечки во светот, а и кај нас добива сè поголемо внимание. Повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија и од Косово ќе учествуваат и на голема радост квотата што може да се реализира во базенот „Борис Трајковски“ беше исполнета неколку дена пред крајот на рокот за пријавување.
Радосни сме што интересот за триатлонот расте и кај нас, а за тоа зборува и интересот да се учествува на ваква трка. Скопје заслужува да има триатлонска трка и се надеваме дека нашиот ентузијазам ќе биде мотивација за приватниот сектор и за институциите да го поддржуваат реализирањето на ваков тип натпревари, вели Данчо Ѓорѓијевски, основач на „Триоги Рејсинг“.
Натпреварот ќе се бодува и ќе биде дел од државното триатлон првенство.

The post Повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија и од Косово ќе учестуваат на триатлон натпреварот во Скопје appeared first on Република.

]]>
По пауза од две години триатлонот се враќа во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/po-pauza-od-dve-godini-triatlonot-se-vrakja-vo-skopje/ Tue, 19 Apr 2022 08:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=490349

Во организација на триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ на 14 мај во Скопје ќе се одржи второто натпреварување „Стопанска Триоги 2022“.

Првото триатлон натпреварување беше одржано во 2019 години и претставува најмасовен триатлон натпревар во нашата држава со преку 150 учесници. Поради пандемијата со коронавирусот, натпреварувањето не се одржа во 2020 и 2021 година.

На 14 мај со сопствена судиска екипа и техничка поддршка од страна на Триатлон федерацијата на Македонија ќе се одржи второто натпреварување во триатлон.

Се очекува да учествуваат преку 200 натпреварувачи, а досега потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија и од Црна Гора.

Крајниот рок за пријавување на „Стопанска Триоги 2022“ е 7 мај.

Оваа година натпреварувачите ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција и тоа:

-Деца 1, родени 2013 г. и помали
-Деца 2, родени од 2012 г. до 2010 г.
-Кадети, родени од 2009 г. до 2007 г.
-Јуниори, родени од 2006 г. до 2003 г.
-Елитна група, родени пред 2002 г.(кои ќе се борат за титулата Државен првак на Македонија)
-Мастерс група или ентузијасти родени после 2002 г.

Триатлон натпреварот ќе се одржи на следните локации: во делот од пливањето на базенот СРЦ „Борис Трајковски“, во делот на велосипедизмот – долж булеварот Илинден од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон „Скопје Сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“.

The post По пауза од две години триатлонот се враќа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во организација на триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ на 14 мај во Скопје ќе се одржи второто натпреварување „Стопанска Триоги 2022“. Првото триатлон натпреварување беше одржано во 2019 години и претставува најмасовен триатлон натпревар во нашата држава со преку 150 учесници. Поради пандемијата со коронавирусот, натпреварувањето не се одржа во 2020 и 2021 година. На 14 мај со сопствена судиска екипа и техничка поддршка од страна на Триатлон федерацијата на Македонија ќе се одржи второто натпреварување во триатлон. Се очекува да учествуваат преку 200 натпреварувачи, а досега потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија и од Црна Гора. Крајниот рок за пријавување на „Стопанска Триоги 2022“ е 7 мај. Оваа година натпреварувачите ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција и тоа: -Деца 1, родени 2013 г. и помали -Деца 2, родени од 2012 г. до 2010 г. -Кадети, родени од 2009 г. до 2007 г. -Јуниори, родени од 2006 г. до 2003 г. -Елитна група, родени пред 2002 г.(кои ќе се борат за титулата Државен првак на Македонија) -Мастерс група или ентузијасти родени после 2002 г. Триатлон натпреварот ќе се одржи на следните локации: во делот од пливањето на базенот СРЦ „Борис Трајковски“, во делот на велосипедизмот – долж булеварот Илинден од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон „Скопје Сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“.

The post По пауза од две години триатлонот се враќа во Скопје appeared first on Република.

]]>