Три Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tri/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 08:54:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Три Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tri/ 32 32 Лето со „Три“: Попусти, промоции и фестивалски денови https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/leto-so-tri-popusti-promotsii-i-festivalski-denovi/ Tue, 18 Jun 2024 08:54:58 +0000 https://republika.mk/?p=788637

Издавачката куќа „Три“ ги повикува сите читатели ова лето да патуваат во новитетите – светските бестселери како што се новата романса на Али Хејзелвуд, авторката на „Љубовна хипотеза“ и „Љубовни неврони“, новите психолошки трилери на Ју Несбе и Стив Кавана и, секако, нови наслови од областа на психологијата и личниот развој. Ни ги најавуваат „Осум правила на љубовта“ од Џеј Шети, кој претходно го освои светот со „Размислувај како монах“, и „Книга што посакувате да ја прочитаат вашите сакани (а можеби и неколкумина други)“ од Филипа Пери, која претходно ни ја понуди книгата што посакуваме да ја прочитаат сите родители.

Сите останати новитети можете да ги погледнете на нивниот летен каталог, каде што ќе ве пречекаат и снижените цени (до 70 %), одличните понуди за 3 или 5 книги за 500 денари, како и големиот избор на наслови по 99 денари.

Ве покануваат и да бидете во тек со објавите на настаните што ги планираат во текот на летото. Додека тие остануваат изненадување, попустите и понудите се веќе објавени и достапни. Попустите секогаш значат многу повеќе можност за читање, а да не заборавиме дека во издание на ТРИ има голема читачка понуда од над 700 наслови на најчитаните писатели и советувачи, како Габор Мате, Дипак Чопра, Бријана Вист, Тошиказу Кавагучи, Сали Руни, Елиф Шафак и, секако, класиците од кои најголемо внимание предизвика објавувањето на ремек-делото на Фјодор М. Достоевски, „Браќата Карамазови“ во еден том.

Додека ги разгледувате снижените цени, потсетете се дека и оваа година фокусот на ТРИ е истовремено и врз домашните автори – ова лето е во знакот на Петре М. Андреевски, Горан Стефановски, Лидија Димковска, Венко Андоновски, Румена Бужаровска, Винка Саздова и сите други автори кои оставаат неизбришлива трага во современата македонска проза и поезија.

Попустите важат во сите книжарници на ТРИ (Дебар Маало, ГТЦ, Ист гејт и Веро Центар) и онлајн на kniga.mk.

 

The post Лето со „Три“: Попусти, промоции и фестивалски денови appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Три“ ги повикува сите читатели ова лето да патуваат во новитетите – светските бестселери како што се новата романса на Али Хејзелвуд, авторката на „Љубовна хипотеза“ и „Љубовни неврони“, новите психолошки трилери на Ју Несбе и Стив Кавана и, секако, нови наслови од областа на психологијата и личниот развој. Ни ги најавуваат „Осум правила на љубовта“ од Џеј Шети, кој претходно го освои светот со „Размислувај како монах“, и „Книга што посакувате да ја прочитаат вашите сакани (а можеби и неколкумина други)“ од Филипа Пери, која претходно ни ја понуди книгата што посакуваме да ја прочитаат сите родители. Сите останати новитети можете да ги погледнете на нивниот летен каталог, каде што ќе ве пречекаат и снижените цени (до 70 %), одличните понуди за 3 или 5 книги за 500 денари, како и големиот избор на наслови по 99 денари. Ве покануваат и да бидете во тек со објавите на настаните што ги планираат во текот на летото. Додека тие остануваат изненадување, попустите и понудите се веќе објавени и достапни. Попустите секогаш значат многу повеќе можност за читање, а да не заборавиме дека во издание на ТРИ има голема читачка понуда од над 700 наслови на најчитаните писатели и советувачи, како Габор Мате, Дипак Чопра, Бријана Вист, Тошиказу Кавагучи, Сали Руни, Елиф Шафак и, секако, класиците од кои најголемо внимание предизвика објавувањето на ремек-делото на Фјодор М. Достоевски, „Браќата Карамазови“ во еден том. Додека ги разгледувате снижените цени, потсетете се дека и оваа година фокусот на ТРИ е истовремено и врз домашните автори – ова лето е во знакот на Петре М. Андреевски, Горан Стефановски, Лидија Димковска, Венко Андоновски, Румена Бужаровска, Винка Саздова и сите други автори кои оставаат неизбришлива трага во современата македонска проза и поезија. Попустите важат во сите книжарници на ТРИ (Дебар Маало, ГТЦ, Ист гејт и Веро Центар) и онлајн на kniga.mk.  

The post Лето со „Три“: Попусти, промоции и фестивалски денови appeared first on Република.

]]>
Славниот режисер Срѓан Драгојевиќ – гостин на ТРИ на Саемот на книгата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slavniot-rezhiser-srgan-dragojevik-gostin-na-tri-na-saemot-na-knigata/ Wed, 17 Apr 2024 07:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=766995

За Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 18 до 24 април во Спортската сала „Борис Трајковски“, издавачката куќа ТРИ подготви многу новитети од домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови.

Гостин на ТРИ ќе биде славниот режисер Срѓан Драгојевиќ, кој ќе ја промовира својата книга „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво“.

ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели и автори од регионот кои читателите ќе имаат можност да ги сретнат – пристигнуваат неверојатните есеи на Горан Стефановски „Пофалба на обратноста и други есеи“, како и илустрирано издание на безвременскиот текст „Писмо до внуката“, новиот есеистички наслов на Румена Бужаровска „Господ, па Америка“, романот на годината „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, „Фрески и гротески“ и „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, како и прирачник за трајно здравје од Маја Волк.

За Саемот ексклузивно пристигнува и новата книга од Робин Шарма „Богатство што не се купува со пари“, како и „Влијание“ од Роберт Чалдини, „Остани безгрижен со Епиктет“ од Јана Капри и Чаран Дијаз и „Човековата потрага по смисла“ од Виктор Франкл.

 

The post Славниот режисер Срѓан Драгојевиќ – гостин на ТРИ на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>

За Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 18 до 24 април во Спортската сала „Борис Трајковски“, издавачката куќа ТРИ подготви многу новитети од домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови. Гостин на ТРИ ќе биде славниот режисер Срѓан Драгојевиќ, кој ќе ја промовира својата книга „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво“. ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели и автори од регионот кои читателите ќе имаат можност да ги сретнат – пристигнуваат неверојатните есеи на Горан Стефановски „Пофалба на обратноста и други есеи“, како и илустрирано издание на безвременскиот текст „Писмо до внуката“, новиот есеистички наслов на Румена Бужаровска „Господ, па Америка“, романот на годината „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, „Фрески и гротески“ и „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, како и прирачник за трајно здравје од Маја Волк. За Саемот ексклузивно пристигнува и новата книга од Робин Шарма „Богатство што не се купува со пари“, како и „Влијание“ од Роберт Чалдини, „Остани безгрижен со Епиктет“ од Јана Капри и Чаран Дијаз и „Човековата потрага по смисла“ од Виктор Франкл.  

The post Славниот режисер Срѓан Драгојевиќ – гостин на ТРИ на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>
Издавачкиот центар „Три“ донира 1000 книги на македонските библиотеки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izdavachkiot-tsentar-tri-donira-1000-knigi-na-makedonskite-biblioteki/ Fri, 11 Aug 2023 08:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=671041

По повод своето 1 000 издание, одбележувајќи го овој јубилеј, Издавачкиот центар ТРИ, донираше 1 000 наслови на три библиотеки: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија.

Оваа донација, информираат од Издавачкиот Центар ТРИ, ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат читани и ќе ја зацврсти врската меѓу книгите и читателите, со тоа што ќе им овозможат на читателите од своите градови поголема достапност до донираните наслови од домашната и светската литература.

Станува збор за книги од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела, велат од тимот на издавачката куќа.

 

The post Издавачкиот центар „Три“ донира 1000 книги на македонските библиотеки appeared first on Република.

]]>

По повод своето 1 000 издание, одбележувајќи го овој јубилеј, Издавачкиот центар ТРИ, донираше 1 000 наслови на три библиотеки: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија. Оваа донација, информираат од Издавачкиот Центар ТРИ, ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат читани и ќе ја зацврсти врската меѓу книгите и читателите, со тоа што ќе им овозможат на читателите од своите градови поголема достапност до донираните наслови од домашната и светската литература.
Станува збор за книги од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела, велат од тимот на издавачката куќа.
 

The post Издавачкиот центар „Три“ донира 1000 книги на македонските библиотеки appeared first on Република.

]]>
Летен фестивал на книгата во „Три“ и попусти до 70 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/leten-festival-na-knigata-vo-tri-i-popusti-do-70-otsto/ Tue, 21 Jun 2022 08:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=517892

Од 20 јуни до 20 август и оваа година традиционално се одржува Летниот фестивал на книгата во книжарниците на „Три“ под слоганот „Секоја страница – нова станица“.

Многу нови наслови, кои ќе пристигнуваат во текот на фестивалот, големи попусти до 70 % и количинскиот начин за добивање што е можно повеќе книги, се само дел од предностите на овој фестивал.

„Се случи едно лето“ од Теса Бејли и „Прекрасен свету, каде си“ од Сали Руни се два долгоочекувани светски книжевни хита, кои ќе бидат дел од новитетите. „Хроника на птицата навивалка“ ќе биде сместена во одделот од домашната библиотека кај името на Мураками, а „Заложници“, „Кутија со сенки“ и „Девојките што горат“ чекаат во отсекот за трилерите да ве наежат од глава до петици. А во едицијата популарна наука и психологија, „Телото памети“ и „Храброста да се биде свој“ ќе заблескаат подготвени да ви подарат позитивни вибрации.

 

The post Летен фестивал на книгата во „Три“ и попусти до 70 отсто appeared first on Република.

]]>

Од 20 јуни до 20 август и оваа година традиционално се одржува Летниот фестивал на книгата во книжарниците на „Три“ под слоганот „Секоја страница – нова станица“. Многу нови наслови, кои ќе пристигнуваат во текот на фестивалот, големи попусти до 70 % и количинскиот начин за добивање што е можно повеќе книги, се само дел од предностите на овој фестивал. „Се случи едно лето“ од Теса Бејли и „Прекрасен свету, каде си“ од Сали Руни се два долгоочекувани светски книжевни хита, кои ќе бидат дел од новитетите. „Хроника на птицата навивалка“ ќе биде сместена во одделот од домашната библиотека кај името на Мураками, а „Заложници“, „Кутија со сенки“ и „Девојките што горат“ чекаат во отсекот за трилерите да ве наежат од глава до петици. А во едицијата популарна наука и психологија, „Телото памети“ и „Храброста да се биде свој“ ќе заблескаат подготвени да ви подарат позитивни вибрации.  

The post Летен фестивал на книгата во „Три“ и попусти до 70 отсто appeared first on Република.

]]>
Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prvata-profesionalna-pretstava-na-znakoven-jazik-tri-vo-bitola/ Wed, 08 Jun 2022 07:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=512458

Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде изведена Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“, работена по легенда од Марко Цепенков за Овчарот и Трите самовили. Главна тема на претставата се еколошките проблеми на денешницата, односно еко-катастрофата што се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата.

Првата детска претстава на знаковен јазик „Три“, која е поддржана од Europe House / ЕУ со Тебе, е посветена на заштитата на животната средина. Претставата е наменета за широката детска публика, а истовремено за децата со оштетен слух. Актерите на сцена паралелено зборуваат и говорно и на знаковен јазик. Претставата е во продукција на АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола и е поддржана од Германската интернационална агенција за соработка ГИЗ и Министерството за култура.

Дидактизмот во претставата е акцентиран кон сортирањето на отпадот со цел најмладата публика да ја стекне навиката различното ѓубре да го фрлаат во содветните корпи за отпадоци, како што се за пластика, стакло, хартија и органски отпад. Додека преку театарското дејствие се буди свеста за екологијата во текот на претставата, во исто време актерите во интеракција со детската публика заедно ја изучуваат знаковната азбука како и некои основни знаковни изрази за комуникација со лица со оштетен слух, информираат од АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола.

Од АТО посочуваат дека во земјава претстава за глувонеми на знаковен јазик на професионално ниво не беше застапена и затоа претствата ТРИ го носи орденот на Првата професионална претстава на знаковен јазик во земјава со цел да се развива редовен театарски репертоар на претстави изведувани на знаковен јазик.

Автор и режија на претставата е Јован Ристовски, а улогите ги толкуваат РОЗЕ Маја Андоновска Илијевски, ЛИЛА – Сандра Грибовска, СИНКА -Анастазија Христовска и SВОНКО БОНБОНКО – Никола Пројчевски. Костимографијата е Марта Дојчиновска. Шминка – Симона Ристевска. Тутор за знаковен јазик – Сузана Станоевска.

The post Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде изведена Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“, работена по легенда од Марко Цепенков за Овчарот и Трите самовили. Главна тема на претставата се еколошките проблеми на денешницата, односно еко-катастрофата што се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата. Првата детска претстава на знаковен јазик „Три“, која е поддржана од Europe House / ЕУ со Тебе, е посветена на заштитата на животната средина. Претставата е наменета за широката детска публика, а истовремено за децата со оштетен слух. Актерите на сцена паралелено зборуваат и говорно и на знаковен јазик. Претставата е во продукција на АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола и е поддржана од Германската интернационална агенција за соработка ГИЗ и Министерството за култура.
Дидактизмот во претставата е акцентиран кон сортирањето на отпадот со цел најмладата публика да ја стекне навиката различното ѓубре да го фрлаат во содветните корпи за отпадоци, како што се за пластика, стакло, хартија и органски отпад. Додека преку театарското дејствие се буди свеста за екологијата во текот на претставата, во исто време актерите во интеракција со детската публика заедно ја изучуваат знаковната азбука како и некои основни знаковни изрази за комуникација со лица со оштетен слух, информираат од АТО — Центар за современа уметност и култура од Битола.
Од АТО посочуваат дека во земјава претстава за глувонеми на знаковен јазик на професионално ниво не беше застапена и затоа претствата ТРИ го носи орденот на Првата професионална претстава на знаковен јазик во земјава со цел да се развива редовен театарски репертоар на претстави изведувани на знаковен јазик. Автор и режија на претставата е Јован Ристовски, а улогите ги толкуваат РОЗЕ Маја Андоновска Илијевски, ЛИЛА – Сандра Грибовска, СИНКА -Анастазија Христовска и SВОНКО БОНБОНКО – Никола Пројчевски. Костимографијата е Марта Дојчиновска. Шминка – Симона Ристевска. Тутор за знаковен јазик – Сузана Станоевска.

The post Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ во Битола appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива од починат донор https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-ortopedija-za-edna-nedela-napraveni-tri-transplantacii-na-koskeni-tkiva-od-pochinat-donor/ Thu, 24 Mar 2022 12:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=477685

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања, соопштија од Министерството за здравство.

Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор.

Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри, во септември 2020 година, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кој се настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат донатор направи премостување на несраснатиот дел на фрактурата.

Третата трансплантација е кај 27 годишен пациент со малигна болест- Јуинг сарком. Откако го отстрани заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го замени со здраво коскено ткиво од починат донор.

За период од една година колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предзивикани од трауматски повреди или од малигна болест и со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата.

За многу пациенти особено на тие со малигна болест, добивањето здраво коскено ткиво од починат донор значи можност за нов и подобар живот, велат од МЗ.

The post На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива од починат донор appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања, соопштија од Министерството за здравство. Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор. Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри, во септември 2020 година, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кој се настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат донатор направи премостување на несраснатиот дел на фрактурата. Третата трансплантација е кај 27 годишен пациент со малигна болест- Јуинг сарком. Откако го отстрани заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го замени со здраво коскено ткиво од починат донор. За период од една година колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предзивикани од трауматски повреди или од малигна болест и со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата.
За многу пациенти особено на тие со малигна болест, добивањето здраво коскено ткиво од починат донор значи можност за нов и подобар живот, велат од МЗ.

The post На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива од починат донор appeared first on Република.

]]>