три лица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tri-lica/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 18:15:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png три лица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/tri-lica/ 32 32 МВР откри детали за убиството во Дебреше: Приведени се три лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-otkri-detali-za-ubistvoto-vo-debreshe-privedeni-se-tri-litsa/ Tue, 23 Jul 2024 18:15:25 +0000 https://republika.mk/?p=799651

Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17:15 часот.

Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите.

По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В. (32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото “волво” со кое сторителите се одддалечиле од местото на настанот.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.

 

The post МВР откри детали за убиството во Дебреше: Приведени се три лица appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17:15 часот. Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В. (32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото “волво” со кое сторителите се одддалечиле од местото на настанот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.  

The post МВР откри детали за убиството во Дебреше: Приведени се три лица appeared first on Република.

]]>
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-litsa-polesno-povredeni-vo-sobrakajka-na-patot-strumitsa-radovish/ Mon, 27 May 2024 19:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=782208

Три лица се полесно повредени во сообраќајка која се случила вечерва околу 18 часот на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Градошорци.

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е превртено.

На местото на сообраќајката увид изврши полицијата. Додека траеше увидот собраќајот се насочуваше по стариот пат на делницата меѓу селата Василево и Градошорци.

The post Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш appeared first on Република.

]]>

Три лица се полесно повредени во сообраќајка која се случила вечерва околу 18 часот на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Градошорци. Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е превртено. На местото на сообраќајката увид изврши полицијата. Додека траеше увидот собраќајот се насочуваше по стариот пат на делницата меѓу селата Василево и Градошорци.

The post Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш appeared first on Република.

]]>
Три лица се повредени во сообраќајка кај Росоман https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-litsa-se-povredeni-vo-soobrakajka-kaj-rosoman/ Wed, 28 Feb 2024 10:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=749186

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајната несреќа која утрово се случи на патот Кавадарци-Росоман.

Територијалната противпожарна единица на Кавадарци излезе на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило.

Двете повредени лица во сообраќајката се помлади, на околу 23 години, а едното повозрасно, информираат од ТППЕ Кавадарци.

Регионалниот пат Кавадарци-Росоман, од 7 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ.

Сообраќајката се случила на излез од село Манастирец.

 

The post Три лица се повредени во сообраќајка кај Росоман appeared first on Република.

]]>

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајната несреќа која утрово се случи на патот Кавадарци-Росоман. Територијалната противпожарна единица на Кавадарци излезе на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило. Двете повредени лица во сообраќајката се помлади, на околу 23 години, а едното повозрасно, информираат од ТППЕ Кавадарци. Регионалниот пат Кавадарци-Росоман, од 7 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ. Сообраќајката се случила на излез од село Манастирец.  

The post Три лица се повредени во сообраќајка кај Росоман appeared first on Република.

]]>
Возило со косовски таблички паднало во реката Лепенец: Се трага по три лица, едно е спасено https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozilo-so-kosovski-tablichki-padnalo-vo-rekata-lepenets-se-traga-po-tri-litsa-edno-e-spaseno/ Sat, 17 Jun 2023 16:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=652512

Возило со косовски регистарски таблички паднало во реката Лепенец на патот Скопје – Приштина во близина на тунелот, јавува ТВ21.

Екипи се на терен каде трагаат по исчезнатите лица. Се трага по три лица, а едно било спасено.

 

 

The post Возило со косовски таблички паднало во реката Лепенец: Се трага по три лица, едно е спасено appeared first on Република.

]]>

Возило со косовски регистарски таблички паднало во реката Лепенец на патот Скопје – Приштина во близина на тунелот, јавува ТВ21. Екипи се на терен каде трагаат по исчезнатите лица. Се трага по три лица, а едно било спасено.    

The post Возило со косовски таблички паднало во реката Лепенец: Се трага по три лица, едно е спасено appeared first on Република.

]]>
Три лица повредени во сообраќајка во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-litsa-povredeni-vo-soobrakajka-vo-skopje-2/ Sun, 12 Mar 2023 16:04:34 +0000 https://republika.mk/?p=618824

Три лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи попладнево во 14:35 часот на крстосницата од булеварот „Илинден“ и улицата „Климент Охридски“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајката се случила меѓу патнички возила „сеат ибица“, управувано од М.Л., родена во 2001 година и „фолксваген пасат“, управувано од Н.З., роден во 1973 година, двајцата од Скопје.

Возачот од „сеат ибицата“ и сопатникот Л.Г., роден во 2001 година од Скопје, биле пренесени во ГОБ „8 Септември“, каде од страна на доктор им била укажана лекарска помош и констатирани се телесни повреди, а возачот од „фолксваген пасат“ бил пренесен во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на доктор му била укажана лекарска помош и констатирани се телесни повреди.

The post Три лица повредени во сообраќајка во Скопје appeared first on Република.

]]>

Три лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи попладнево во 14:35 часот на крстосницата од булеварот „Илинден“ и улицата „Климент Охридски“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајката се случила меѓу патнички возила „сеат ибица“, управувано од М.Л., родена во 2001 година и „фолксваген пасат“, управувано од Н.З., роден во 1973 година, двајцата од Скопје. Возачот од „сеат ибицата“ и сопатникот Л.Г., роден во 2001 година од Скопје, биле пренесени во ГОБ „8 Септември“, каде од страна на доктор им била укажана лекарска помош и констатирани се телесни повреди, а возачот од „фолксваген пасат“ бил пренесен во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на доктор му била укажана лекарска помош и констатирани се телесни повреди.

The post Три лица повредени во сообраќајка во Скопје appeared first on Република.

]]>
Истрага против три лица за злоупотреби при набавка на ендоскоп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/istraga-protiv-tri-lica-za-zloupotrebi-pri-nabavka-na-endoskop/ Fri, 01 Apr 2022 12:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=481978

По спроведена предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица. Врз основа на досегашните прибрани материјални и вербални докази постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 вв ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик. Второосомничениот го поттикнувал при извршувањето на наведеното кривично дело, а сторил и кривично дело – Фалсификување службена исправа од чл.361 ст.2 вв ст.1, додека третоосомничената сторила кривично дело – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 вв ст.1 од Кривичен законик.

Во текот на 2016 година првоосомничениот, како службено лице, во својство на директор на јавна здравствена установа во Скопје, злоупотребувајќи ја својата службена положба, при вршење на јавна набавка прибавил за друг значителна имотна корист при што нанел штета на буџетот на установата. Тој, поттикнат од второосомничениот – управител на правно лице за набавка, продажба и сервисирање на медицинска опрема од Скопје, ги прекршил одредбите од Законот за здравствената заштита и Законот за јавните набавки. Изготвувајќи тендерска документација и технички спецификации спротивни на низата конкретни укажувања што биле предочени од Советот за јавни набавки во насока на заштита на конкуренцијата на пазарот, објавил оглас за јавна набавка на Ендоскопски систем со гастроскоп, електрохируршка единица и аргон плазма коагулација во еден неделив предмет, иако немало реална потреба за тоа и немал добиено согласност за користење на критериумите за утврдување на способност од страна на Советот за јавни набавки. На огласот според дефинираните технички спецификации била доставена само една прифатлива понуда и тоа од страна на економскиот оператор застапуван од страна на второсомничениот. Првоосомничениот знаел дека економскиот оператор не ги исполнува сите услови, па извршил измена на делот од тендерската документација и го избришал условот за учество во конкретната јавна набавка што не го поседувал пријавениот економски оператор. Со ваквите дејствија првоосомничениот овозможил понудата на економскиот оператор да биде избрана како најповолна понуда и склучил договор со второосомничениот за предметната јавна набавка со вкупна вредност од 6.115.468,00 денари. Со тоа, првоосомничениот прибавил значителна имотна корист во износ од 3.542.317,00 денари за правното лице, кој износ претставува позитивна разлика од продажната минус набавната вредност, со што нанел штета на Буџетот на установата во износ од 942.315,00 денари.

Второосомничениот како одговорно лице во правно лице, во текот на 2016 година, во службена исправа внел невистинити податоци, по што исправата ја употребил како да е вистинита и во име на правното лице, а со крајна намера да изврши продажба на медицинско средство – ендоскоп, доставил барање до Агенцијата за лекови и медицински средства за издавање на одобрение за увоз. Тој како управител потпишал и доставил изјава со која во име и за сметка на правното лице изјавил дека увозот на медицинското средство од производител од Р.Србија, купено за износ од 26.500,00 евра или 1.630.836,00 денари, се врши за краен корисник јавната здравствена установа што не соодветствувало со наводите во понудата по огласот каде бил наведен производител од Јапонија.

Врз основа на барањето поднесено од второосомничениот, третоосомничената во својство на службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства без да ги изврши потребните проверки и да ја побара потребната документација спротивно на одредбите од Законот за лекови и медицински средства во ЕХИМ системот изготвила и одобрила одобрение за увоз на медицинско средство чиј производител не е регистриран. Со дејствијата на несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности третоосомничената овозможила правното лице да изврши увоз и промет на медицинско средство и да прибави значителна имотна корист.

 

The post Истрага против три лица за злоупотреби при набавка на ендоскоп appeared first on Република.

]]>

По спроведена предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица. Врз основа на досегашните прибрани материјални и вербални докази постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 вв ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик. Второосомничениот го поттикнувал при извршувањето на наведеното кривично дело, а сторил и кривично дело – Фалсификување службена исправа од чл.361 ст.2 вв ст.1, додека третоосомничената сторила кривично дело – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 вв ст.1 од Кривичен законик. Во текот на 2016 година првоосомничениот, како службено лице, во својство на директор на јавна здравствена установа во Скопје, злоупотребувајќи ја својата службена положба, при вршење на јавна набавка прибавил за друг значителна имотна корист при што нанел штета на буџетот на установата. Тој, поттикнат од второосомничениот – управител на правно лице за набавка, продажба и сервисирање на медицинска опрема од Скопје, ги прекршил одредбите од Законот за здравствената заштита и Законот за јавните набавки. Изготвувајќи тендерска документација и технички спецификации спротивни на низата конкретни укажувања што биле предочени од Советот за јавни набавки во насока на заштита на конкуренцијата на пазарот, објавил оглас за јавна набавка на Ендоскопски систем со гастроскоп, електрохируршка единица и аргон плазма коагулација во еден неделив предмет, иако немало реална потреба за тоа и немал добиено согласност за користење на критериумите за утврдување на способност од страна на Советот за јавни набавки. На огласот според дефинираните технички спецификации била доставена само една прифатлива понуда и тоа од страна на економскиот оператор застапуван од страна на второсомничениот. Првоосомничениот знаел дека економскиот оператор не ги исполнува сите услови, па извршил измена на делот од тендерската документација и го избришал условот за учество во конкретната јавна набавка што не го поседувал пријавениот економски оператор. Со ваквите дејствија првоосомничениот овозможил понудата на економскиот оператор да биде избрана како најповолна понуда и склучил договор со второосомничениот за предметната јавна набавка со вкупна вредност од 6.115.468,00 денари. Со тоа, првоосомничениот прибавил значителна имотна корист во износ од 3.542.317,00 денари за правното лице, кој износ претставува позитивна разлика од продажната минус набавната вредност, со што нанел штета на Буџетот на установата во износ од 942.315,00 денари. Второосомничениот како одговорно лице во правно лице, во текот на 2016 година, во службена исправа внел невистинити податоци, по што исправата ја употребил како да е вистинита и во име на правното лице, а со крајна намера да изврши продажба на медицинско средство – ендоскоп, доставил барање до Агенцијата за лекови и медицински средства за издавање на одобрение за увоз. Тој како управител потпишал и доставил изјава со која во име и за сметка на правното лице изјавил дека увозот на медицинското средство од производител од Р.Србија, купено за износ од 26.500,00 евра или 1.630.836,00 денари, се врши за краен корисник јавната здравствена установа што не соодветствувало со наводите во понудата по огласот каде бил наведен производител од Јапонија. Врз основа на барањето поднесено од второосомничениот, третоосомничената во својство на службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства без да ги изврши потребните проверки и да ја побара потребната документација спротивно на одредбите од Законот за лекови и медицински средства во ЕХИМ системот изготвила и одобрила одобрение за увоз на медицинско средство чиј производител не е регистриран. Со дејствијата на несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности третоосомничената овозможила правното лице да изврши увоз и промет на медицинско средство и да прибави значителна имотна корист.  

The post Истрага против три лица за злоупотреби при набавка на ендоскоп appeared first on Република.

]]>
Три лица обвинети за трговија со дете и силување https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-lica-obvineti-za-trgovija-so-dete-i-siluvanje/ Tue, 25 Jan 2022 19:29:14 +0000 https://republika.mk/?p=449402

По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Спроред дејствијата опишани во четири точки во Обвинителниот акт првообвинетиот сторил две кривични дела и тоа продолжено кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, второобвинетата сторила продолжено кривично дело Трговија со дете, а третообвинетиот сторил продолжено кривично дело Трговија со дете и кривично дело Силување.

Во временски период од четири години, првообвинетиот искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во семејната куќа секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка. Во текот на месец март 2018 година злоупотребувајќи ја својата положба како татко, на интернет нашол маж од Косово и го продал девојчето заради склучување присилен брак. По два месеци девојчето дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот не ја вратил назад во Косово со оправдување дека било многу далеку и продолжил да врши обљуба врз неа. Во месец декември 2018 година, девојчето заедно со еден од нејзините браќа и второобвинетата – нивната мајка, избегале од семејната куќа и се упатиле во куќата на третоосомничениот.

Второобвинетата во тригодишен временски период искорисила ист траен однос и исти прилики и злоупотребувајќи ја својата положба како мајка на девојчето, со сила го подвела да врши полови дејствија за паричен надомест со третообвинетиот. Таа откако го запознала третообвинетиот со својата малолетна ќерка, употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш и од по 500,00 денари му овозможила да врши полови дејствија со нејзината ќерка.

Третообвинетиот, искористувајќи исти прилики, за паричен надомест во тригодишен временски период во својата куќа користел сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години. Истиот во текот на месец декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејствие врз малолетниот брат на девојчето.

За кривичните дела што им се ставаат на товар запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет односно 12 години.

Со обвинителниот акт, предметниот обвинител му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор спрема обвинетите, при што како клучен фактор при одлуката за продолжување на мерката притвор ќе треба да ги има предвид начинот и мотивот на извршување на кривичните дела, односно дека истите се сторени со директна умисла од страна на обвинетите, како и околноста што предметните кривични дела директно го кршат Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95).​

The post Три лица обвинети за трговија со дете и силување appeared first on Република.

]]>

По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Спроред дејствијата опишани во четири точки во Обвинителниот акт првообвинетиот сторил две кривични дела и тоа продолжено кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, второобвинетата сторила продолжено кривично дело Трговија со дете, а третообвинетиот сторил продолжено кривично дело Трговија со дете и кривично дело Силување. Во временски период од четири години, првообвинетиот искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во семејната куќа секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка. Во текот на месец март 2018 година злоупотребувајќи ја својата положба како татко, на интернет нашол маж од Косово и го продал девојчето заради склучување присилен брак. По два месеци девојчето дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот не ја вратил назад во Косово со оправдување дека било многу далеку и продолжил да врши обљуба врз неа. Во месец декември 2018 година, девојчето заедно со еден од нејзините браќа и второобвинетата – нивната мајка, избегале од семејната куќа и се упатиле во куќата на третоосомничениот. Второобвинетата во тригодишен временски период искорисила ист траен однос и исти прилики и злоупотребувајќи ја својата положба како мајка на девојчето, со сила го подвела да врши полови дејствија за паричен надомест со третообвинетиот. Таа откако го запознала третообвинетиот со својата малолетна ќерка, употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш и од по 500,00 денари му овозможила да врши полови дејствија со нејзината ќерка. Третообвинетиот, искористувајќи исти прилики, за паричен надомест во тригодишен временски период во својата куќа користел сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години. Истиот во текот на месец декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејствие врз малолетниот брат на девојчето. За кривичните дела што им се ставаат на товар запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет односно 12 години. Со обвинителниот акт, предметниот обвинител му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор спрема обвинетите, при што како клучен фактор при одлуката за продолжување на мерката притвор ќе треба да ги има предвид начинот и мотивот на извршување на кривичните дела, односно дека истите се сторени со директна умисла од страна на обвинетите, како и околноста што предметните кривични дела директно го кршат Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95).​

The post Три лица обвинети за трговија со дете и силување appeared first on Република.

]]>