три локации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tri-lokatsii/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jan 2024 13:48:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png три локации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tri-lokatsii/ 32 32 Четворица се задржани во врска со скандалот на Онкологија, претреси се извршени на три локации https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-se-zadrzhani-vo-vrska-so-skandalot-na-onkologija-pretresi-se-izvrsheni-na-tri-lokatsii/ Tue, 30 Jan 2024 13:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=738628

Во врска со скандалот на Онкологија до овој момент извршени се претреси на три локации и задржани се четири лица, информираат од Обвинителство и посочуваат дека Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со дејствијата и дека јавноста ќе биде веднаш информирана, откако ќе се создадат услови за тоа.

Меѓу задржаните е и поранешниот директор на Клиника за онкологија и радиотерапија, а другите биле вработени, од кои едната е медицинска сестра, како што претходно во изјава за медумите потврдија директорката на Клиниката Виолета Клисаровска и организациски директор, Халид Матоши.

Тие посочија дека Клиниката функционира нормално и сите закажани прегледи и терапии течат тековно без проблеми. Нагласија дека надлежните не разговарале со нив, туку само им посочиле дека имале налог за тоа кој треба да биде приведен. Претходно од Јавното обвинителство потврдија за МИА дека претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали најавија во текот на денот, иако некои дел од медиумите излегоа со иницијалите на приведените, па дури и со името на поранешниот директор Нино Васев.

Од тука тројца се земени. Поранешниот директор и двајца вработени. Секретарката не се појави на работа денеска, може е земена од некаде, исклучен и е телефонот, изјави Матоши на прашањето за колку лица имало налози.

Клисарова нагласи дека Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија работи и функционира нормално.

Директорката додаде дека се што е во врска со истрагата и сите случувања коишто се случиле изутрината понатаму како информации ќе ги изнесат истражните органи.

На почетокот од септември минатата година со судска наредба, а врз основа на наводите изнесени во новинарски текстови, беа извршени претреси на Клиниката за онкологија и во два приватни стана. Притоа беа одземени компјутери и документација, кои потоа беа дадени на анализа и вештачење.

Министерството за здравство тогаш даде поддршка за акцијата на Обвинителството и полицијата, а поранешниот премиер Димитар Ковачевски истакна оти се работи за наводи што не смеат да се случуваат и повика да не се прави сензација и напад на сите доктори. Од страна на Владата, додаде тогаш, нема да има никакви интервенции во однос на заштита на кого било. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, пак нагласуваше дека актуелната власт не очекува разрешница на скандалот со Онкологија.

Во врска со скандалот, се формираше и собраниска Анкетна комисија, пред која сведочеа поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер Фатмир Меџити, поранешни и актуелни директори на Фондот за здравствено осигурување, како и други лица и функционери. Членовите на Комисијата имаа по 30 дена за распит на сведоци и уште толку за разгледување документација. Случајот ги подели власта и опозицијата. Рокот за донесување заклучоци на собраниската Анкетна комисија беше до 3 декември. Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата поради несогласувања, излегоа со различни заклучоци.

The post Четворица се задржани во врска со скандалот на Онкологија, претреси се извршени на три локации appeared first on Република.

]]>

Во врска со скандалот на Онкологија до овој момент извршени се претреси на три локации и задржани се четири лица, информираат од Обвинителство и посочуваат дека Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со дејствијата и дека јавноста ќе биде веднаш информирана, откако ќе се создадат услови за тоа. Меѓу задржаните е и поранешниот директор на Клиника за онкологија и радиотерапија, а другите биле вработени, од кои едната е медицинска сестра, како што претходно во изјава за медумите потврдија директорката на Клиниката Виолета Клисаровска и организациски директор, Халид Матоши. Тие посочија дека Клиниката функционира нормално и сите закажани прегледи и терапии течат тековно без проблеми. Нагласија дека надлежните не разговарале со нив, туку само им посочиле дека имале налог за тоа кој треба да биде приведен. Претходно од Јавното обвинителство потврдија за МИА дека претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали најавија во текот на денот, иако некои дел од медиумите излегоа со иницијалите на приведените, па дури и со името на поранешниот директор Нино Васев.
Од тука тројца се земени. Поранешниот директор и двајца вработени. Секретарката не се појави на работа денеска, може е земена од некаде, исклучен и е телефонот, изјави Матоши на прашањето за колку лица имало налози.
Клисарова нагласи дека Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија работи и функционира нормално. Директорката додаде дека се што е во врска со истрагата и сите случувања коишто се случиле изутрината понатаму како информации ќе ги изнесат истражните органи. На почетокот од септември минатата година со судска наредба, а врз основа на наводите изнесени во новинарски текстови, беа извршени претреси на Клиниката за онкологија и во два приватни стана. Притоа беа одземени компјутери и документација, кои потоа беа дадени на анализа и вештачење. Министерството за здравство тогаш даде поддршка за акцијата на Обвинителството и полицијата, а поранешниот премиер Димитар Ковачевски истакна оти се работи за наводи што не смеат да се случуваат и повика да не се прави сензација и напад на сите доктори. Од страна на Владата, додаде тогаш, нема да има никакви интервенции во однос на заштита на кого било. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, пак нагласуваше дека актуелната власт не очекува разрешница на скандалот со Онкологија. Во врска со скандалот, се формираше и собраниска Анкетна комисија, пред која сведочеа поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер Фатмир Меџити, поранешни и актуелни директори на Фондот за здравствено осигурување, како и други лица и функционери. Членовите на Комисијата имаа по 30 дена за распит на сведоци и уште толку за разгледување документација. Случајот ги подели власта и опозицијата. Рокот за донесување заклучоци на собраниската Анкетна комисија беше до 3 декември. Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата поради несогласувања, излегоа со различни заклучоци.

The post Четворица се задржани во врска со скандалот на Онкологија, претреси се извршени на три локации appeared first on Република.

]]>