три награди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tri-nagradi/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 10:37:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png три награди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tri-nagradi/ 32 32 Три награди за „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци на Фестивал во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tri-nagradi-za-rona-kerkata-na-ograbuvachot-na-teatarot-za-detsa-i-mladintsi-na-festival-vo-zagreb/ Fri, 20 Sep 2024 10:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=818130

Наградуваната претстава на Театарот за деца и младинци „Роња, ќерката на ограбувачот“ на од гостувањето на Фестивал во Загреб повторно се врати со награди.

Како што соопшти ТДМ, претставата, чиј режисер е Јакуб Максимов, кој е автор на драматизацијата, а е работена според истоимениот роман од Астрид Линдгрен, освоила три награди: Матеа Јанковска за актерско остварување во насловната улога, награда за колективна анимација на кукли и награда за сценографија за Олга Зебињска.

Во претставата настапуваат: Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов. Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а сценографијата, дизајнот на куклите и на маските се дело на Олга Зјебињска од Полска, која ги изработи и костимите. Композитор и корепетитор е Лазар Новков од Србија.

 

The post Три награди за „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци на Фестивал во Загреб appeared first on Република.

]]>

Наградуваната претстава на Театарот за деца и младинци „Роња, ќерката на ограбувачот“ на од гостувањето на Фестивал во Загреб повторно се врати со награди. Како што соопшти ТДМ, претставата, чиј режисер е Јакуб Максимов, кој е автор на драматизацијата, а е работена според истоимениот роман од Астрид Линдгрен, освоила три награди: Матеа Јанковска за актерско остварување во насловната улога, награда за колективна анимација на кукли и награда за сценографија за Олга Зебињска. Во претставата настапуваат: Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов. Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а сценографијата, дизајнот на куклите и на маските се дело на Олга Зјебињска од Полска, која ги изработи и костимите. Композитор и корепетитор е Лазар Новков од Србија.  

The post Три награди за „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци на Фестивал во Загреб appeared first on Република.

]]>
„Кафез кај кокони“ на Драмски со три награди на МТФ Денови на комедија Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kafez-kaj-kokoni-na-dramski-so-tri-nagradi-na-mtf-denovi-na-komedija-kumanovo/ Mon, 16 Oct 2023 09:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=691622

Претставата „Кафез кај кокони“ на Драмски театар Скопје доби три награди на 26. по ред МТФ Денови на комедија Куманово 2023.

Жирито во состав Магдалена Ризова Черних претседателка и членовите Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје.

На свеченото доделување актерите и добитниците на наградите од ансамблот на Драмски искажаа благодарност до жирито и посетителите на Фестивалот и упатија покана до публиката да ја гледа претставата веќе на 28 октомври и во останатите термини на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје.

„Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски ја имаше својата премиера во мај годинава и освен на матичната сцена претставата се играше и во рамки на фестивалот „5ре“ во Велес и Скопско културно лето.

Улогите во претставата ги играат актерите: Жорж - Филип Трајковиќ, Албен - Александар Степанулески, Жакоб - Стефан Вујисиќ, Табаро - Предраг Павловски, Мерцедес - Димитрија Доксевски, Зорба - Маја Вељковиќ Пановска, Лоран - Дамјан Цветановски, Камиј - Соња Стамболџиоска, Едуар - Златко Митрески, Мјуриел - Нела Павловска, Симон - Емилија Мицевска и Саломе - Бранко Атанасов.

Во програмата за претставата Александра Бошковска која заедно со Благоја Бошковски Буцо ја направи адаптацијата вели: „Француската фарса „Кафез кај кокони“ (“La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се се’ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост“.

 

The post „Кафез кај кокони“ на Драмски со три награди на МТФ Денови на комедија Куманово appeared first on Република.

]]>

Претставата „Кафез кај кокони“ на Драмски театар Скопје доби три награди на 26. по ред МТФ Денови на комедија Куманово 2023. Жирито во состав Магдалена Ризова Черних претседателка и членовите Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот: Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје; Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје; Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје. На свеченото доделување актерите и добитниците на наградите од ансамблот на Драмски искажаа благодарност до жирито и посетителите на Фестивалот и упатија покана до публиката да ја гледа претставата веќе на 28 октомври и во останатите термини на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје. „Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски ја имаше својата премиера во мај годинава и освен на матичната сцена претставата се играше и во рамки на фестивалот „5ре“ во Велес и Скопско културно лето. Улогите во претставата ги играат актерите: Жорж - Филип Трајковиќ, Албен - Александар Степанулески, Жакоб - Стефан Вујисиќ, Табаро - Предраг Павловски, Мерцедес - Димитрија Доксевски, Зорба - Маја Вељковиќ Пановска, Лоран - Дамјан Цветановски, Камиј - Соња Стамболџиоска, Едуар - Златко Митрески, Мјуриел - Нела Павловска, Симон - Емилија Мицевска и Саломе - Бранко Атанасов. Во програмата за претставата Александра Бошковска која заедно со Благоја Бошковски Буцо ја направи адаптацијата вели: „Француската фарса „Кафез кај кокони“ (“La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се се’ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост“.  

The post „Кафез кај кокони“ на Драмски со три награди на МТФ Денови на комедија Куманово appeared first on Република.

]]>